Фан клуб - РК Металург

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
^
дали има негде според новиов систем кои места ги добива македонија ?

тоа е битно за тука.



Инаку системов е "потоп"

A & B се јаките групи - првиот од A и првиот од B иде директно во четврт финале (рипа 1/8)
првите 5 од двете групи продолжуваат во 1/8 финале - само 2екипи од 8 во група испаѓаат.

C & D се слабите групи - ќе ги гледаме тука бешикташ, нексе, борац, целје итн. - од тука само најдобрите двајца одат во 1/8 финале
прво поминуваат само првите 2 од група - па играат елиминаторни и од 4екипи добиваме 2 кои ќе играат 1/8 финале
Еве го официјалниот список кој по колку ќе има места али ова е само во теорија вака .http://cms.eurohandball.com/PortalData/1/Resources/2_cl/03_download_pdf_08/Placedistribution1516_Men.pdf

Во реалност само до 15та позиција ќе имаат сигурно барем едно место.Од 16 до 27 ќе идат сите во квалификации.Осумте останати места ќе одат за WC.Франција,Данска,Полска и Унгарија ќе имаат 100% уште по едно место, Германија и Франција имаат можност и најверојатно ќе имаат по 3 тима.Така ќе останат само уште две места за Македонија,Шпанија и тие што не успеале да влезат преку квалификации.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.693
Со моменталниов буџет и состав, тешко дека Металург би добил вајлд карта :toe:
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156
^
нема да има веќе такви валјд карти, ако нешто добијат тоа е место во квалификацискиот турнир;
(а таму ќе има и мн полоши тимови)


но ова со местата им е лошо напишано - не им е разграничено кои се директни места, а кои квалификаторни
бидејќи како што кажа не е можно 27 / 28 места за наредна сезона да се директни.

Но со ваков систем на ЛШ не би ме чудело и ако имаме 2 директни места (2рото да биде во слабите групи, бидејќи тие ќе бидат доста слаби)
Пазете во горните/јаки групи ќе има 16 екипи, во долните/слаби групи 12екипи = во тие доле најјаки уште од сега ги гледам татран прешов :)

но сигурно би ни дале 1директно место во јаките групи + 1 квалификаторно...
 
Член од
21 август 2011
Мислења
246
Поени од реакции
97
Ако не се лажам на еден пренос на тв коментаторот кажа дека ако Металург го освои 2-то место во домашното првенство добива директно учество во Лигата на шампионите, бидејќи оваа сезона доживеа економска криза и нормално е да се ослабени и да немаат шанси за борба за титулата во домашното првенство. Ова е вака одлучено бидејќи со досегашните резултати Металург има заслужено директно да влезе во групната фаза ( иако ако остане со овој тим и ако нема подобри засилувања тешко дека ќе пратиме посебно добар ракомет). Секако треба прво да се осигура и второто место, ама мислам дека за тоа не би требало да има проблем. :D
Ама не сум 100% сигурна за информацијава, треба да се провери пак. :)
И новиов систем на натпреварување според мене е за никаде. o_O
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Ги победивме Радовиш со резултат 26-20, очекувана победа на Металург.. но некако ја немаше оваа надмоќност , до 20 минута ни беа ептен рамноправни, имавме дури и 3 негатива..
Кога влезе Стојановиќ во првиот дел ја направивме оваа разлика од 3-4 гола, Раде за нашата лига е одличен играч, има искуство и би ни бил од голема помош.
Николче после толку искуство од големи утакмици .. денеска беше дрво недоделкано, овој Ефендиќ е во многу подобра форма од него.
Добра партија одиграа, треба сеуште да се работи со овие играчи, сепак денешниот противник беше Радовиш, сигурно нема да биде исто против конкурентот за второто место Зомимак, Лино треба подобро да ја спреми екипата.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Победа против Прилеп на гостински терен , Раде најефикасен со 7 голови, Џукиќ втор стрелец со 5 голови.
Раде е лидер во оваа екипа засега, овие младите може вода да му носат, најмногу се истакна против Радовиш еве сега и против Прилеп.
Следното коло го пречекуваме Зомимак, таму мора максимална борбеност во текот на целиот натпревар, играме против конкурентот за втората позиција.
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
Лино толку ја најавуваше младата генерација, младата генерација наполни по над 20 години, Раде со 50 години и повреди на секој дел од телото им е главна алка...
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156
добро раде една утакмица згрме ти го направи како да решил 20 утакмици

и плус раде го земаа со таа намера да има некој "искусен" (еден искусен у п.м) за суперлигата

а за генерацијата ќе видиме, само ако земете за некое време некој од нив - :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
http://ekipa.mk/tihomir-doder-na-pregovori-so-metalurg/
Овој дрво невидено беше во Металург, смешни засилувања се тие , подобро некој младич од Хрватска да ангажираат.[DOUBLEPOST=1429033571][/DOUBLEPOST]Израмнето прво полувреме, многу воиграна екипа се Зомимак, треба да се вложи повеќе од максимум да се стигне до победа против нив, ниту домашниот терен не ни дава предност, многу глупи грешки на нашата одбрана, пикерите ни се очај.. една топка дојде до Жаре и ја утна, си промаши зицер.
Очекувам и второто полувреме да биде неизвесно, во последните моменти ќе се одлучува победникот, ако загубиме овде не дај боже, шансите ни се драстично намалени за втората позиција.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom