Утре т.е веќе денес имаме доста тешка утакмица со Манчестер во ЛШ и тука ќе биде првиот посериозен тест за Инзаги.Нападот добро функционира и тука не би требало да има промени и за очекување е да стартуваме со златната тројка Ел Шарави,Менез и Хонда.Ако нешто не оди како што треба ќе се уфрли Торес од клупата како главен џокер и мислам дека ќе успее во негов стил со одлична завршница да ја реши утакмицата.
Во средниот ред нема многу избор Пипо и тука ќе мора да стартуваме со Мунтари,Де Јонг и Поли.Малку Суљо ни е ризичен зошто е непредвидлив ирач и може за 13 секунди да добие 2 жолти картони,но ако одигра борбено како што само тој знае и умее мислам дека во заби ќе го стави Ди Марија.Шала на страна...сите да се борбени како него утре стварно ќе игравме ЛШ.
Е,сега одбранава ни е малку удрена со мокра чорапа по тил,но мислам дека Бонера после маестралната партија со Парма ќе направи 3-4 асистенции за Фалкако,1 пенал и ќе добие црвен картон за одново да ја добие довербата од тренерот и да стартува на наредниот меч како капитен.