Се на се фино изиграа. Не беше ни нешто ептен добро, не беше ни лошо. Ми се свиѓаше што на почеток доста шутираа наместо да кружат само без никаков шут. Нови три бода со кои сме се поблиску до титулата.
Најдобри поединци според мене Хазард и Вилиан. Само Хазард да почне да себичи и да шутира почесто. Вилиан на 10ка место Оскар, десно нека игра Квадрадо, бар да има минутажа па ќе видиме дали ќе го биде или не.
Матич после стартот од Барнс не е веќе истиот, изгубен ми е некако и се надевам дека ако е психички проблем, ќе го реши во најскоро време.
Коста не мораше да се ризикува, а ако операција е лекот за повредава, ако не сега, на лето мора да ја направат.