Памтам порано (уште у СФРЈ) као копиљаци, од Кисела Вода идевме да глеаме утакмици на ФЦУ и на Славија.
На ФЦУ беше посебно tricky. Идеме за без пари, од околу преку миљон препреки, огради, гранки и тесни патчиња, па се качувавме на некој ѕид, со стакло и катран одозгора.
Ќе ги заебеш патиките, со катран, можда и облеката, стакло ќе те изгребе, скокаш од високо, али си глеаш без пари.
(фала Богу дека не се исплати све тоа поише отколку да си платиш евтина карта за влез, али копиљаци кои немаат пари се друга приказна)
Нормално, не седевме на трибина, него позади гол. И ги слушавме некои сумњиви играчи како се тепаат у шеснаесетник, се пцујат, си маваат боксови, све тоа дур се изведува корнер или нешто друго. "Ја сум Босанец бе еј, ќе те убијам после" и слично.
Имаше еден фудбалер на ФЦУ кој беше играл у Германија негде, па се вратил и он беше нешто као ѕвезда, бог, тренер, авторитет и слично. Само се караше и тепаше и стално го исфрлаа, ја со два жолти, ја со црвен.
Играше ФЦУ у некоја четврта пета лига тогаш. Ко ќе отиде топката у Цементара - не се зима назад веднаш, него нова се вади (тоа ваљда и после било пракса).
Денес, не знам како е (од прва рака).