Фан Клуб: Рома

Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.183
Поени од реакции
3.154
Коло за Рома ова беше, среќа што победивме!!!
Откако влезе Џеко, Рома играше со играч помалце па затоа следеа 3 100%шанси во финишот..
Браво за Пероти, Војче и Шарави (y)
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
110
Поени од реакции
80
Среќата беше на наша страна и оваа утакмица:)
Ама мора да искоментирам за Џеко и покрај сета подршка од навивачите се влече ко некое мртвило
,доста е индиспониран дечкото,па Тоти на 100 години поише ќе трчне од него.
Иначе засилувањата се погодија топ,за Зуканович бев голем скептик али сепак има поголема интелегенција од Диње,овој вториов се пробива и нафрла како ненормален само.:pos:
Шарави пак солиден феноменална асистенција до Пероти,а овој ја заби.
Следна се враќа Нинџата па ќе добиеме на поголема стабилност не дека Кеита не врши работа али во поодминати години и не е дефанзивно толку добар.
Ми се свиѓаше на крај кога ги собра Спалети Манолас и Рудигер :cuc:
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
И уште се сомнева некој у Спалети :D:D.А срцето ми се кине, кога ќе се сетам дека Шчесни е без право на откуп и Венгер го сакал за на клупата на Арсенал.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Првото полувреме го изигравме многу подобро. Во поголемиот дел од истото имавме контрола врз играта и створивме неколку убави шанси (2 Пјанич, 1 Шарави, 1 Флоренци и т.н.), но имавме и мали падови. Играчите како да беа изморени. Мора да се врати свежина и елан. Самп во прво не направи ништо.
Второ почнавме добро првите неколку минути додека не го дадовме вториот гол и толку. Застанавме. И после чак и среќа голема имавме.
Имаше спорен момент во прво (играње со рака во шеснаесетник на Самп за пенал, ама не се одлучи да свири судијата), после и она кај нас со детиштено.
Од играчите не можам некој да издвојам, освен Шчешни кој си беше цело време на ниво. Останатите си се вклопија во сивилото.
Кеита навистина не знам зошто игра. Човекот е стар, без мотиви и слабо трча и покрива, а во последно време грешки прави во додавање.
Уште кога ја видов формацијата знаев дека ќе биде чуден натпревар. Џеко треба да го однесат кај некој оџа на бајачка или на концерт на шабан за да го вратат во живот, бидејќи онаков џеко не е џеко.

Вчера можеби ретко на еден натпревар можеа заедно да се видат Тоти, Касано, Монтела, Кваљарела, Де Сантис, Спалети, Паломбо и др. играчи и тренери од едно убаво и далечно време за калчото.
Сега играме со ресторан Капри во гости, па после ги пречекуваме Реала из Ниша.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
Сити се распрашувале за Паредес, wtf?? Знам дека има добра сезона, ама да е до толку добар да го сврти вниманието на еден Сити не ми е верно
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
Рома-Реал на МРТВ, свиркај си:свиркам:

Само глупо ќе биде доколку навивачите и за овој меч не се вратат, да не биде полн стадионот.
Вчера клубот и градот се спогодиле да има помалку полиција и редари на Курва Суд, али оградата нема да биде тргната..
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Рома-Реал на МРТВ, свиркај си:свиркам:

Само глупо ќе биде доколку навивачите и за овој меч не се вратат, да не биде полн стадионот.
Вчера клубот и градот се спогодиле да има помалку полиција и редари на Курва Суд, али оградата нема да биде тргната..
На овие кур ги боли дали е противник Реал или Градско Балдовци, доколку објават бојкот, тој бојкот е до крај.Не беа на дербито, не ги ни очекувајте со Реал.А низ Рим ќе има бркотници, бидејќи Реал се браќа со Лацио.
Еве тоа што го зборев, Југ е распораден но за обичните фанови и туристи, нема да се таму ултрасите, тие ќе бојкотираат.

Roma- Real Madrid, la sud torna piena! Ma da chi???? Dai tifosi occasionali che si sono presi il biglietto in quel settore per risparmiare? Per cosa!? Per vedere Leonardo e farsi il selfie? Per me vedere la gente seduta lì.. Sarà un colpo al cuore. Fa rabbia essere sostituiti, fa rabbia lottare per un ideale e vederlo marcire per colpa dei mitomani. Chi non sta entrando continuerà a non entrare. Non ci saranno bandiere e colori.. Non ci sarà chi la curva sud la fa grande. Non capite che chi va tutelato è chi la segue sempre.. Chi si fa ore di treno per lei, chi piange.. Chi si prende pioggia, freddo, vento... TORNEREMO PERCHÉ L'AMORE VINCE SEMPRE!
 
Последно уредено:

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
Па и јас така мислам дека нема да попуштат..[DOUBLEPOST=1455253366][/DOUBLEPOST]Сабатини на излезна врата, и тој сака да си оди и на ѕѕ не му е проблем да го пушти...

Мене искрено ми е жал, ама ете мислам дека новиот тренер ќе сака директно да има поголемо влијание врз изборот на играчите, за разлика од Спалети досегашните тренери беа приморани а можеби и сакаа млади и прилично не баш ефтини играчи, тоа го сакаше и Сабатини, секој трансфер период по 20-30мил за 'бисери' по сопствен избор, потенцијални ѕвезди, а рестото одеа за одминати ѕвезди или полу производи. Јас не велам дека нема да ги биде, ама вајда е време да се смени трансфер стратегијата(затоа се мења и спортскиот директор), веќе е време поголема сума да се лупне на еден играч. Понче, Санабриа и оној Диаз или како беше сите тројца по 10мил тоа се 30мил. Герсон 17мил, Учан испаѓаше 15мил. Паредес 5-6мил, Скорупски 3-4мил, оној Садик Умар е на позајмица со право на откуп од 3мил итн...
така да кога ќе видиш 70-80мил се инвестирани во 8 млади играчи, а тука има сигурно уште неколку кои сум ги заборавил и плус ова е список од последните две години, значи преку 100мил. Повторувам, не велам дека нема да се исплатат, ама таа стратегија веќе не ни одговара(доколку сакаме титула во блиска иднина), Рома ќе продолжи да купува млади но не со овој интензитет, да се луксузираш секој трансфер период со 20-30мил.

Спалети не милува да ризикува со младите, сака да си ги бира играчите кои ќе се купат, па се знаеше дека со Сабатини нема да има соработка.
А Сабатини незнам зошто толку стана плукан кога заборавија дека од тие таленти Рома до сега преживуваше и имаше комотни трансфер периоди. Маркињос 5мил продаден 35мил, Ламела купен 17мил продаден 35мил. Бенатија купен 13мил продаден 30мил. Пјанич купен 13мил сега вреди 35-40мил, Стротман купен 18мил а кога беше во форма веќе се вртеа цифри од 40мил за него, доколку врати форма повторно ќр биде огромен капитал, истото важи и за Кастан, доколку ја поврати формата ќе претставува респектабилен штопер, Наинголан купен околу 15мил на 4 рати сега вреди околу 30мил, Жервињо купен 7мил продаден 19мил,Манолас купен 13мил сега вреди барем 25мил и уште ќе напредува. Сите овие се играчи купени од страна на Сабити и не можеме толку да го вреѓаме, точно ја заеба работата со ИТУРБЕ, ама фактот дека од играчи заработи 100мил и со зголемување на вредноста на играчите го качи капиталот на клубот за додатни 100мил евра тоа неможеме да му го одречеме.

Со среќа нека му е во иднина, за негови заменици се споменуваат Масари(неговиот помошник), Сенсибиле(поранешниот дс на Самдорија) и најатрактивното име Андреа Берта мислам дека беше, спортскиот директор на Атлетико Мадрит, секако да не ја заборавиме и Бранка од Интер:D
 
Последно уредено:
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Многу од народов игра фудбал на ПС па некако поинаку ги гледаат работиве. Не ми е јасно како можат да кажат дека сме изиграле мртвило до голот на Астерикс? :confused:
Игравме на гостински терен. Терен кој е димензионално нешто помал во однос на повеќето стадиони во Италија и каде што е тешко да развиваш игра и да дојдеш до голот на противникот. Игравме на лизгав терен, при што дождот не престануваше да врне. Игравме против цврст противник. Ова не е Карпи од првиот дел од сезонава. Тоа го докажаа и против Фиорентина и Наполи. :anco:
Рома едноставно играше претпазливо од почеток до крај со мали падови... :cautious:
Рома заслужи да победи...
Што се однесува до играчите. Флоре беше тотално аут. Без врска нафрлаше, имаше грешки во додавања, имаше изгубени топки и т.н. Мора да почни да игра за екипата. Астерикс се изваде со голот инаку дефанзивно ептен лош. Па и во напад затрчај се, застани, крени ја црпката и после нафрли во аут. И јас така знам.:toe:
Ридигер поклони гол. А гркот арен беше да му е**м фацата андартска :)...
Војче еден сат беше без работа...
Ванкер вчера ме изненади позитивно... Смирен цело време и паметно изигра... Дефанзивно супер...
Раџа стандард... Пероти претеруваше со обидите од далечина... Шарави не беше за оваа формација вчера и за онаков терен. Добро е што Спалети на време го смени... Џеко и Салах вчера најдобри. Посебно првиот. Неколку големи шанси им овозможи на соиграчите, а и самиот даде гол после неколку децении.. :backa:
Неколку дилеми ми останаа од вчера. Зошто Спалети не ги направи сите три измени??? Во второ го стави Пјанич на место на Шарави и потоа чекаше да се повреди Салах и да го замени во 92 со Палмиери Е. ... А трета измена воопшто немаше. Можеби одма после голот требаше да го менува Салах... А и некој од Раџа-Џеко требаше да смени за да ги одмори за со Реал... Можеби Раџа со Учан на 3-1 ... И ми се појавува сомнеж со тоа што по секоја цена го бранеше водството против Карпи дека првенството е приоритет сезонава, а со ЛШ што биде биде... и т.н.

Муабетот ми беше, абе кој беше оној антиталент од коментатор на Арена 4... Цитирам: „Салах је шутирао са врхом ципеле“. И уште милион глупости се изнатреска ... :facepalm:

Би било убаво ако Пупоне даде извештај како си помина на заедничкото следење на вчерашниот натпревар. :ајнапиво:



П.С. Строки денес има роџендан

 

Kajgana Shop

На врв Bottom