Нека ни е честита победата, фала им и на тие што ни честитаа
Сите знаеме дека не треба да летаме во облаци, нема да го расипам славјето, али морам да посочам дека игравме против десеткуван Јуве, имаа многу повредени, акцент ставам на нивната средина каде дојдоа на дереџе да го почнат натпреварот со Падоин да ја игра улогата на Маркизио .. имаат доста нови играчи, но исто и ние имавме ..
Покрај тоа што Јуве играчки беше ослабен, фер е да кажам дека нашите влегоа 100-ка мотивирани, пристап кој треба да го имаат на секоја утакмица, со ваков пристап ќе ја смачкавме и Верона, тука е проблемот. За да станеш шампион и освојуваш титули треба така да размислуваш, ама така и да се понашаш. Затоа ќе видиме до кај сме наредните утакмици кога ќе играме против послаби екипи, Гарсија тука треба да го направи своето, кој друг ако не тој да ги мотивира??
Мора да смениме менталитет, со донасањето на играчи како Џеко во тимот сме на прав пат да го направиме тоа, Един знае како се освојуваат титули ..
Играчите сите добри, али морам посебно да пофалам неколку .. прв е Дигне, доаѓа момчето пред 3-4 дена и веднаш е фрлен во оган на Дерби утакмица, а тој се понаша на терен како три години да играл со оваа екипа, покрај очекуваниот добар настап во офанзива, одлично одигра и во одбрана, нешто од кое најмногу се плашев, ми симнувам капа на момчето иако бев скептик за него.
Скпетив без и за Шчезни, но човекот од како што дојде не престанува да ме импресионира, имав за него мислење дека е киксер, но тој до сега се понаша како врвен голман, секоја чест за него.
За Џеко само ќе кажам дека после 15 години имаме асален напаѓач во тимот, толку за Џеко !!
Утре Сабатини ќе има многу работа, со играњето на Де Роси како централен мислам дека се мењаат желбите, наместо еден ЦБ, сега ќе се бара средњак, а можеби Даниеле и покорисен ќе ни биде како стопер, со оглед на тоа кога игра во средина има ментална блокажа да проигра играч во противничката половина и топките ги дава само на одбранбените играчи .. друга работа се многуте крила што се насобраа, утре минимално еден мора да си оди, ако не и двајца .. пошто за Итурбе официјално Сабатини кажа дека останува, тогаш Жерва, Љајич и Ибарбо се потенцијалните играчи кои ќе ја напуштат Рома, ќе видиме утре што ќе биде