Почнаа да се вртат уште сега разни имиња за на лето .. Ди Марзио вели дека Сабатини бара "убиец" во нападот на Рома, што не се вклопува со последните шпекулации кои велат дека сме заинтересирани за Дрогба, човекот е ворлдклас, оваа сезона на 25 натпревари има 12 гола за Галата, али се надевам дека не е тој "убиецот" кој се бара, сепак е 37 години, знам дека сеуште е добар и подобар од 60-70% од напаѓачите кои ги имаат големите тимови, но наредната година не би се ослонил на Дестро и Дрогба, доколку доаѓа Дрогба понуди му едногодишен договор но донеси го Манџукич на пример, мора да се направи тој исчекор и да се фрлат 25+ милиони евра за напаѓач, Скудето во Италија и играње во ЛШ не бива без силен шпиц .. за во средина сега се е смешано, веројатно ни самите Гарсија и Сабатини сеуште не одлучиле што и како ќе се прави, шпекулациите велат сме биле заинтересирани за двоецот на Тотенхем, Сандро и Паулињо, потоа читав ПСЖ го даваат Кабаје и пари за Пјанич, од кои би го купиле и Пароло, потоа Рома била заинтересирана за Рабиот, а да не ја забравиме и љубовта на Сабатини спрема Пасторе .. како и да е се позивесно е дека со ПСЖ на лето ќе правиме големи зделки, варијанти еден куп.
За бековите кои што ни се болна страна се вели дека желба на Гарсија бил Дебуши, потоа левиот бек на Ајакс, мислам дека Блинд се викаше.
За заминувања се зборува дека Ливерпул биле заинтересирани за Љајич .. Адем нема лоша сезона, но некако останува чувството кога највеќе е потребен во одсуство на Тоти, него никаде го нема .. можеби доколку стигне понуда од некои 18-20мил. би го продале ..
Што се однесува до утакмицата со Удинезе, добри вести се што Капитенот се враќа, а знаеме "Но Тоти,Но Парти"
патем сликата кажува се:
Во средина се воигруваат Наинголан, Пјанич и Тадеи, Додо вајда ќе биде спремен да игра како лев бек, а Мајкон е изгледа суспендиран па Торосидис ќе го гледаме ..