Фан Клуб: Пелистер

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Миленковски,Миленковски ах бе дете зошто на памет,зошто?:tapp:
 
Д

Дуле Пацов

Гостин
Нека го извај Воденичаров второто , истото како со играч помалце сме.
Неможам да го глеам кај шо се шета на теренот .
Време е Главевски шанса да добие а и Љамче треба да влези второто.
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
Миленковски,Миленковски ах бе дете зошто на памет,зошто?:tapp:
имаше време со својата брзина да ја префрли и одма да шутира.Арно се држиме,изгледа само на дерби знајме да не грешиме,засега добра игра,условите се тие,нијанси решаваат и еден потег
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.054
Поени од реакции
6.658
воденичаров бескорисен,шо очекуваме со ваква поставеност на играта ?! па дај уште еден играч од среден ред место него да се изедначи играта на теренот ако ништо друго барем бод сигурен не бега така :tapp:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Ајде бе сега една контра......ајде....:свиркам:
Анастасов,абе аман.....:facepalm:
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Атанасов промарши шанса за титулата, штета што не се осмеливме да ги нападнеме.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Сега го клава Љамче овај изгубениот.....:mad:[DOUBLEPOST=1398275858][/DOUBLEPOST]Со малку појќе дрскост ќе напраевме нешто појќе..
Ама и вака не е лошо,бодче бодче..
Сега мечот на сезоната е со Работнички,ако се тепа овде се бива...:cuc:
 
Д

Дуле Пацов

Гостин
Мораше денес да му дај шанса на Главевски барем последните 15 минути .
Поголем напаѓачки осет има од овај Воденичаров.

То е то. Бод за надеж...
Да имавме мадиња да одиме на 3 бода сигурен сум дека ќе ги тепавме . Ама некој треба да те мотивира во соблекувалната за то а не да те спрема да се браниш 90 мин.
Сабота можи да се речи утакмица на сезоната .
Ако победиме в џеб ќе имаме излез во Европа и можи шанса да се напрај историски пласман.
Многу бодој изгубивме со леви екипи , иначе сега ќе бевме први .

Сабота сите на утакмица ... Ќе ја туркаме кафаната!!:LOL:
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.295
Поени од реакции
5.498
Значи како прво ти реков @RedBlack дека ако не ја шитнат нашите нема шанса да изгубиме ,Коњаникот се повлече навреме демек не играл Асани :D.Инаку Боче го погоде стартниот состав и играта на нашите да не изгубат со што останваме во игра и за титула односно сега само дома решаваме со Работнички,Брегалница и Турново оти очекувам во то селото да му се испрајме мин200 па да биди како дома.Ама се ке зависи односно мора да ги тепаме Работнички.За одбраната можам да кажам дека ни е најјака во лигата посебно од кога Миле се опорави и застана на лев бек.Денес Воденичаров не доби ниту еден воздушен дуел го отепаа, и а ја успоруваше скоро секоја можност за контра место да отвара простор тој ја гуши транзицијијата,Е сега мислам дека Боче ги згреши измените.Негде 65-70 мин требаше замена Воденичаров со Буки и Бабата со Љамче ,Вардар паднаа неможеа да се враќат одбранбените аовие двата побрзи каде каде ќе му акневме еден од контра..Вардар почна да притиска па почнаа и бековите да им се заборават напреди имаше ептен простор за контра по страни и имаше негде 85 мин Батецот 100% шанса штета шо не влезе.Најголем проблем ова утакмица беше шо премногу мислеја да не загубат , само колку простор за контри имаше после 75 мин а Христов и Мојсов место да продолжат по крила тие ја тинкат топката и на 2-3 навратио им ја пресекваа и без игра гол може да ни акнат.
Значи нема враќање назад шо е изгубено и шо испуштивме да бидиме убедливо први пред последно 4 кола.Сега мора Работнички да се тепа,а мислам и тие немат амбиции за шампиони ќе си го земат купот и готово.Од оваа 5-торка 99% мислам дека после денешните резултати Турново одпаѓа од игра за првите 4- места,а ние мора да обезбедиме излез во европа пред последно коло со Шкендија односно да имаме над 57 бода оти тие имат најлесен распоред до крај и ништо чудно и та утакмица да им решава за Европа.
 

WilliamTell

Before Zee Germans get here...
Член од
3 март 2013
Мислења
963
Поени од реакции
1.630
Ваков отепан Вардар не сум видел никогаш. Цела утакмица освен две полушанси не одиграа ништо друго. На хартија од нас се дупло поквалитетни, организационо се далеку подобро поставени, а после ова денес мислам дека си се простија со титулата.
Малце од малце храброст да покажеше Боче и ако ништо друго да ја освежеше играта со Љаме и Буки околу 60-70та минута мислам дека можевме уште подобро да се носиме. Воденичаров не доби ни една едина употреблива топка денес, ниту некој повлекваше за напред освен последната шанса кога промаши Батецот. Реално ни Бензема да беше немаше да изигра ништо, а тек па Главевски :unsure:
Одбраната денес одигра одлично, особено Владица и Миле... конечно една утакмица да не дува промаја од кај бековите, Драгарот и Мартин стандардно солидни, и Пашето за пофалба :D
Како и да е, очекував дека ќе изгубиме, а се вративме со бод, плус Турново киксна и ете ги и Работнички и Металург на два бода само. Ако успејме Работнички (традиционално) 1-0 да го пецниме тогаш натаму се е можно. Со Металург првата меч топка ја ебавме, сега ете ја шансата...

Со овој луксуз дури и на обична публика да му бараат лична карта на билетара, мислам дека кај и да е ќе ги истераат и тие последни будали шо одат на утакмица. Од 33 000 стадион, едвај 1500 публика да треба да ја евидентираш ко небаре со 10 кила динамит влегвам на стадион е апсурд. На крај комплетно ќе исчезнат и навивачи и групи и пензионери од трибините, и стадионите ќе си ги користат само за митинзи и концерти.
Ќе ја врателе публиката на трибини ФФМ, аха... сигурно :coffee: И по стотка да дават на врата да влезиш, никој нема да влези прво да биди обележан а второ да гледа мизерија место фудбал.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.210
Поени од реакции
4.951
Целта остварена :D
Бод бод, кој ти дава, како шо напишав на претходната страна на 3те гостувања до крај, очекувам на сите до крај да земиме бодови, 1/3 имаме за сега, останват уште Турново и Шкеднија...
Многу, НАЈМНОГУ, работи ќе се решат во сабота на мечот со Работнички, кој особено во Битола ни лежи, стално ги добиваме, ако ја тепаме таа, мислам ќе имаме сигурно 2 или 3 место, односно излез во Европа...
За мечот со Вардар, чорба утакмица ! Последно време дуелите во Скопје се банани утакмици, Битола утакмиците се далеку далеку подобри !
Така и ова Боче 30 кола игра дефанзивен фудбал, па така џабе очекував дека ќе нападни чоекот, ама со неговата пичкарска тактика носи резултати, не е важно дали играме со Дрита, Руфеја, Царев Двор или пак со Работнички, Вардар тој си игра одбрана...
Екипата е таја, за стартните очекувани беа тие само јас би изменил на местото на Батецо од почеток би го пуштип Љамче прва да игра, или пак да влезеше многу порано 60та негде Љамче тој ептен го заборај на клупа, добро е шо го пробва и Бурхан, треба шанса да добива и Јове, нека се калемат уште од сега, за некоја година ќе требат во екипата..
Досадна утакмица, без шанси, очекував повеќе Вардар да нападни, ама катастрофа се и тие, играчите како од кашкавал да му се праени, секој втор му е повреден...
Имавме и ние две добри шанси за гол, на Миленковски кога на памет додаде за Воденичаров кој беше 2 метра зад него, незнам зошто не шутираше на гол Миленковски имаше добар агол, откако го седна на газ Стојчевски немаше потреба да додава :unsure:
И шансата на Батецот, каде мислам требаше подобро да се намести за шут, тежок е тој агол да се погоди од прва...
Добар меч изигра Владица, не мрдна Гроздановски кај него....
Исто и Ковачев, ѕверотиња ! Еден од најдобрите штопери во лигата (y)

 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
http://setaliste.com.mk/sport/fudbal/8481-bocevski-steta-za-sansata-na-anastasov

Штета,штета шо си П од тренер и одиш прво да не изгубиш,со никаква идеја како да ги нападниш 3те бода,тркало едно..
Иста игра со сите,прочитани како буквар,ама толку знат и другите па сме тука кај шо сме....
Се виде од авион вчера дека Вардар е ранлив на контра,наместо со време да клај свеж играч тој чека 90та минута за да смени нешто,одвај одеа некој играчи(како Бабата и Мојсов).....
Туку не си ти крив,криви се тие шо те донесоа...:tapp:
Да имавме барем(нормален)тренер сега ќе имавме најмалку барем 5 бода плус,во една ваква ситуација во ваква никаква лига напрајте ја математика на кое место ќе бевме...:facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom