Фан Клуб: Пелистер

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Три кола по ред имавме одлична игра (језда противниците беа мувла), а во Железара и да сакаш не можеш да прикажеш ништо заради теренот.
Јакиот состав го имате, па како сигурно се залетавте, да ви ја дадеме уште од сега ако не? :icon_lol:
Јас сум вечен песимист, ама овојпат сум сигурен дека нема теорија да победите во Скопје. Додуша кај нас никогаш не е сигурно кој е повреден кој е фит, ама ако и Асани и Ацевски се во составот, уште од сега кој сака може да се клади со мене за победникот на мечот :icon_mrgr:
Имавте среќа минатото гостување што дадовте ран гол на шашма, иначе друга ќе беше приказната, а и во тие први кола ние бевме сосема друг состав, тотално не воиграни, без свежина во тимот. Сега малце се подруги работите :)
Пак ќе дајме :D
 

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.604
Поени од реакции
2.655
1u1 3+ pisete si ja od mene vi e, da ne ispadne ne sum vi kazal
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.250
Поени од реакции
5.363
Neka bide taka stom mislis deka ste mn jaki i deka ako izgubite deka e sitnata ili pa pak sudijata ke e kriv
Не мислам дека сме многу јаки , ама ни вие не сте кузнај шо.Па така ако изиграт како шо треба со срце и борба до последен здив сигурен сум дека не губиме.
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Не се чалатете, Вардар тепа, минимум 3 гола "клава" :icon_lol:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Нас не ни бараат. Туку вие дали ќе влегувате ако ви побараат?
Најавиле дека и на вас ќе ви бараат. Ќе видиме што ќе биде, ни го ебаа навивањето до корен...[DOUBLEPOST=1398187283][/DOUBLEPOST]
Три кола по ред имавме одлична игра (језда противниците беа мувла), а во Железара и да сакаш не можеш да прикажеш ништо заради теренот.
Јакиот состав го имате, па како сигурно се залетавте, да ви ја дадеме уште од сега ако не? :icon_lol:
Јас сум вечен песимист, ама овојпат сум сигурен дека нема теорија да победите во Скопје. Додуша кај нас никогаш не е сигурно кој е повреден кој е фит, ама ако и Асани и Ацевски се во составот, уште од сега кој сака може да се клади со мене за победникот на мечот :icon_mrgr:
Имавте среќа минатото гостување што дадовте ран гол на шашма, иначе друга ќе беше приказната, а и во тие први кола ние бевме сосема друг состав, тотално не воиграни, без свежина во тимот. Сега малце се подруги работите :)
Не играат ни Асани ни Ацевски, така да си ги повлекувам зборовите и веќе не сум толку сигурен во победа :D
 
Последно уредено:
Д

Дуле Пацов

Гостин
Тууу бе...
Голем хендикеп ке биди за нас , то шо ќе немат поддршка од трибини. А и се ова оди на штета на фудбалот во Македонија.
Нека ги свртат утре од МРТ камерите и на исток и на запад , па нека видат сите дали така треба да изгледа едно фудбалски дерби.

ФФМ-- ГРОБАРИ НА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ !!!
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
Ништо веќе не остана како шо треба,срам да му е убијци на спортот во Мак,ниту вложват во инфраструктура,ниту во младински школи ниту во клубови па сега удрија по навивачите!Срамота,тие неколку сали и стадион шо се напраја се само за политички поени,а не за дека сакат да се развива спортот.Уште на средина на годината кај нас обично се знае кој ќе биди шампион,зато немаме лиги и спорт.Напраја толкав стадион за украс,наместо да биди празник во фудбалот тие гледај шо прат!Едно дерби имаме во оваа мизерна лига и то неможат (нејќат) да го организират.Навивачите ќе ги има(ше) многу повеќе доколку се средат многу работи...Неможи пред 2 год на најголемото гостување во ск да не вртат од чаир битпазар за до стадион,кога можеше комотно покрај река ни да пречиме во собраќај ниту ништо.После то,во Бт,комитите најавија дека нема да идат,а овде дојде караван со преку 20 коли полиција и војска...зошто???И после навивачите криви му биле дека фрлале по полицијата!Па ќе фрлат,шо кур носат од ск цели каравани војска,за кој?Ненормални се ,ама народо е уште поненормален шо му ги лижи на партиите.Сите тие работи врз навивачите,сите тие матни сценарија водат кон едно-а то е да се искоренат навивачите и да ги нема веќе,пошто конкретно во Бт само тие му претат на власта за стадион и други работи,вака ако ги искоренат ќе си биди власта послободна.Се губат многу генерации,луѓето не идат на стадион од овие причини,од безпотребни тепачки во дел кај шо сме гостувале,од прекумерно и безпотребно мавање од полицијата,па се до апсења во салата младост во Бт.Незнам до кај ќе оди,ова се случва со скоро секоја НГ,така да резимето јасно му е на сите.Голем дел од луѓето имат безпотребно настрадано од казни,притвори и ред други работи кои се бореле за клубот и за навивачите.Се воведуваат нови правила и закони и истите не се за да се смени нешто како шо велат тие,туку да се искоренат тотално!Срам за државата,власта,организатиру,мвр,ффм и ред други ебанковци
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
Пашовски – Брдаровски, Ковачев, Драгарски, Петковски – Христов, Мојсов, Елмазовски, Анастасов, Миленковски - Воденичаров

Шанса од клупата ќе чекаат: Апостоловски,Трајковски, Љамчевски, Мустафов, Главевски, Динчев, Ристевски

вака солидно ми изгледа,ако можат 90 минути да истрчаат нема да изгубиме денес..........се враќа мичо во тимот,искуство и мотив повеќе со неговото присуство е добредојдено за ваков натпревар.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Составот ми се бендисва, тој е тој моментално најдобар на Пелистер.
Желба, трчање, залагање и не губиме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom