Значи за првата ситуација крив е Папастатопулос што стига да го блокира Ориги?
За втората крив е Сако што го брка, не Ловрен што си го заборава играчот?
Томи, како да знае, кога е свртен со грб Сако? Како да знае дека Ловрен три пати касни на 20 метри. Не знам како можеш да кажеш дека за првиот гол е крив Сако кога само тој останува во игра, сите други од одбрана се изиграни, буквално. Со тоа што Морено пробува да блокира, Клајн пробува да се врати на позиција а Ловрен стои. Значи дека и Клајн е крив за првиот гол, глуп, земал се враќа на позиција, да брани, наместо да остане на 20 метри од гол и да праи замка. Која замка, глеј го Ловрен, раце крева, не знае што се дешава, не се ни движи.