Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Брат крив е незнае офсајд замка да направи т.е да остане во линија со останатите. Ловрен ги ркна и победивме. Завршуваме со тоа. Идеме утре да газиме :)
Свртен е со грб, не ги гледа неговите соиграчи. На тоа може да додадеме и дека другиот штопер наместо да си го брани просторот, останува на 20 метри од гол кога има 4 противнички играчки кои веќе напаѓаат. Слаба одбрана, севкупно. Тоа не го менува фактот дека со головите се извадија и поради нив одиме понатаму.
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Ај, реши се, па ќе правиме муабет.
Сакам да кажам дека не е единствениот проблем Сако. И на Ловрен му се случи претходната утакмица. Проблемот е шо Ливерпул нема командант во одбраната. А за головите многу јасно дека е крив Сако.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Сакам да кажам дека не е единствениот проблем Сако. И на Ловрен му се случи претходната утакмица. Проблемот е шо Ливерпул нема командант во одбраната. А за головите многу јасно дека е крив Сако.
Според твоето размислување, во ситуацииве подоле криви се дефанзивците

прва ситуација, крив е Папастатопулос што го брка Ориги а не му праи офсајд замка и со тоа и стига да му го блокира ударот?

1.jpg

2.jpg

Втора ситуација, сигурно и тука Сако е крив што го брка а не Ловрен што испаѓа од игра и „го чува“ противничкиот играч 2 метри ПРЕД него а не позади него.

1.jpg

А Сако зошто не му праи офсајд замка ко што викаш дека треба (пази, офсајд замка на 30 метри од гол), стига и го покрива ударот.

2.jpg

Трета ситуација, како Оба го изработи како магаре и остана сам на петерец. Чиста среќа Мињоле ја допре топката, па му смени правец. Сигурно и тука Сако е крив што не блокирал.

1.jpg

Ваљда е крив што Сако нема очи позади, на тил.

2.jpg

Четврта ситуација, Ловрен ја јебе цела одбрана, ваљда почнал да праи офсајд замки и на соиграчите, уште на 40 метри од гол, ако играчите се веќе во шеснаесет.

1.jpg

Сите овие ситуации се од прво полувреме. Еве ти подоле линк од видео, да ги видиш убаво ситуациите, да се потсетиш. Ловрен НЕ' ИЗВАДИ, Ловрен со голот не спаси, нема муабет. Цел живот ќе го памтиме моментот, веројатно. Тоа не го менува фактот дека во одбрана игра многу многу многу слабо. Касни ко парна локомотива.

http://www.fullmatchesandshows.com/2016/04/14/liverpool-vs-borussia-dortmund-highlights-full-match/#1
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Јас не велам дека Ловрен изигра добро и тој беше под просек, ама ги прокоментирав головите само. Види вака, ако тројца од четворицата дефанзивци прават офсајд, и последниот мора да застане во линија. На крајот на краиштата дефанзивците секогаш мора да се во линија. Ливерпул игра очајно во одбрана не е само до Сако или Ловрен пак ќе речам ако Матип не е таков вид на дефанзивец (командант) црно му се пишува на Ливерпул и в година.
 
Значи за првата ситуација крив е Папастатопулос што стига да го блокира Ориги?
За втората крив е Сако што го брка, не Ловрен што си го заборава играчот?

Томи, како да знае, кога е свртен со грб Сако? Како да знае дека Ловрен три пати касни на 20 метри. Не знам како можеш да кажеш дека за првиот гол е крив Сако кога само тој останува во игра, сите други од одбрана се изиграни, буквално. Со тоа што Морено пробува да блокира, Клајн пробува да се врати на позиција а Ловрен стои. Значи дека и Клајн е крив за првиот гол, глуп, земал се враќа на позиција, да брани, наместо да остане на 20 метри од гол и да праи замка. Која замка, глеј го Ловрен, раце крева, не знае што се дешава, не се ни движи.
 
За ситуацијата со Папастатопулос треба да ја видам цела акција да видам далидругите застанле да прават офсајд. Абе како да не знае шо има зад него? Каква координираност на стопер е тоа? Не велам не и Ловрен е надвор од позиција шо е недозволиво ама веќе кога тоа се случи Сако мораше да е во линија со останатите двајца Клајн и Морено и да направи офсајд.
 
Погледни ја акцијата.
Како да биде во линија кога цела одбрана е изместена. Која линија? Линија во која што Ловрен е на 25 метри од гол, Морено излага да блокира (пошто според тебе треба да стои и да праи офсајд замка), Клајн се враќа да ги брка тројцата кои се во шеснаесет (наместо да стои, зошто според тебе треба да стои за замката) а Сако е крив што се справува со тројца. Во кој паралелен универзум штоперот е тука крив?

Леле па и пишал дека мора да биде во линија со Клајн и Морено да прави офсајд. Види го првиот гол и те молам кажи ми дали Клајн и Морено воопшто пробуваат да прават офсајд или едниот блокира шут, другиот се враќа зошто е ван позиција?
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Без разлика дали имаа или немаа намера да прават офсајд, Сако МОРАШЕ да е во линија со нив. Дај те молам кажи ми кој менаџер не сака одбраната да му е како под конец во линија? Така е полесно и за правење офсајд замки и за командување и за се.
 
Абе како да е во линија кога линија НЕ ПОСТОИ? Во која линија да биде?

Тука требаше да биде, за да биде во линија со другиот штопер, за да прават офсајд?
Што ти е бе Томи?

1.jpg
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.795
Треба да разберете дека не секогаш се прави офсајд замка.

Исто така не секогаш има можност цела одбрана да е у линија, некогаш некој треба да излезе и да брка играч и тоа е тоа.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Треба да разберете дека не секогаш се прави офсајд замка.
Оди објасни им на Томи и на Бодо, те молам. Запнале а ТЕ МОЛАМ изгледај ги примерите што ги имам дадено, дека Ловрен касни ко парна локомотива, ко вовчето Пампурче, од Ѓорче до Охрид што одело 3 дена во 1935та.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.795
Оди објасни им на Томи и на Бодо, те молам. Запнале а ТЕ МОЛАМ изгледај ги примерите што ги имам дадено, дека Ловрен касни ко парна локомотива, ко вовчето Пампурче, од Ѓорче до Охрид што одело 3 дена во 1935та.
Сеа сум на работа па ќе погледнам од дома ама мора да е јасно дека не постои тим шо може да форсира само офсајд замки, ќе бидат напунети до врв у тој случај.

Башка Ливерпул со просечниве штопери да земе да се курчи со офсајди? Нема теорија.

Со Томи ќе се согласам дека мора да земете еден класа штопер иначе пак ќе ви даваат просечни екипи по 4 гола, нема шанса цела сезона со Ловрен и Сако да гурате.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Со тоа сите ние се согласуваме, друг е тука муабетот.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Офсајд замки се прават на 3-40 метри од гол кога противничка екипа е во транзиција па овие 4ца да застанат у линија и да го фатат напаѓачот.
На сликиве глеам дешавања у шеснаесетник, тука ни на Свети Илија нема да му текне дека треба да застанат сите 4ца у линија и да фаќаат офсајд. Каде бе.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Кара 200 пати има зборено дека Сако се враќа премногу во 16 метри и дека треба да држи линија. Сеа повторно истите грешки ги направи. Испаѓа тогаш дека Ловрен,Клајн и Морено се криви само Сако е на право место. Ајде не заебавај,не го брани непотребно.

Еве го видеото,уште пред 2 години ги има овие грешки.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom