Фан Клуб: Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
А кое гостување не е објавено никако да сконтам од прееска. Секоја утакмица има најава што се споделува на фејсбук, а за вакви гостувања објаснив. Башка секој што е член на Комити и го интересира групата има сајт и ФОРУМ, па нека се ангажираат малце и на форумот :)
Ајде за оваа утакмица да речеме ризична била и не се објавило бидејќи ако знаеле дека доаѓаат Комити немало да пуштаат на патарина, а вака кога ќе дојдеш мора да те пуштат (освен во Кратово :D). Ама годинава освен за утакмицата со Пелистер, за ниедно друго гостување вон Скопје немаше најава.
За купот со Влазними апсолутно никаква најава немаше (ни на нашиот форум), за мечот со Брегалница имаше најава и одма се собраа многу повеќе луѓе, ама испадна најавата дека врска си нема и никој не организирал превоз, па на крај отидоа само тие што се снајдоа.
За со Турново се пиша ден пред утакмица дека се оди со коли, за со Шкендија немаше најава од оправдани причини да речеме.
Да не се расправаме вон нашиов форум, си кажав таму што и како мислам за ваквиот начин на гостување.
Никогаш нема да се привлечат некои што имаат желба за гостување, а немаат поголема екипа или друштво со кое би се самоорганизирале.
Плус сите се навикнати дека групата организирала гостувања досега и чекаат објава, а пошто обајава нема, веќе е доцна да се размислува. Со нашиве финансиски средства, нема шанси од денес за утре да се договориш за гостување.

п.с. да нема забуни, и да има најави едно-друго пак би оделе максимум 100-150 души, ама подобро толку отколку 25-40 :)
Плус другарства се створаат баш за време на одењето на гостувања, без гостувања нормално е што ваква ни е ситуацијата во групата. Немаме собири за домашни утакмици, немаме организирани гостувања, немаме ништо :)

п.п.с. пошто тие што своеволно си одат на гостувањава се осеќаат како навредени од приговорите, треба да сфатат дека нападите не се кон нив, туку баш напротив секаква пофалба што ја одржуваат групата во живост. Вината во секој момент е кај раководството што мува не го лази за ништо :D
 
Последно уредено:
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Од коментари од типот “......нема потреба да доаѓаш“ на трибина едвај 150 има.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.334
Поени од реакции
27.892
1. коло
Пелистер - Вардар најавено гостување и изработено.
3. коло
Брегалница - Вардар најавено гостување и изработено.
4. коло
Тетекс - Вардар најавено гостување иако во Ѓорче.
6. коло
Металург - Вардар најавено гостување иако во Ѓорче.
8. коло
Работнички - Вардар најавено гостување иако домашен терен.
11. коло
Шкендија - Вардар гостувањето не е најавено од познати причини, тргна екипа и на крај го знаеме сите епилогот.
14. коло
Турново - Вардар најавено гостување и изработено.
16. коло
Ренова - Вардар не најавено гостување од познати причини, секој што си најде друштво гостувавме. Имаше 7 дечки кои немаа кола, а сепак фатиле автобус кој го има на секој саат и картата е 110 денари. Кога се сака се гостува.

За куп утакмици ретко кога имало добро гостување затоа што биле во работен ден и ретко се наоѓало превоз, тие што идат или е кола или комбе од подгрупа што си организирале. Тој што нема екипа за гостување нека се потруди да биде поактивен на форумот нека прати што се дешава и ќе се најде место и ќе се створи ново друштво. И јас не почнав да идам со 20 души на утакмици почнав со 2ца од кој тие веќе живеат на 3000 километри од тука па со тек на време стекнав друштво и идеме. Тоа не треба да ви биде причина за не идење туку мотив плус за поголема активност и дружба. И ајт не ме нервирај да се објаснувам вон нашиот форум да не те скинам :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Епа ти си почнал со двајца, ама луѓево не сфаќаат дека некој нема ни двајца познаници расположени за вакво гостување :D Во групата има луѓе без подгрупи (а сигурно 50% од тие што одат на домашните мечеви се такви), и токму на нив им е тешко да се организираат. А кога ќе ја видиш и "активноста" на подгрупите, тогаш доаѓаме до сегашнава ситуација :icon_mrgr:
И не ме јеби, гостувањава во Скопје не ги рачунам :icon_mrgr:
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
878
Поени од реакции
2.700
Не сум од Скопје не одам на запад, ама многу често го пратам Вардар и секогаш кога можам одам на стадион, е сега многу работи не се ми јасни во групата, нормално и не сум некој фактор некој да ми ги објасни.. ама гледам дека групата не функционира како што треба, вие бевте тие заради кој секогаш ми се одеше на стадион, гледам многу се јадете меѓу себе наместо сите да сте како браќа заедно.. како гласеше она сите за еден, еден за сите... поздрав до сите вас се надевам ќе има подобри денови, и се гледаме на стадион.
п.с многу од вас го направија Вардар скопски клуб, но немојте да заборавите дека Вардар е клуб на сите Македонци!
 
Член од
10 август 2012
Мислења
915
Поени од реакции
780
Не сум од Скопје не одам на запад, ама многу често го пратам Вардар и секогаш кога можам одам на стадион, е сега многу работи не се ми јасни во групата, нормално и не сум некој фактор некој да ми ги објасни.. ама гледам дека групата не функционира како што треба, вие бевте тие заради кој секогаш ми се одеше на стадион, гледам многу се јадете меѓу себе наместо сите да сте како браќа заедно.. како гласеше она сите за еден, еден за сите... поздрав до сите вас се надевам ќе има подобри денови, и се гледаме на стадион.
п.с многу од вас го направија Вардар скопски клуб, но немојте да заборавите дека Вардар е клуб на сите Македонци!
борба за власт :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Никогаш не е на одмет да се повтори каде грешат сите на химната.
И да, ако ја знаете грешката, а сепак ја пеете погрешно затоа што сите така пеат, тоа според мене ве прави дамбетер понеписмени од нив :icon_mrgr:


прва строфа, најчесто нема грешка:

За една љубов живееме,
за еден клуб навиваме,
една љубов, еден живот
за тебе наш Вардареееее.

втора грешка, како сите ја пеат НЕПРАВИЛНО:
ВАКА НЕ:

Црвено-црна Е во мене,
црвено-црна е за тебе,
црвено-црна ќе се ВЕЕ,
за тебе наш Вардаре.

Значи момци, овде се пее за црвено-црна КРВ во мене, а не црвено-црна е во мене. Апропо на тоа крвта се ЛЕЕ, а не се вее ебате :icon_mrgr:

ВТОРА СТРОФА ПРАВИЛНО:

Црвено-црна КРВ во мене,
црвено-црна е за тебе,
црвено-црна ќе се ЛЕЕ,
за тебе наш Вардаре.


Трет строфа, најчесто нема утка:

Комити знаме на запад веат,
и песна пеат и песна пеат,
знамето наше во две бои,
црвено-црно на запад стои,
црвената е за крвта врела,
за Македонски градови села,
а црната е за тој што жали,
за Гоцевите идеали.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.151
Поени од реакции
35.232
Убаво кажа дечково погоре, Вардар е Македонски клуб, и тука е направена грешка, што ради ривалството со Битола и делумно Прилеп, порано сите други градови и жителите нивни се навредувани со провинцијалци, сељаци а имало луѓе што навивале од сите градови за Вардар. Тука многу луѓе се изгубени. Земете пример Делије и Гробари, таму нема да слушнеш скандирање провинцијалци и остало, туку обратно, ги прифаќаат што се од други градови и затоа имаат многу луѓе и обична публика, и навијачи.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
878
Поени од реакции
2.700
Ако некој е спремен да го предаде оној со кого се од мали нозе, и оној кој му го штител грбот само за да дојде на чело на групата заслужува да биде избркан од истата.. Според мене и вие другите сте криви што сте го дозволиле тоа место сите да сме заедно, еден за друг ние си ги вадиме очи меѓу себе.. Наместо на Запад да стојат 50 луѓе ќе имаше мин по 500..И го имам кажано тоа и порано неколку години Вардар што немаше успех влијаеше многу врз групата и врз новите генерации, кој за жал ја губата борбата за Вардар.. али ајде ќе дојдат добри времиња, или ќе дојде прав човек на чело на групата. Ај доста беше за Комити али морав да си го кажам мислењето ме копка долго време. :)
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
10
Поени од реакции
2
Kako sto stojat rabotive vo prvenstvovo na kraj samo Vardar i Rabotnicki ke se borat za titula vo prvenstvo[DOUBLEPOST=1417048336][/DOUBLEPOST]definitivno utakmica vo nedela megu Vardar i Rabotnicki ke ima golemo vlijanie vo ponatamosniot tek na prvenstvoto
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.151
Поени од реакции
35.232
Скандирањето провинцијалци и ним сличните се искоренети веќе 3-4 години.
Зборам во 90тите, кога другите на балканов собирале луѓе и фанови од секаде, кај нас и тие што сме ги имале ги избркале со вакви скандирања. Тоа е голема грешка што е направена во тоа време. Тоа сакав да кажам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom