Не ја гледав, нешто ми викаше дека џабе нервози ќе терам па си гледав серија дома. Ама отприлика можам да замислам како се одвивала цела утакмица. Е сега иде еден многу „забавен“ момент, а тоа е, кога постигнуваш гол за победа во 90та минута, а ти не се радуваш на тој гол, тогаш повеќе од очигледно е дека нешто не штима внатре во тимот, на страна резултатите. Имале потоп утакмици и претходно, не измислија ПСЖ топла вода, ама овакво нешто немаше.
Слично беше пред две години, кога беше распад систем, ама тогаш постоеше Чави и се беше многу поедноставно, се средија работите и освоија тројна. Годинава се бест желба, без елан, без страст, играат оти мораат, колку да се заврши што има, кур ги боли за се.
Далеку е тимов од топ тимови во Европа годинава, поочајни игри на Камп Ноу во една сезона никогаш немало, толку испуштени бодови, толку очајна игра, не ми е јасно што чекаат за белите шамивчиња, барем по тие се познати навивачиве...
А наредната е со Атлетико...не дека се некој посебен тим годинава и они, ама Гамеиро/Гризман има да ги збудалат во одбрана сите. Лабаво да се догледа сезонава, ако добијат желба нека го освојат Купот, ако не нека им го остават на Алавес, нека биде уште поголем срамот и негодувањето од медиумиве. Ако освојат, со голема промена во тимот нека почнуваат од Суперкупот.
П.С. Не дај Боже да им текне некои си Ремунтади да прават за реваншот, доволно се срамеа годинава.