Муабетот на коментаторот од видеото со голот на Дел Пиеро против Лацио ми го врати филмот. Човекот кој никогаш не рече збор, никогаш не се побуни, никогаш не се исписка во јавност. Беше и втор состав уште пред десет години, но единственото зборување кое го правеше беше на теренот кога ќе си ја добиеше шансата. Кога го вадеа од игра ќе го забележиш изнервиран и незадоволен. Ама после натпреварот го нема никаде да се буни, туку оди со тимот заедно и се држи до истиот. Наредниот натпревар ако се најде во ситуација ќе го реши и ќе се радува како ништо да не било. Без никаква полемика, без никакво бунење ниту во прославата ниту во ништо. Да не зборувам кога остана во Серија Б. Голем, квалитетен играч немаше ден сомневање каде ќе ја продолжи кариерата иако Анчелоти се ќе дадеше да го види во Милан.
Иста беше ситуацијата и во последната сезона. Не играше многу, еве само 380 минути до оној гол против Лацио. Тоа се едвај четири цели натпревари, кои реално беа настапи само од по неколку минути. Договорот не сакаа да му го продолжат спротивно на неговата волја, но пак ништо не кажа. Кога и да добиеше неколку минути од Конте ги користеше до максимум и даваше се од себе со квалитет во играта, но се разбира и со позитивно влијание врз целиот тим. Тој гол против Лацио е без мислење клучниот во сезоната. Но на крајот си замина мирно, без еден збор против управата или клубот и со сите почести кои ги заслужуваше. Друг играч можеби ќе направеше чорба-каша и ќе се испокараше со целиот клуб, но тој си замина достоинствено и мирно без ниеден лош упатен збор.
Тоа е големиот Дел Пиеро.