Фан Клуб: Јувентус

Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Во кеопс ќе сме, имаше напишано во групата на фб.

Евра прва постава, Асамоа на клупа. Наебавме.
Не ја знам групата на ФБ, нема да можам да ве дружам :(
Ова го прочитав само попат ништо организирано навивачки, само онака вечерна ЛШ шема.


Оправдањето за Евра беше демек неговото искуство е непроценливо.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.751


Прв пат ги гледам овие зелени дресови.

Не ми се допаѓа тоа што не го играме Асамоа. Истиот состав е од некни со Аталанта, само Касерес на местото на Огбона.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940


Прв пат ги гледам овие зелени дресови.

Не ми се допаѓа тоа што не го играме Асамоа. Истиот состав е од некни со Аталанта, само Касерес на местото на Огбона.
И јас сум за Асамоа, ако ништо повеќе го има презаслужено местото во тимот и според последните партии на Евра, нема потреба Евра да игра.

Мало инфо. Џиџи немал примено гол во сите натпреварувања >600 минути. Последен кој му дал гол е Диего Годин на светското.


п.с. нека пазат кога одат во WC, нумеро чинкве
 
A

apidrone

Гостин
И јас сум за Асамоа, ако ништо повеќе го има презаслужено местото во тимот и според последните партии на Евра, нема потреба Евра да игра.

Мало инфо. Џиџи немал примено гол во сите натпреварувања >600 минути. Последен кој му дал гол е Диего Годин на светското.


п.с. нека пазат кога одат во WC, нумеро чинкве
А Годин капитен на Атлетико :cautious:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.639
Поени од реакции
5.317
Прв пат ги гледам овие зелени дресови.

Не ми се допаѓа тоа што не го играме Асамоа. Истиот состав е од некни со Аталанта, само Касерес на местото на Огбона.
Касерес по се изгледа е миленик на Алегри. Иако Огбона последните 2 натпревари ги изигра маестрално, сепак му дава шанса на Касерес во стартните 11. Можеби тоа се должи на тоа што има искуство со Шпанскиве екипи, но како и да е, и Касерес игра одлично со Алегри, како и Огбона. Калкулации за тоа дали Асамоа требало на местото на Евра или обратно, ќе видиме после натпреварот.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.640
Поени од реакции
81.610
Многу досадна игра... претежно играта се одвиваше на средината на теренот
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
^ Нормално, се игра внимателно... како и да е, нас ни одговара и X. Плус грциве губаат.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.639
Поени од реакции
5.317
Малку паничат, но верувам дека полувремево добро ќе им дојде.
 
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.205
Поени од реакции
2.051
Само што уклучив стрим го видов голот :facepalm:, пу пизду матер. Иначе што имаме заедничко жити бога со зеленава боја на опремава :confused: колку се одвратни то е страшно:нинџ:
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Толку се можностите реално,на европско ниво сме просечна екипа.Веќе почнав психички да се припремам за нов дебакл.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.640
Поени од реакции
81.610
Многу тежок натпревар, по малце и досаден ама што е тука е... Голот падна при невнимание што се случува, сепак задоволен сум од играта во средината дека тотално ги неутрализиравме Атлетико, а рака на срце и тие нас истото ни го направија. 3-5-2 дефинитивно Алегри мора да си ја тера само во Италија, кога ја смени формацијата во 4-3-3 се виде колку бевме поопасни кон голот на Атлетико.
Интересна група, сите тимови имаат по 3 бода, верувам дека со победа над Олимпијакос и Малме ќе осигураме пласман понатаму.... а сакам на домашен терен да им се реваншираме на Атлетико :)

Ако ја читаат фановите на Атлетико темава, сакам да им ја честитам победата, чиста како солза :)
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.751
Нула за сите денеска. Од тренер, асистент, физиотерапевт, чистач па до секој играч на теренот, на клупата и до луѓето во управата. Една голема нула.

Пред се поради идејата за натпреварот. Не создадовме нитуедна асална шанса, освен за таква ако се смета кога оној од Атлетико за малку ќе си дадеше автогол. И дури тоа дојде после примениот гол. Влеговме пи*карски на теренот, без никаква напаѓачка концепција и со премногу тактизирање. Средината никаде ја немаше, Тевез жалниот по 10 секунди бараше некој за да му ја подаде топката, но никако не успеваше. Љоренте многу лошо, требаше во неколку наврати да се снајде многу подобро, посебно на крајот кога падна пред петерецот на Атлетико. Толкав маж е, треба да остане на нозе и да се обиде многу подоборо да ја заврши акцијата. Евра искрено не знам што бара на теренот, затоа што не му носи ништо ново на тимот. Асамоа ја има онаа динамика потребна за вакви тешки натпревари, каде што може да пробие многу лесно. Освен ако нема физички проблеми, Алегри тешко може да го оправда овој потег.

Фудбалот повеќе пати не има научено дека не се излегува на терен со идеја да не се загуби, туку да се победи. Лани против Галата, Италија на светското против Уругвај. Тие се примери од последната година, но многу повеќе ги има. Не личеше денеска вака да се влезе во натпреварот и да се пимпла само топката наоколу без да се нападне ни најмалку опасно. Жива катастрофа, очај за денешната напаѓачка идеја само ќе кажам. Уште еднаш така на теренот не смее да се излезе. И нормално стига казната за ваквата игра, каде што последица е овој пораз. Заслужен би рекол.

И немојте само да почнете пак со калкулациите. "Абе видете, Малме го победи Олимпијакос, дома играме втора со Атлетико, бла-бла, дрн-дрн". И лани правевме вакви калкулации, па останавме со прстот во уста. Затоа без пардон треба оваа сезона да се пристапува кон натпреварите во ЛШ. Ќе го повторам она што го реков на почетокот на сезоната. Доколку отпадне Јувентус од оваа очајна група, сите до еден од директор до чистач да си поднесат оставка.

Наредните натпревари ни се 2хОлимпијакос и една со Малме. Мора на сите тие 3 натпревари да оствариме победи и ништо да не оставиме на случајноста. Се разбира со пристап многу поинаков од денешниов.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.639
Поени од реакции
5.317
Потполно заслужен пораз. Резултатот на грците одговара, но можеа да извлечат бод со малку поприсебна игра.

Лихштајнер може онака мајтап да си игра со Франко Бриенца и Масимо Кода, но не со Арда Туран. Вечерва можеби го изигра својот најлош натпревар во дресот на Јуве. Штета што Ромуло се повреди, инаку заслужува 2 натпревари да поседи на клупа да ја олади главата. Евра второто се поправи (нијанса), првото исто како Лихт.

Доста грешки направија и на средината. Премногу паника, Погба и Маркизио се плашеа да преземат иницијатива, цел товар падна врз Видал, кој не е семоќен.

Љоренте, малце треба да одмори. Мората имаше добри потези кога влезе, но за 5 минути не може да направи чуда на терен.

Алегри закасни со измените, особено требаше Мората да го вметни порано во игра, и да смени формација пред да прими гол, зошто очигледно беше дека со 3-5-2 не претставуваат закана за Атлетико. Истото се случува како и со Конте.

Истово мислење ќе го пишев и ако успееја да изедначат. Навивачите на Атлетико, секоја им чест. Направија невидена атмосфера, и му помогнаа на тимот кога му беше најпотребна мотивација.

Сега, мора да се победи со грциве.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Колку фаули и картони имаше утакмицава не се добројуваа и со Мората измената на крај беше смешно се збунија сите :) (Лоренте разочарува сезонава барем засега )
 

Kajgana Shop

На врв Bottom