Фан Клуб: Јувентус

Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Многу лошо. Заебете резултатот, не прај некоја голема промена, гледајте ја играта. Школски меч по ракомет е поинтересен. Ништо од конкретност не видовме.
Разбирам да се оди на 0-0 во Мадрид ама и покрај таква замисла сигурно е дека можиш да изорганизираш нешто да нападниш кога веќе имаш >60% посед.
Најмногу ме нервира брзоплетоста и неорганизираноста на тимот. Знаеја дека Атлетико играат плиток бункер и загари шо вршат пресинг наоколу, мораја да играат на нафрлувања до Љоки. мораја да одат на нафрлувања во празно. Атлетико оставаше факинг Автопат до 30м од шеснајстерец. Нема да барам кривци сите беа Хаос. ПА особено ако ми текни на играта од почетокот на второ полувреме ми се темни пред очи. Нека земат нека се освестат за со Рома.
 
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.205
Поени од реакции
2.051
На ваква утакмица Алегри мислам дека требаше и мораше да стартува со Мората, дечкото го бива со топка за разлика од Љоренте, наместо еден играч кој ќе го чува Нандо ќе го чуваа двајца на Мората, кој во комбинација со Тевез би ја реметеле одбраната на Атлетико. Евра не можам да разберам што го игра кога го има Асамоа-ѕверот :unsure: Не знам колку е добро или лошо што изгубивме али Мондо е во право и факт е дека не треба да се излези на терен за да не се загуби, а италијаниве упорно си ја тераат таа доктрина и спијат на тоа уво. Еве колку и како ги чини. Следнава со грциве на гости ако не земиме три бода не ни заслужуваме повеќе ништо, ама баш ништо:(
 
Последно уредено:

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.095
Поени од реакции
16.291
Кој мората не се заебавајте, тој неможи дуел со драме да изгуби камоли со 3ца ко Љоренте.
 

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.492
Поени од реакции
4.336
Иако знам дека секој критикува после лошиов пораз и играва ама Морам да ги пофалам Бонучи Киелини па и до некаде Касерес за многу сигурната игра во одбраната.. Една грешка и гол примивме... За играта нема да коментирам видовме сите дека ова не е игра што тим како Јуве треба да ја игра...
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.095
Поени од реакции
16.291
Јас ќе чекам да видам во Торино како ќе изиграат па тогаш ќе коментирам за играта.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.095
Поени од реакции
16.291
Llorente will never perform if he is played to as how Caparrós did in Athletic without any pace on the wings and in an advanced position with 0 freedom to drop deep which essentially makes him another target man.

Juventus were actually good tonight and dominated Atletico throughout most of the match.

Problem is, when you let Atleti off-the-ball so much you need to understand that they are content with that cause and need only their 1-2 chances to clinically end the game and brush the opposition off; Juve on the other hand not clinical enough.

Best player of the game Marchisio for Juventus despite the team defending well as a whole.

Not a bad result per say, if not unlucky as this was by far the most difficult fixture in the group.
Мислење со кое тотално се согласувам.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
1. Алал да му е на Алегри на храброста што ја имаше денеска со ваква тактика да излезе.
Антифудбал.
Тотален антифудбал.
Колку само педерска игра, игра без муда! Па се кладам дека еден Лудогорец вечерва похрабро изигра против Реал Мадрид, а ние им се потчинивме мислиш класи се над нас, ебаниот АТЛЕТИКО МАДРИД!
На кратко нашата игра вечерва: Буфон до Бонучи, Бонучи до Киелини, Киелини назад до Бонучи, овој пас до Касерес и Касерес ја враќа пак назад на Буфон.

2. Евра тотална утка денеска, незнам зошто Алегри го форсира три утакмици по ред, ем е човекот во години и нема никаква потреба да игра толку многу, а ем со ништо си го нема заслужено местото, греота е Аса да седи на клупа за он да игра и притоа ништо посебно да не покажува.

3. Катастрофално движење на играчите на теренот, толку млитави, толку без желба играа, сите можни 50/50 топки ги освоија Атлетико.

4. Надополнување на ова горното, од авион се гледаше дека треба да влезе некој да ја размрда играта. Од претходниве неколку натпревари мислам дека сите заклучивме дека Переира и Мората се баш такви играчи, реално Видал имаше ужасен натпревар во офанзива, а Љоренте ептен им одговараше на Годин и Миранда у одбрана, тешко добиваше дуели, тотално неподвижен.
Овој првата измена ја направи во 75+ минута. :facepalm:
И се виде одма, секунди од кога влезе Переира 1-2 кога изигра со Лихт, за малце ќе си брцнеа автогол.
Мората што да покаже за 7 минути во игра....

Не ми е криво што изгубивме, криво ми е што воопшто не ни пробавме да победиме!
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Вие викате дека некој од наша страна е крив, Алегри, играчите...како да заборавате дека не сме сами на терен.
Јас мислам дека крив е судијата кој не остави малце пооштра игра, кога почна од 25-30 минута секој дуел го судеше, и заради тоа изгубивме, Љоренте ќе примеше топка а тој шо го чуваше ќе паднеше па судијата судеше фаул.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.589
Поени од реакции
81.179
Бог да чува, за судијата сте запнале, како мува на гомно...

И според мислењава, вие Атлетико го направивте од рангот на Миравци, па ај сега сите да кршиме глави што не сме го тепале.
Значи зборуваме за шампионот на Шпанија, минатогодишниот финалист во ЛШ, тимот кој еве во последно време редовно ги плеска Реал и Барса во Премиера, а вие ми се трескате тука и паѓате во депресии. Освен анемичниот напад, другото се беше во ред, тоа што не дозволивме Атлетико среде Мадрид да ни контролира игра, да не стави во шише и што го неутрализиравме со само 2 шута во рамки на голот доволно докажува дека овој тим на Јуве може далеку да стигне во ова натпреварување (се разбира ако не се глупираме како минатата година кога губевме бодови од глупи екипи). Единствено не сум задоволен од нападот, кој тотално беше отсечен од другиот дел од тимот. Алегри треба веќе да свати дека Љоренте е тотално надвор од форма, и редно време е Мората и Коман да добиваат повеќе шанси на зелениот терен. И мора да се смени таа 3-5-2 формација, барем во Европа кога играме... видовте која разлика беше кога сменивме во 4-3-3? Одма се осети оној поопасен Јувентус.
Да бидеме реални, играчите на Ателтико гризеа на терен, но и ние истотака, тоа што ги неутрализиравме на нивни терен, и до последна минута го потеа гзот да ни дадат еден шашма гол доволно говори за јачинава на тимов. Значи имаме одлични играчи, достојни замени кои знаат да направат разлика кога ќе влезат во игра.... само треба во иднина малце повнимателно да се оди на другите дуели во Европа, да не се обрукаме како минатата година

Деви, не го дрви :P :)
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Вие викате дека некој од наша страна е крив, Алегри, играчите...како да заборавате дека не сме сами на терен.
Јас мислам дека крив е судијата кој не остави малце пооштра игра, кога почна од 25-30 минута секој дуел го судеше, и заради тоа изгубивме, Љоренте ќе примеше топка а тој шо го чуваше ќе паднеше па судијата судеше фаул.
Судијата исто така можеше со чиста совест да досуди пенал за Атлетико, кога Касерес играше со рака, мислам. :)
У право си, еден куп фаули досуди, баш сега пишав у темата за ЛШ, константно ја сецкаше играта, Љоренте мислам имаше најмногу фаули, едно 6-7, сите у напад. :pos:

Нема збор дека начисто се изгуби германецот, ама ајде како ќе ми ја објасниш поголема борбеност на играчите на Атлетико, или тоа што пола од поседот на Јуве помина во додавања меѓу задната тројка и Буфон?
Како е крив судијата за тоа?




@Scirea
Атлетико се одлична екипа, никој не ја потценува.

Мене лично, ме изнервираа Јуве вчера со пристапот кон играта, да се земе бод и да се оди дома. Никаква бобеност, никаква пожртвуваност.
Да играа малку по машки и по дрско и малку поофанзивно, па да разберам на 10 минути при крај, кога веќе сите се истрошени и уморни, да зачуваш бод, тоа ќе беше ок, можам да сфатам.
Ама вака, уште од старт да се влечат како црева по терен...

Можам комотно да кажам дека го паднавме првиот посериозен тест оваа сезона.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.589
Поени од реакции
81.179
@Scirea
Атлетико се одлична екипа, никој не ја потценува.

Мене лично, ме изнервираа Јуве вчера со пристапот кон играта, да се земе бод и да се оди дома. Никаква бобеност, никаква пожртвуваност.
Да играа малку по машки и по дрско и малку поофанзивно, па да разберам на 10 минути при крај, кога веќе сите се истрошени и уморни, да зачуваш бод, тоа ќе беше ок, можам да сфатам.
Ама вака, уште од старт да се влечат како црева по терен...

Можам комотно да кажам дека го паднавме првиот посериозен тест оваа сезона.
Затоа и пишав дека нападот вчера беше тотално отсечен од другиот дел од екипата, Тевез и Љоренте (посебно вториов) ги немаше нигде на теренот. Фернандо не е играч што може да земе топка и да оди да дрибла... тој е класичен голгетер што мора топката да му се намести во шеснаесетникот. Значи од прва згреши Алегри, ем знае во каква форма е, ем пак го игра на вакви натпревари. Поарно Мората нека го почнеше натпреварот и тој има искуство во Премиера, па ако не иде нека го замени таму во 60-70 минута, а не вака цел натпревар да се мачиме со Љоренте, и Тевез кој сосема го разбирам човекот... сам играше во напад. А тоа дека сме играле дефанзивно, за тоа Алегри ќе си одговара, не јас :coffee:
И да се разбереме, воопшто не се влечеа нашиве како црева, туку Атлетико играа висок пресинг... тоа и ние се обидевме да го играме, затоа често се губеа топки на средината на теренот

Пак ќе пишам, и покрај тоа што загубивме на глуп начин, јас сум задоволен од играта посебно во средишниот дел, дека таму беше најголема битката и во нитуеден момент не подклекнаа под притисокот на Атлетико, го испотија гзот дечките додека да ни дадеа гол
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Со ваков пристап нема што да бараме во ЛШ. Само се надевам после поразов конечно ќе се смени формацијата.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.635
Поени од реакции
5.316
Значи зборуваме за шампионот на Шпанија, минатогодишниот финалист во ЛШ, тимот кој еве во последно време редовно ги плеска Реал и Барса во Премиера, а вие ми се трескате тука и паѓате во депресии. Освен анемичниот напад, другото се беше во ред, тоа што не дозволивме Атлетико среде Мадрид да ни контролира игра, да не стави во шише и што го неутрализиравме со само 2 шута во рамки на голот доволно докажува дека овој тим на Јуве може далеку да стигне во ова натпреварување (се разбира ако не се глупираме како минатата година кога губевме бодови од глупи екипи).
Во ред сето тоа, но јас мислам дека се кадарни да направат повеќе од тоа што го покажаа вчера, и од пристапот на игра. Премногу го испочитуваа противникот, и самите им дадоа со тоа предност на Атлетико. Поседот го имаа поради ширењето во играта, тактиката на Алегри беше да се прошири играта на Атлетико, и преку потег на Љоренте и Тевез да се загрози голот на Атлетико, нешто што не помина успешно, факт се и фаулите во напад на Љоренте. Тактиката можеби ќе му беше поуспешна ако и само ако на местото на Љоренте беше Мората бидејќи овај знај повеќе со топка да игра. Но како и да е, се надевам дека Алегри извлече поука од овај натпревар и ќе се корегира.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.589
Поени од реакции
81.179
Е сега може само да нагаѓаме што им рекол Алегри пред да излезат на терен... можеби им кажал да се бранат, може им кажал да играат пресинг со посед на топка, може им кажал да играат напаѓачки... само он си знае. Не е секогаш вината во фудбалерите, многу е важно и тренерот што ќе им нареди пред да излезат на зелениот терен... јас сеуште не најдов изјава од Алегри какви му биле впечатоците после мечот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom