Уште една планета како земјата, Има ли луѓе таму?

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
Кoрекција: ~1400 светлосни години.

Овие од еНаука треба да си ја преиспитаат целта на сајтот пошто ова што го пишале има огромни проблеми и не е воопшто "научно" од нивна страна.

Прво, пишале дека е откриена планета со големина на Земјата. Што не е точно, ако се земе дека дијаметарот изнесува 160% од тој на Земјата, како што е пишано малку подоле. Тоа автоматски ја става планетата во категорија на Супер-Земји, а според понови истражувања, доста веројатно и во гасести Мини-Нептуни, а не "карпести" планети како што ја опишале авторите таму. Што не само големината, него и содржината, е ставена под знак прашање дали е земјеста/цврста. Со 160% дијаметар, шансите се едвај 50/50. Потоа артиклот продолжува со тврдење дека ова е најмалата откриена планета до сега, тотално игнорирајќи ја планетата Kepler-186f која е со само 10% поголем радиус од Земјата, и реално може да се нарече Earth-sized бидејќи доволно далеку е од категоријата на Супер-Земји, и е воедно најмалата до сега откриена и потврдена планета од страна на Кеплер.

Како тежок лаик во област на астрономијата и планетарниве науки, ако јас можам да забележам вакви пропусти и глупости збрани на едно место, тогаш дечкиве од еНаука треба да си ги соберат парталите и да се пензионираат од репортажи на тема астрономија и егзопланетарни откритија зошто ова е навистина срамота.
Не очекувај од македонски сајт наменет за поширока публика да добиеш прецизни информации, кога дури и од светските медиуми (Ројтерс, РТ итн) не добиваш нешто повеќе. Впрочем, токму тие се изворот на информации за мак. сајтови.
Има и многу полошо, од еден од најпознатите мак. сајтови. Замисли колку луѓе го читаат...

Инаку, дефиницијата за Супер-Земји и Мини-Нептуни е нова и не е прецизно дефинирана. Во самата дефиниција се остава простор за понатамошни измени.

Што се однесува до планетата, можно е да е првата каде ќе потврдиме дека постои живот надвор од Земјата. Со лансирањето на Џемс Веб во 2018 и изградбата на неколку ~30 метарски телескопи околу 2020та, ќе може многу подетално да се истражи нејзината атмосфера и површина, водејќи евентуално до заклучокот дали има или не живот.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
да им отидеме на гости. да купиме бомбоњера и некој поклон и да се прошетаме до кај нив.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не очекувај од македонски сајт наменет за поширока публика да добиеш прецизни информации, кога дури и од светските медиуми (Ројтерс, РТ итн) не добиваш нешто повеќе. Впрочем, токму тие се изворот на информации за мак. сајтови.
Има и многу полошо, од еден од најпознатите мак. сајтови. Замисли колку луѓе го читаат...

Инаку, дефиницијата за Супер-Земји и Мини-Нептуни е нова и не е прецизно дефинирана. Во самата дефиниција се остава простор за понатамошни измени.

Што се однесува до планетата, можно е да е првата каде ќе потврдиме дека постои живот надвор од Земјата. Со лансирањето на Џемс Веб во 2018 и изградбата на неколку ~30 метарски телескопи околу 2020та, ќе може многу подетално да се истражи нејзината атмосфера и површина, водејќи евентуално до заклучокот дали има или не живот.
Wow ... значи тоа што пишав важи за странскиве сајтови, а нашиве критика што само преземаат содржини без да ги преиспитаат. Ептен лошо.

А има доста од научнициве што се ептен накурчени од вакви срања. И со право, ова е буквално ширење на дезинформации.

Инаку се слагам дека дефинициите се релативно нови, ама репортажава е за нова планета, и современи информации, а со тоа треба да се прегледаат и ред други работи кои се современи и апдејтирани. Истражувањево не е теорија, има црно на бело податоци кои говорат дека трендот е тој, со распонот на радиуси од потврдени планети. И не само составот и големината во сооднос со други групи на планети, него и голдилокс зоната е од неодамна редефинирана, ставајќи не нас и Земјата на самиот внатрешен раб на зоната погодна за живот (што па има импликации за другиве откриени планети). Не иде нови планети по стари дефиниции да ги класифицираме и отсликаме.

Океј,све во ред.Ама е оддалечена 1400 светлосни години ? То е премногу,најбрзото нешто што го има направено човекот,Helios 2,кое достигна брзина од 252667 километри во сат,би му требало над 1,000,000 и повеќе години за да стаса до таму.Нека направат вселенски брод кој е способен да ја поднеси брзината на светлината,па ќе зборуваме за патување до огромни дистанци.Човекот и да стаса до најблискиот систем,Alpha Centuari (4,2 светлосни години),би било нешто невертојатно.Али проблем е што во тој систем нема планета каде што можат луѓето да се прилагодат.Далеку сме можи 300 години од создавање на такво нешто.
Има мала забуна за тоа што е целта на Кеплер и планетиве. Кеплер не е лансиран да наоѓа потенцијални колонизациони планети. Кеплер беше пуштен во употреба да создаде статистички податоци за стапката на создавање на населиви планети во други ѕвездени системи, и врз основа на тие статистики, да изгради слика за размерот и распределеноста на тие планети низ целата наша галаксија. Таа статистика ќе помогне и во тоа да најде во просек каде е најблиската населива планета до Земјата (која сега за сега не е откриена, веројатно). Воедно тие податоци ќе одговорат многу прашање кои ги имаме и за нашиот соларен систем и за Земјата. Тоа е целта на Кеплер, не да ни дава локации за потенцијални колонии. Истите системи можеби многу подоцна, ако уште сме живи како вид да ги населиме/посетиме, но сега за сега ни треба нешто поблиску.

Има два проекта за кои знам, кои ќе бидат лансирани во 2017та година, чија цел е да бараат населиви планети во наша непосредна близина, околу 20-30 светлосни години. Тука може да теоретизираме кога ќе дојде време и се најде нешто, за потенцијални светови кои може ќе ги посетиме порано него ли подоцна. Проблемот со нас е што очекуваме одговори во нашиот животен век. Ако се случило лани, сакаме одговор денес. Ако се случило денес, сакаме одговор утре. Никој нејќе да остане со мистеријата неоткриена. Но за жал, некои работи бараат повеќе време. Ако не ти, твоите деца еден ден ќе знаат повеќе за тие потенцијални населиви планети. Ако не они, нивните деца или внуци ќе ги посетат од блиску. Можеш за нивната иднина да се радуваш ако не за твојата. Мада и денес е возбудливо време да си жив со оглед на тоа астрономијата и астрофизиката до каде се дојдени. Па и науката општо. Не е за фрлање :D.
 
Dimitar :)

SA-MP lover
Член од
29 јануари 2015
Мислења
160
Поени од реакции
33
да им отидеме на гости. да купиме бомбоњера и некој поклон и да се прошетаме до кај нив.
Колку време планираш да одеш докај нив? Треба да патуваш 2.000.000 години
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Satellite's gone way up to Mars,
Soon it'll be filled with parkin' cars.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
А ако има луѓе, дали ќе има и ВМРО таму?
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Ako ima luge tamu sto posto se hristijani i to pravoslavni so ruski akcent....Poso bog gi stvoril lugeto!
 
IzzY_R0CkeR59

аудофил, металофил, емофил, чоколаденфил
Член од
9 септември 2014
Мислења
118
Поени од реакции
31
Па наса работи на некој вселенски брод кој ќе може да се „телепортира“ од една планета на друга и се движи приближно со брзината на светлината, но додека да се среди со бродот ќе помине многу време...
Околу дали има луѓе тамо- зависи на која теорија за нашиот настанок веруваме:
-Ако не создал натприродна сила (господ) нема шанси да си најдеме исти
-Ако сме поразена раса која се населила на оваа земја,тогаш можно е до некаде да личат на нас , ако тие се друга група од нашата поразена раса
-Ако сме се развиле од мајмуни, а ако сме се развиле од мајмуни , тогаш сме почнале да се креваме на 2 нозе за да ги достигнуваме плодовите на дрвјата и да гледаме над високата трева ова зависи од вегетацијата таму, ако е иста има шанси значи да има некои како нас
затоа што не е 100% иста за Земјата нема ни ние да бидеме исти, одма отпаѓа тоа.
Можно е да има интелигентен живот, но ако се поразвиени од нас, (а ние по некоја среќа сме ги открили први) ќе ни дојдат ќе не згазат, како на пример кога била откриена америка, дали биле оставени Индијанците да си живеат? не европските држави очи си извадиле земат дел од Америка, така и нивните водечки сили ќе се истепаат да си земат делче.
Значи не би било најдобра идеја да одиме тамо како и да е.
 
Член од
9 мај 2015
Мислења
224
Поени од реакции
83

Можи извор :D
 
Dimitar :)

SA-MP lover
Член од
29 јануари 2015
Мислења
160
Поени од реакции
33
Кoрекција: ~1400 светлосни години.

Како тежок лаик во област на астрономијата и планетарниве науки, ако јас можам да забележам вакви пропусти и глупости збрани на едно место, тогаш декиве од еНаука треба да си ги соберат парталите и да се пензионираат од репортажи на тема астрономија и егзопланетарни откритија зошто ова е навистина срамота.

Извинете господине '' Научник''. Ако мислите дека вие сте способен да пишувате на тема астрономија, тогаш слободно отворете сајт,или што и да е и пишувајте на таа тема..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom