Dimitar :)
SA-MP lover
- Член од
- 29 јануари 2015
- Мислења
- 160
- Поени од реакции
- 33
Ова откритие заедно со уште 11 нови мали планети во зоната погодна за живот претставуваат пресвртница во потрагата по уште една Земја.
Новооткриената Кеплер-452b е најмалата планета досега откриена, која орбитира во зоната погодна за живот - областа околу ѕвездата која би можела да задржи течна вода на површината - Г2-тип на ѕвезда како нашето Сонце. Потврдувањето на Кеплер-452b го зголеми бројот на потврдени планети на 1030.
Кеплер-452b е 60% поголема во дијаметар од Земјата и се смета за планета супер-Земја. Додека нејзината маса и состав се’ уште не се анализирани, претходните истражувања покажуваат дека планетите со големина на Кеплер-452b имаат добри шанси да бидат карпести.
Додека Кеплер-452b е поголема од Земјата, нејзиното 385-дневно орбитрирање е само 5% подолго.
Планетата е за 5% подалеку од својата матична ѕвезда Кеплер-452 во однос на Земјата од нашето Сонце. Ѕвездата на Кеплер-452b се проценува дека е 6 милијарди години стара односно за 1,5 милијарди години постара од нашето Сонце, има иста температура, но 20% е посветла и има за 10% поголем дијаметар.
Можеме да мислиме на Кеплер-452b како постар, поголем братучед на Земјата. Оваа планета има поминато 6 милијарди години, во зоната погодна за живот на својата ѕвезда т.е. најмалку 1,5 милијарди подолго од Земјата. Постојат значителни можности за постоење на сите потребни услови за живот.
Системот Кеплер-452 е 1.400 светлосни години одалечен, во соѕвездието „Cygnus“. Овој наод е прифатен за објавување во „Тhe Astronomical Journal“.
Покрај потврдувањето на Кеплер-452b, мисијата Кеплер го зголеми бројот на нови егзопланети-кандидати од 521 на 4696. Неопходно е следење и анализи за да се потврди дека се вистински планети.
12 од новите планети кандидати имаат пречник од 1-2 пати поголема од оној на Земјата, а орбитрираат во погодната зона. 9 од нив орбитрираат околу ѕвезди кои се слични на нашето Сонце во големина и температура.
Текстот е превземен од
http://www.enauka.mk/vesti/mikro-i-makro/item/2257-kepler-otkri-zemja-2-0