Уште една планета како земјата, Има ли луѓе таму?

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
И на марс некогаш имало луѓе кои ја уништиле атмосверата а на новооткриената планета не верувам дека ќе стигнеме пред да ја уништиме атмосверата на земјата
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Извинете господине '' Научник''. Ако мислите дека вие сте способен да пишувате на тема астрономија, тогаш слободно отворете сајт,или што и да е и пишувајте на таа тема..
Мојот интерес не е да водам свој сајт за астрономија, само да читам на таа тема. Тоа не иде така "ако знаеш боље, напрај боље". Тој чив интерес е да информира и да споделува содржина на свој блог или сајт, треба да провери што точно споделува и колку од тоа е точно, во спротивно да биде подложен на критика. А наместо "фала, ќе внимавам повеќе понатаму", добив "господине "научник"" назад и "ој напрај боље". Со таква филозофија и став нигде не се тера. Ако не трпиш критики, не води свој сајт. Едноставно е. Плус критиката беше на место, изнапишани беа еден куп погрешни информации. Ако целта била информирање на масата, си ја утнал целта.
 
Т

Триптико

Гостин
Прво, пишале дека е откриена планета со големина на Земјата. Што не е точно, ако се земе дека дијаметарот изнесува 160% од тој на Земјата, како што е пишано малку подоле. Тоа автоматски ја става планетата во категорија на Супер-Земји, а според понови истражувања, доста веројатно и во гасести Мини-Нептуни, а не "карпести" планети како што ја опишале авторите таму. Што не само големината, него и содржината, е ставена под знак прашање дали е земјеста/цврста. Со 160% дијаметар, шансите се едвај 50/50. Потоа артиклот продолжува со тврдење дека ова е најмалата откриена планета до сега, тотално игнорирајќи ја планетата Kepler-186f која е со само 10% поголем радиус од Земјата, и реално може да се нарече Earth-sized бидејќи доволно далеку е од категоријата на Супер-Земји, и е воедно најмалата до сега откриена и потврдена планета од страна на Кеплер.
Јас лошо читам или лошо е напишано? 160% од дијаметар на Земја или 160% повеќе од дијаметар на Земја? Првото е само 60% или по нашки, пола. Второто е 2 и половина Земји.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Јас лошо читам или лошо е напишано? 160% од дијаметар на Земја или 160% повеќе од дијаметар на Земја? Првото е само 60% или по нашки, пола. Второто е 2 и половина Земји.
Да, на првото мислев. Така и ги моделираат обично планетите по научните журнали, земајќи ја Земјата како 100% и идење нагоре или надоле, кога се работи за размер/дијаметар.
 
Т

Триптико

Гостин
Инаку текстот им е генерално ок. Земале податоци од Дејли, Би Би Си и сл., а не од Наса. Малку е мутаво и објаснувањето што е што. Имено, и Наса не знае што бара. Искрено кажано. Еднаш ќе кажат "...со големина на Земја", другпат "...услови слични на Земја". Ова е неприфатливо за да се споредуваат 186ф и 452б. Друго што е проблематично е самата ѕвезда околу која орбитираат. Ако се анализираат, ќе излезе дека 452б е многу "поблиска" до Земја и што е поважно, орбитира скоро исто. Кеплер186ф се наоѓа на надворешниот дел од "зоната погодна за живот" и не верувам дека е подобра опција за "колонизирање. Ќе продолжам утре со мое "објаснување", само, што би рекле просечни (и не толку просечни) Американци: Наса е дупка без дно. Самите не знаат колкав им е буџетот и досега освен теории и погодувања не излегле со конкретен и "опиплив" доказ.
 
Член од
12 ноември 2015
Мислења
31
Поени од реакции
12
И да има интелегентна форма на живот на друга планета со можност за комуникација со нас, којзнае како и колку грди би им изгледале ние на нив како појава.:icon_lol:
 

Dimitar :)

SA-MP lover
Член од
29 јануари 2015
Мислења
160
Поени од реакции
33
И да има интелегентна форма на живот на друга планета со можност за комуникација со нас, којзнае како и колку грди би им изгледале ние на нив како појава.:icon_lol:
Zamisli deka se isti kako nas(Koga mislam isti mislam vo forma na lugje).. Samo nivnite zenski da se mnogu poubavi od nasite :)
 

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
365
Поени од реакции
152
ВИДЕО: Откриена планета во близина на Сонцето на која можеби има услови за живот слични на Земјата


25.08.16 14:32



Астрономите открија нова планета во близина на Сонцето на која можеби постојат услови за живот слични на Земјата. Проксима Б, како што се нарекува, е оддалечена четири светлосни години од Земјата, пишува Дојче веле.

клик




Планетата има своја ѕвезда слична на Сонцето која ја обиколува за 11 дена. Проксима Б е откриена со телескопот во Ла Сила во Чиле.

Поголема е за 1,3 пати од Земјата и орбитира околу своето „Сонце“ за 11,2 дена.

Иако засега немаат докази за да ја потврдат теоријата, научниците сметаат дека е можно оваа планета да има атмосфера слична на Земјата и на неа да има вода, што би значело и услови за живот.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Пролет.лето.есен..зима за 11 дена ЈАКО :D
што добро сигурно и тем. е константрна
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
Koj znae,mozebi ima mnogu planeti na koi ima razni formi na zivot,pa nekade mozebi ima nekoi kako nas ili slicni na nas.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom