Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
"Такво нешто нисам доживио а ја сам сваку добивао, кад мало размислим ни си јагње ти, слична си бјелој вучици..."

Кога ќе ми текне на овој стих повторно се затварам во себе, и почнува копањето по минатото. Каде биле грешките, каде избегале добрите нешта.
Овој стих менува барем 500 зборови што би можел да ги напишам за оваа тема.
Тоа се случува некогаш пред да заспијам. И повторно се превртувам во креветот, сонувам со отворени очи, небаре меланхонијата ми го обзела умот и ме турнала во најцрниот кошмар, во најбедното патење кое може да потрае прилично подолго време. И потоа заспивам, ненадејно и тивко заминувам во 5 минутните соништа кои изгледаат како вечност. Повторно се враќаат старите спомени и повторно се вртат стихови од песни кои не ми даваат мир...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Понекогаш навистина не знам како ми се случува да се претворам во нешто кое не може да го пробие ништо живо на планетава... Школка...
 
С

Сатори

Гостин
Школка

Запознав еднаш во огледало една млада дама облечена во извалкано бел фустан и небесно сини очи полни со страст за сите изопачени светови во овој малечок универзум.И побарав клуч за моите внатрешни грозни садистички комплекси на принцеза во пропадната земја на змејови, а таа само се смешкаше како да сум и предложила чајанка со мојата добра страна.
Сите категории на чувствување се губат во внатрешноста на утробата која што сама себе се јаде во име на нашата прекрасна величенственост изгазена од сопругата на нашиот татко, веројатно, сама така сакала.Ништо навистина и не се случува, но слободно можеш да се коцкаш како да си најбогат на светот, нема да направи разлика тоа што ќе изгубиш и ќе си ја продадеш душата на девојката од огледалото.

Потоа бираме некој друг да ја игра за нас играта и жирантот ја плаќа штетата, а јас сеуште стојам заглавена пред нејзините контури на моја предходица.Таа знае што се случува и изгледа морам да научам добро да ја третирам за да ми дозволи со неа да разговарам.Диктатор без напор кој ништо не го допира, зарем морам да бидам осудена со уште една женска страна полна лавовска природа?
Пијаното нема да ми даде одговор за буквите.

Имам топка тешка колку Азија во длабочината на мојот стомак, дали сум плодна или само оставена без жртви па морам себеси да се конзумирам за да преживеам, бар да можев да се хранам од девојката во огледалото.Но, таа постојано ме потсетува дека ниту крстот на кој што ќе сакам себеси да се распнам и таму како некоја светица да умрам во име на оној што сите го персонифицираат, не ми е платен и заслужен, зошто сум лоша лоша девојка.
Девојка без ниту еден бисер, а со толку многу школки.
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
Газиш, гмечиш, уништуваш. Немилосрдно го толчиш до прав доброто. Погледни во ѓонот на твоите чевли. Ѓубриња, нели? Не. Животи, иднини.. уништени. За тебе ситни, небитни личности скриени во своите оклопи со недоволно храброст да дејствуваат, па си даваш право да ги погазиш. А како би ти било оној што е над тебе да те згмечи и да го слушаш кршењето на своите коски, нивно поместување од првичната положба, пукањето на черепот и да ја почувствуваш смртта? Колкумина си уништил со своето невнимание, ех само да знаеш. Безброј бисери скриени во, за тебе грдите и лигави школки..

Не се срамиш, знам, ти си горд на тоа. Имаш моќ, браво за тебе. Успеа да ја скршиш својата школка, онаа во која се криеше кога немаше ништо и беше никој. Парчињата ги скри, да не дознае никој од каде си и што имаш зад себе..
Ти немаш душа, те жалам. Не си она што мислиш, ни најмалку вреден ни сјаен. Но, најлошо е да живееш во заблуда.

Хах.. Па подобро ќе останам една меѓу многуте насобрани школки на брегот отколку да го продадам она што го имам за бедата која тече низ твоите прсти.. Ти си ништо. Мислиш дека го владееш ветерот, а всушност си само прав кој лета наоколу, пече и создава солзи, солзи од сожалување.
Оној ден кога кармата ќе те погази, тој ден ќе биде мојата слобода. О, бисеру мој.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Веќе се стемнуваше.
Се повеќе и повеќе ноќта ја постилаше својата најубава вечерна покривка и им се радуваше на своите сеуште несоздадени дела.

Чекореше боса...со белиот лелеав фустан, кој секогаш си го облекуваше кога одеше на тивката плажа, размислувајќи за себе и своето жално детство и ручекот што сонцето и го носи.

Ветерот тивко дуваше, диво мрсејќи и ја русата коса.
Веќе со часови беше тука, придружена само од звуците на морските бранови и тивкото ветре, а сега и од музиката на ноќта.

Тивко и молчеливо чекореше иако веќе неколку пати ја помина целата плажа од крај до крај.

Веќе длабоко навлезе ноќта, а девојчето сеуште се повторуваше себеси.
Наеднаж тишината ја прекрина еден нежен женски глас. Мајката си го побара своето чедо. Во истиот момент кога го чу повикот од својата мајка, нешто ја боцна во ногата и петгодишното девојче се наведна... убава прекрасна школка. Детските прсти ја почуствуваа нејзината хармонија, нејзината убавина и топлина.
И токму кога мајката повторно си го побара своето чедо, на лицето од девојчето се пролеа една чиста и за нас нејасна солза.

Ја зеде школката и си ја стави во своето сребрено, совршено изгравирано кофчеже, засекогаш сокривајќи ја својата тајна од љубопитните луѓе, од нас и од нејзината мајка на која веднаш потоа и се прудружи.
 

Mind In Motion

Smirking Revenge
Член од
29 мај 2007
Мислења
816
Поени од реакции
46
Школка

Најдлабоко каде темнината се коси со тишината, седиш, молкум. Немаш сила. Незнаеш кога е ден и дали тој ќе дојде за да сватиш дека е тоа денот кога треба да почнеш нешто ново. Се тешиш дека постои и полошо од седење на дното, дека нешто ќе те понесе, спонтаност ли го нарекуваше. Ново, движење, симболично за тебе, ап ап ап ап. Како ли да те разубедам дека денот е во тебе, дека светлината е во тебе, дека не е темнина, дека не е тишина. Срцето е твојот фенер во таа темнина, срцето е таа мала илуминација што ќе ти го осветли твојот мал океан и ќе ти го покаже патот до тука. Овие зборови нека бидат причина за пропаст за таа твоја челична тишина која те притиска и те притиска и те притиска...

*no dedication, though*
Н.Д 003:25 22.03.2009
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Темнина ,само темнина,ке успеам ли да излезам од овој оклоп кој ме затвара . .Слушам чекори, некој случаен доцен минувач . Боже ,те молам да ме забележи ,сакам да се најдам во нечии раце ,некој да ме отвори и ослободи од овој затвор од оваа темнина . Чекорите одминуваат ,ми доаѓа да врескам Еј, јас сум тука ,погледни ме земи ме ,Молк тишината продолжува.Веќе и не знам колку време како сум затворена тука ,има ли надеж, ќе ме отвори ли некој .Еден минувач почувствува нешто под ногата ,се наведна погледот му запре на црната грда школка ,ја зема знаеше дека треба да ја отвори . Не одеше лесно ,посебно и заради немањето на соодветен алат ,но тој беше упорен и кога конечно ја отвори срцето му се исполни со радост внатрешноста беше прекрасна мазна со седефаст сјај а на средината блескаше еден прекрасен бисер .
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Пред да заспијам + Школка

Да, времето пред да заспијам е мојот омилен дел од денот, шлаг на тортата или кисело млеко на спанаќот, зависно од присуството на Марфи во текот на денот. Сеуште будна, размислувам за светлите моменти во денот. И онака лошите ако се доволно силни сами ќе си испливаат во ноќта преобразени во кошмари.

Ене ја блескавата месечина на небото, ме гледа со стариот добар грижлив израз. Тогаш знам дека таа е она што ме поврзува со него и се насмевнувам. Секој стуткан во својот топол кревет го праќа својот бакнеж како миловиден бран кој се шири во воздухот. Тоа чудесно струење на воздухот ме наежува топло по рбетот и се насмевнувам што почнав да верувам во телепатија. Да, всушност се е можно со него. Може да се земе обичен ден и да се направи најубав, едноставно зачинувајќи го со ентузијастички искрени насмевки и однесување како да сме единствени на светов - без помисли дека другите ќе не сметаат за деца што се глупираат на снегот.

Секое заспивање ми е поинакво зошто резимирам различни работи кои секојдневно ги дознавам за него. Тој е човек-школка. Тешко се отвора, а и кога го прави тоа, точно знае со која причина. Само јас знам колку типизации и предрасуди му залепив о тие ноќни размислувања, а се се сведува на единствен, еноставен човек кој знае да сака. Психоанализата нема крај никогаш, а јас секогаш сум задоволна кога откривам длабочина во човек, срце полно небаре амбар, ум кој секој миг обмислува и раѓа идеи. Всушност не сакам буквари.

Секој човек носи скапоцен камен во своето битие. Проблемот е што самото време во кое живееме буди сомневање во нас и се плашиме да покажеме кои сме навистина во реално светло, па тоа ја редуцира онаа сечива потрага по сроден скапоцен камен.

Вечерва не можам да заспијам. Срцево лудо се весели зошто има за задача да го чува овој сроден скапоцен камен.
 

Morbid

грофица
Член од
6 јануари 2009
Мислења
109
Поени од реакции
12
Силна светлина, малку сивило и повторно тоа бело слепило.Нова состојба на која би требало да се навикнам. Доаѓа мојот воздух и си оди.И повторно и повторно истото. Неможам да видам каде сум.И пак мојот воздух доаѓа и си оди. Насетив дека умирам.А несмеам.Неможам. Каква е оваа смрт за која не сум слушнала до сега?
Зарем можев да заборавам на тоа која сум и што сум? Слепилото, мирисот и звукот.Ништо не е како што беше.
Додека со сите сили се обидував да го впијам мојот воздух кој така брзо си одеше насетив нагла промена на мојата положба. Чув глас.Животот мој си заминуваше а јас незнаев што се случува со мене. Не е време и несмеам сега да заминам од овој свет. Додека бев завиткана во сивилото на овие мисли јас умирав како никогаш досега.
Гласот рече:
-Мамо, морето ми донесе школка.
Помислив на семејството кое го оставив во морските длабочини и ги склопив очите засекогаш.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
534
Школка

Ладна, темна, рапава, недопирлива, неотворлива...тоа си ти !!! ... но велат дека не си таква и внатрен, велат дека нешто во себе чуваш бесценето... нешто големо што блеска, некој бисер.
Не сум го видел тој бисер сеуште, но пак никогаш во животот не сум се откажувал ако сакам нешто навистина... како тебе. Морам да го допрам тој бисер или пак само да го видам... да ја почусвтував таа енергија, но тешко е велат... а и да не беше тешко нема да се обидував.

Мора да се отвориш, ќе чекам ... можеби нема да биде тоа денес, можеби нема да биде утре но пак ќе биде некогаш... некогаш... кога јас и ти ќе бидеме тотално сами на дождод под месечината која одвај ќе се гледа од темните облаци.

Не те сакам заради твојата надворешност туку заради енергијата што ја чуствувам што доаѓа одвантре, од тој бисер ...

Но на крајот на краиштата ти си само школка или пак си нешто друго... некогаш можеби ќе дознаам... можеби .
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Школка/Пред да заспијам
Понекогаш многу одамна имало некое човече со срце големо колку најмалата школка од морската длабочина. Тоа мало човече со чудно име и уште почудни прекари секогаш пред да заспие сакало да ги гледа ѕвездите. Луѓето мислеле дека е луд. Измислувале приказни дека во тивките ноќи лаел како пес на ѕвездите додека трепкале на темното платно. Една таква осамена вечер пред да заспие, човечето со срце како школка ги повикало своите два најдобри пријатели и решило да им каже. Пред тоа никогаш, никому, па дури и на двајцата негови пријатели немал кажано ниту збор. Но таа вечер пред засекогаш да заспие решил да им каже една мала тајна. Школката се отворила и тој почнал да зборува. Па прво му се обратил на пријателот кој го знаел подолго, Тагата, па му рекол:
-Еднаш кога бев малечок имав една тајна која никому, никогаш не ја кажав!
Тагата премолчила, а вториот пријател Болката изненадено го потпрашала:
-Па ти си зборувал, како досега издржа да ги премолчиш сите работи?
Човекот со срцето како школка само им рекол:
-Еднаш како малечок времето застана засекогаш!
Но Болката и Тагата, не можеле да ги следат неговите зборови, затоа што биле изненадени што воопшто нивниот пријател зборува.
-Тогаш кога времто допре, од небото се истурија силни дождови. Сигурно се прашувате зошто.
Тие само тивко го гледале и се чуделе. Не го прашале ништо, но тој продолжил да им кажува:
-Тогаш застанав пред нејзината капија, на која пишуваше дека тука нема да ја најдам. Но сепак се обидов, а жената што ми ја отвори вратата ми кажа дека никогаш нема да ја најдам, затоа што е мртва. За мене и за целиот свет. Ме проколна да останам нем се до последниот ден. Но тоа не ме уплаши толку. Времето допре кога ја прашав каде е нашето дете. Ми рече дека го продала на некоја стара циганка. Тогаш времето допре. И никогаш не тргна напред.
Тогаш Болката му рекла:
-Те проколнала да не кажеш збор се до овј ден?
-Да.
Тогаш човечето со срце во форма на школка станало. Ги испратило своите гости само со зборовите:
-Сега сакам да си легнам.
На неговото лице се разлеала лигава насмевка, која никој пред тоа ја немал видено. Ја затворл школката и легнал. Бил среќен што таа вечер ќе заспие засекогаш.
 

Only*ME

Kaлимеро... :/
Член од
2 август 2008
Мислења
249
Поени од реакции
4
Школка

Чиста бела, школка. И се воодушевуваат, на изгледот кој го има. Љубопитни се да видат што има во неа. Дали има бисер?! Дали е една од многуте?! Сакаат да ја отворат. Некои внимателно и со топол збор, некои насилно и нетрпеливо.

Оставете ја луѓе школката! Има толку други школки наоколу, не нарушувајте ја нејзината чистота и невиност. Попусто... Љубопитноста мора да ја задоволат и продолжуваат. Некои луѓе се откажуваат и си заминуваат, други пак упорни се во својата цел која долго време неможат да ја остварат.

Конечно денот кога ќе се откажат сите да ја видат нејзината внатрешност, школката пука и се надзира нејзината внатрешност, само сега нема кој да ги види сите рани кои и ги нанеле оние кои немилосрдно ја растргнуваа, само за да си го причинат тоа мало задоволство. Школката одамна не е така совршено бела и чиста, но никој скоро и да не забележа.

Сега таа само стои на полицата на случаен минувач кој ја зема за да му ја зголеми и разубави неговата колекција на школки, без притоа да може тивко на некој да му каже зошто пукна токму тогаш кога можеше мирно да живее...
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Изборна еуфорија...гласачката машина и покрај недостатокот на масло во нејзините клипови, се бори да проработи, да ги обои и последните листови од пролетта во нејзината боја...дали успеа и вас да ве бојадиса?ќе го гледаме ли после ебење нема каење, или пак одамна се покајавте, но залудно....
недефинирани ставови, избледени чувства,безпотребни импресии, сивило пред очиве...уште една недела завршува, почнува нова, се раѓа нова надеж дека можеби нешто ќе е подобро!...тоа е мојата душа која плива кон светилникот на средината од океанот...кон она светло кое за момент ме осветлува, за повторно да го снема, еден круг темнина пред мене, за повторно на кратко да ме осветли, да ми пружи зрак светлина, трошка надеж за подобро утре....а вие, каде сте вие?

П.С. Драга, поради настанататва (изборна) ситуација, владее недостаток на инспирација, ја завршувам неделава со мојава констатација, во негативна конотација...ZzzzZzzZzz едвај заспивам, со слушалки на уво, спијам немирно, ме буди Everything I do - се повеќе ме заспива, батеријата ми е на минимум, снег, ладно време, ладни чувства, омраза кон некој, ни самиот незнам кој?...да тибам и избори и се, глупо се чувствувам, зашто воо....:nesvest:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20



Ш К О Л К А

Да се претворам во школка,да живеам во дното на моето море на самотија,да бидам сама,без тага,без болка.Да ме носат бури,да ме тркалаат по дното,ситен пасок да ја затвори мојата болка,од таа болка да се создаде црн бисер,тој црн бисер нека биде закопан ,никој да не може да го пронајде.
Школка создадена од јад,безумие,јаук кој никој не го слуша,не го слуша ниту Севишниот,тој бесконечно се сити од туѓата болка која му дава сила од која опстанува,од туѓата мака со која се храни,а неговата светлост се солзите од плач на планетата.
Нека не се скрши школката,од неа ќе излезе црниот бисер од кој ќе се разлее црнила од болка...подобро е да остане на дното на морето,сама како и досега.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ми стигна обемна, контроверзна, но веднаш до неа уште една сончева и лелеава... Порака...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom