Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Порака

Никогаш не сум ги разбирала роднинските врски во целост...но кога убаво ќе ги поврзам работите, веќе станува јасно. Значи јас сум дете на моите родители, а тие се деца на своите, и така натаму. Но кој стои на крајот на ланецот. Хм....Дали планетата е наша или ние сме нејзини, дали сме примерни домаќини или пак само непослушни гости? Дали вреди да ја дишеме целата прашина која се крева околу нас?

Тука веројатно вреди да спомнам еден од моите омилени графити "Зашто, зашто и зашто...". Да, зошто мене, зошто вака, зошто сега...сигурно сте се нашле во ситуација да си поставувате вакви прашања. Веројатно одговорите никогаш не сте ги пронашле.

Дали цвеќето се прашува зошто се родило во место каде луѓето сосема неприметно го одминуваат, некои го газат...но тоа е сепак само цвеќе. Тоа самото по себе е овде за да ни каже нешто, да ја пренесе пораката на својот род, да ни даде дел од себе, мирис кој буди чувство на мир и спокој. Кога последен пат сте помирисале цвет? Луѓето се зафатени, немаат време за тоа...Задушени од прашината која се крева во нивните животи, прашина која самите ја креваме и самите се гушиме во сопствените гадости. Цветот сеуште стои таму, ќе се сети ли некој? Жалам, но ја испуштате шансата, за тоа сте самите виновни.

Но, зошто, зошто мене....аааа, зошто да не? Ние сите сме дел од оваа планета наречена Земја, која не е ништо друго освен еден мал цвет од неограничената градина наречена универзум.

Дали им даваме важност на вистинските работи? Всушност се е поважно од најважното. И нели е јасен веќе одговорот на главното прашање...ЗОШТО? Затоа што сето тоа што го живееме е составен дел на пораката, која треба да ја сфатиме, која е различна за секого, толку приватна и суптилна. Живееме помалку од стотина години, зарем имаме доволно време за губење на мали работи кои не можеме да ги промениме, кои времето ги проголтува и животот продолжува по својот сопствен тек, независен од нашите субјективни желби.

Дали само универзумот е неограничен? Не, неограничена е и човечката ограниченост. Ослободете се од границите на потсвеста, наметнати сами по себе, и толку лесно ќе ја примите вашата порака....за тоа воопшто не е потребен мобилен телефон со камера од 8 мегапиксени и тачскрин, не е потребна ниту вајрлес интенет конекција. Потребно е чувство за реалност и свесност за самите себе.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Не ми ја кради насмевката, не ми го одземај сјајот од очите и немој да ја повредиш и онака кревката суета. Храни се со божествени плодови, убиј го секој сомнеж што копа по твојата совест и не засилувај ги страдањата. Одразот во огледалото избистри го и подари му малку надеж на матното стакло што ја отсликува единствено реалноста.

Уметничката душа се бори да излезе на површина, но ја притискаат сенки и невидливи маски. Ги мразам маските, отсекогаш ги мразев. Го покриваат погледот и ја истакнуваат само лажната, виртуелна визија. Закопај ги и не барај ги повеќе, не дозволувај да те покријат и тебе. Соголи ги, единствено тоа го заслужуваат.

Ми пиша порака, а можеше и да се сокриеш. Можеше таинствено да си ги извршиш сопствените работи без да мора да знае некој трет. Пораката сè уште ја чувам. Минливоста на нештата ме ранува, затоа постојано размислувам за миговите, а тие се толку кратки, понекогаш помислувам дека не се ни случиле. Се грчам и чувствувам студенило по телото кога се лутам и се отстранувам од целиот свет. Всушност не знам ни што очекувам. Со солзи во очите постојано ја вртам и ја препрочитувам истата онаа порака, навидум таа е безначајна.

 
V

[vladimir]

Гостин
Мразам кога нешто ми недостига до толку што постојано мислам дали ќе го видам повторно, кога ќе го видам повторно, колку време ќе биде тука....
Мразам кога сум опседнат со тоа нешто, кога ниедна друга мисла не може да излезе од мене. Што и да помислам, на крајот, на некој чудесен начин, сè се поврзува со неа. Дури и кога сонувам, макар било тоа и најглупавиот сон некогаш сонет, доаѓа делче од него кога таа ќе се појави да ме потсети колку многу ми е потребна.
Оттаму се раѓа онаа ужасна празнина во стомакот.
Којзнае, можеби е тоа глад за совршенството....
Понекогаш посакувам да знаев како со зборовите, за да можам нештата точно да ги опишам.
Но не умеам....
Мразам кога нешто толку сакам, колку што сакам, не можејќи да ги пронајдам границите на сакањето. Или не сакам да ги пронајдам....?
„Мразам“ веројатно е пресилен збор.


Сè што сакав да ти шепнам, најубава, е дека не сакам да боли, толку колку што боли, кога те нема во моите прегратки....Цела срека што некои нешта остануваат заробени во вчерашноста.


....Напиша во пораката, што никогаш не ја прати
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Во средата напишав порака која морав да ја однесам на крајот на градот. А јас, веќе знаете живеам на најзападниот дел, но таа, пораката, мораше да стигне на најисточниот. Тоа е место каде живеат момчиња облечени во морнарски сино бели маички, особено кога боговите на војната ќе почнат да татнат во населбата додека црвените воини блујат оган на нивни терен. Ми се допаѓаат и едните и другите, но оваа приказна нема никаква врска со нив.

Пред околу петнаесетина минути се вратив дома, во мирниот дом каде се дружам од време на време со неколку пајачиња, едно глуфче и пар мачки кои се тотално незаинтересирани да му го скројат планот како што вистински би требало во една приказна. Се вратив по долгиот од, и по патешествието... знаете, она за пораката кое ви го спомнав.

Само што тргнав, во Влае, веднаш до комплексот згради кој има прекрасен поглед на старите куќи преку улица каде владее типична скопска атмосфера со пивце и табла на тротоар, се случи грабеж токму пред мои очи. Само што го поднаместив црвеноцрното ранче поубаво на десното рамо, пред мене излетаа од долго бело комбе точно седум зелени џуџиња. Во мешаницата прво што ми падна на ум е дека Снежана се свртела кон темната страна и најверојатно и не бев далеку од вистината. Локалната берберница беше опустошена, тие ги украдоа сите ножички, собраа шест чешли, четири четки и исто толку апарати за потстрижување, и уште неколку препарати за нега на косата кои не знам за што служат. Најзлобно на светот, еден од нив ја грабна целата тегла со бонбончиња и излетаа фуриозно како што дојдоа... срцата на сите ни чукаше како да сме го виделе волкот од приказната за Црвенкапа, што само по себе ми доаѓа во моментов кога ви раскажувам иронично, бидејќи ем личеа на џуџиња од една приказна, сега и ситуацијата личи како дел од друга. Како животот да ни е бајка, а далеку е од тоа...

Знаејќи дека полицијата ќе дојде секој миг, а јас не сум пензионер да давам сведоштва, заминав што побргу можам, и јас и моето галопирачко срце.

На клупите во Карпош, кај старите комунистички згради, спроти Лептокарија, истото тоа там-там малечко срценце, се разнежни до бескрај, кога виде како се милуваат момче и девојка. Не, не од оној тип кој може да го видите на кејот веднаш под Жабарот, тие беа фини и мили, девојката седеше свртена наопаку и навелена со рацете на дрвениот потпирач, главата нежно наслонета на нив и заљубено го гледаше своето момче додека мирно дебатираа за извесна уметничка слика, додека тој седнат крстнозе си играше со две врзани цвеќенца и се обидуваше да ги фокусира мислите со помош на втемелениот поглед во цвеќенцата кои танцуваа под неговите прсти.
Едноставно, немав избор... беше тоа посилно од мене, па пријдов и ги замолив да не ми се лутат што ќе влетам во нивната мала идила, па ги прашав дали се заедно како момче и девојка, тие ми одговорија потврдно, и јас го изразив моето задоволство од убавината која ја чувствувам заради нив, им ги пренесов моите импресии од далеку за нивната слика, и им укажав на фактот дека делуваат комплетно заљубено и покрај тоа што воопшто немаат физички допир во моментот, но дека јас отстрана тоа го гледам, бидејќи зрачи од нив, им заблагодарив што ми ја наполнија душата со својот сјај, и им посакав да бидам вечно среќни. На крајот ветив дека никогаш нема да ги заборавам, поздравив и заминав, а тие збунети успеаја да ми извлечат само едно благодарам кое беше сосема доволно.

Кога стигнав на плоштадот, по долго пешачење се почувствував комплетно осамено гледајќи ги сите тие среќни или намуртени лица околу мене. Нивната тага прејде на мене, а среќата на оние кои минуваа само ми го зголемија жарот во моментот да помислам дека сум единствениот на светот заглавен со својата порака која патува низ градот и не можам никому ни да се пофалам, или пожалам за големината на оваа света мисија што патува од Мека до Медина. Одомаќинетите циганчиња имаа жестока расправија како и секогаш покрај вратата на Култура, скопските квази фраери седеа во Сегафредо не забележувајќи ги како да се наоѓаат на ривиерата, моќниците во Фуфо склучуваа договори не обрнувајќи внимание на уморното лице на колпортерот кој незадоволно му објаснуваше на момчето што пече костени за величината на владините проекти. Проклети тие, сите се имаат меѓусебно, и во добро и во зло, а јас ја имам само мојата нема порака затворена во бело плико која очигледно нема да преточи ниедна своја мисла во било каква форма за да стигне до мојот ум и така да ми го олесни ова бреме за кое наеднаш станав свесен, но веќе тежи како пакет со рециклирана хартија.
Дувна ветре, и за миг ги разбрка негативните мисли, а во глава ми всади став, дека секое ветре е некој од смешните духови од дизниевиот Каспер. Бидејќи ова ветре беше толку благопријатно, со сигурнов си потврдив дека токму малиот добар дух е тука со мене... сепак и јас имам пријател, можеби невидлив, но вистински, пријатен и мил.

Кога конечно стигнав на крајната дестинација, на неколку илјади чекори по железничката станица, во прекрасно кафуле врз кое сонцето како да грееше посебно а луѓето мораа да носат темни наочари бидејќи едноставно не беше возможно да се гледа околината, ме чекаа два крупни господа во сакоа од фин елегантен италијански материјал. Пиеја еспресо а еден од нив лажичката ја моткаше низ прстите како вистински виртуоз магионичар кој е спремен да те изненади во секој миг. Но, не ме изненади што не изусти ниту збор, знаев дека со него лаф нема да скршам, дека реч нема да споделам, думата ја оставив за себе па говорот решив да го сторам јас. Додека тие со смешни гримаси заради зраците, кои јас никако не можев да ги скријам од двајцата, гледаа нагоре кон мене, им ја соопштив неизбежната вест.
“Драги пријатели, јас ја носам оваа порака од почетокот на моето патување. Таа имаше толку голема смисла за мене кога тргнав, но сега, на крајот на оваа одисеја нема да ви ја предадам бидејќи таа повеќе нема цел а од неа никој нема никаква корист. Во неа беа напишани мудри зборови за животот, пријателите и љубовта но со секој чекор буквите полека исчезнуваа исто како што биле напишани. Сега пораката е празна, а внатре има обичен бланко лист на кој може да се стави бурек, да се нацрта детски цртеж или да се претвори во хартиено авионче. Затоа, сега јас ќе си одам, да седам на скалите во градскиот парк, каде што некогаш малото синче на големиот турски везир ги минуваше миговите на игра додека чекаше да дојде учителот. До гледање.“

Тие, не мрднаа, и немо се вратија на своите шољички.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Ти се верува ли Кајгано дека не се сеќавам која беше првата моја порака денес. Мислам дека беше приватна... Бре колку парадоксално. Годиниве си поминуваат ко на бројаница да ги броиш, ама си заборавил која ти е првата порака денес. Па нели секоја ден е еден и единствен. Нели и нашиот живот е налик деновите кои ги поминуваме.
Е како да ги поминувам деновите интересно кога не можам. Моето суперего е толку силно. Што сум јас?
Се срамам кога си го шетам кучето пошто уште не сум купила лопата за изметот, се срамам да лажам во очи... Ко демек Бог има очи да види што правам. Па повеќе се срамам на своите гревови од верницине кои се крстат кога ќе поминат пред соборна. А многу го мразам денешниов перфекционизам од морал. Колку го мразам погрешното толкување за анархистите, за нихилистите, за мене.
Треба некој и мене да ми каже дека сум будала кога мислам дека неостварен сон ќе ми останам да живеам во некоја шума, да водам љубов во мојата куќарка со мојот човек.Така цел живот. Каква амбиција... А видиш ни тоа денес не можеш... Должен си му не само на татка си, него и на административната ни држава, на законот, на комшијата...

Ете што прави човек ко мене кој прекина да пишува дневник зошто порасна човекот. Си оди на тема пишуваме за порака и си прави психоанализа потсвесно...

Ајде утре со друга порака:pipi:









Еве сум и денес. Ама никој не пишал после мене, па ќе ми се спојат мислешата

Ти мислиш дека твојата крв е црвена. Копнееш твојата душа да е исто така, бидејќи со тоа си сигурен од смртта. Црвениот жубор во тебе почнал да замрува од денот кога дозна всушност кој си.

Крвта ти избледува во вените со иста брзина со која твојот дух умира, а ти се униформираш.Таа се лади со секој твој збор кој е веќе слушнат од некого и запомнет ко таков. Твоето движење е се поимагинарно, со секој чекор кој повторно го чекориш.

Сега твоето месо доживува задоволство? Што сврши по втор пат денес? А тоа што е? Утре ќе направиш се само да свршиш три пати, со различни личности. Тоа е твое, тоа е својствено, уникатно, интимно... Еден ден даки маструбираш или имаш секс нема да ти прави никаква разлика.Зошто не пробаш да водиш љубов? Зошто не можеш!
Зошто крвта ти е повеќе водена отколку генетска, зошто исто како татко ти и ти си индентичен со тој до тебе. Не знаеш што е љубов, затоа што тој што ја доживеал не личи на никој друг, а ти сеуште не си сретнал таков.Се прашуваш зошто?
Зошто си слеп. Зошто кога гледаш надвор се прашуваш дали врне за случајно да не накиснеш. Зошто кога гледаш во лисјата мислиш на тоа дека набрзо ке дојде зима и ќе биде одвратно ладно. Исто како кога го гледаш човекот кој поминува до тебе гледаш во чевлите, а не во погледот што го носи. Екстазата ја доживуваш во пиењето, а всушност не знаеш што е тоа екстаза., зошто мислиш дека со бојата на виното ќе ја вратиш чистата боја на крвта. Пушиш зашто со тоа мислиш дека и се смееш на смртта во лице.

Ти си сениште кое поминува низ нас и никој не го приметува, зошто немаш ништо по што би те паметеле.Погодуваш ли зошто?
направи нешто, покази го запиши го и биди спремен да чекориш меѓу луѓето.Зошто луѓето ќе има зошто да те сакаат, тој што те љуби ќе биде горд зошто го прави тоа. Ќе чекориш и луѓето ќе се плашат да чекорат со тебе, зошто ќе се плашат да се судрат со тоа што сеуште не го осознале, а ти го поседуваш.
И нема да се плашиш од смртта зошто кога еден ден навистина ќе се претвориш во сениште, ќе го имаш својот живот позади себе.






Го напишав кога најмалку очекував дека ќе излезе нешто од мене:kesa:
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Вечерва сакав да ти кажам нешто, да изустам неколку збора кои заклучив дека во последно време ми го окупираат умот и мисливе.Но сепак, се одлучив да не го направам тоа.Незнам дали затоа што се плашам од последиците, реакцијата, иднината или моментот за време на кој ги кажувам зборовите, но некако, неможев.Устата ми остана запечатена.
Ми доаѓаше често на пат накај дома, да заплачам, од онака.Не затоа што немам причина, но не и затоа што имам.Знаеш, кога на човек му е мака, тој сака да ја скрие.Но не го прави тоа секој.Тие кои што отворено зборуваат за нивните маки, често излегуваат повредени од соговорникот или некое трето лице, а пак тие кои ги чуваат своите маки за себе, најчесто се повредуваат сами себе.Чудна филозофија, како и да е.
Како и секогаш, јас се решив за златната средина која според многумина вклучувајќи ме и мене, е најдобра.Решив, без разлика дали сето ова што го пишувам сега, ќе го прочиташ или не, да го напишам.
Го пишувам затоа што имам потреба да се изразам, имам потреба да ја споделам барем едната половина од мојата мака иако се сомневам дека некој ќе разбере каква е и од каков тип.Но, без грижи.Мојата намера со текстов не беше да предизвикам внимание за да некој се загрижи и ме праша каква мака имам.Намерата беше поинаква.Сето ова, чуства, мисли, желби, да ти ги пренесам во еден вид на порака.
Порака која засекогаш ќе остане запишана, можеби малку зашмрљана со тек на време, но сепак долготрајна, затоа што ќе остане присутна во моите чуства иако можеби никогаш нема да дознаеш всушност ме мачи и што сакам да ти кажам.
 

lady_QUEER

I love life.
Член од
28 март 2009
Мислења
521
Поени од реакции
28
:kesa:Не ми е досадно да сум сам,зошто тогаш сум сам со себеси.Зборувам,пишувам,плачам за мене,сето тоа го правам пред себе.Сигурен се чуствувам,зошто се познавам и си имам доверба.Не дозволувам на други да се гребат во мене и да инплантираат тајно собствени чипови,а после тоа да манипулираат со мене од растојание.
Излажав!Многу ноки во постелата ми заспивале луге,на кои дури не им ги помнам имињата,оргазмите....секогаш беа исти.Се обидувам да се излекувам од тоа сто е моја болест.Не само затоа сто ми е страв од другите и фобијата од изневерувањето е мојот кошмар,не само зошто е убаво да си разговарам сам и да си верувам себеси.........но не го читајте ова,ова се мои мисли,заборавете сто прочитавте.Мојата осаменост е мое лекарство и мое откритие,но нема да го кријам.Монологично ке го искористам за себе.Здравјето е богатство,лекуванјето е сила да ги видис сопствените мечти,додека си жив.Јас сум силен додека ги допирам своите мечти најаве.
Поверувајте ми,можам да ги допрам.
Колку пати бев сам со себеси,излишно се борев и преборував со чистотата на духот и,го изгубив тоа што го имав,само за да останам одново сам,просто излишно.
Што постигнав и што изгубив?Ја пронајдов ли вратата во темнината?-Не знам.но сакам да излезам надвор.Знам дека е многу светло,дека таму е среката.Но таму е толку заслепувачки светло,незнам дали ке ја здогледам среката.
Ставам црни очила ,дали ме познавте? Сега сум невидлив,но ке бидам срекен додека се дресирам себеси,останав сам и се пронајдов.
Дали сум срекен?.....во дует со тебе ја опеав самотијата,а сакав да бидам еден-единствен,само за тебе!
Тоа сум јас,дури ја пробивам душата со точка.ТОА ме прави обратен.Верувам дека сум зачнат пред огледало.Безумно суетно,еден образ и тој-обратен.Моето десно,всушност е лево а моето лево е лево.Да подзастанеме,станува длабоко а ние неможеме да пливаме.Можеме само да летаме и тоа,високо.Затоа боли кога ке паднеме.
Дали да се споредам со ангел?Страв ми е,тоа е вулгарно.Мозеби сум зачнат на сон?А кога акушерката ме извадила,онаа работа ми била тврда.Ке биде расен коњ и рекла акушерката на мајка ми.
Зошто да умрам-пред да го пронајдам патот до моето јас.СЕГА нели сум различен!!!
Знам дека се повторувам,ми стана тажно од вас.Ке свршам тука и точно сега.Мозе ли да излезете надвор.Срам ми е,се запознав со тоа чуство .кога пробав за прв пат.
Фзички јас сум ТЕТКА,бунтовна,влјубен сум во агресијата,ама не сум регресирал,иако можам да лажам сега,не го правам тоа,верувајте ми.........но јас несакам да се бранам,да бегам од себеси,да се вртам за 180% и да ставам точки на секој пoрака.Се што сакам од тебе е да видиш дека можам,да ствам и јас точка.Едноставно гледајте ме,сега ке се обидам но ке биде светло,ке можам и без очила.Можеби ве излажав одново,па неможам јас да ги теглам конците,самоит се заплеткав во нив.Останувам сам,едноставно раличен,еднаков со вас,едиствен за себе.И тоа ме убива,умирам сам а кога ке живеам?Можеби кога ке свршам тука и сега.
ТИ стана ли .....жешко.Јас сум студен.
Лична порака до....п....:kesa:
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Ајде денес да ти раскажам прикаска. Не тоа немад а биде порака, пораката е премногу интимна. Пораки се пишуваат преку писма, со мастило, а не со тастатура. Ова утре ќе го снема, може форумот ќе се затвори, може јас ќе се откажам од него, може темава ќе има 1000 страници и на никого нема да му текне да го прочита постот на Вештица, постот за приказната за Месечината и Сонцето.

Сонцето и месечината не беа секогаш оделени. Месечината се движеше позади сонцето, таа беше негова љубовница. Но сонцето секогаш ја грееше Земјата, а месечината копнееше по неговата светлина. Што го натера Сонцето да ја заборави својата сакана, да ја покрие со својата сенка. Па тој се заљуби во луѓето. Тие го сакаа , му даруваа жртви и го возвишуваа секој ден.
Тогаш Месечината ја создаде жената. И и ја подари ноќта. Секој ден таа краде по парче светлина од сонцето и ја дарува жената со нејзината сила. Му ги украде луѓето на Сонцето. Тие го видеа совршенството на жената во ноќта и молеа за нејзината женственост. Сонцето сеуште мисли дека месецот трае 31 ден, ама месечината знае дека таа му го украде времето, тој трае 28 ноќи. Таа ја менува својата убавина во седум мени, за да го заслепи Сонцето.
Така жените ги заслепуваат мажите денес, а тие иако мислат дека им ја даваат светлината на жените, како што Сонцето мисли дека сеуште месечината е позафи неговата сенка, жените знаат дека нивната сила доаѓа од ноќта.

Утре со уште една прикаска за Месечината и Сонцето, зошто иако темата е (денес: Порака...) вистинска порака се пишува со мастило...
 
С

Сатори

Гостин
Грозоморниот влез на харизматичниот водач на иднината, ги потресе моите спектаторски способности.Вистината секогаш била најтешкото бреме за носење кога квалитетите се ставени во втор план, а разумот не сака да подлегне под стегите на овој нетрeнсaдентален свет.Возбудлива игра на сетилата.

Неговите слаби раце и прешироката бела кошула со кукастиот крст како симбол на пожртвуваната нација за идолизација, бараа средување.Додека две девојки му ја стеснуваа кошулата, не можев да го тргнам погледот од очите, иако мустаќите се највпечатливи.Црни, длабоки кратери на карактерот на кој му се восхитувам.

Два пластифицирани кафези полни со вода го пополнуваа просторот полн со медицинска опрема, желбата за понатамошниот развој на настаните ненаситно расте, како клопче што бара да биде одмотано за да му се стави крај на животот.Во внатрешноста на кафезите, млади девојки, би заминала преку сопствената граница на спознание за да претпоставам дека можат да бидат и мајки.

Црвенокосата, доволно бунтовна за да има Лордот потреба да му се среди кошулата.Полека го подигна шприцот кој што не можеше целосно да ми го фати вниманието за да размислам што би имало во цилиндарот на Менгеловата идна судбинска разврска.
Лесен плен е девојката која што умира заробена во рацете на диктатор желен за доминација и моќ, прекрасен и блескав иден Лорд на светиот Грал.
Шприцот заврши во дивото месо на девојката, а ништо не се смени освен погледот на оној што раководеше со оваа страшна мисија.

Малку подалеку од погледот кутија полна со новороденчиња, зарем ова не би требало да го разнежни срцето на спектаторот.Колку погрешна порака.Земајќи едно од децата во раце и со животински нагон фрлајќи и го на жената, бебето заврши со заби во својот стомак кои што му го откинуваа танкото црево од телото.
Зарем тука се гледа мајчинската потреба за ... болна контрола и доминација?
Заштита ... никаде.

Додека паѓав на креветот во дневната, слушнав, јасно а одвај свесно, луцидна порака: Колку уметници имало во Втората Светска Војна, знаеш ли?
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Зарем знаеш колку живот има во дрвото? Знаеш ли колку пати е благословено од Сонцето, колку пати се капело во убавината на Месечината? Знаеш ли колку очи се буделе под него. Колку гради продишале на него. Ништо не знаеш.

Слепец, зарем не го слушаш Божјиот глас во шумолењето на неговите лисја. Зарем не сфаќаш дека ти си негово дете. И кога ќе потонеш во вечна починка, ќе му се вратиш.
Твојата душа е зачната под таа јаболкница. Таа ги пушташе своите мириси и ги опои луѓето со љубов. Животот во нив го слушна ветрот како ги повикува на игра. Слепец, зарем не сфаќаш дека ти си создаден од аброзија. Сонцето ја милуваше јаболкницата толку време, за ти да можеш да почиваш под нејзината сенка и да го слушаш гласот на твоите предци. А што ти велат тие:
,,Оти бре синко толку време чекаше да дојдеш на ливадава. Па дедо ти го посади дрвото пред точно еден век, за да може да се сретнеме сега. Тој ја копаше оваа земја молејќи се да заборави каде е и да му се пристори дека тоа е неговата земја. Но не можеше, не е тоа мирисот на полјаните каде е роден. Само на едно место така цутат цвеќињата.Јаболкницата знае чие име носи, знае дека е во туѓина, а ти се уште не знаеш. Готово е, јас си одам да дома, да си го запалам огништето кое веќе одамна е оладено. Нема кој да ме спречи, јас сум дел од Бога сега, мене ме носи ветрот. Ми остана само еден аманет да ти оставам. Посечи ја јаболкницата, доста време и го крадеше Сонцето на нивата која ја оставив. Земи јаболко од неа и посади му го семето дома,кај нас, во Црешино, да можам да си почиваме заедно јаболкницата и јас.''
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
За да не и го избришам постот на Вештица над овој, следната тема може да се каже дека ја поставува таа. Ми се допаѓа патем... и гласи, Приказна за месечината и сонцето
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Месечино, зарем не мислиш на мене? Не знаеше дека Сончевата армија може да се прикрие по кожата наша? Ги остави своите поданици незаштитени. Знам јас дека ти се насладуваш гледајќи како Сонцето ја привидува твојата мена, знам јас дека и ти си жена, слабоста ти се гледа во очите.
Како да се ослободам од зраците кои талкаат под моите влакна? Ноќта и не била толку безбедна кога ќе влезе денот во твоите очи. Кога веќе еднаш ќе ја почуствуваш миризбата која мажот ја испушта благодарение на оганот во зраците.
Знаеш, тие попусто ги измислија демоните кои не демнат во ноќта, па ние знаеме кои сме. Се измамија себе си кога посегнаа по есенцијаните масла и помислија дека веќе не се ѕверови. Па орхидејата можеш да ја убиеш, ама животот не можеш да и го грабнеш.
Но ние сме слаби колку што си и ти пред погледот негов. Само ние не се насладува полека ко тебе, скриено а страсно. Ние сме лукави, желни и зависни. Нашиот живот е во нашите срца, а кога еднаш ќе влезе војникот на Сонцето таму што ќе ни е сознанието дека ѕверот е тука, ние се заљубуваме во ропството.

Насладувај се Месечино, Сонцето е твое...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Приказна за месечината и сонцето...

Еднаш...некогаш, сонцето и месечината беа многу добри друшки. Нивната поврзаност прерасна во љубов и тие се сакаа. Искрено. Само како што едно сонце може да ја сака месечината и само како што една месечина може да го сака сонцето. Светеа со целата нивна снага, ја покажуваа целата нивна љубов за секој да ја види. Но, суровата судбина ги раздели, суровата судбина си поигра со нив. Двете сродни души кои си го осветлуваа патот едни на други беа разделени...
Затоа денес, сонцето кога заоѓа, месечината изгрева. Кога месечината ќе го доживее својот врв, паѓа...тогаш Сонцето се појавува. И ако, никогаш не можат да се сретнат, иако вечно разделени, иако никогаш повторно нема да можат заеднички да го осветлуваат нивното чедо, Земјата, сепак својата енергија ја префрлуваат еден на друг. Сепак нивната светлина, макар разделени, е сведок на многу почетоци, и на многу краеви. Месечината била инспирација за поетот да и напише поема на својата сакана, а Сонцето е инспирација за милион насмевки, бакнежи, прошетки...
Но, кога би ја прашале Месечината или Сонцето...ќе дознаете колку болка имаат во себе. Тие можат да ја сведочат туѓата љубов и тоа им е единствената утеха, затоа што знаат дека својата љубов, меѓусебна, ја имаат изгубено и дека таа се наоѓа некаде во заборавот на времето. Но, тие...тие никогаш нема да заборават. Дури ни тешките поројни дождови, иако прекрасни и трагични, не можат да ја опишат или измијат болката на една трагична љубов.
А сонцето и месечината од тогаш се немаат сретнато. Кога Сонцето го гаси својот пламен, месечината блеснува...Но каков е тој пламен и блесок? Каков би бил кога таа љубов ќе беше среќна? Прашања, кои ни историјата нема да ги одговори...Прашања, кои....заслужуваат одговор. За жал, оние кои највеќе ги заслужуваат одговорите, страдаат заради тешкотијата на прашалникот, а на местото на одговорот има само три точки и воздишка...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Приказна за месечината и сонцето

Јас и ти вредиме подеднакво. Само што не сакам да бидам изразена во твојата валута. Не сакам да бидам сонцето, си имам сопствен сјај-месечев. Не си ми потребен ти, за да бидам јас. Звукот на зборот твој не одговара на моите фреквенциони скалила. Ушите не ми примаат повеќе од 20 децибели. А ти забега нагоре. Прекрасно е што сме свои... И некогаш едно. Те мислам! Плачи колку сакаш, смеј се колку сакаш-пак те мислам! Чудно е... Чудна сум и јас...
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Тој е неверојатно глупав! Не научи дека Јас сум центарот... И околу мене се се врти.
Ех.
Нека сум сончева... Дамка на просторот што ти остава рефлексија и парче светлост за да преживееш.
Колку е филмски да можеш да бидеш некому извор животен.
Да не се лажеме. Хороскопски само... Јас сум ти Сонцето, а ти Месечината. Барем имаш сенки... Јас ништо не можам да скријам...
Еве, и деноноќието е страшно за преживување... Навечер јас страдам, наутро ти не можеш да ме гледаш од јаснотии. Па кога ќе се сретнеме?
На еклипса?
Тоа е далеку...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom