Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Одделувам малку време за инспирацијата.

Ко и обично сум сам, компјутерот најдобар другар веќе со години, неонката мора да свети за да не ги затворам очите и да заспијам на фотељата.
Копчињата на тастатурата се единствениот извор на звук вечерва, освен ко и секоја ноќ, кога го слушам тој звук од птицата која ми се чини ко да ме прогонува, се распрашав кај стари луѓе, тоа проклето носело несреќа.
Телевизорот само собира прашина, книгите и весниците со години се неотворени, крцкаат ко ќе ги чепнеш, виното на полицата десет години старо ми се смешка али стално го оставам за некоја добра прилика, кога ќе има повод, нешто големо ко ќе се деси, можеби кога ќе ме најде, или кога јас ќе ја најдам, неа. Другите шишиња се празни и ме потсеќаат на тие поводи и проводи кои сме ги имале. Креветот ко и секогаш наместен уредно, собата исчистена ко што си личи.
Струјата ја гасам, ова го праќам, настанува молк. Мала светлина доаѓа од мобилниот на кој го местам алармот, таман минута-две пред да ме разбудат автомеханичарите под мојата куќа, али добро, они од тоа живеат, нека е за добро нивното.

Се надевам само дека нема да сонувам вечерва. И пак го слушам тој звук..
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
-Се плашам...
-Ич гајле да не береш, утре ќе завршиме со него, не ни се потребени сега нови проблеми.
-Но, не сум сигурна дека тоа го сакам.
-Ма ајде Искра, ќе видиш утре колку послободно и поопуштено ќе зборуваш со испразнет стомак. Цинична насмевка.

Лежеше будна и во мислите и` се нижеше овој разговор како излезен од далечна конфузија. Срцето ќе и` излезеше од градите, но полека дишеше за да не му попречува на малото суштество во краткиот период што му преостанува во нејзината утроба. Сепак, таа е мајка. Мајка на ангел, настанат од ѓавол. Дарко не го сакаше. Перфидно ја криеше сопствената себичност и негрижа кон тоа неродено дете, зад амбицијата за професионален успех и желбата за ловење помлади газиња. Токму сега, во некоја дискотека, веројатно се клати до некое такво газе, веќе одамна здрвен од ,,Џек Дејниелс". А Искра, ги напушти родителите за да живее со него. Тоа беше веројатно најголемата грешка во нејзиниот живот, иако Дарко тврдеше дека тоа е токму детето. Се обидуваше да заспие, но краткотрајни грозоморни слики од ножеви и крв и ја поматуваа свеста. Го запали светлото. Мораше до бањата. Почувствува силни болки, небаре солна киселина поминува низ долниот дел од нејзиниот стомак. Падна во бесознание.

-Спонтан абортус, господине. Жалам.
-Како е таа?
-Спие.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Неговите очи нервозно гледаа над тетратката исполнета со неостварени сништа. Неговите мисли бегаа далеку , кон далечините на темното небо , во вселената , блиску до ѕвездите кој силно горат. Силно горат ѕвездите во неговите мисли , но неговото срце е сеуште ладно.
Го живееше животот како проклета машина , секој ден правејќи ги истите нешта по ист распоред. Секојден мечтаејќи за некој да се појави да го спаси од светот на заборавените. Сметката на неговиот телефон редовно доаѓаше , иако тој сеуште не го чул неговиот звук , сеуште чека повик.Залудно.
Кафето на масата остана ладно. Светилката од горе немо светеше и ја покажуваше неговата фигура на ѕидот.Дури и таа изгледаше толку осамена.
Неговите крвави очи никогаш не видоа светлина, дури и го заборавија поимот сон.
Неговите раце уморно подлегнуваа на неговиот замор , неуспевајќи да го задржат пенкалото.
Единствениот звук во собата произлегуваше од радиото , од него тивко се слушаше песната "Come as you are" .
Сега се слушна и звукот на пенкалото кое падна на подот. Човекот стана и го изгасна радиото. Одејќи кон собата , го изгасна светлото во дневната. Го подигна листот кој се наоѓаше на подот , гурнат под влезната врата.
На листот само беа заканите на сопственикот на станот , ако не плати кирија за месецот , ќе биде избркан.
Како јаготка на врвот на тортата со шлаг , по која патем тој долго копнее, дојдоа нови проблеми.
Изнемшотениот човек заплака.
Ги облече своите пижами , легна во креветот и во себе тивко си рече „Утре ќе биде подобро“ . Во мислите му поминаа стиховите на легендарната песна „If tomorrow never comes" и се насмевна . Уште еднаш тивко си проговори.
„ Пак се залажувам... Како и секој... Пред да заспијам...“
 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Толку лесно, толку безгрижно, како ништо да не ме мачи, без мисла, го завршувам престојниот ден....и пред да заспијај го гасам светлото, и тоа е последното на што се сеќавам пред да се предадам на сонот. Немам што да замислувам, нема потреба да ја хранам постсеста која утре ќе ме удира по глава. Ха...не, не...воопшто не ми е гајле што прави некој, што мисли за мене, дали така требаше да направам, што ќе се случи утре, на тоа требаше да мислам преку денот...Стравот го нема, всушност мислата создава доза на страв, а сега таа е немоќна да го контолира моето тело и ум. Го завршувам денот, наредниот ден е како нов живот, каде нема да се повторат грешките од претходниот, но ќе се направат нови...Подобро погреши отколку да не превземеш ништо, се сеќавате на оваа умна мислиа...сосема исправно, животот е тука за да се живее, секој дел од денот, ноќта е за спиење. Кога убаво ќе го одживееме денот, ќе нема што да правиме пред да заспиеме освен веднаш да заспиеме.

После вака преспаната ноќ, се раѓа прекрасен ден, ги отворам очите со насмевка, полна со енергија, нестрпливо скокам од креветот, сеуште немам мисли, но се чуствувам среќно исполнето без причина...едноствано чуствувам дека ништо не ми недостига, дека овој ден е совршен да се продолжи онаму каде вчера застанавме. Доколу успеам тоа чувство на среќа да го одржам во текот на денот, се ќе биде сосема исправно, поуспешно ќе ги завршам задачите кои ми престојат. Умот и мислите ќе ги искористам за нешто продуктивно
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
“И ги скратија крилјата..
Само што сакаше да полета-ја приземјиа..
Немо и со солзи во очите ги бараше своите крила..
Зарем луѓето престанаа да се грижат за неа?
Зарем не разбираа дека без своите крила таа не е никој и ништо?
Реши да замине некаде каде што ќе најде некој што ќе ја разбере нејзината болка,некој со кој ќе ги сподели своите фантазии во кои веруваше дека еден ден ќе лета..
Талкаше по светот долго време..
Се што беше способна да чувствува беше болка кое и го раскинуваше срцето на делови..
Повремено ќе најдеше некого на кого ќе му ја каже својата тага и болка..
Ќе ја ислушаа,ќе се расплачеа и ќе си заминеа..
Никој не сакаше да и помогне..
Почна да се прашува дали повторно ќе доживее нешто толку велинченствено,грациозно,нешто што ќе ја исполнува без разлика на се,и без разлика на сите што не сакаа да ја гледаат како лета..„

Секоја ноќ пред да заспијам,ја довршувам приказната која верувам дека нема крај..Или е премногу далечен за да знам како да продолжам..
Заслепена од полната месечина се прашувам дали оваа безкрила девојка го заслужи тоа?
Дали ќе го најде она по што трага?
Дали сеуште срцето и се раскинува срцето на делчиња...
Само знам дека боли..
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
119
Телото е будно, умот и душата спијат.
Го довлечкувам будното тело до шеснаесетата дабова улица. Стојам 10 минути пред врата барајќи ги клучевите во големата хаотична ташна додека девојките заминуваат оставајќи бучна трага позади себе. Влегувам и се сместувам пред компјутер фрлајќи ја ташната на под!
Зависност! Патетично е бре! Не е важно!
Чизмите си го наоѓаат своето место покрај црвеното столче до прозор.
Хаос!
Утре ќе го средам!
Лажам!
Ги тријам очите размачкувајќи ја и онака несовршено нанесената маскара затемнувајќи ги модрите кругови.
Чувствувам дејството поминува. I did it again! Fuck! Nevermind!
Ги барам пижамите и соодветни чорапи. Не можам да заспијам ако не се во иста боја. Наудничаво, знам! Одам да ги измијам остатоците од вечерта и да и се насладувам на чистотата!
Телото чисто, душата исфлекана, а сонот далеку! Budha Bar ми задоволува аудитивни потреби, а циметот и чокаладата ми ги дразнат другите сетила! Месечината ме зјапа додека се соблекувам, од позади палмата над куќата на старата госпоѓа Рут!
Устата ми се развлекува во моронска насмевка, среќна сум! Уморна...среќна! Јас сум тука, а тој на дваесетата улица! Stoned!
Пред да заспијам, ангелите се будат!
Чекај малку! Збунка! Спијат ли тие воопшто? Чинам треба да не чуваат, не?
Фетусна положба и потонувам!
А на кого му е грижа?
Пред да заспијам, градот се буди!
 
P

Polaroid vanity

Гостин
Мојот живот започнува секој вечер после полноќ,рано наутро всушност.
Штом ќе ги навлечам пижамите влетувам во судирот на безбројни воздишки кои не си го нашле своето место во текот на денот па решиле да ја испробаат среќата во прекршувањето на симболичните суштински зраци.
Во таа состојба мирисот на слаткото беше и повеќе од непотребен. Депривација за сетилата која ретко знаеше да се прекине со чад од цигара и задоволна насмевка..демек светот е освоен. Студ во соба и силни светла од улица. Патем и соседното од ходникот никогаш не беше потценето во својата корист.Се`во служба на некогаш разгалената принцеза,денес морон со висок степен на самоконтрола,идна како сакате наречете ја.
Важно дека нештата доаѓаа во свое време..почитуваа закажано. Нити си пречеа..нити намуртено се гледаа. Разменуваа кратки егоцентрични приказни надевајќи се дека ќе останат најдобри и незаменливи,а некои се забораваа уште пред да излезат од врата.
Со кој ли вечерва да спијам? Две перници..едната секогаш сама. Никогаш никој не купи карта за местото до мене.
Си спречував повторно преживување на незапочнати моменти.
Пред да заспијам..заспивав.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.364
Поени од реакции
25.087
Пред да заспијам... пред да заспијам?
Пред да заспијам јас всушност ги имам најголемите соништа. Некогаш ќе легнам смрзнат во нозеве и ќе се топлам еден саат и пак џабе, ладни се. Имам карактер таков што кога ќе легнам в кревет мора минимум 1-2 саати да се превртувам в кревет, колку и да сум преморен. Никогаш не се десило да заспијам одма, незнам зошто.
Тој дел од тие 24 часа во кои нешто создавам всушност го пронаоѓам како најкреативен. Многу размислувам за непотребни и потребни работи, смешни и бесцелни, ептен бајковити или ептен реални.

Ама, пред да почнам морам да потенцирам дека секогаш кога ќе легнам на грб, барем 2-3 минути само така дишам за да помине болката што ја создава некогаш искривениот грб.
Никогаш, ама баш никогаш не правам ретроспектива на изминатиот ден. Колку и да бил убав или неубав, не го анализирам во детали.

Некогаш размислувам за пејсажите во Шкотска. У пичку матер колку сакам во моментов да сум таму. И неостварена желба ми е, и секогаш ќе замислувам како да сум бил таму! Прекрасно е кога размислувам за тоа како би поминал ако сум во Париз. И нонстоп во последниве вечери ми се врти во глава таа репортажа што ја гледав на Телма.
Понекогаш, жеден, размислувам колку би било убаво ако низ чешмата што ја имам долу в кујна течеше боза наместо вода. Уф, неверојатно чувство. Толку сум обземен што веќе и чувствувам дека се напив боза, подобра дури и од онаа кај Чичко Коцо.

Понекогаш имам време и да пофантазирам за тоа како би било кога јас би присуствувал на концерт од Lifehouse. А кога ќе помислам на тоа помислувам како ја доживувам You and Me. За тоа... подоцна, најдоброто се остава за на крај.

Си замислувам како би било кога сите ние на планетава би биле барем една десетинка од она што го правеше Вил Смит во Seven Pounds.
И секогаш наоѓам време за философирање. Четвртокот вечерта сфатив дека најдобрите особини што го прават човекот човек се љубењето и помагањето. Петокот вечерта... кога полека си одев накај дома, сфатив дека посреќен човек на планетава од мене нема! Саботата вечерта пред да легнам ја конструирав мојата идна средба со мојата најсакана. Вечерва... вечерва? Незнам на што ќе мислам... сигурно на многу теми. Се нервирам поради тоа што Бил Бјукенан во новава епизода умре...

Некогаш размислувам за најглупавото прашање - што би било кога би било?
И кога ќе размисли човек, стварно е глупаво. Има да... има навистина некои работи за кои на таков начин треба да се размислува. На пример - што би било ако не јадев мед? Немаше да бидам олку силен, со аполонска убавина и ахилска сила.
А кога ќе се запрашам, што би било ако вечерва не ја поминев со личноста која ја запознав скоро пред 5 месеци? Што ако не ја запознаев никогаш, дали ќе бев олку среќен?
Ама тоа.. драги мои е всушност и глупаво размислување, затоа што тоа се нарекува судбина. Затоа што сите работи се случуваат поради причина. Верувам во судбината, затоа е интересен тој поглед кон животот.

Размислувам за моите најмили суштества кои се нажалост далеку од мене. Далеку ама само во километри. Размислувам за нашата идна по можност поблиска средба.

Она на кое најмногу размислувам е моето најмило мало суштество кое ме потсеќа на сите среќни работи во сегашниов живот.
И кога спомнав дека сакам го доживеам концертот од Lifehouse, на песнана You and Me, сакам да го доживеам затоа што таа песна ме потсеќа на неа.
Ама... моментално ја слушам таа песна, затоа сакам. Преска ја слушав Love is all around од Wet Wet Wet... замисли читателу, да бев и на нивни концерт? Си ги замислувам сите љубовни песни и ја замислувам неа. Мислам на неа пред да заспијам. Мислам на нашите заеднички моменти, мислам на нејзината нова фризура, на сите нејзини фаци, насмеани или тажни. Мислам околу тоа колку топлина произведува нејзината прегратка. Метафорички или буквално? Од двете...
Ми текна за што ќе размислувам вечерва. Вечерва ќе размислувам за тоа каков ќе биде наредниот петок. Всушност, петок вечер, кога заедно ќе го гледаме The Notebook.

Оваа недела ќе пробам да ги изненадам сите околу мене барем за момент. Оваа недела ќе им се насмевнам на многу луѓе и ќе пробам да изнудам повратна насмевка.

Всушност... најголемите соништа ги имам пред да заспијам.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ретко кој умира еднаш
(рандом кинеска мудрост)

Инес, како љубител на мудроста (зоофил или филозоф беше, не знам), секогаш се труди да ја вметне (ма, ако треба и со сила да ја напика!) Софија (или Зофија...пак не знам, мамата!) во својата дупка (тука Инес не знае дали алудира на своето срце, живот или на нешо трето...важно метафорите се кул...особено кога ни сам не ги разбираш).

Затоа, често посетува погреби.
Први отидоа, оние... трите...Вера, Нада и Љубица
(a.k.a Верба, Надеж и Љубов, од 91-ва, навака).
После, почнаа, еден по еден, да гнијат и исчезнуваат нивните роднини...Ида, Искра, Идеал и Искреност(Инес имаше оne night stand со последниве двајца, ама и они...аш...папала маца) и др. (до трето колено беа покосени, да прецизираме) - веќе од четврто колено бракот е дозволен, па затоа останатите, тие малите до баналност, не се опфатени од поморот...ок, кај евреите и од прво/второ е так нормално, но за тоа во некој друг историјат за стапка на морталитет.

Времиња за носење црно беа тоа, во секој случај. (а, црно у лето е малку незгодна аутфит варијанта, ал шта се мора, мора се)

Како и да е, сега Инес секоја вечер пред да заспие, фрла церемонијално неколку шаки земја врз отворените гробови на Вера, Нада, Љубав и остало друштво
, за да се осигура дека нема да и' доаѓаат, како духови, во ноќна посета.

Сака да умрат конечно, неповратно.
Или сака да умре секоја од нас, Инес, која ги знаеше тие три кучки и нивните копилиња.Сеедно.

Битно, земја се помалку, а други трупови чекаат ред за закопување. Простор за реинкарнација, нема.
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Незнам зошто, меѓутоа секогаш лежејки во кревет, пред да заспијам, ми текнуваат многу занимливи, суштински теми кој би ги отворил на драгата ни кајгана, реплики или мислења не веќе поминатото тој ден на Форум, НО утредента ншто од тоа:toe:
Но знам...ќе поставам едно тефтерче и пенкалце на масичката до креветот и ќе запишувам на кратко, и сето тоа ќе го споделам со драгата Кајгана и со вас Кајганџии кои многу ми значите.

Му се случува некому истото?
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Во она што имаше останато од стаклото на големата фотографија на ѕидот во театарот се гледаше одсјајот на нејзината солза..
Таа седеше на старата софа со погледот залутан некаде на крајот на холот а умот сосема во друг свет и димензија.
На малата дрвена масичка јасно се гледаше купчето бел прав на паковката на ЦДто од РолингСтоунс, а веднаш до него и свитканата сосема нова банкнота од 100 евра.
На подот пак.. Куп стуткани хартии и стариот дневник со кожни корици..
И да.. Парчиња стакло.
Таа низ солзи го гледаше долгиот лавиринт на времето како се протега по големиот хол.. И полека тонеше во неговите црнила..

*Не беше потребно ни да ти ги допрам усните малечка за да сватам колку ми значиш.. Не беше потребно да те погледнам повеќе од еднаш за да те сонувам.. Зарем мислиш дека ќе ја убијат љубовта кон тебе нечии зборови изговорени од завист? Остави ги.. Залудно се трудат..*
..Не и значеа премногу овие зборови кога тој ги изговори на премиерата на нејзината прва претстава.. Беше премногу возбудена и внимаваше да не го заборави својот текст па не го припазуваше неговиот..
Но вистински и значеа само неколку недели после претставата.. Далеку од бината и театарот.. Далеку од очите на публиката и светлата на рефлекторите.. Само под одсјајот на месечината на клупата во паркот.. И овојпат ја оставија без текст.

*Дозволи да те променат парите! Стана уште еден богат кретен! Знаеш.. Повеќе ми значеше цветот од градината на соседите што ми го поклони пред 15 години од сите бисери и дијаманти што се трудиш да ми ги подметнеш денес..*

м.. Ова всушност и не беше нејзиниот текст..
И веќе не беше толку млада..
Но сепак доволно искусна да знае што да каже и како да се извади кога ќе го заборави текстот.. И успешно го одигра тоа тогаш..
Но тој го изговори некако поинаку..
*..Малечка те променија парите.. Не ми значи скапиот парфем доволен е еден бакнеж.. Внимавај.. Пази да не те зграбат со канџите и да те потонат во пропаст*
Искуството остана некаде.. Но сигурно не надвор од театарските врати.
Го погледна тапо и не му одговори ништо.
Неуспешно замавна со цел да му остави одпечаток од прстите на лицето..
И се тресеше раката.. Не беше свесна дека тој е во право.
Или можеби беше..
Неуспешно ја одигра улогата на ладна и препотентна кучка во вистинскиот живот.

*Оди си! Те мразам!*
Толку празно.. Толку немоќно и толку нереално.
Да.. Таа првпат изгледаше толку нереално на штиците на кои што го помина животот..
Но сепак.. Тоа го кажа само еден саат пред тоа гледајќи го директно во очи..
Овојпат немаше сила да го погледне во очи..

*Беше мојата малечка знаеш?.. А види се сега.. Само уште една проклета ороспија понесена од лажниот сјај на белиот прав..*
..Тоа и го кажа новиот глумец во театарот на премиерата на новата претстава што се одигра денес..
И одеднаш и се скрши целиот свет.. И се вратија неговите слики во глава..
И се врати и оној валкан разговор за пари кој сакаше да го заврши со шамар на неговото лице..
И сликата на сегашноста до која ја доведоа парите..
Големо ништо во душата и бел прав во носот.

Излезе од лавиринтот на минатото..
Стана од фотељата и силно замавна во она што имаше останато од стаклото на фотографијата на ѕидот. Уште парчиња на подот..
Се наведна и го зема стариот дневник.
Се исече од острото стакло со кое што беше веќе преплавен стариот паркет во театарот..
А каде беше тој?
Тој утрото стоеше токму каде што стоеше таа претходната вечер.. Гледајќи во крвавиот одпечаток од дланка на ѕидот и по којзнае кој пат читајќи ја реченицата што ја остави таа во дневникот..
*..Пред да заспијам се прашувам повторно дали сум сеуште неговата малечка?..
Но овојпат како да го знам одговорот..
Изгледа не сум.. Сега сум само една проклета стара ороспија зависна од белиот прав..*
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
[vladimir];2285598 напиша:
Знаеш дека ќе дојде ден кога веќе никогаш ќе неможеш да ме гушнеш, нели? – Те прашав таа вечер кога како крадци се гушкавме во едвај осветлена просторија. Ги видов солзите кои ти потекоа, иако сакаше да ги задскриеш некаде зад мракот. А нив не можеше да ги изглумиш. Тоа беше делче од твојата душа кое почна да испливува на површина. Тогаш за првпат ти стана јасно дека еден ден веќе ќе ме немаш. Тогаш за првпат го почувствува стравот....

...Одлучив да ти кажам дека во миговите кога ги чекорев првите чекори од патот до тебе, многу нешта ми се вплеткаа во мислите....Но единствено што направив, те помилував со прсти низ коса...

...Знаеш дека те сакам точно онаква каква што си – несовршено совршена во твојот свет во кој не постојат граници! Ми требаш ти, со обете твои лица прекрасни, и светица и курва, во истиот здив!



Прстите ни се допреа, едвај, но ни оддалеку доволно за да се задржат....
Да... Се сеќавам. Таа ноќ пред да заспијам бев со тебе. Но само мислев дека очните мускули ќе успеат да се спуштат доволно за да свеста и потсвеста навлезат во некоја друга галаксија. Мижев и страдав. Ги чувствував твоите допири по мојата душа. Удираше како со чекан. Срцето ми се скрши. Знам дека повеќе ме сакаш како курва отколку како светица. Но истото беше и ти... Полубог, полуѕвер. Доминирај ме и сега кога сум без тебе, дојди и земи го ова што остана а тоа е болна хендикепирана желба да се сплотиме пак.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.504
Поени од реакции
14.678
Тргнувајќи по оној сокак кој ти вечно го опишуваше како најмрачниот дел од тебе, наидов на многу тапацирани ѕидови и усвитени канделабри. Кога тргнуваш на пат нареден пат исклучи ги. Секогаш се поистоветувам со нив, низ тоа шаренило се поткраднуваат и секогаш даваат лажен отсјај на тротоарот.
Не ни очекував дека ќе најдам толку оставени тетратки за препишување, можеби очекував плуканици долж целиот сокак, но никако не сакав да го прифатам тоа препишување на минатиот дел. Тргна ти и ми го остави обликувањето мене. Секогаш доследно ја препишувам прашината, ги отсликувам сите завлекувања на буквите исто како што молерот секогаш внимава со четката да не повтори линија, знаеш тоа пресликување на две нијанси кои навидум се исти даваат лош призор на разиграност која не може да постои во точно дадени настани.

Пред да заспијам ги лепев сите листови кога сфатив дека не биле адресирани на мојата умешност за обликување, ги имаш оставено за да ги препишеш работите од кога ќе се вратиш.
Иако ѕвоното на овчарот од спротивнивната страна означуваше собирање на стадото крај себе, ѕвоното на моите завеси го најавуваа твоето доаѓање назад, токму кога трепките си врзуваа панделки за да го завршат трауматското толкување на азбуката за која не постоеше превод, не во моите желби за толкување.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Пред да заспијам, како по навика, ја палам таа цигара. По навика, таа соба е постојано зачадена. И како по навика, пред да заспијам, постојано мислам на истите работи. Пред да заспијам, мислам, анализирам, се нервирам, плачам, пишувам, па и самата со себе зборувам.
Пред да заспијам, посакувам што побрзо да заспијам, затоа што само кога спијам, немам никакви грижи, само кога спијам сум ослободена од глупостите кои ме преокупираат и не ми даваат мир.
А кога ќе заспијам...тогаш одам во свет каде што се е совршено и идеално. Во соништата, можностите се бесконечни. Во соништата, љубовта е секогаш возвратена. Во соништата, поимот страв и срам е непознат.
Затоа секогаш сум го сакала тој свет. Тој несвесен свет.
Но, сепак, пред да заспијам....тогаш е најтешко. Тогаш целата тежина преку денот паѓа на мојот грб. Но, јас сум supergirl. Сум била, сум и ќе останам. И секоја тежина ја поднесувам. Не ми е проблем да ја носам на своите плеќи.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Ти благодарам УМУ ,свесен и подсвесен,за тоа што денес прекрасно си ја изврши сета задача,за одличната координација со сите мои органи и заради што јас се чувствував убаво .Ви благодарам на сите клетки кој се обновија исе потполно нови . Ти благодарам мила кожа што си глатка чиста и мека . Ви благодарам очи, уши ,нос , грло заби , за тоа што одлично си ја обавивте својата задача . Ти благодарам тироидна жлездо и на сите други жлезди кои помагаат јас да се чувствувам здраво. Ви благодарам раце мои ,нозе мои ,кои сте ми голема помош во се . Ви благодарам гради ,желудец, јетра, слезена, за макотрпната ваша работа , Ви благодарам бубрези вие сте прекрасни толку многу правите за мене . Ви благодарам тенки и дебело црево гениталии и вие прекрасно си ја обавувате вашата работа. ВИ благодарам на сите мои зглобови кои се еластични и подвижни и сите мои коски и мускули кои се цврсти и силни . Ти благодарам мило мое срце кое неуморно работиш и не се штедиш воопшто .Ти БЛАГОДАРАМ мила моја чиста и добра душа денес излезе повеќе и јас сум презадоволна од твјата добрина милост и љубов .Ве сакам многу ,сега сакам да се одморите и утре да имаме убав полн со љубови убави мисли ден. Лека ноќ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom