leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Во последната недела во Македонија се исчезнати четири деца, три се штитеници од домот без родители и едно девојче од Струмица кое е пријавено за исчезнато.
Во речиси исто време е разбиена криминална група во Германија, Франција и Белгија која препродавала деца од Македонија и Косово, веста подоле:
Полициите во Франција, Германија и Белгија разбија група која тргувала со деца од Македонија и Косово
Весникот наведува дека операцијата се води и во Германија, каде тамошната полиција работи на дорасплетување на мрежата трагајќи по други членови на семејството кои живеат таму.
Едно од девојчињата било откриено во Белгија во домот на три лица кои исто така биле уапсени. Другата девојка во централна Франција. „Купувачите“ на девојчињата се уште се во бегство.
- Ова семејство создало криминална мрежа на препродавање деца исклучиво за членовите на заедницата која живее во Франција, Германија и Белгија. Целта на истрагата е да се добијат повеќе информации за да се утврди што точно им се случувало на децата и колку други жртви има, , изјавил обвинителот Грегориј Вејл.
Петнаесетте осомничени наскоро ќе бидат изведени пред истражен судија. Тие се соочуваат со 20 години затвор и 3.000.000 евра казна за трговија со луѓе од страна на организирани банди.
http://grid.mk/read/news/96867165/1061765/policiite-vo-francija-germanija-i-belgija-razbija-grupa-
koja-trguvala-so-deca-od-makedonija-i-kosovo
Имате ли податок колку деца се исчезнати во Македонија од нејзиното осамостојување до денес и како да ги заштитиме нашите најмили?
Во речиси исто време е разбиена криминална група во Германија, Франција и Белгија која препродавала деца од Македонија и Косово, веста подоле:
Полициите во Франција, Германија и Белгија разбија група која тргувала со деца од Македонија и Косово
Петнаесет лица, членови на исто семејство од Балканот се уапсени на повеќе локации во Франција, Белгија и Германија осомничено за трговија со деца, пишуваат француските медиуми. Во акциите се најдени две девојчиња на 13 годишна возраст кои биле чувани во ропство. Од нивното сослушување се очекува да се дознаат повеќе детали за мрежата.
Според францускиот весник Република, седум од нив се уапсени во голема акција на француската полиција во местото Нанси. Истрагата утврдила дека биле купувани девојчиња од Македонија и од Косово за цена од 1000 до 1500 евра, а потоа продавани за 10.000 евра. Весникот наведува дека операцијата се води и во Германија, каде тамошната полиција работи на дорасплетување на мрежата трагајќи по други членови на семејството кои живеат таму.