Трауми од детството

Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Имавме куќа со надворешни скали и тераса горе, под терасата влезната врата долу
Е долу се караа моите на големо и се тепаа ништо не можеше да ги раздели, не им беше прв пат ама мене ми беше доста
Па им реков неколку пати дека ќе скокнам од горе ако не престанат
И не ме слушаа се качив се префрлив преку оградата и татко ми ме стигна ме врати

Ова не беше траумата
Траума ми остана што продолжија да се расправаат како ништо да не било
----
и малку подоцна по неколку години
мајка ми беше сериозно болна, имав 14 години, не умре ама ја чекаа. Една од моите луди тетки ми рече седни до неа и кога ќе умре да ни кажиш...

Имам многу вакви незаборавни, ама глава горе и напред. Сите имаат маки во животот. Некој порано некој покасно.
 
Член од
10 декември 2011
Мислења
228
Поени од реакции
150

Тетка ти е ненормална извињавај. Јас пребродев смрт на родител но мајка ми беше чудо колку ме заштити од сите тие срања. Ај хоуп нема да имаш покасно трауми.
 
-x-

punished
Член од
2 март 2013
Мислења
1.191
Поени од реакции
837
Трауми од детството,толку широк поим за мене. Искрено незнам ни од кај би почнал да раскажувам,зашто ги има толку многу. Велат дека некогаш е и полесно да се испразниш на некој што не го знаеш,па затоа ќе го пробам тоа тука.

Израснав и сеуште растам во општината Чаир,сите знаеме какви гласини се шират за неа. Некаде до 5-то одделение животот ми беше нормален,потоа лека полека се претвараше во пекол. Иако мојот татко беше родител на 2 сосема здрави и прави деца,кои никогаш не направиле ништо лошо,тој го избра алкохолот како решение на неговите проблеми. Поради нервозата на моите родители и притисокот кој беше створен од страна на мојот татко,тие се одлучуваа сета своја негативна енергија да ја исфрлуваат на мене. Секогаш ја бараа најмалата ситница која ќе ја сторам за тие да ми се развикаат,којзнае,можеби така се чувствуваа подобро? Како и да е,на почетокот можев да се справам со тоа,мислев дека е само фаза,но ете испадна дека не било така. Покрај тој проблем се додадоа и милион други! Бевме многу мало друштво,а кај мало па и несложно. Секојдневие ни беше да ни започне денот со тепачка помеѓу Македонците и Албанците,а тие беа 85% во школото каде што учев. После извесно време јас се навикнав на тоа,но исто така и драстично се променив. Секој ден излегував надвор до ниедно време и правев работи за кои што не сум баш горд дека сум ги сторил,мислејќи и залажувајќи се самиот себе дека тоа е решението,дека така ќе исчезнат сите проблеми. Почнав и другачје да се однесувам,школото го изоставив и ги расипав односите со скоро сите членови од моето семејство,ги разочарав. Немаштија,недоволна комуникација со родителите,немање човек на кој што ќе се довериш..ова и плус многу други проблеми. Дојде до период кога веќе не бев сигурен дали сакам да сум повеќе дел од светов,и како дете со заматен ум,пробав да се убијам. Се качив на тараса и бев спремен да скокнам,бев веќе со едната нога во вис. Но,пред да тргнам и со другата,се замислив малце и ми се вратија во глава сите среќни моменти што сум ги имал,јесда беа малку,сепак ми значеа. Се решив да размислам подобро,се симнав,се разбистрив малце и се запрашав - зар ова е решение? И покрај сите овие срања што ми се случија,ЈАС НИКОГАШ НЕ СЕ ПРЕДАДОВ! Секогаш бев позитивен,никогаш не дозволував мојата ситуација дома да ја тргне мојата насмевка од лицето,и покрај се,спремен бев да дадам совет на секој што ќе ми побара. Со глава горе и со надеж за подобри времиња,стигнав до тоа што сум денес. Имам ангелче девојка која ме разбира и ми е константа поддршка кога ми е потребно,имам НОРМАЛНО друштво кое што донекаде поминале низ слично како јас,имам скоро се што ми е потребно за да продолжам да живеам како нормален човек и покрај се што ми се случило. Секој ден се обидувам колку што е можно повеќе да си го надоградам мојот ум,тренирам,се едуцирам. Полека полека им враќам на сите што ми имаат згрешено,најчесто по физички пат но што да правам,така ме научил животот.

До сите кој што сте на работ,или пак сте биле,знам дека ќе ме разберете. Топката се врти,некогаш сте на врвот,а некогаш сте доле помеѓу заборавените. Но,во која ситуација и да сте,НИКОГАШ НЕ ГУБЕТЕ НАДЕЖ! Кога надежта умира,умира и човекот - велат некој. Знам дека ретко кој и ќе го исчита сето ова,но до тие што ќе го прочитаат - се надевам дека извадивте некаква поука.
За крај,би ја посветил оваа песна :

Со среќа!
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Без разлика што сте проживеале... Гледајте да не паднете доле и да не ве бутне животов... Тешките времиња треба да ви бидат пример како не треба да ви биде животот... Имав многу другари кои што имаа многу помали и полесни проблеми од моите, но подлегнаа по дрогата и алкохолот.. Сега се негде пред распаѓање... Лесно е да се најде изговор и да се жалиме како ни е тешко... Тешко е да застанеш на нозе и да се бориш со животот односно да најдеш начин како да го искорениш проблемот и да го уништиш она што не ти дава мирен сон... На еден начин секој од нас е оштетен... Но не секој успева да се избори во овој мочан свет...

Верувам дека секој од вас ќе биде силен како мене и ќе свати како е да си борец секој ден во својот живот... Па кога ќе излезете надвор сите работи ќе ви бидам смешни и ситни во споредба со тоа што сте го проживеале, е тука е шансата за да зграбите нешто добро, нешто убаво да станете човек и да им ебете матер на сите што ви го поебале животот !
 
Red Widow

vintage soul
Член од
17 мај 2013
Мислења
101
Поени од реакции
163
Добро ќе беше да беше само една ..... Не знам зошто но уште од дете тешко бев прифатена во средината , немав ни со кого да се дружам , цело време бев сама .... Ситуацијата се влоши кога ме удри кола ,и тоа бајаги ме тресна , и тогаш учителката што ми беше напомена да не ме закачаат бидејќи имав повреда , ех тука почна лавината што и немаше крај. Нон стоп бев малтретирана , тепана , секој ден си идев дома со плачење .... Моите ме префрлија во друго школо , но наидов на по-бетер средина , деца на големци , разлигавени , пре-удоволени , ние тој период и не бевме баш финансиски нај нај , и тоа нормално им беше повод плус . Кога завршив основно не се ратисав , бидејќи пола од таа генерација беше со мене и во средно , и психичкото насилство си продолжи се додека не завршив.Дома ситуацијата се беше полоша без пари , моите се колеа на дневна база , а ја дете се сакаш , се трудат ама нема .... научив малку по малку да се задоволувам и со тоа што го имам па некој нема ни толку ! За инат на мене судбината ме дотепа , кога сеуште бев во пубертет го изгубив и татко ми , и животот што го имав до тогаш , се изгубив и себеси . Кратко после смртта на татко ми бев со личност што едноставно уживаше да се иживува на мене , од него бев тепана понижувана , расчистив јас со него , но не и тој со мене . На еден настан во градов ме начека сама и ме силуваше .... за ова никој не знае , а не ни треба да знае никогаш .... После сите тие глупости што ми се случија , еве иде 6-та год како се борам со анксиозност и депресија ..... имам многу мал број на пријатели , а реално не ни сакам да ги гледам ..... не ни сакам да ги слушам кај ќе иделе и што ќе праеле , кога реално едвај сврзуваме крај со крај дома ..... Еднинственото нешто што ми остана во животов јаден е надежта за подобра иднина , што како изминува време јас и не гледам дека е нешто подобро .... јас си тонам , се повеќе и повеќе , ама ете гледам да издржам колку можам , да не ја разочарам мајками пред се , тоа највеќе од се ме боли , сакам само да ја видам да биде горда на мене , а исто и татко ми , кој се надевам од некаде ме гледа .....
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192

Кога го прочитав овој пост,баш се заинтересирав бидејќи и јас се најдов во него.Јас и ти во детството сме имале слични проблеми,само што јас како машко сум нашол свој начин да ги надминам.Тие проблеми во социјалната средина каде карактерно луѓе со негативна енергија те фаќаат на пик,и сакаат да те малтретираат да те потчинат духовно да црпат енергија од тебе,а со тоа ти предизвикуваат депресија и омалаксаност.Мојот начин на решение беше во тоа што јас целодневно сум свесен дека такви луѓе секојдневно ги има околу мене,држам дистанца и кога се запознавам со такви луѓе и имам гард за "самоодбрана".Веднаш кога се зближувам со нив,јас се наметнувам врз нив,а и истовремено се воздржувам од правење добри дела бидејќи тоа автоматски наметнува злоупотреба.Значи се додека не дојде до израз твоето јас,твојата личност,постојано ќе имаш проблеми и ќе влегуваш во неволји.Ако ти самата не се цениш,не очекувај никој да те цени.Само позитивни мисли,малку ароганција,целосна контрола на ситуацијата,и ќе дојдеш до успех.
 
D

D_NazGUL

Гостин
Поминаа 35 години и конечно доживеав trigger moment. Цело детство .... не, цел живот ме манипулираа ... собрав сила и реков доста е! Имам две деца и тие ми се се во животов. За нив собрав сила и реков НЕ!
Искрено, се осеќам како препороден. како да сум се ослободил од сите стеги и манипулации во животов.
Ако ме праша некој како успеав - НЕЗНАМ, едноставно бидна.
 
Huzzy Gurl

Animal Lover
Член од
14 септември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
128
Имам и јас трауми од детството. Моите имаа проблеми мегу нив, секој ден кавги, насилство... Јас на моите десетина години морав сето тоа да го слушам и гледам, и резлутатот од тоа секако се доживотни трауми! Уште тогаш, на моите десетина години си ветив дека јас никогаш нема да дозволам тоа да им го правам на моите деца, да ги оставам да страдаат заради мои лични проблеми... За секој еден проблем каков и да е, постои разговор. Моите родители сфатија дека ме трауматизираат мене и брат ми, касно беше.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Имам една траума, ММЕ на докторот, уште се сеќавам како да беше вчера. Ме правеа операција на трет крајник и ме онесвестија со етер и газа и стегање од болничар за да не мрднам. Кои идиоти, мало дете да се бори за трошка воздух... Каде е сега болничарот да му кажам нешто, клошар
 
Член од
24 април 2011
Мислења
300
Поени од реакции
162
Јас целиот сум истрауматизиран...... од детството па до денешни дни.......
 
S

StormRage

Гостин
Имам некои глупости што радо би сакал да останат за мене. Али имав една, темнината. Секогаш се дешаваше некое прекршено светло да ми вади чудни форми на завесата како мал, често идев од една до друга соба пошо спиев сам и се пикав кај баба ми во кревет или обратно, кај татко ми и мајка ми.
Сега, сега не обожавам светло, висам нон стоп во темница... и гледам убаво во темница.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Имам една најтрауматична и таа ќе ја споделам
Бев мал, окулу второ одделение, јас мајка ми и брат ми бевме на скопски саем, тој предновогодишниот, купувавме нешто.... Памтам застанав на една тезга, разгледував новогодишни честитки и гледав шо гледав и кога се свртив моиве ги нема, си испаничив прописно (не плачев) и ми текна дека бевме на една тезга кај на мајка ми познаничка и отидов кај неа, и кажав и за 5мин ги најде моите. Е тогаш се исплакав прописно и си ќарив јакна, дедомраз,мега пакетче и една мала многу убава елка која уште ја имам и ја вадам од фиока секоја година.
Ете ми ја траумата моја
:D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom