Трауми од детството

Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
669
Браво за татко ти!

Се сеќавам, беше голема финансиска криза, во склоп со наставата имаше екскурзија,(350 денари) значи обавезно требаше да одиме сите. Јас немав пари. Професорката не делеше, многу ја мразев. Си дојдов од училиште расплакана, знаев дека сме криза со пари, жал ми беше да барам од дома. Кога дозна татко ми за рака ме фати и им отидовме во канцеларија сред пауза ЛОМ ги направи. Како тоа мора, а средства треба сам да си обезбедеш? Благодарение на случкава сите отидовме на екскурзија ама никој не плати. Колку само сум се срамела. Каков стрес доживеав.Будала сум била.

Последно што се сеќавам имавме работа во судот, и главниот требаше само да се потпиши на документ, и секретарката ни рече да почекаме едно 2 саати, затоа што имал гости дотичниов. И од тука татко ми спизди у секунда, ни едно ни две му упадна у канцеларија со зборовите ,,Добар ден господине, мене времето ми е пари, потребен е само потпис, повелете документот,, а мене срцето у пети, се испотив во секунда, погледи фрчат накај мене јас се потам се тресам целата, завршивме работа без проблем и си заминавме. Сега не одам никаде со него. Многу е директен, нема трпение и мрази кога некој се прави паметен, а повеќето чичковци и тетки позади шалтер те дупат у здрав мозок, и се ладат. Кога трчкам работа со документи, несвесно се вртам да не се појави мојот откачен родител од некоја страна. Не можам да кажам дека е траума после неколку страници од темава што ве читам, и искрено сум запрепастена колку е само суров животот.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Браво за татко ти! јас такваа

Се сеќавам, беше голема финансиска криза, во склоп со наставата имаше екскурзија,(350 денари) значи обавезно требаше да одиме сите. Јас немав пари. Професорката не делеше, многу ја мразев. Си дојдов од училиште расплакана, знаев дека сме криза со пари, жал ми беше да барам од дома. Кога дозна татко ми за рака ме фати и им отидовме во канцеларија сред пауза ЛОМ ги направи. Како тоа мора, а средства треба сам да си обезбедеш? Благодарение на случкава сите отидовме на екскурзија ама никој не плати. Колку само сум се срамела. Каков стрес доживеав.Будала сум била.
Oф.. можам да замислам како ти било или сепак не.. не знам, никогаш не сме биле во финансиска ама знам како било кога ве делеле. Сите сме исти, сите сме од коски и кожа...
Кај мене во клас имаше деца на учители деца на градоначалници и што не уште не знам.. имав ваква наставничка и никад не молчев, од секогаш кажував што ми лежеше на срце.. Ако иде иде ако не не... к*р ме боли.. и зборував како е неправедна но кога видов нема разбирање баталив... Оставив.. кога сфати дека е во грешка јас и свртев грб.. Гледав секогаш да и помогнам но на крај сето тоа исчезна.
и јас бев делена во класот. Ама секогаш имав уста да кажам што како било а не да молчам.

Да, суров е животот, уште посруов ке биде ако не се снајдеме, треба да имаме сила како да постапиме. Знам како ти било. А зошто срам.. Во таа ситуација сте биле, секому може да се случи.. Воопшто не е срамно.
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
669
Верувај ич не ме погоди немаштијата во тој период. Нити професорката што не делеше. Ми беше срам од избувливоста на татко ми. Нити пиел некогаш нити пие сега. Насилно однесување, физичко малтретирање фала му на бога не сум доживеала. Можеби смешно звучи :D искрено и мене ме фаќа смеа во моментов, замисли стоам на шалтер и молам бога теткицата да не се курчи зошто татко ми во секој момент може да експлодира. Пробав еднаш да им се доверам на другарките, за проблемов што ме мачи, паднаа од смеење. Со зборовите ,,Де ма татко ти е легенда, не ќе им ќути,,. Оф бе си викам не дај боже да сте во иста положба ќе ве видам тогаш.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Верувај ич не ме погоди немаштијата во тој период. Нити професорката што не делеше. Ми беше срам од избувливоста на татко ми. Нити пиел некогаш нити пие сега. Насилно однесување, физичко малтретирање фала му на бога не сум доживеала. Можеби смешно звучи :D искрено и мене ме фаќа смеа во моментов, замисли стоам на шалтер и молам бога теткицата да не се курчи зошто татко ми во секој момент може да експлодира. Пробав еднаш да им се доверам на другарките, за проблемов што ме мачи, паднаа од смеење. Со зборовите ,,Де ма татко ти е легенда, не ќе им ќути,,. Оф бе си викам не дај боже да сте во иста положба ќе ве видам тогаш.
Kaко и да е, работата на професорот е да не подучува сите дека не постои разлика меѓу нас а не да ве дели.
Инаку татко ти, баш добро што татко ти нема влакна на јазикот и не им ќути. Во животот треба да се снаоѓаме, и да бидеме упорни во нешто ако сакаме да постигнеме. Ако молчиш ќе ти се качат на глава а тоа сигурно никој не го сака.
 
C

cige

Гостин
Една случка од пред 10-12 години додека бев во основно. На крај на школска година една богаташка ќерка покрена иницијатива да собираме по 100 денари за поклон за класната. А тогаш масовно се затвараа фабрики и имаше деца што немаа ни за кифла да си купат на училиште, и едно девојче се расплака пред сите затоа што дома еднај денот го поминувале, немале ни за леб да си купат и оваа богаташкава само и викна критикувачки "е добро де немате ли ни 100 денари". Е до ден денес кога ја сретнувам ми се иде да и го скинам вратот.
 

The One

Оној шо ќутит а све знајт
Член од
16 март 2008
Мислења
189
Поени од реакции
39
Во животот сум имал премногу трауми од немање пари до пијаница за татко и сум претрпел разни работи али има уште многу време од мојот живот се надевам и не се откажувам. Во моментов сум на оваа позиција во мојот живот најмногу поради мои заслуги и затоа не ми е жал за се што поминало. Кога би требало да издвојам некои од најтрауматичните моменти од мојот живот, тогаш тоа би било на почетокот од средно. Имам говорна маана која во текот на животот се научив да ја контролирам, али на почеток од средно најизразена беше. Најголема траума, што до ден денеска ме боли, е тоа што бев одличен ученик и ме интересираше скоро се од областа на науката, но кога ке испаднев на табла и требаше да одговарам, не можев да ги изговорам зборовите. Пробав, се мачев, но испаѓаше само по некоја завлечена буква, згора на се целиот клас ми се смееше и ме заебаваше само заради тоа што не можев да зборувам добро како нив. Заради оваа моја маана и дел заради тоа што сум вечен идеалист, целиот период на средно школо беше многу лошо искуство замене и остави трајни траги. Сум помислувал во тој период да се самоубијам, но преовлада ваљда чувството за самозачувување и преживав. Како и да е во тој период од мојот живот живеевме кај мојата баба, затоа што нашата куќа беше празна, т.е. немаше мебел (поради долгови целиот мебел беше земен). Успат морав скоро секој втори ден да се расправам со татко ми кога ке се опиеше и кога ке почнеше да прави проблеми. Морав и да се справувам со трачарењето на комшиите (тоа веќе одамна не ме засега). Али пронајдов начин како да го контролирам мојот проблем со говорот и до ден денес секој ден морам да се контролирам и однапред да знам што треба да кажам за да не дојде до израз мојата говорна маана. Али тоа е моето секојдневие. Јас сум научил едно во мојот досегашен живот, дека секој проблем , секоја пречка и сопка не прави само посилни и посилни, не оформува во подобри индивидуи. Денеска јас работам како програмер и земам повекје од 1000 евра плата, имам девојка со која заедно живеам и делам се сонеа, а и таа со мене. Сега сите комшии повторно замене трачарат, како тоа јас сум имал пари и не знам што, ко демек јас тие пари сум ги украл. Али нека, нек си зборат, луѓе се и тие и тие имаат проблеми и трауми кои ги минале и ги оформиле во денешните личности. Само за разлика од мене, наместо да научат од своите грешки и да се подобрат како индивидуи, тие решиле да останат сигурни во својот мал свет и да де-евоулираат. Јас со нив немам проблем, секој ден ги поздравувавм и ке ги поздравувам, зашто најважно според мене е јас да бидам добро човечко суштество.
 
Член од
2 јули 2014
Мислења
20
Поени од реакции
7
:(:(Темата ептен ме погоди.Често се прашувам дали децата на учителите и професорите се осудени на тоа да тие се третират како ученик,и мораат да бидат пример од дете.И на крај се марјонета на своите родители...така што тие им го креираат и уредуваат целиот живот.Не ѓи прашуваат децата него како и за кого тие сакат ѓи мажат или женаат и ете вака до крајот на животот се жртви за егото на учителот родител :place: Што мислете вие??
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Верувај ич не ме погоди немаштијата во тој период. Нити професорката што не делеше. Ми беше срам од избувливоста на татко ми. Нити пиел некогаш нити пие сега. Насилно однесување, физичко малтретирање фала му на бога не сум доживеала. Можеби смешно звучи :D искрено и мене ме фаќа смеа во моментов, замисли стоам на шалтер и молам бога теткицата да не се курчи зошто татко ми во секој момент може да експлодира. Пробав еднаш да им се доверам на другарките, за проблемов што ме мачи, паднаа од смеење. Со зборовите ,,Де ма татко ти е легенда, не ќе им ќути,,. Оф бе си викам не дај боже да сте во иста положба ќе ве видам тогаш.
Мене ќе ме извиниш, али мислам дека ти си имаш проблем, а не татко ти. Во вакво општество каде што секој бара да заврши работа што побрзо, луѓето те дупат во здрав мозок и те вртат на сто шалтери, а татко ти е еден од ретките кој се протиставува на тоа, и сака да си заврши работа побргу. Тебе ако ти е гајле другите што мислат за тебе и татко ти, тогаш кажи ми, за кого живееш? За нив или за себе?
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Најголем траума е шо луѓето кај нас чекаат ти да се заебеш и учат од твоите грешки а секој мора да прави грешки за да биде подобар и да учи.

Сега откога станаа партиите модерни сите се пикаат таму и го бараат лебот а всушност решението е во нас спасот тука треба да се бара.

На секој може да му биде убаво во Македонија само треба да вложиш во животот и во семејството ама тоа е најтешко.
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
669
Мене ќе ме извиниш, али мислам дека ти си имаш проблем, а не татко ти. Во вакво општество каде што секој бара да заврши работа што побрзо, луѓето те дупат во здрав мозок и те вртат на сто шалтери, а татко ти е еден од ретките кој се протиставува на тоа, и сака да си заврши работа побргу. Тебе ако ти е гајле другите што мислат за тебе и татко ти, тогаш кажи ми, за кого живееш? За нив или за себе?
Во право си.
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Вашата најголема цел како родител, е да подигнете деца, кои ќе го најдат патот до успехот и среќата во животот. Децата, кои развиле чуство на одговорност, од најмали години, се склони да бидат посамостојни, независни и одговорни во позрела возраст.

Првите неколку години од животот се основа за нивната самодоверба, довербата во другите и светот околу себе. За да му помогне на детето во градење на одредени норми и правила на однесување, за да развие добра основа за развој на одговорна и почитувана личност, родителот треба да биде многу смирен, упорен, спремен да жртвува, да корегира… со многу љубов, внимание и топлина.

Родителот треба да знае дека, некои форми за казнување се неадекватни:

Физичко казнување

Една неформална дефиниција на оваа казнена форма би била…шамарање на детето, во било кој дел од телото, особено лицето…удари со рака или прачка.

Физичкото казнување, како метода за корекција и контрола, каде се користи физичка сила, всушност значи неспособност на родителот да насочува, да биде пример.

- “Знам да го наплескам, ретко- но добро, затоа е мирен!” …оваа и слична на неа фрази не е убав изговор. Секоја форма на физичко насилство, е форма на насилство, која се одразува врз здравјето на детето. Физичкото насилство, често во реалноста е имитирано… Тоа создава повредена личност, која го практикува тоа насилство како возрасна, зошто таа незнае за други форми и методи за насочување кон сакано однесување, освен преку агресија. Време е тој синџир да се прекине, ВЕДНАШ!

Емоционално/психичко казнување

-“Нема да те сакам ако…“, “Колку си глуп“ , “Многу си лош“….повредата со зборови врз детето од различни причини, понижувањето, подигрувањето, насадување чуство на вина во него, изолација…се исто форми на насилство.

Овој тип на казна, укажува дека, детето нема добар карактер според родителот (глуп, лош, неподнослив…). Детето како резултат на тоа, гради мислење за себе, врз основа на епитетите кои ги слуша од родителот, од најрано детство. Иако многу родители сметаат, дека ваквата форма на казнување, нема никакви последици, често се случува токму тие да предизвикаат сериозни емоционални трауми.

Не постои рецепт за одгледување на деца, но има некои методи, кои ќе ви помогнат да се справите полесно како родител, а во исто време, вашето дете да расте во одговорен и уверен во себе, возрасен човек.

-Кога сте заедно, поминете го времето квалитетно – играјте со него, моделирајте, цртајте, слушајте музика, читајте приказни, шетајте, хранете се заедно, разговарајте…

-Вие, родителите, сте тие кои ги одредуваат правилата и границите на однесување. Вие треба да ги објасните, да ги повторувате, да верувате во нив. Правилата на добро однесување, не се вродени…тие се учат!

-Правилата треба да бидат точни и јасни- детето има потреба да знае точно, што се бара и очекува од него. Секогаш треба да имате добра причина, кога барате од него, да направи нешто…мора да му ја објасните.

-Создадете рутина во однесувањето…точно време за храна, игра, прошетка…и бидете и доследни. Тоа е база за стекнување на добри навики. Од друга страна, премените се многу важни…допуштете детето да има време за себе и прави нешта по сопствен избор.

-Поважно е што правите, а не што зборувате…затоа бидете добар пример за сопствените деца.

-Создадете правила и објаснете зошто тие се добри. Не е доволно, само да го казните детето, затоа што не ги следи правилата, ако тоа не ја разбира нивната суштина. На пример, објаснете:

-Ако така правиш, тоа ќе го повреди другото дете и ќе биде тажно…Како ќе се осеќаш ти, ако некој друг ти го прави истото на тебе?…Треба да почнете со објасување, додека детето е мало. За да стекнете навика, секогаш да му објасните, зошто некои форми на однесување се добри, а други не.

-Наградете го доброто однесување на вашето дете, зошто тоа е најдобар начин да му помогнете да развие добар однос. Наградата, дури и преку добар збор, е далеку посилен мотиватор од казнувањето.

- Критикувајте го неговото однесување…“Не е убаво да ги расфрлаш играчките насекаде…собери си ги во кутијата“…а не личноста на детето “Право зверче си! Лошо дете! Веднаш да си ги собрал играчките!…

- Сфатете ги емоционалните изблици на детето и насочете го од неприфатливи, кон прифатливи…“ Знам дека си нервозен, но да си играш со стаклените чаши (или некој остар предмет) е опасно…ајде да направиме заедно кула од песок во дворот, знам дека тоа ќе ти се допадне...”

- Познавајте се… ако сфатите дека сте на работ на нервите и губите контрола, подобро напуштете ја собата. Нормално е да бидете нервозни од време на време, но не е нормално, да го истурате својот гнев, преку шамари врз детето.

И најважно, не заборавајте да му покажете секој ден, колку многу го сакате.

Ако и покрај се мислите дека не сте доволно добар родител, побарајте помош од психолог или педагог, кој може да ви даде добри насоки и совети. Не заборавјате дека, тоа не е знак на слабост, туку желба да бидете подобар родител и да му обезбедите на своетот дете, убаво и квалитетно детство.

Л.Ѓ.
Извор

Друг интересен текст...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom