Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Се повеќе пресуди против исклучените од парно: БЕГ сака пред избори да си наплати, после нема да може
- е наслов објавен на порталот позитив мк
http://pozitiv.mk/se-povekje-presudi-protiv-isklutchenite-od-parno-beg-saka-pred-izbori-da-si-naplati-posle-nema-da-mozhe/

________________________
Уште да ги подсетам сите кои се осудени од Апелација да поднесат жалбз до Стразбур. Постапката во Стразбур е бесплатна. Еве ги податоците на адвокатката Гордана
________________-
Информација за приклучување кон жалбата со повеќе жалители до Судот во Стразбур

Жалбата ја подготвува адвокат Гордана Каркалашева Трајковска, адреса,Т.Ц. Мавровка. Ул. Бул. Гоце Делчев бр. 7, зграда 1 влез 1, локал 64 – мезанин. Телефони, фиксен 3112-756, мобилен 070 – 225 – 613; Е-меилkarkalasevagordana@hotmail.com.

Се поднесуват следниве документи како фотокопии во еден примерок: 1. - Решение донесено од нотарот; 2. – Приговор на решението; 3. – Првостепена пресуда; 4. – Жалба на првостепена пресуда; 5.- Второстепена пресуда и 6. – 1000 денари во готово за трошоци. Листовите да не се хевтаат. Се спојуваат само со спајалица.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На 28. 12. 2015 пратениците од власта во Собранието ги одбија законите ние да се спасиме. Тие тогаш тврдеа дека исклучените добивале топлина и затоа требале да платат. Уште тврдеа дека исклуените секаде плаќале
Тие тогаш лажеа - ниту исклучените добиваат топлина - ниту пак некаде плаќаат.
Погледајте напис како е тоа решено во САД:

http://definitions.uslegal.com/u/unsolicited-goods /

Што се не(по)барани/ ненарачани производи или услуги според американското право?
"..Тоа се производи или услуги пратени на некој, кој тоа не го побарал. Праќањето на производи или вршењето на услуги самото по себе не претставува кршење на Законот. Меѓутоа, барањето да се плати за тие производи. односно услуги е кривично дело. Примателите ("потрошувачите" во смисла на овој Закон), можат да ги задржат и користат, односно располагаат со таквите производи и услуги по своја желба. Немаат никаква обврска да ги чуваат или вратат.
Кога не(по)бараните и ненарачани производи или услуги се даваат на некого, тој/таа има право да ги прифати производите или услугите КАКО ПОДАРОК, и НЕ Е ОБВРЗАН-А да ги врати.Производите или услугите се сметаат за нарачани САМО во случај кога примателот јасно и ЕКСПЛИЦИТНО ги побарал.
Според Законот за заштита на потрошувачите, барањето да се плати за не(по)барани/ ненарачани производи или услуги претставува нечесен и измамнички чин и постапување во пласирањето и прометот на производи и услуги"

@Sase_Ohrid
Ме интересира твоето мислење околу ова
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес разбрав дека од понеделник ќе оди 6-тата тура жалби Стразбур
Тие кои се зантересирани нека побрзаат
Упатството е во пост 1966 на истава страна
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.109
А добро, што одговори добивате од Стразбур?
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.079
Поени од реакции
3.236
Веројатно ништо посебно, во спротивно сите ќе знаевме за тоа.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
На 28. 12. 2015 пратениците од власта во Собранието ги одбија законите ние да се спасиме. Тие тогаш тврдеа дека исклучените добивале топлина и затоа требале да платат. Уште тврдеа дека исклуените секаде плаќале
Тие тогаш лажеа - ниту исклучените добиваат топлина - ниту пак некаде плаќаат.
Погледајте напис како е тоа решено во САД:

http://definitions.uslegal.com/u/unsolicited-goods /

Што се не(по)барани/ ненарачани производи или услуги според американското право?
"..Тоа се производи или услуги пратени на некој, кој тоа не го побарал. Праќањето на производи или вршењето на услуги самото по себе не претставува кршење на Законот. Меѓутоа, барањето да се плати за тие производи. односно услуги е кривично дело. Примателите ("потрошувачите" во смисла на овој Закон), можат да ги задржат и користат, односно располагаат со таквите производи и услуги по своја желба. Немаат никаква обврска да ги чуваат или вратат.
Кога не(по)бараните и ненарачани производи или услуги се даваат на некого, тој/таа има право да ги прифати производите или услугите КАКО ПОДАРОК, и НЕ Е ОБВРЗАН-А да ги врати.Производите или услугите се сметаат за нарачани САМО во случај кога примателот јасно и ЕКСПЛИЦИТНО ги побарал.
Според Законот за заштита на потрошувачите, барањето да се плати за не(по)барани/ ненарачани производи или услуги претставува нечесен и измамнички чин и постапување во пласирањето и прометот на производи и услуги"

@Sase_Ohrid
Ме интересира твоето мислење околу ова
Потполно се согласувам со тебе по ова прашање, дотолку повеќе што сметам дека топлификација (или како и да се вика сега) треба да бара дозвола или да плаќа надоместок за нивната инсталација (цевки) да минува низ станот на оној кој не сака да ги користи нивните услуги бидејќи на тој начин сопственикот на станот им овозможува низ својата недвижност да минува нивната инсталација до другите корисници и на тој начин да остваруваат профит. Ако не сакаат да плаќаат тие надоместок тогаш може да најдат друг начин за дотава на топлинската енергија до крајните корисници (лично сметам дека треба да плаќаат надоместок за минувањето на цевките низ станот на сопственикот кој не ги користи нивните услуги, не гледам причини зошто да бидам во обврска да им овозможам да остваруваат огромни профити користејќи туѓ имот, а на сопственикот на станот не само што му го нагрдуваат просторот туку на некој начин и му го намалуваат внатрешниот простор). Покрај цитираниот Закон за заштита на потрошувачите и Законот за облигационите односи има одредби кои би требало да ги штити граќаните од плаќање на услуга која не ја добиваат, а има и одредби за еквивалентност помеѓу правата и обврските на субјектите....
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.830
Поени од реакции
15.759

е па грешка си, никаде во светот нема таква работа во колективни станбени згради: утре некој ќе бара и од водовод и канализација надомест... има клаузула кога купуваш стан во колективна зграда околу овие работи... едино што би имало резон е да се измери барем топлината што се трожи од заедничките цевки во ходниците и само таа да се подели на сите, исто како што сите плаќаат лифт и светло во ходникот..
 
Можда сум грешка, тоа е мое мислење. А што се однесува за тоа дека имало клаузула во договорот за купопродажба на стан, само да напоменам дека сепак се работи за ДОГОВОР, во кој странките слободно својата волја додаваат или бришат одредени клаузули. Прочитај во ЗОО кои се битни елементи кои договорот за купопродажба мора да ги содржи.
Исто и ти си во грешка кога правиш такви споредби - давачки за лифт и светло низ ходници. Тука се работи за заеднички простории на сите станари, па затоа се и должни сите заднички да плаќаат за нивно одржување. Кога се работи за еден стан тогаш немаат сите станари од зградата заедничка сопственост на тој стан, па така ходниците од секој посебен стан се исклучива сопственост на титуларот на правото на сопственост на односниот стан. Законот не прави разлика во однос на сопственоста на еден стан за тоа дали се работи за ходник или пак кујна или купатило, па сите да плаќаат за топлината низ ходниците на посебните станови. Не држи таквата аналогија. Впрочем, ако веќе сметаш дека треба да се плаќа за топлината од цевките која зрачи од ходникот на станот, бесмислено би било да не плаќаш за топлината од цевките во дневната или спалната соба на истиот тој стан.
 
не го прочита или технички не го разбра мојот пост а одговараш, а дежурниот папагал одма да трола. Пишувам за ХОДНИК на зградата, не на станот. Во ходникот на зградата на синот проваѓаат 3 вертикали по 2 цевки, т.е. 6 цевки од по 2инча кој го загреваат ЗАЕДНИЧКИОТ Ходник. Пред да имаат парно беа луѓето во становите на инвертори и ел.грејни тела ама заедничкиот ходник беше грч ладен, а во становите од страната спрема заедничкиот ходник температурата на ѕидот беше 8 степени и многу станови имаа кондензација. Сега е сосем друго, становите се многу потопли. А и тие што не живеат стално тука ( не се од Скопје) не плаќаат некоја голема сума , имам во старите постови. Додека немаше парно имавме идеи да постевуваме стиропор на ѕидот во Ходникот на зградата ( ама треба и согласност од сите станари а и парапетот од мермер требаше да се растура). А имаше станови што имаа кондензација спрема ѕид од Лифтот, каде не е можно да се вградува стиропор. Со греење на Заедничкиот ходни се тоа се реши.
А ајде одговори како правник, ако треба некој некому да плаќа кирија за вертикали од греење ( во новите згради и нема таква работа, хоризонтален развод е по становите) тогаш по таа логика некој што е исклучен од водовод треба да бара кирија за водоводни и канализациони вертикали !!
А имам видено ново згради каде и водоводот е по становите со хоризонтален развод ( водомерите се во заедничкиот ходник), ама канализацијата не е можно да биде без вертикали по станови.
Целата ова работа со исклучените е крајно исполитизирана од опозицијата, ама и да дојдат тие на власт нема да је решат затоа што има светски вообичаени стандарди. Дури во многу градови од ехЈу ти кажува нема исклучување од централно, ако не сакаш продади го станот и оди живеј во куќа...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Ireal
Директоре ... директоре...
Исклучените никаде не плаќаат освен кај скопска Топлификација сега преименувана во БЕГ
Тоа е оргинална идеја од 1982 на еден „ визионер “ инаку хохштаплер од Топлификација. Тоа е негово „ животно дело “
А ти „ продај си го станот и оди живеј во куќа “
 
Kajgana Shop

На врв Bottom