Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.738
Претпоставувам дека доколку станарите кои се исклучени воопшто не би се грееле, сметките на поврзаните би биле уште поголеми.
Иреал, Ѓорѓи, колку и да ве има, разбирате ли дека овој народ не е во можност да плаќа недоволно добро и економично греење, радиодифузна такса, парите да ги дава во ветер? Ако сум јас задоволен од квалитетот на греењето и ако ми е тоа најповолна опција, зошто би го откажувал? Не гледам ништо лошо незадоволните од некоја услуга да пробаат да ја откажат
Што има врска радиодифузна такса со темата ??? Ајде дали има БИЛО КАДЕ во регионот и светот да може во колективна зграда да се исклучиш од централно а ништо да не плаќаш ???
А да се потсетите на граѓаните од кулата на уч.Вл.Комаров а кој 100% се исклучија и сега имаат проблеми со електрична инсталација. Да не зборувам за загадувањето од ложење со дрва.
А не се работи само за незадиволство од цената на централното греење, најчест е случајот на луѓе што не сакаат да грејат цел стан или не живеат во станот !!!
Патем, да го спомнам примерот со една станбена зграда во соседство. Поради неплаќање заедничка струја останаа без лифт. Испадна дека плаќале луѓе од приземје а не плаќале од 6-ти спрат, демек не им требало..
И не е само греењето, има кај нас проблеми во заедничките станбени згради од многу аспекти, дури наидуваат најтешките, зградите треба да се одржуваат.
А можно е да дојде и крах на централните системи на греење, кога ќе дојдат масовни дефекти на старите инсталации, како во становите така и во разводот по зградите...
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Владеачкото мнозинство во Собранието гласаше исклучените и понатаму да плаќаат. На оваа вест веднаш реагираше Берзата, Цената на акциите на Топлификација почна да расте
http://www.mse.mk/mk/symbol/TPLF
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.710
Поени од реакции
6.855
[DOUBLEPOST=1449045098][/DOUBLEPOST]

Кога прашуваш за регионот и светот, споредба можеби би можела да се прави доколку цената по м2 годишно насекаде би била иста или барем процентот од месечната плата кој треба да се издвои за греење.
Мое право е да побарам да ја откажам услугата ако не сум задоволен, затоа ја спомнав и радиодифузната такса. Не значи дека ќе ми биде прифатено, ама секако ќе пробам.
А да те прашам, што имаат лифтовите врска со темата???
 
Зарем ТПЛФ уште не ги наплати долговите од граѓаните ?? Овој скок нема врска со тоа, туку со разни шпекулации околу гасот во РМ, а кој ги прават тие што имаат акции од ТПЛФ
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.710
Поени од реакции
6.855
Не знам за берзата, ама Топлификација сеуште не ги наплати долговите од граѓаните бидејќи, нели, не застаруваат. Ама, тоа е за друга тема...
 
Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
Оваа тема веќе подолго време се апсолвира, ама некои поединци никако да ја соџвакаат! Зар не гледате дека станува збор за едно големо криминално сценарио?! Сфатете веќе еднаш дека нема бегови и топли браќа како два спротивставени табори. И кај едните и кај другите - арамиите се истите! Сите прдат во иста тиква. Само се пресоблекле во различни дресови и божем се некакви си различни тимови. И едните и другите шутираат на ист гол (читај: ГРАЃАНИТЕ!). А оној со свирчето в уста (читај - судиите во судницата) демек се грижат за регуларноста на "натпреварот"! Ветар и магла. Најголеми стрелци во мрежата на граѓаните се токму СУДИИТЕ! За овие судии нема почеток и крај на мечот; нема офсајд; нема фаул во напад; нема фудбалски (парногрејачки) правила! Правилата се едни и единствени: да досудат што е можно повеќе пенали, т.е. - ДА СЕ ИСЦЕДИ СИРОМАВИОТ ГРАЃАНИН!

Нотарите се грижат да го "подготват" теренот и притоа дебело се омрсуваат. Какви нотарски насоки, правила и закони? Со остри ѓонови ги кршат - ниско по земја! Регулаторна комисија за енергетика - заслужни мајстори на спортот! ОООпппппсссссссссс! Собир на нестручни лица за енергетиката, ама махери за ујдурми. Што можете да очекувате од нив кога плата примаат токму од арамиите! За оние кои не знаат - РКЕ не прима плата од буџетот на државата! Доколку сакаа да го уредат ова прашање, многу едноставно ќе ги разрешеа сите дилеми - неопходно беше да се изготви стручна експертиза од со закон овластена институција, па врз основа на тоа да се запише во законот за енергетика дека таа одредба е потврдена од тие и тие експерти - не од нив дилетанти за термодинамика. Ама зошто не го сторија тоа? Затоа што нема да најдеш вистински експерт кој ќе си го извалка целото свое научно и професионално ниво, т.е. ќе го исклоцаат останатите вистински експерти од научните кругови. Наспроти тоа, ние овде читаме глупости, демек, на овој форум се присутни најголемите експерти за парното греење. Дајте престанете да бидете поголеми католици од папата!

Се мислам нешто, а бре не чув досега некој нотар ама и адвокат (за судии да не зборувам) ОДБИЛ да донесе вакво нотарско решение, или да одбие да ги застапува на суд нашите сатрапи. Раководејќи се од нивната професионална чест и етика, не прифаќајќи дека учествува во осудителни пресуди против недолжните граѓани! Нивните комори или други еснафски здруженија молчат како СОМОВИ, пардон, како риби! Како да имаат пуцвал во устата! Добро е што иако во мал број, сепак, некои судии остануваат независни во своето убедување и почнаа да судат по Устав и закон. Е, на тие чесни исклучоци треба да им се честита! Не им е лесно, ама нека издржат. Трпат страшни притисоци, но и последици.

А најслатко се смеат извршителите. Како им легна работава - Како кец на банка! На готово ќе добијат пресуди (без да се испотат) и кога ќе ни забиберат по 10000-20000 денари, да подмочнеш од среќа.

Богами, ниту државата не поминува лошо. И нотарите, и адвокатите и извршителите многу одамна се ДДВ обврзници. Тоа значи дека осудените граѓани од овој криминален проект се должни за својот дебакл да и плаќаат на државата уште дополнителни 18% ДДВ, за "услугите" што ни ги овозможува таа држава да имаме чесно и достоинствено судење од оние одбраните, кои многу срамно се кријат зад онаа (во овој случај) срамна флоскула ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ ... Во името на оние на кои им судат. Будалаштина!

И не само тоа!? Што е со оние 33% ангажирана моќност кои ни ги напикаа во цената на електричната енергија? Наместо да се солидаризираме и да се здружиме заедно во таа борба за исфрлање на 33% од цената на струјата - ние очи си вадиме и си докажуваме колку сме "големи парно-експерти"!?

Да се потсетиме - Додека кучињата лајат, карванот си врви! А дали е товарен со пареа, топла вода, 33% или што и да е друго - цехот на крајот го плаќаме ние! Пардон - и ВИЕ![DOUBLEPOST=1449108559][/DOUBLEPOST]Оваа тема веќе подолго време се апсолвира, ама некои поединци никако да ја соџвакаат! Зар не гледате дека станува збор за едно големо криминално сценарио?! Сфатете веќе еднаш дека нема бегови и топли браќа како два спротивставени табори. И кај едните и кај другите - арамиите се истите! Сите прдат во иста тиква. Само се пресоблекле во различни дресови и божем се некакви си различни тимови. И едните и другите шутираат на ист гол (читај: ГРАЃАНИТЕ!). А оној со свирчето в уста (читај - судиите во судницата) демек се грижат за регуларноста на "натпреварот"! Ветар и магла. Најголеми стрелци во мрежата на граѓаните се токму СУДИИТЕ! За овие судии нема почеток и крај на мечот; нема офсајд; нема фаул во напад; нема фудбалски (парногрејачки) правила! Правилата се едни и единствени: да досудат што е можно повеќе пенали, т.е. - ДА СЕ ИСЦЕДИ СИРОМАВИОТ ГРАЃАНИН!

Нотарите се грижат да го "подготват" теренот и притоа дебело се омрсуваат. Какви нотарски насоки, правила и закони? Со остри ѓонови ги кршат - ниско по земја! Регулаторна комисија за енергетика - заслужни мајстори на спортот! ОООпппппсссссссссс! Собир на нестручни лица за енергетиката, ама махери за ујдурми. Што можете да очекувате од нив кога плата примаат токму од арамиите! За оние кои не знаат - РКЕ не прима плата од буџетот на државата! Доколку сакаа да го уредат ова прашање, многу едноставно ќе ги разрешеа сите дилеми - неопходно беше да се изготви стручна експертиза од со закон овластена институција, па врз основа на тоа да се запише во законот за енергетика дека таа одредба е потврдена од тие и тие експерти - не од нив дилетанти за термодинамика. Ама зошто не го сторија тоа? Затоа што нема да најдеш вистински експерт кој ќе си го извалка целото свое научно и професионално ниво, т.е. ќе го исклоцаат останатите вистински експерти од научните кругови. Наспроти тоа, ние овде читаме глупости, демек, на овој форум се присутни најголемите експерти за парното греење. Дајте престанете да бидете поголеми католици од папата!

Се мислам нешто, а бре не чув досега некој нотар ама и адвокат (за судии да не зборувам) ОДБИЛ да донесе вакво нотарско решение, или да одбие да ги застапува на суд нашите сатрапи. Раководејќи се од нивната професионална чест и етика, не прифаќајќи дека учествува во осудителни пресуди против недолжните граѓани! Нивните комори или други еснафски здруженија молчат како СОМОВИ, пардон, како риби! Како да имаат пуцвал во устата! Добро е што иако во мал број, сепак, некои судии остануваат независни во своето убедување и почнаа да судат по Устав и закон. Е, на тие чесни исклучоци треба да им се честита! Не им е лесно, ама нека издржат. Трпат страшни притисоци, но и последици.

А најслатко се смеат извршителите. Како им легна работава - Како кец на банка! На готово ќе добијат пресуди (без да се испотат) и кога ќе ни забиберат по 10000-20000 денари, да подмочнеш од среќа.

Богами, ниту државата не поминува лошо. И нотарите, и адвокатите и извршителите многу одамна се ДДВ обврзници. Тоа значи дека осудените граѓани од овој криминален проект се должни за својот дебакл да и плаќаат на државата уште дополнителни 18% ДДВ, за "услугите" што ни ги овозможува таа држава да имаме чесно и достоинствено судење од оние одбраните, кои многу срамно се кријат зад онаа (во овој случај) срамна флоскула ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ ... Во името на оние на кои им судат. Будалаштина!

И не само тоа!? Што е со оние 33% ангажирана моќност кои ни ги напикаа во цената на електричната енергија? Наместо да се солидаризираме и да се здружиме заедно во таа борба за исфрлање на 33% од цената на струјата - ние очи си вадиме и си докажуваме колку сме "големи парно-експерти"!?

Да се потсетиме - Додека кучињата лајат, карванот си врви! А дали е товарен со пареа, топла вода, 33% или што и да е друго - цехот на крајот го плаќаме ние! Пардон - и ВИЕ!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.738
[DOUBLEPOST=1449045098][/DOUBLEPOST]
Кога прашуваш за регионот и светот, споредба можеби би можела да се прави доколку цената по м2 годишно насекаде би била иста или барем процентот од месечната плата кој треба да се издвои за греење.
Мое право е да побарам да ја откажам услугата ако не сум задоволен, затоа ја спомнав и радиодифузната такса. Не значи дека ќе ми биде прифатено, ама секако ќе пробам.
А да те прашам, што имаат лифтовите врска со темата???
1. Имаше исто по м2 во цело Скопје, но се укина пред10-15 години, јас им ја дадов идејата, т.е. во секоја подстаница има калориметар, а главниот мотив на Топлификација беше да ги избегне приговорите на граѓаните околу различна јачина на греење. Со поединечната наплата по зграда може станарите да побараат повисока температура ( и нормално повеќе ќе плаќаат) ... тоа што замислуваш да го врзеш трошокот на греење во зависност од ПЛАТА не може ни кај Фидел Кастро веќе
2. Лифтовите ги спомнав бидејќи во договорите за купување стан пишува дека со купување на стан ги прифаќаш сите обврски во колективната зграда.. а тука е и колективното греење и колективните лифтови, чистачка на заеднички простории, одржување.....
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272

По однос на точка два, неколку пати сум рекол дека реално е потребно секој исклучен да плаќа паушал меѓутоа сегашната сума делува далеку превисока.
 
1. Ако веќе сакаме да ја танчиме работава се согласувам со тебе - да се плаќа според потрошеното. Но не сите трошиме подеднакво, па единствено коректно решение е во секој стан, дури и на секоја вертикала каде е таков системот, да има КАЛОРИМЕТАР! Арно ама, пред 10-15 години кога имаше таква иницијатива Топлификација излезе со понуда да се инсталираат калориметри во становите, по цена од некаде 600 германски марки од парче а овој трошок да го платат потрошувачите!? Ај за оние со 1 калориметар е ОК, но оние со 5 или повеќе парчиња ќе требаше да платат и по 3 или повеќе илјади марки. И таа иницијатива падна во вода. Се согласувам дека трошокот не може да се врзува со висината на платата или пензијата. За оние социјално загрозените постојат законски олеснувања. Најважно од се е да имаме сигурно, квалитетно, непрекинато 24 часа снабдување и цената да биде коректна, т.е. реална. Овие нешта засега можеме само да ги сонуваме, зашто арамииве се НЕНАСИТНИ!

2. Овде не се согласувам. Зошто? Па, ако греењето можеме да го измериме со калориметри - возењето со лифтот а со тоа и потрошувачката за него (сервисирање, потрошена струја и сл.) не можеме да ја распределиме идеално - ниту по стан ниту по број на луѓе во становите. Токму затоа греењето е содржано во Законот за енергетика, а овие други работи за кои пишуваш во други закони - Закон за домување, Закон за сопственост и други стварни права итн ...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.997
Владеачкото мнозинство во Собранието гласаше исклучените и понатаму да плаќаат. На оваа вест веднаш реагираше Берзата. Цената на акциите на Топлификација (чиј што мнозински сопственик е Фамилијата, која го контролира владеачкото мнозинство), почна да расте
http://www.mse.mk/mk/symbol/TPLF
there
fixed

Инаку овој мој пост од темата за загаден воздух, може комотно и овде да стои:

Огромен процент од овие PM честици ги добиваме од греењето на дрва, а заедно со нив и други далеку пострашни супстанции. Но, свеста на сиромашниот е насочена кон катадневно преживување, а не кон еколошки идеали.
Идеално би било, за Скопје, сите да се грееме на парно. Но, откога БЕГ ги направи условите за греење идиотски, многумина немаа друг избор. Па така имаме цели населби, во кои беше проектот за вклучување на парно во полн ефект, а кои тоа го стопираа. Едноставно, зградите до кои стигнаа цевките, а кои со децении ги чекаа тие цевки, се откажаа. Не се будали, а и да се, пак немаат сите пари да ги исполнуваат каприците на Фамилијата, која поседува поголем дел од БЕГ, а која фирма е феноменално заштитена од самите свои сопственици, кои управуваат со судската и извршната власт.
Некој би рекол, абе пичка му мајчина, цела држава се ваши фирми више, се нафатиравте за три поколенија, кур ве боли. Дајте напрајте го парново разумно, да се греат повеќе, да има се помалку што ќе горат, да не испоумре народов од белодробни болести. Они - НЕ, ако може секој ебан дени ќе го цедат, ги боли уво за кинеските нивоа на загадување, битно е и последниот дени да им го земат на сите на кои тоа можат да им го направат.
Дрвата ги испосекоа, вехабии донесоа. После ова коа ќе биде Афганистан, они ќе си клизнат таму на Мартиник или кај и да го трупаат азното по Карибите, а тука ќе нѐ остаат со АлКаеда и нивните ретардирани полтрони, кои денес ги глеаме како лаат небулози овде.

Глеам пред некој ден на СиЕнЕн сајтот репортажа за некој кинески град кај што, ужаснатиот новинар пишува, концентрацијата на ПиЕм 2.5 да ти била и до четири пути над дозволената. Невероватно, нели? Ги жалам Кинезиве.[
 
Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
По однос на точка два, неколку пати сум рекол дека реално е потребно секој исклучен да плаќа паушал меѓутоа сегашната сума делува далеку превисока.

Не ти го одземам правото на сопствено мислење - напротив, го почитувам. Но, мое право е и да не го прифатам твоето. Ниту пак ти моето. Дали е правилно или не, неопходно е да го утврди СТРУЧНО, ОВЛАСТЕНО и НЕЗАВИСНО правно лице, т.е. НАУЧНО ДА ГО ПОТКРЕПИ својот наод!!!!! Ова го пишав во вчерашниот пост. Галиба не си го прочитал. Не ние да се глодаме меѓусебно, не криминалците од било какво тело, туку дај им го тоа на вистинските ЕКСПЕРТИ! Ако тоа беше така биди сигурен дека ќе си плаќав БЕСПОГОВОРНО! Ама да им плаќам на безочниве арамии кои ја плаќаат РКЕ (т.е. ја подмитуваат, ако сакаш), всушност се сведува на онаа народната, дека - Пола пије, пола Шарцу даје ...
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.710
Поени од реакции
6.855
1. Имаше исто по м2 во цело Скопје, но се укина пред10-15 години, јас им ја дадов идејата, т.е. во секоја подстаница има калориметар, а главниот мотив на Топлификација беше да ги избегне приговорите на граѓаните околу различна јачина на греење. Со поединечната наплата по зграда може станарите да побараат повисока температура ( и нормално повеќе ќе плаќаат) ... тоа што замислуваш да го врзеш трошокот на греење во зависност од ПЛАТА не може ни кај Фидел Кастро веќе
2. Лифтовите ги спомнав бидејќи во договорите за купување стан пишува дека со купување на стан ги прифаќаш сите обврски во колективната зграда.. а тука е и колективното греење и колективните лифтови, чистачка на заеднички простории, одржување.....
Ако прочиташ уште еднаш, ќе видиш дека не мислев на плаќање по м2, туку на споредба колку се плаќа по м2 во регионот или светот, или споредено со платите, во проценти, да речеме. Не мислев ни на Куба, најверојатно не мислеше ни ти кога праша дали БИЛО КАДЕ во регионот и светот може во колективна зграда да се исклучиш од централно а ништо да не плаќаш. Сакам да кажам дека, ако правиш споредба, треба да се вклучени сите параметри
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.738
1. Ако веќе сакаме да ја танчиме работава се согласувам со тебе - да се плаќа според потрошеното. Но не сите трошиме подеднакво, па единствено коректно решение е во секој стан, дури и на секоја вертикала каде е таков системот, да има КАЛОРИМЕТАР! Арно ама, пред 10-15 години кога имаше таква иницијатива Топлификација излезе со понуда да се инсталираат калориметри во становите, по цена од некаде 600 германски марки од парче а овој трошок да го платат потрошувачите!? Ај за оние со 1 калориметар е ОК, но оние со 5 или повеќе парчиња ќе требаше да платат и по 3 или повеќе илјади марки. И таа иницијатива падна во вода. Се согласувам дека трошокот не може да се врзува со висината на платата или пензијата. За оние социјално загрозените постојат законски олеснувања. Најважно од се е да имаме сигурно, квалитетно, непрекинато 24 часа снабдување и цената да биде коректна, т.е. реална. Овие нешта засега можеме само да ги сонуваме, зашто арамииве се НЕНАСИТНИ!

2. Овде не се согласувам. Зошто? Па, ако греењето можеме да го измериме со калориметри - возењето со лифтот а со тоа и потрошувачката за него (сервисирање, потрошена струја и сл.) не можеме да ја распределиме идеално - ниту по стан ниту по број на луѓе во становите. Токму затоа греењето е содржано во Законот за енергетика, а овие други работи за кои пишуваш во други закони - Закон за домување, Закон за сопственост и други стварни права итн ...
- Не е проблем цената на Калориметар, туку проблем е до министерството кое не сака да го организира тоа, потребна е правна методологија, овластени фирми за одржување и калибрирање. А тоа што го нудеше Топлификација беа РАСПРЕДЕЛИТЕЛИ, значи уреди кој ја делеа целокупната потрошена топлина очитана од калориметарот во потстаница на сите овие уреди поставени на грејните тела во зградата. Тука има доста проблеми, калибрирањето е компликувано и е проблем само ЕДЕН стан да се исклучи треба повторно сите распределители да се баждарат. Второ овие распределители не се ставаат на цевките на скалите туку само по грејни тела во становите.
Инаку , да потсетам, во населба Н.Лисиче постојат згради со ВГРАДЕНИ калориметри уште од времето на СФРЈ, но никогаш Топлификација не ги прифати.
И не само тоа, прашајте некој од населба Тафталиџе, како беше порано. Индивидуалните куќи имаа Калориметар, ама Топлификација имаше ОГРОМЕН ПАУШАЛ, т.е. и да е состојбата на Калориметарот 0
( да кажеме не си во куќата), се наплаќаше значителна сума, не само таа за одржување, туку доста голема сума. Не дозволуваа ниту да се исклучат индивидуалните куќи, изговорот беше многу е вложено во главните цевки... а всушност вложуваше државата, не Топлификација.
И кога го осудувате БЕГ, ај погледајте колку се плаќаше централно пред БЕГ, за времето на Топлификација. Исто така, прашајте колку чини гасот, тој е некогаш и поскап од мазутот. Сега има некое намалување благодарејќи на новата гасна централа.
Но не дека го оправдувам БЕГ и нестручноста на надлежните, а и квази експертите што се појавуваат на ТВ. Јасно е дека се потребни Калориметри, особени сега кога во многу станбени згради има голем % непродадени станови, а и станови во кој сопствениците не живеат постојано. Ако имаат калориметри тие во отсатност би ги поставиле вентилите да греат само минимално.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
По однос на точка два, неколку пати сум рекол дека реално е потребно секој исклучен да плаќа паушал меѓутоа сегашната сума делува далеку превисока.
А зошто секој исклучен треба да плаќа „ паушал “?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272

Kajgana Shop

На врв Bottom