TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 878
КАЖИ КАЖИ ЛИБЕ СТАНО
Кажи , кажи либе Стано,
Што си замислена.
Дали руба немаш Стано,
Или пари немаш.
Се си имам , либе Димчо,
Само едно немам.
Јас си немам , либе Димчо,
Од срце порода.
Јас ќе одам , либе Димчо,
Во Солуна града.
Ќе ти купам , либе Стано,
Дете позлатено.
Ај , што ќе ми е , либе Димчо,
Дете позлатено.
Кога нема , да ми каже,
Од срцето мајчице.
КОЈ ШТО МЕ ЧУЕ ДА ПЕАМ
Кој што ме чуе да пеам,
Тој мисли тага јас немам.
Јазе си пеам , веселам-
Тагите да заборавам.
Оздола иде либето,
Со двајца верни другари.
Либето беше трендафил,
Другарите беа гранчиња.
Либе ми вели , говори,
Дојди ми либе до вечер.
Дојди ми либе до вечер,
Јас ќе те чекам под пенџер.
Дојди ми либе до вечер,
Јас ќе те чекам под пенџер.
Не можам либе да дојдам,
Јас си заљубив друго либе.
ЛЕНКА ПИШИ БЕЛА КНИГА
Ленка пиши бела книга,
Бела книга , бела книга , црно писмо.
Ќе го праќа во Стамбола,
Во Стамбола , во Стамбола ,кај брата и.
Ој , ти Спире , мили брате,
Како знаеш , како знаеш , дома да дојдиш.
Ти е болна невестата,
Невестата , невестата Анѓелина.
Јавна Спире брза коња,
Брза коња , брза коња-ал дорија.
Да ја види невестата,
Невестата , невестата Анѓелина.
ЛУЛЕЛА Е ЈАНА
Лулела е Јана
Булино детенце,
Ем го је лулела,
Ем го луто клела.
"Да ми даде Господ
Булино детенце,
Денес да лулеам,
Утре да жалеам.
Што не можам д’ идам
На собор да бидам,
На собор да бидам,
С’ либе да се видам."
МАРИКА МОМА УБАВА
Марика мома убава,
Марика турски трендафил.
Девет години носена,
По ергенските џебови.
Прва година отидов,
Марика да ја побарам.
Мајка и рече , млада е,
Млада е наш’та Марика.
Втора година отидов,
Марика да ја побарам.
Мајка и рече , болна е,
Болна е наш’та Марика.
Трета година отидов,
Марика да ја побарам.
Мајка и рече , почина,
Почина наш’та Марика.
НЕ РАЃАЈ МАЈКО ЛИЧНА МАКЕДОНИЈО
Не раѓај мајко , лична Македонијо,
Не раѓај ќерки убави.
Твоите ќерки , мајко Македонијо,
Тиран ти граба на сила.
Ти раѓај само , мајко Македонијо,
Ти раѓај само синови.
Знаме да развеат по Македонија,
Народ да зберат-поробен.
Твоите синој , по горја , планини,
Крв си пролеват за тебе.
Момите лични , убави-прикажани,
Венат си млади аргатки.
НЕЛИ ТИ РЕКОВ МОМЕ ДОНКЕ
Нели ти реков , моме Донке,
Нели ти думав,
Да не љубиш , моме Донке,
Битолските ергени.
Они те лажат , моме Донке,
Они те мамат,
Се за тија , моме Донке,
Тија пусти пари.
Битолските ергени , моме Донке,
Си се мајтапчии,
Ќе ти ветат , моме Донке,
Нема да те земат.
ОЖЕНИ МЕ МАМО ЖЕНЕТ ДА ОДАМ
Ожени ме мамо , женет да одам,
Пуста беќарштина , веќе не се трпи.
Ожени ме мамо за наш’то комшивче,
За наш’то комшивче , личното Мариче.
Кога низ двор шета , босо на налани,
Тенка снага крши-срцето ми гори.
Не те женам сине оваа година,
Оваа година-голема скапија.
ОГАН ГО ГОРИ БРЕЗОВО
Оган го гори Брезово-Македонијо,
Ордан со четата навлегол-Македонијо.
И на дружината говори-Македонијо,
Стан’вајте браќа не спијте-Македонијо,
Земајте бомби , куршуми.
Земајте бомби , куршуми-Македонијо,
Со душман ќе се бориме-Македонијо.
Згрмеа бомби , куршуми-Македонијо,
Одеднаш Ордан извика-Македонијо,
Го зазедовме Брезово.
ПЕТЛИТЕ ПЕАТ ЗОРАТА СЕ ЗОРИ
Петлите пеат , зората се зори,
Пуштај ме бела Митро да одам.
Нашите петли од вечер пеат.
Полежи , лудо младо , поспи си,
Пољуби бело лице Митрино.
Дрварите одат , денот ми се дени,
Пуштај ме бела Митро да одам.
Дрварите наши од вечер одат.
Полежи , лудо младо , поспи си,
Помрси руси коси Митрини.
БЕЛО ЛИЦЕ ЉУБАМ ЈАС
Бело лице љубам јас,
Бело лице љубам јас.
И да љубам и да гледам ,
Фајде нема , душо моја.
Шеќерна , шеќерна,
Ти калеша неверна.
Гајтан веѓи љубам јас,
Гајтан веѓи љубам јас.
И да љубам и да гледам,
Фајде нема , душо моја.
Шеќерна , шеќерна,
Ти калеша неверна.
Црни очи љубам јас,
Црни очи љубам јас.
И да љубам и да гледам,
Фајде нема , душо моја.
Шеќерна , шеќерна,
Ти калеша неверна.
Медено усте љубам јас,
Медено усте љубам јас.
И да љубам и да гледам,
Фајде нема , душо моја.
Шеќерна , шеќерна,
Ти калеша неверна.
КОГА ПАДНА НА ПИРИНА
Кога падна на Пирина,
Ранет Јане Сандански,
Долетаа три сокола
И на Јане збореа:
"Ајде Јане со нас појди,
Ние лек ќе најдеме.
Мајка Македонија,
За таков јунак лек ќе најди.
Први сокол ќе те носи
Долу кај Вардарот.
Втори сокол ќе те носи
Дур’ на Белото Море.
Трети сокол ќе те носи
Горе , в Пирин Планина.
Белким ти ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш."
"Ојте вие три соколи,
В срце луто сум ранет,
Остајте ме тук’ да умрам,
Лек не ме лекува.
Македонија други ќе роди,
Ќе је ослободат.
Мајка Македонија,
Други ќе роди , ќе ја ослободат."
БОЛЕН МИ ЛЕЖИ МИЛЕ ПОП-ОРДАНОВ
Болен ми лежи Миле Поп-орданов,
Над глава му стои стара му мајка,
Жално го жали , милно го плаче.
Стани ми , стани , мое мило чедо,
Твоите другари по сокаци одат,
Жални песни пеат , тебе те спомен’ват.
Бог да го прости Миле Поп-Орданов,
Миле Поп-Орданов за народ загина,
За народ загина , за Македонија.
Неговите сестри в црно облечени,
Свадба ќе прават , брата ќе женат,
Брата ќе женат за Македонија.
Неговата мајка в црно облечена,
Свадба ќе прави , сина ќе жени,
Сина ќе жени за Македонија.
МНОГУ КРВЈА МНОГУ СОЛЗИ
Многу крвја , многу солзи,
Земја натопија,
Многу лисја гора смени,
Машка снага испи.
Но по таа борба тешка
Слобода ни блесна.
Во илјада деветсто и
Третата година,
Се создаде Република,
Во славно Крушево,
Македонска Република,
Прва на Балканот.
Претседател прв ми беше,
Тој Никола Карев,
Со македонските војводи,
Сите Илинденци.
Даме Груев , Питу Гули
И Јане Сандански.
За слобода загинаа,
Славните војводи,
На Македонците они,
Завет оставија,
Да се борат за слобода
За Македонија.
ПЕСНА ЗА КАРАЏАТА
Борба се бие по ливадишта,
планини пеат за Караџата.
Запеј ми, запеј Кожув планино
старата песна за Караџата.
Ја кажи, кажи, а бре Караџа,
до каде је Македонија?
Ето таму горе, Кумановско поле
Охрид, Битола, дур' до Пирина.
Шчици се бичат, спици се прават,
на Македонци во нокти клават,
в' огинот гори, железо се топи,
на Македонци под мишки клават.
Ја кажи, кажи, а бре Караџа,
до каде е Македонија?
Ето таму долу, Прилеп, Кавадарци
Неготино, Дојран, дур' до Солуна.
Ај нека знаје цела Европа,
до каде е Македонија:
ето тамо горе, Тетовско поле,
Гостивар, Струга, дур' до Кичево.
Има ли уште кој да не знае
каде е Македонската земја?
ОБЛАК СЕ ВИЕ ОРЛИТЕ ПИШТАТ
Облак се вие , орлите пиштат,
Балканот ја пее грозната песна,
Дали врни , грми ил се земја тресе,
Или се борја од корен корнат?
Ниту врни , грми , нит’ се земја тресе,
Ниту се борја од корен корнат.
Буки се сечат , спици се прават,
На Македонците под нокти редат.
Фурни се горат , железа се топат,
На Македонци-усти затворат.
Дали има уште , кој да не знае,
До каде е наш’та Македонија?
Има ли уште , кој да не знае,
До каде е наш’та Македонија?
Штип , Куманово , Струмица и Струга,
Ѓевѓелиско поле , дур’ до Солуна,
Таму живеат само Македонци,
Само Македонци-славни јунаци.
АБЕР МИ ИДИ МОГИЛА
Абер ми иди-Могила,
Низ поле Пелагонија,
Право ми оди-Битола,
Битола-кај валијата.
Валијо бре Селим-ефенди,
Могила ми е полна комити,
Таму е Димче Могилче.
Налутил се Селим-ефенди,
Собрал ми аскер најсилен,
Низ прстен јајце да боде.
Ај , од тука Димче Могилче,
Ај , од тука куче каурско,
Жената ќе ти ја украдам,
Во сарај ќе ја однесам.
Ај , од тука Селим-ефенди,
Ај , од тука куче касапско,
Кожата ќе ти ја одерам,
На плевина ќе ја обесам.
ЈАС МЕТОДИ ПАТЧЕ
Јас Методи Патче од Охрида
ослободен од битолски затвор.
Па си тргнав за Охрида града,
там' не најдов ни мајка, ни татко.
Там' си најдов верната бисерка,
верната бисерка, малихерка.
Па си тргнав за Прилепа града,
за Прилепа, село Кадиново.
Там' си најдов верната дружина,
верната дружина, договорна.
Слово држи Методија Патчев:
напред браќа, борба да водиме.
Се зададе силната потера,
силната потера, кавалерија.
Поарџија сите си куршуми,
оставија само еден куршум.
Слово држи Методија Патче:
ајде браќа да се убиеме.
Навртија пушки во градите.
Прв се уби Методија Патче,
а по него целата дружина.
ПЛАНИНО ПИРИН ПЛАНИНО
Планино, Пирин Планино
многу си Пирин убава. [х2]
Еј, еј, еј, еј, еј, еј,
многу си Пирин убава. [х2]
По твоите треви зелени
пасат ми магли овчички. [х2]
Еј, еј, еј, еј, еј, еј,
пасат ми магли овчички. [х2]
Под твојте сенки дебели
јунаци потсклон наоѓаат. [х2]
Еј, еј, ej, еј, еј, еј,
јунаци потсклон наоѓаат. [х2]
На сека гранка берданка,
до сека вода, војвода [х2]
Еј, еј, ej, еј, еј, еј,
до сека вода војвода. [х2]
Кажи , кажи либе Стано,
Што си замислена.
Дали руба немаш Стано,
Или пари немаш.
Се си имам , либе Димчо,
Само едно немам.
Јас си немам , либе Димчо,
Од срце порода.
Јас ќе одам , либе Димчо,
Во Солуна града.
Ќе ти купам , либе Стано,
Дете позлатено.
Ај , што ќе ми е , либе Димчо,
Дете позлатено.
Кога нема , да ми каже,
Од срцето мајчице.
КОЈ ШТО МЕ ЧУЕ ДА ПЕАМ
Кој што ме чуе да пеам,
Тој мисли тага јас немам.
Јазе си пеам , веселам-
Тагите да заборавам.
Оздола иде либето,
Со двајца верни другари.
Либето беше трендафил,
Другарите беа гранчиња.
Либе ми вели , говори,
Дојди ми либе до вечер.
Дојди ми либе до вечер,
Јас ќе те чекам под пенџер.
Дојди ми либе до вечер,
Јас ќе те чекам под пенџер.
Не можам либе да дојдам,
Јас си заљубив друго либе.
ЛЕНКА ПИШИ БЕЛА КНИГА
Ленка пиши бела книга,
Бела книга , бела книга , црно писмо.
Ќе го праќа во Стамбола,
Во Стамбола , во Стамбола ,кај брата и.
Ој , ти Спире , мили брате,
Како знаеш , како знаеш , дома да дојдиш.
Ти е болна невестата,
Невестата , невестата Анѓелина.
Јавна Спире брза коња,
Брза коња , брза коња-ал дорија.
Да ја види невестата,
Невестата , невестата Анѓелина.
ЛУЛЕЛА Е ЈАНА
Лулела е Јана
Булино детенце,
Ем го је лулела,
Ем го луто клела.
"Да ми даде Господ
Булино детенце,
Денес да лулеам,
Утре да жалеам.
Што не можам д’ идам
На собор да бидам,
На собор да бидам,
С’ либе да се видам."
МАРИКА МОМА УБАВА
Марика мома убава,
Марика турски трендафил.
Девет години носена,
По ергенските џебови.
Прва година отидов,
Марика да ја побарам.
Мајка и рече , млада е,
Млада е наш’та Марика.
Втора година отидов,
Марика да ја побарам.
Мајка и рече , болна е,
Болна е наш’та Марика.
Трета година отидов,
Марика да ја побарам.
Мајка и рече , почина,
Почина наш’та Марика.
НЕ РАЃАЈ МАЈКО ЛИЧНА МАКЕДОНИЈО
Не раѓај мајко , лична Македонијо,
Не раѓај ќерки убави.
Твоите ќерки , мајко Македонијо,
Тиран ти граба на сила.
Ти раѓај само , мајко Македонијо,
Ти раѓај само синови.
Знаме да развеат по Македонија,
Народ да зберат-поробен.
Твоите синој , по горја , планини,
Крв си пролеват за тебе.
Момите лични , убави-прикажани,
Венат си млади аргатки.
НЕЛИ ТИ РЕКОВ МОМЕ ДОНКЕ
Нели ти реков , моме Донке,
Нели ти думав,
Да не љубиш , моме Донке,
Битолските ергени.
Они те лажат , моме Донке,
Они те мамат,
Се за тија , моме Донке,
Тија пусти пари.
Битолските ергени , моме Донке,
Си се мајтапчии,
Ќе ти ветат , моме Донке,
Нема да те земат.
ОЖЕНИ МЕ МАМО ЖЕНЕТ ДА ОДАМ
Ожени ме мамо , женет да одам,
Пуста беќарштина , веќе не се трпи.
Ожени ме мамо за наш’то комшивче,
За наш’то комшивче , личното Мариче.
Кога низ двор шета , босо на налани,
Тенка снага крши-срцето ми гори.
Не те женам сине оваа година,
Оваа година-голема скапија.
ОГАН ГО ГОРИ БРЕЗОВО
Оган го гори Брезово-Македонијо,
Ордан со четата навлегол-Македонијо.
И на дружината говори-Македонијо,
Стан’вајте браќа не спијте-Македонијо,
Земајте бомби , куршуми.
Земајте бомби , куршуми-Македонијо,
Со душман ќе се бориме-Македонијо.
Згрмеа бомби , куршуми-Македонијо,
Одеднаш Ордан извика-Македонијо,
Го зазедовме Брезово.
ПЕТЛИТЕ ПЕАТ ЗОРАТА СЕ ЗОРИ
Петлите пеат , зората се зори,
Пуштај ме бела Митро да одам.
Нашите петли од вечер пеат.
Полежи , лудо младо , поспи си,
Пољуби бело лице Митрино.
Дрварите одат , денот ми се дени,
Пуштај ме бела Митро да одам.
Дрварите наши од вечер одат.
Полежи , лудо младо , поспи си,
Помрси руси коси Митрини.
БЕЛО ЛИЦЕ ЉУБАМ ЈАС
Бело лице љубам јас,
Бело лице љубам јас.
И да љубам и да гледам ,
Фајде нема , душо моја.
Шеќерна , шеќерна,
Ти калеша неверна.
Гајтан веѓи љубам јас,
Гајтан веѓи љубам јас.
И да љубам и да гледам,
Фајде нема , душо моја.
Шеќерна , шеќерна,
Ти калеша неверна.
Црни очи љубам јас,
Црни очи љубам јас.
И да љубам и да гледам,
Фајде нема , душо моја.
Шеќерна , шеќерна,
Ти калеша неверна.
Медено усте љубам јас,
Медено усте љубам јас.
И да љубам и да гледам,
Фајде нема , душо моја.
Шеќерна , шеќерна,
Ти калеша неверна.
КОГА ПАДНА НА ПИРИНА
Кога падна на Пирина,
Ранет Јане Сандански,
Долетаа три сокола
И на Јане збореа:
"Ајде Јане со нас појди,
Ние лек ќе најдеме.
Мајка Македонија,
За таков јунак лек ќе најди.
Први сокол ќе те носи
Долу кај Вардарот.
Втори сокол ќе те носи
Дур’ на Белото Море.
Трети сокол ќе те носи
Горе , в Пирин Планина.
Белким ти ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш."
"Ојте вие три соколи,
В срце луто сум ранет,
Остајте ме тук’ да умрам,
Лек не ме лекува.
Македонија други ќе роди,
Ќе је ослободат.
Мајка Македонија,
Други ќе роди , ќе ја ослободат."
БОЛЕН МИ ЛЕЖИ МИЛЕ ПОП-ОРДАНОВ
Болен ми лежи Миле Поп-орданов,
Над глава му стои стара му мајка,
Жално го жали , милно го плаче.
Стани ми , стани , мое мило чедо,
Твоите другари по сокаци одат,
Жални песни пеат , тебе те спомен’ват.
Бог да го прости Миле Поп-Орданов,
Миле Поп-Орданов за народ загина,
За народ загина , за Македонија.
Неговите сестри в црно облечени,
Свадба ќе прават , брата ќе женат,
Брата ќе женат за Македонија.
Неговата мајка в црно облечена,
Свадба ќе прави , сина ќе жени,
Сина ќе жени за Македонија.
МНОГУ КРВЈА МНОГУ СОЛЗИ
Многу крвја , многу солзи,
Земја натопија,
Многу лисја гора смени,
Машка снага испи.
Но по таа борба тешка
Слобода ни блесна.
Во илјада деветсто и
Третата година,
Се создаде Република,
Во славно Крушево,
Македонска Република,
Прва на Балканот.
Претседател прв ми беше,
Тој Никола Карев,
Со македонските војводи,
Сите Илинденци.
Даме Груев , Питу Гули
И Јане Сандански.
За слобода загинаа,
Славните војводи,
На Македонците они,
Завет оставија,
Да се борат за слобода
За Македонија.
ПЕСНА ЗА КАРАЏАТА
Борба се бие по ливадишта,
планини пеат за Караџата.
Запеј ми, запеј Кожув планино
старата песна за Караџата.
Ја кажи, кажи, а бре Караџа,
до каде је Македонија?
Ето таму горе, Кумановско поле
Охрид, Битола, дур' до Пирина.
Шчици се бичат, спици се прават,
на Македонци во нокти клават,
в' огинот гори, железо се топи,
на Македонци под мишки клават.
Ја кажи, кажи, а бре Караџа,
до каде е Македонија?
Ето таму долу, Прилеп, Кавадарци
Неготино, Дојран, дур' до Солуна.
Ај нека знаје цела Европа,
до каде е Македонија:
ето тамо горе, Тетовско поле,
Гостивар, Струга, дур' до Кичево.
Има ли уште кој да не знае
каде е Македонската земја?
ОБЛАК СЕ ВИЕ ОРЛИТЕ ПИШТАТ
Облак се вие , орлите пиштат,
Балканот ја пее грозната песна,
Дали врни , грми ил се земја тресе,
Или се борја од корен корнат?
Ниту врни , грми , нит’ се земја тресе,
Ниту се борја од корен корнат.
Буки се сечат , спици се прават,
На Македонците под нокти редат.
Фурни се горат , железа се топат,
На Македонци-усти затворат.
Дали има уште , кој да не знае,
До каде е наш’та Македонија?
Има ли уште , кој да не знае,
До каде е наш’та Македонија?
Штип , Куманово , Струмица и Струга,
Ѓевѓелиско поле , дур’ до Солуна,
Таму живеат само Македонци,
Само Македонци-славни јунаци.
АБЕР МИ ИДИ МОГИЛА
Абер ми иди-Могила,
Низ поле Пелагонија,
Право ми оди-Битола,
Битола-кај валијата.
Валијо бре Селим-ефенди,
Могила ми е полна комити,
Таму е Димче Могилче.
Налутил се Селим-ефенди,
Собрал ми аскер најсилен,
Низ прстен јајце да боде.
Ај , од тука Димче Могилче,
Ај , од тука куче каурско,
Жената ќе ти ја украдам,
Во сарај ќе ја однесам.
Ај , од тука Селим-ефенди,
Ај , од тука куче касапско,
Кожата ќе ти ја одерам,
На плевина ќе ја обесам.
ЈАС МЕТОДИ ПАТЧЕ
Јас Методи Патче од Охрида
ослободен од битолски затвор.
Па си тргнав за Охрида града,
там' не најдов ни мајка, ни татко.
Там' си најдов верната бисерка,
верната бисерка, малихерка.
Па си тргнав за Прилепа града,
за Прилепа, село Кадиново.
Там' си најдов верната дружина,
верната дружина, договорна.
Слово држи Методија Патчев:
напред браќа, борба да водиме.
Се зададе силната потера,
силната потера, кавалерија.
Поарџија сите си куршуми,
оставија само еден куршум.
Слово држи Методија Патче:
ајде браќа да се убиеме.
Навртија пушки во градите.
Прв се уби Методија Патче,
а по него целата дружина.
ПЛАНИНО ПИРИН ПЛАНИНО
Планино, Пирин Планино
многу си Пирин убава. [х2]
Еј, еј, еј, еј, еј, еј,
многу си Пирин убава. [х2]
По твоите треви зелени
пасат ми магли овчички. [х2]
Еј, еј, еј, еј, еј, еј,
пасат ми магли овчички. [х2]
Под твојте сенки дебели
јунаци потсклон наоѓаат. [х2]
Еј, еј, ej, еј, еј, еј,
јунаци потсклон наоѓаат. [х2]
На сека гранка берданка,
до сека вода, војвода [х2]
Еј, еј, ej, еј, еј, еј,
до сека вода војвода. [х2]