Стари Македонски песни (текстови)

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
КАЖИ КАЖИ ЛИБЕ СТАНО

Кажи , кажи либе Стано,
Што си замислена.
Дали руба немаш Стано,
Или пари немаш.

Се си имам , либе Димчо,
Само едно немам.
Јас си немам , либе Димчо,
Од срце порода.

Јас ќе одам , либе Димчо,
Во Солуна града.
Ќе ти купам , либе Стано,
Дете позлатено.

Ај , што ќе ми е , либе Димчо,
Дете позлатено.
Кога нема , да ми каже,
Од срцето мајчице.



КОЈ ШТО МЕ ЧУЕ ДА ПЕАМ

Кој што ме чуе да пеам,
Тој мисли тага јас немам.
Јазе си пеам , веселам-
Тагите да заборавам.

Оздола иде либето,
Со двајца верни другари.
Либето беше трендафил,
Другарите беа гранчиња.

Либе ми вели , говори,
Дојди ми либе до вечер.
Дојди ми либе до вечер,
Јас ќе те чекам под пенџер.

Дојди ми либе до вечер,
Јас ќе те чекам под пенџер.
Не можам либе да дојдам,
Јас си заљубив друго либе.



ЛЕНКА ПИШИ БЕЛА КНИГА


Ленка пиши бела книга,
Бела книга , бела книга , црно писмо.

Ќе го праќа во Стамбола,
Во Стамбола , во Стамбола ,кај брата и.

Ој , ти Спире , мили брате,
Како знаеш , како знаеш , дома да дојдиш.

Ти е болна невестата,
Невестата , невестата Анѓелина.

Јавна Спире брза коња,
Брза коња , брза коња-ал дорија.

Да ја види невестата,
Невестата , невестата Анѓелина.

ЛУЛЕЛА Е ЈАНА

Лулела е Јана
Булино детенце,
Ем го је лулела,
Ем го луто клела.

"Да ми даде Господ
Булино детенце,
Денес да лулеам,
Утре да жалеам.

Што не можам д’ идам
На собор да бидам,
На собор да бидам,
С’ либе да се видам."



МАРИКА МОМА УБАВА

Марика мома убава,
Марика турски трендафил.
Девет години носена,
По ергенските џебови.

Прва година отидов,
Марика да ја побарам.
Мајка и рече , млада е,
Млада е наш’та Марика.

Втора година отидов,
Марика да ја побарам.
Мајка и рече , болна е,
Болна е наш’та Марика.

Трета година отидов,
Марика да ја побарам.
Мајка и рече , почина,
Почина наш’та Марика.



НЕ РАЃАЈ МАЈКО ЛИЧНА МАКЕДОНИЈО

Не раѓај мајко , лична Македонијо,
Не раѓај ќерки убави.
Твоите ќерки , мајко Македонијо,
Тиран ти граба на сила.

Ти раѓај само , мајко Македонијо,
Ти раѓај само синови.
Знаме да развеат по Македонија,
Народ да зберат-поробен.

Твоите синој , по горја , планини,
Крв си пролеват за тебе.
Момите лични , убави-прикажани,
Венат си млади аргатки.



НЕЛИ ТИ РЕКОВ МОМЕ ДОНКЕ

Нели ти реков , моме Донке,
Нели ти думав,
Да не љубиш , моме Донке,
Битолските ергени.

Они те лажат , моме Донке,
Они те мамат,
Се за тија , моме Донке,
Тија пусти пари.

Битолските ергени , моме Донке,
Си се мајтапчии,
Ќе ти ветат , моме Донке,
Нема да те земат.

ОЖЕНИ МЕ МАМО ЖЕНЕТ ДА ОДАМ

Ожени ме мамо , женет да одам,
Пуста беќарштина , веќе не се трпи.

Ожени ме мамо за наш’то комшивче,
За наш’то комшивче , личното Мариче.

Кога низ двор шета , босо на налани,
Тенка снага крши-срцето ми гори.

Не те женам сине оваа година,
Оваа година-голема скапија.



ОГАН ГО ГОРИ БРЕЗОВО


Оган го гори Брезово-Македонијо,
Ордан со четата навлегол-Македонијо.

И на дружината говори-Македонијо,
Стан’вајте браќа не спијте-Македонијо,
Земајте бомби , куршуми.

Земајте бомби , куршуми-Македонијо,
Со душман ќе се бориме-Македонијо.

Згрмеа бомби , куршуми-Македонијо,
Одеднаш Ордан извика-Македонијо,
Го зазедовме Брезово.



ПЕТЛИТЕ ПЕАТ ЗОРАТА СЕ ЗОРИ

Петлите пеат , зората се зори,
Пуштај ме бела Митро да одам.

Нашите петли од вечер пеат.
Полежи , лудо младо , поспи си,
Пољуби бело лице Митрино.

Дрварите одат , денот ми се дени,
Пуштај ме бела Митро да одам.

Дрварите наши од вечер одат.
Полежи , лудо младо , поспи си,
Помрси руси коси Митрини.



БЕЛО ЛИЦЕ ЉУБАМ ЈАС

Бело лице љубам јас,
Бело лице љубам јас.
И да љубам и да гледам ,
Фајде нема , душо моја.
Шеќерна , шеќерна,
Ти калеша неверна.
Гајтан веѓи љубам јас,
Гајтан веѓи љубам јас.
И да љубам и да гледам,
Фајде нема , душо моја.
Шеќерна , шеќерна,
Ти калеша неверна.
Црни очи љубам јас,
Црни очи љубам јас.
И да љубам и да гледам,
Фајде нема , душо моја.
Шеќерна , шеќерна,
Ти калеша неверна.
Медено усте љубам јас,
Медено усте љубам јас.
И да љубам и да гледам,
Фајде нема , душо моја.
Шеќерна , шеќерна,
Ти калеша неверна.

КОГА ПАДНА НА ПИРИНА

Кога падна на Пирина,
Ранет Јане Сандански,
Долетаа три сокола
И на Јане збореа:
"Ајде Јане со нас појди,
Ние лек ќе најдеме.
Мајка Македонија,
За таков јунак лек ќе најди.

Први сокол ќе те носи
Долу кај Вардарот.
Втори сокол ќе те носи
Дур’ на Белото Море.
Трети сокол ќе те носи
Горе , в Пирин Планина.
Белким ти ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш."


"Ојте вие три соколи,
В срце луто сум ранет,
Остајте ме тук’ да умрам,
Лек не ме лекува.
Македонија други ќе роди,
Ќе је ослободат.
Мајка Македонија,
Други ќе роди , ќе ја ослободат."



БОЛЕН МИ ЛЕЖИ МИЛЕ ПОП-ОРДАНОВ


Болен ми лежи Миле Поп-орданов,
Над глава му стои стара му мајка,
Жално го жали , милно го плаче.
Стани ми , стани , мое мило чедо,
Твоите другари по сокаци одат,
Жални песни пеат , тебе те спомен’ват.
Бог да го прости Миле Поп-Орданов,
Миле Поп-Орданов за народ загина,
За народ загина , за Македонија.
Неговите сестри в црно облечени,
Свадба ќе прават , брата ќе женат,
Брата ќе женат за Македонија.
Неговата мајка в црно облечена,
Свадба ќе прави , сина ќе жени,
Сина ќе жени за Македонија.



МНОГУ КРВЈА МНОГУ СОЛЗИ

Многу крвја , многу солзи,
Земја натопија,
Многу лисја гора смени,
Машка снага испи.
Но по таа борба тешка
Слобода ни блесна.

Во илјада деветсто и
Третата година,
Се создаде Република,
Во славно Крушево,
Македонска Република,
Прва на Балканот.

Претседател прв ми беше,
Тој Никола Карев,
Со македонските војводи,
Сите Илинденци.
Даме Груев , Питу Гули
И Јане Сандански.

За слобода загинаа,
Славните војводи,
На Македонците они,
Завет оставија,
Да се борат за слобода
За Македонија.


ПЕСНА ЗА КАРАЏАТА

Борба се бие по ливадишта,
планини пеат за Караџата.
Запеј ми, запеј Кожув планино
старата песна за Караџата.

Ја кажи, кажи, а бре Караџа,
до каде је Македонија?
Ето таму горе, Кумановско поле
Охрид, Битола, дур' до Пирина.

Шчици се бичат, спици се прават,
на Македонци во нокти клават,
в' огинот гори, железо се топи,
на Македонци под мишки клават.

Ја кажи, кажи, а бре Караџа,
до каде е Македонија?
Ето таму долу, Прилеп, Кавадарци
Неготино, Дојран, дур' до Солуна.

Ај нека знаје цела Европа,
до каде е Македонија:
ето тамо горе, Тетовско поле,
Гостивар, Струга, дур' до Кичево.

Има ли уште кој да не знае
каде е Македонската земја?

ОБЛАК СЕ ВИЕ ОРЛИТЕ ПИШТАТ

Облак се вие , орлите пиштат,
Балканот ја пее грозната песна,
Дали врни , грми ил се земја тресе,
Или се борја од корен корнат?
Ниту врни , грми , нит’ се земја тресе,
Ниту се борја од корен корнат.

Буки се сечат , спици се прават,
На Македонците под нокти редат.
Фурни се горат , железа се топат,
На Македонци-усти затворат.

Дали има уште , кој да не знае,
До каде е наш’та Македонија?
Има ли уште , кој да не знае,
До каде е наш’та Македонија?

Штип , Куманово , Струмица и Струга,
Ѓевѓелиско поле , дур’ до Солуна,
Таму живеат само Македонци,
Само Македонци-славни јунаци.



АБЕР МИ ИДИ МОГИЛА


Абер ми иди-Могила,
Низ поле Пелагонија,
Право ми оди-Битола,
Битола-кај валијата.
Валијо бре Селим-ефенди,
Могила ми е полна комити,
Таму е Димче Могилче.
Налутил се Селим-ефенди,
Собрал ми аскер најсилен,
Низ прстен јајце да боде.
Ај , од тука Димче Могилче,
Ај , од тука куче каурско,
Жената ќе ти ја украдам,
Во сарај ќе ја однесам.
Ај , од тука Селим-ефенди,
Ај , од тука куче касапско,
Кожата ќе ти ја одерам,
На плевина ќе ја обесам.



ЈАС МЕТОДИ ПАТЧЕ

Јас Методи Патче од Охрида
ослободен од битолски затвор.
Па си тргнав за Охрида града,
там' не најдов ни мајка, ни татко.
Там' си најдов верната бисерка,
верната бисерка, малихерка.

Па си тргнав за Прилепа града,
за Прилепа, село Кадиново.
Там' си најдов верната дружина,
верната дружина, договорна.
Слово држи Методија Патчев:
напред браќа, борба да водиме.

Се зададе силната потера,
силната потера, кавалерија.
Поарџија сите си куршуми,
оставија само еден куршум.

Слово држи Методија Патче:
ајде браќа да се убиеме.
Навртија пушки во градите.
Прв се уби Методија Патче,
а по него целата дружина.



ПЛАНИНО ПИРИН ПЛАНИНО

Планино, Пирин Планино
многу си Пирин убава. [х2]
Еј, еј, еј, еј, еј, еј,
многу си Пирин убава. [х2]

По твоите треви зелени
пасат ми магли овчички. [х2]
Еј, еј, еј, еј, еј, еј,
пасат ми магли овчички. [х2]

Под твојте сенки дебели
јунаци потсклон наоѓаат. [х2]
Еј, еј, ej, еј, еј, еј,
јунаци потсклон наоѓаат. [х2]

На сека гранка берданка,
до сека вода, војвода [х2]
Еј, еј, ej, еј, еј, еј,
до сека вода војвода. [х2]
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
105
Поени од реакции
2
БЕЛЕЖАЛ ЈУНАК БЕЛЕЖАЛ


Бележал јунак, бележал,
малата мома в селото,
малата мома в селото,
рудото јагне в стадото.

Бележал јунак, бележал,
јаворово дрво в гората,
јаворово дрво в гората,
тамбура, тапан в Солуна.

Дур да се лудо поврне,
јаворово дрво исекле,
јаворово дрво исекле,
тамбура, тапан продале.

Дур да се лудо поврне,
малата мома му зеле,
малата мома му зеле,
рудото јагне заклале.



Славиме Илинден

Девецто-трета, родина света глава си исправи.
Тиранин клекна, сонцето светна, надвор го испади.
Крушево славно бајрак си крена, крвје до колена.
До небо пламен, горе Мечкин Камен,
Божји ден - Илинден!
Божји ден - Илинден!

Стани Македонијо на нозе, сите да го славиме Илинден!
Развеј си земјо моја, знаме наша боја - алова, црвена!
Развеј си земјо моја, знаме наша боја - алова, црвена!
Да не сме цели светот не дели дури и денеска.
Верба во тебе, ти си со нас Боже, не може, не може!
Браниме сега секоја педа, наша од прадеда.
Немаме друго, едно да сме сите,
Илинден, Илинден!
Илинден, Илинден!

Стани Македонијо на нозе, сите да го славиме Илинден!
Развеј си земјо моја, знаме наша боја - алова, црвена!
Развеј си земјо моја, знаме наша боја - алова, црвена!
Стани Македонијо на нозе, сите да го славиме Илинден!
Развеј си земјо моја, знаме наша боја - алова, црвена!
Развеј си земјо моја, знаме наша боја - алова, црвена!
Илинден славен, Илинден!




АЈДЕ СЕ ПРОШЕТАЛ НИКОЛА

Ајде се прошетал Никола
низ таја града Битола,
ај, по тија мермер калдрми.
Ајде го догледа анамче
од високите дивани,
море, од шимшир пенџериња.

Ајде со око му мигнало,
со глава му мавнало,
море, со уста му продума:
"Ајде дојди вечер, Никола,
не је тука Селимбег,
море, тој отиде на чифлик."

Ајде што ми беше Никола,
тој си зеде тамбура,
море, тамбурата шарклија.
Ајде, па отиде на кула,
анамче го пречека,
море, му направи вечера.

Ајде си седнале двајцата,
анамска вечера вечераат,
море, ем баклава да јадат.
Ајде до полноќ си седеле,
од полноќ се љубеле,
море, при зори си заспале.




АЈДЕ ПУШКА ПУКНА

Ајде пушка пукна, бре џанам,
пушка пукна.
Ајде пушка пукна. бре џанам,
горе на мосто.

Ајде та удари, бре џанам,
та удари.
Ајде та удари. бре џанам,
Карамфило.

Ајде викна, писна, бре џанам,
викна, писна.
Ајде викна. писна, бре џанам.
Карамфило.

Ајде кој ќе гледа, бре џанам,
кој ќе гледа.
Ајде кој ќе гледа. бре џанам.
мојте деца.

Ајде ќе ги гледа, бре џанам,
ќе ги гледа.
Ајде ќе ги гледа, бре џанам.
Комитетот.

Ајде кој ќе јава, бре џанам,
мојта конја.
Ајде кој ќе јава. бре џанам.
мојта конја.

Ајде ќе ја јава, бре џанам,
ќе ја јава.
Ајде ќе ја јава, бре џанам
Даме Груев.

Ајде кој ќе носи, бре џанам
мојта пушка.
Ајде кој ќе носи, бре џанам
мојта пушка.

Ајде ќе ја носи, бре џанам,
ќе ја носи.
Ајде ќе ја носи, бре џанам.
Гоце Делчев.

Голема ридја ти чинам.

Голема ридја ти чинам, ти кирја Марије ,
и јас те поздравјам, да ми дојдиш на визита,
јас да те пречекам.
Не можам јас да дојдам, кирја Катерино,
и јас те поздравјам, ке ти ја пратам сестра ми,
кирја Катерина.
Чукна тропна на портето, кирја Катерина,
отвори Деспина, не се спушти ни мајка е,
ја фати за раката, во раката медјитлија,
нишан за Деспина.
Нишан ти давам Деспино, да не ме заборавиш,
поминаја три години, ти ме заборави.

Појди горе во одаја, тетка Катерино,
и јас те поздравјам, ем благо да си земиш,
кафе да си пиеш.
Јас благо не ви љубам, кафе не ви пијам,
ти кира Маријо, само ја сакам Деспина,
за кир Ристакија.
Кој го љубел барамакот, бармак Димитрија,
Димитри цапкунот, тој те вртил три години,
и пак не те зеде.
Во сабота навечер, на осум саати,
свири Карагуле, брзо наврати порта,
ти кира Маријо, Деспина ке ја грабиме,
никој да не знае, Немој Марие не чини,
резил да не биди.
Колку ѕвезди на небото,
пушки ке фрламе,
сватови ке донесат,
Деспина ке ја грабиме,
никој да не знае,
Немој Марие не чини,
резил да не биди.




НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ

Народе македонски,
Со какви идеи си ти,
Доста беше разбуди се,
Свести се ,не спиј ти.
Не знаеш кој си што си,
Другите те знаат,
Срам голем е за тебе,
Сам да не се знаеш.
Спискаја жени ,деца,
Во село Загоричани,
Абер аскерот турски-
Фрлајте го оружјето.
Каде е Кара-Иванов,
И дружината му,
Мелас Каравангелис,
Битола в затвор е тој.



Сардисале Лешочкиот Манастир


Сардисале, сардисале Лешочкиот манастир
Сардисале, сардисале арнаути слатинчани
Сардисале, сардисале Лешочкиот манастир
Го фанале, го фанале Лешочкиот егумен
Кажи попе егумене каде ти се Комитите
Кажи попе егумене кај ги криеш Комитите
А бре паша кузум паша јас Комити не познавам
Абре паша шукри паша јас Комити не познавам
Абре паша кузум паша јас Комити не познавам
Се налутил турскиот паша
Го запалил манастирот
Се налутил Гоце Делчев
Ја запалил џамијата
Се налутил Гоце Делчев
Ја запалил џамијата




Како пиреј


Со векови сме чекале, и нас сонце да не грее.
Името мило наше, цел свет да го пее.
А што ни се не сторија, брат од брата да се дели.
Доцна легни рано стани, во пусти мугри бели.
Браќа, сестри, Македонци,
нема таква сила која може да не раздели!
Браќа, сестри, Македонци,
Како пиреј сечи корни нема да ја изтреби.
Само некој гледа од горе,
Сите маки тој ги знае.
Оваа земја раѓа пее,
О боже вечна да е!
Брака, сестри, Македонци,
нема таква сила која може да не раздели!
Браќа, сестри, Македонци,
Како пиреј сечи корни нема да ја изтреби.
Како пиреј сеци корни нема да ја издреби.

ОГАН ГО ГОРИ БРЕЗОВО

Оган го гори Брезово - Македонијо,[x2]
Ордан со чета навлегол - Македонијо,
Ордан со чета навлегол.
И на дружина говори - Македонијо,[x2]
станвајте браќа не спијте - Македонијо,
земајте бомби, куршуми.
Земајте бомби, куршуми - Македонијо,[x2]
со душмани ке се биеме - Македонијо,
со душмани ке се биеме.
Згрмеа бомби, куршуми - Македонијо,[x2]
од еднаш Ордан извикнал - Македонијо,
го зад зедовме Брезово.


СОН СОНИЛА ЈОРДАНИЦА

Сон сонила, леле, Јорданица,[x2]
за Јордана Пиперката.[x2]
На полноќ се, леле, разбудила,[x2]
и Јордана пробудила.[x2]
Стани Јордан, леле, да би не станал,[x2]
цело село сардисано.[x2]
Не плаши се мори Јорданице,[x2]
ја подај ми тенка пушка,
Ако е село сардисано.


ЗА КРАЛОТ АЛАЕКСАНДАР


Ај големо чудо, чудо бре станало
на деветти октомври,
кралот ми тргнал, кралот Александар
за во града Марсеја,
по море да оди, побргу да стигне
сојуз да направи.

Ај што ми кинисал по море широко
со параходите.
Таму го пречекал министерот Барто
со генералите.
Сојуз ќе прават, сојуз душмански
против жална Македонија.

Таму во кафана тројца Mакедонци
тока ми правеја,
Тока правеја, коцка фрлаја
кој на кралот ќе пука?!
Тока правеја, коцка фрлаја
кој на кралот ќе пука?!

Ајде малерозна коцка ми падна
на Владо Црноземски,
малерозна коцка ми падна
на Владо Црноземски,
ајде малерозна коцка ми падна
на Владо Штипјанчето.

Тогаш ми Владо букет в раце зеде,
пиштол внатре му стави,
пиштол внатре стави, почна пат да прави
за до кралот да дојди,
и од букетот куршуми фрчат
- кралот мртов падна.

Слушај бре кралу, кралу Александар
еве ти ја Македонија!
Нека разбере цела Европа
дека постои Македонија!
Дека постои Македонија,
а не Јужна Србија!



ДУЈНИ МИ ДУЈНИ, БЕЛ ВЕТРЕ

Дуjни, ми, дуjни, бел ветре
разљулаj гора зелена,
разтопи бели снегове.
Разтопи бели снегове,
отвори п'тја за Драма
там имам либе болничко.
Там имам либе болничко,
понуда да му занеса
жлата ми дула, с листата.
Жлата ми дула, с листата
бело ми грозде с лозата,
мелнишко вино црвено.

ПЕСНА ЗА ВОЈВОДАТА МАРКО ЛЕРИНСКИ

Денеска петок, сабота,
утре е света недела.
Марко војвода пристигна
во това село П'теле.
Проклети биле чпиони
Марка војвода предадоа.
Надојдоа турски табори,
Марка војвода сардисаа.
Зафати битка голема,
Марко војвода загина.
Проклети биле чпиони,
Марка шчо го предадоа.



ПЕСНА ЗА ЛАЗАР ПОПАТРАЈКОВ

Зашчо плачеш, зашчо жалваш,
ти високи Лисец,
зашчо с м'гла се покриваш
од горе до долу.

Јас ќе плачам, јас ќе жалвам
дор до веки веков,
зашчо видоф как заклаа
Лазо Папатрајков.

Отрезаа му главата
за пендесет лири,
па ја пратиа во Костур
з'бакшиш на деспото.

Колко жалко, срамно ести
за грчкиот деспот,
шчо го плате sверот Коте
да заколи Лазо.

Ај да кажем: „Бог да прости
Лазо Папатрајков!"
Првиот и најголемиот
костурски началник.



ПЕСНА ЗА СТАВРЕ ВОЈВОДА

Од Битола
до Вевчани
се сардисано.
Ура, ура
Ставре војвада.

Го сардисаа
Ставре у
тежок бој.
Ура, ура
Ставре војвода.

Ставре има
машко срце,
не се предава.
Ура, ура
Ставре војвада.

Ставре има
бердан-пушка,
не се предава.
Ура, ура
Ставре војвада.

Прва бомба
што ја фрли
в конопиштата.
Ура, ура
Ставре војвода.

Та ми удри
десет души
од аскерот.
Ура, ура
Ставре војвода.

Св'рти пушка
во градите
Ставре војвода.
Ура, ура
сам се убива.
Ура, ура
за Македонија.



ДРУГА ЗЕМЈА НИЕ НЕМАМЕ

Тешко време, јадовно, земјо ми те надвило!
Луѓе ти - раселени, древни куќи ти - разурнати!
Цркви и манастири - ечат од нив, уште, камбани!
Лета сокол, надлета жална Македонија!
Дробни солзи пророси кога виде луѓе скорнати,
еј, од својте прагови - сега пусти и разурнати!

Рефрен:
Друга земја, не, ние немаме!
Ниту други камбани!
Пак ке дојде ден, ке се издигне
Лешочкиот, славен манастир!
Стегни срце ти, Македонијо!
Сонце пак ке огрее
и ке забијат силно камбани
и над Шара и насекаде!
Соколе, мој, соколе, можат да ни земат сѐ!
Само не од душава, вечна љубов да ни откорнат!
Љубов, еј, за нашата мила мајка Македонија!

Рефрен:
Друга земја, не, ние немаме!
Ниту други камбани!
Пак ке дојде ден, ке се издигне
Лешочкиот, славен манастир!
Стегни срце ти, Македонијо!
Сонце пак ке огрее
и ке забијат силно камбани
и над Шара и насекаде!
Рефрен:
Друга земја, не, ние немаме!
Ниту други камбани!
Пак ке дојде ден, ке се издигне
Лешочкиот, славен манастир!
Стегни срце ти, Македонијо!
Сонце пак ке огрее
и ке забијат силно камбани
и над Шара и насекаде!
Слободно летај, мој соколе!



ПЕСНА ЗА ЧЕНТО

Среде Скопје мнозина ми се собраа,
вистината ја бараа, за Ченто прашаа.
Каде е Ченто, море, кажете!
Дојде време вистината да се сознае!
Каде е Ченто, море, кажете!
Дојде време вистината, ајдеее..., да се сознае!
Среде Скопје мнозина ми се собраа,
за манастирот Прохор Пчински прашуваа.
В манастирот Прохор Пчински, таму започна
нова борба македонска за Македонија!
В манастирот македонски, таму започна
нова борба македонска, ајдеее..., за Македонија!
Среде Скопје мнозина ми се собраа,
вистината ја бараа, за Ченто жалеја.
Невин е Ченто, море, осуден!
Дојде време вистината да се сознае!
Невин е Ченто, море, осуден!
Дојде време вистината, ајдеее..., да се сознае!
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
105
Поени од реакции
2
ДЕНЕСКА МИ Е САБОТА

Денеска ми е сабота, оф аман!
Кираца ќ'оди на пазар, оф аман!
Ке ми го бара Наќета!
Ке ми го бара Наќета, оф аман!
Наќета кираџијата, оф аман!
Наќета кираџијата!
Наќе ле, море, браче ле, оф аман!
Кога ке одиш во Влашко, оф аман!
И мене абер да сториш!
И мене абер да сториш, оф аман!
И јас ке дојдам со тебе, оф аман!
Колку кирија ке бараш?
Кирацо, млада невесто, оф аман!
Кирија ти е евтина, оф аман!
Од тебе пари не земам.
До Скопје белото лице, оф аман!
До Белград медното усте, оф аман!
До Влашко рамната снага!


ЗАЈКО КОКОРАЈКО

Сторил ниет зајко, зајко да се жени.
Зајко кокорајко - токму младожења!
Сторил ниет зајко, зајко да се жени.
Зајко кокорајко, зајко сербезлија,
упрчил мустаќи, си натресол гаќи,
нагрнал џамадан, капа пискулија, море!
Токму младожења!

Дејгиди ерген, зајко бре ,ерген мераклија!
Дејгиди ерген, зајко бре ,ерген мераклија!

Ми оженил зајко лиса удовица,
свецка испосница, личи за невеста!
Ми поканил зајко китени сватови:
мечка месарија, вучица кумица,
ежот тапанџија, жаба зурлајџика,
овен есапџија, мурѕо аберџија, море!
Сѐ лични сватови!

Дејгиди ерген, зајко бре ,ерген мераклија!
Дејгиди ерген, зајко бре ,ерген мераклија!

Се накити лиса, лиса удовица,
маза размазана, селска визитарка!
Па си тргнал зајко низ солунско поле,
там си сретнал зајко до два-три ловѕии,
ем они си носат пушки сачмајлии,
'рти ем загари, сѐ одбор ловџии, море!
Силни нишанџии!

Дејгиди ерген, зајко бре ,ерген мераклија!
Дејгиди ерген, зајко бре ,ерген мераклија!

Кога виде зајко 'рти ем ловиџи
се уплаши зајко - личен младожења!
Па си летнал зајко, зајко да ми бега,
зајко кокорајко - личен младожења,
си искинал гаќи, размрсил мустаќи,
искинал ѕамадан, викнал се провикнал, море:
Не сум младожења!

Дејгиди ерген, зајко бре ,ерген мераклија!
Дејгиди ерген, зајко бре ,ерген мераклија!


Отвори ми бело Ленче


Отвори ми бело Ленче
вратата аман портата
да ти љубам бело Ленче
устата рујна румена.
Јас не можам Миле пиле,
да станам да ти отворам,
легнала ми стара мајка
на фустан лудо заспала.
Ја земи си бело Ленче
ножици аман острици
па пресечи бело Ленче
ф'станот аман ф'станот,
ке ти купам бело Ленче,
поубав аман посарен.



Леле Мајко Сто Ме Роди Толку Сиромав

Леле мајко што ме роди толку сиромав
Сиромав, сиромав, пусти останав
Куќа имам, жена немам, леле сиромав
Сиромав, сиромав, пусти останав
Кревет имам, јорган немам, леле сиромав
Сиромав, сиромав, пусти останав
Ќумбе имам, дрва немам, леле сиромав
Сиромав, сиромав, пусти останав.
Ќесе имам, пари немам, леле сиромав
Сиромав, сиромав, пусти останав
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Црна се чума зададе

Црна се чума зададе
там долу Демир Капија
там жална Македонија.
Кој ќе се јунак одбере
чумата да ја пропади?

Избрал се Делчев, Гоце војвода,
он ојде в Македонија,
чумата да ја пропади
од жална Македонија.

Кој иде горе низ гора,
дал ми се Турци поганци?
Не ми се Турци поганци,
тук ми се одбор дружина,
ранет ми другар носеа.

Со куршум јунак пронижан
од лева страна во срце,
млад Делчев, Гоце војвода.

Делчев дружина говори:
- Дружино, верна зговорна,
вие ќе утре врвите,
кому ќе ме оставите,
водичка да ми подаде,
срцето да си разладам,
устата да си расвкасам?

Дружино, мои комити,
кога ќе вие минете
низ моја града Кукуша,
мајка ми ќе ве пречека,
за мене ќе ве опита:
- Дека е Делчев војвода?
вие нејзе ќе и кажете:
- Делчев се јунак посврши,
за црна земја робинка.



Една мисла имаме


Каде и да одиш,
каде и да шеташ,
Не се срами, не се плаши,
Македонец да си.

Една мисла имаме,
еден живот живееме,
Македонија цела да е,
секој да ја знае.

Ако некој рече,
Македонија е мала,
има уште два три дела,
за да биде цела.

Една мисла имаме,
еден живот живееме,
Македонија цела да е,
секој да ја знае.

Ние не сме грци,
бугари ил' срби,
чеда сме на Александар,
гордост македонска.

Една мисла имаме,
еден живот живееме,
Македонија цела да е,
секој да ја знае.



Со маки сум се родил јас


Со маки сум се родил јас
со жалости јас ќе си умрам.
Маките да ми ги запишите
од озгора на гробот мој.

Ќе се качам на планина
ќе влезам в' црни темни пештери.
Очите да ми паралдисаат,
сонцето да не го видам.

Ќе слезам долу в' ѓул бавче
по тој ми алав ќампер карамфил
по тој алав ќампер карамфил
по тој ран, бел босилок.



Битола, мој роден крај

Битола, мој роден крај
во тебе сум роден
мене си ми мил.

Битола, мој роден крај,
јас те сакам од срце знај.
Битола мој роден крај,
јас те сакам, за тебе пеам.

В' многу градови, села пројдов,
од тебе поубав
нигде не најдов.

Битола, мој роден крај,
јас те сакам од срце знај.
Битола мој роден крај,
јас те сакам, за тебе пејам.

Како дете одев по тебе и бос
во тебе пораснав
јас не сум ти гост.

Битола, мој роден крај,
јас те сакам од срце знај.
Битола мој роден крај,
јас те сакам, за тебе пеам.

Еј роден крај, кој би можел
збогум да ти рече,
да не заплаче?

Битола, мој роден крај,
јас те сакам од срце знај.
Битола мој роден крај,
јас те сакам, за тебе пеам.

Саноќ седам Трено

Саноќ седам Трено, саноќ мислам
сите моми Трено ги споминам
кога тебе те споминам
чаша солзи Трено исполнувам.

Чаша солзи Трено наполнувам
ал шамија Трено натопувам
ал шамија натопувам
на гради ја Трено исушувам.

Саноќ седам Трено, саноќ пијам
сите песни Трено ги спејувам
сите песни ги спејувам
сите моми Трено ги споминам.

Кога тебе Трено те споминам
тамбурата Трено искршувам.



Ој, девојче, девојче

Ој, девојче, девојче
ти тетовско јаболче.
Покажи црните очи
сакам да ги видам јас.

Ој, девојче, девојче
ти тетовско јаболче.
Покажи т'нката снага
сакам да ја видам јас.

Море момче, бре, будало
убаво јабанџиче.
В градина т'нка топола
зарем не си видел ти.



Невесто калеш убава

Невесто калеш мори убава,
што кротко одиш леле на вода.
На таја чешма леле студена,
со тие стомни леле шарени.

Дали тежат леле стомните
или ти тежит леле ѓерданот? [x2]

Нити ми тежат леле стомните,
ниту ми тежит леле ѓерданот.
Туку ми тежит леле меракот,
меракот ми е леле далеку.

Меракот ми е леле далеку,
во таја пуста леле Битола.
Во таја пуста леле Битола,
во тие темни леле зандани.

Има една многу убава хумореска од Тодор Скаловски, се сеќавам само на мал дел од текстот, каде сатирично се опишува љубов на македонски начин. Неверојатно добра композиција. :)


Пак ли пијан, ќе ми дојдеш,
пак ли чаши ќе кршиш,
пак ли пијан, ќе ми дојдеш,
ќотек да јадам.

Голи боси, пак ќе ојме,
буљук деца ќе правиме,
пак ли пијан, ќе ми дојдеш,
ќотек да јадам.

И тоа љубов е...

Само се караме, само се тепаме,
Само се караме, само се тепаме,
оф аман, аман, аман
оф аман, аман, аман

И тоа љубов, и ТОА ЉУБОВ Е!! :back:
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
105
Поени од реакции
2
СТАНИ МОМЕ ДА ЗАИГРАШ

Стани моме да заиграш
да те гледам весел јас,
чифте, чамче игриво
наше оро убаво.
чифте, чамче игриво
наше оро убаво.
О панинанинај нинај нај
нинанај мило моме нинанај.
О панинанинај нинај нај
нинанај мило моме нинанај.

Изви моме снагата ти
твојта снага убава,
да те гледам да пејам
оти само еднаш живеам.
да те гледам да пејам
оти само еднаш живеам.
О панинанинај нинај нај
нинанај мило моме нинанај.
О панинанинај нинај нај
нинанај мило моме нинанај.

Само еднаш се живее
новој живот лажовен,
дур сум сум жив да се радвам
и да умрам да не жалам.
дур сум сум жив да се радвам
и да умрам да не жалам.
О панинанинај нинај нај
нинанај мило моме нинанај.
О панинанинај нинај нај
нинанај мило моме нинанај.




НА СРЦЕ МИ ЛЕЖИ МИЛА МАМО

На срце ми лежи , мила мамо,
На срце ми лежи,
Ај , на срце ми лежи , мила мамо,
Една лута змија.

Не ми била змија , мила мамо,
Не ми била змија,
Ај , не ми била змија , мила мамо,
Туку кара севда.

Севдините очи , мила мамо,
Севдините очи,
Ај , Севдините очи , мила мамо,
Црни , черешови.

Севдините веѓи , мила мамо,
Севдините веѓи,
Ај , Севдините веѓи , мила мамо,
Морски пијавици.

Севдината снага , мила мамо,
Севдината снага,
Ај , Севдината снага , мила мамо,
Тенка половина.



Вардаре, Пирин кај ти е?

Мили чеда на мајка разделени
Тешка рана на срце а и на гради
Мили чеда на мајка разделени
Тешка рана на срце а и на гради

Вардаре, Пирин кај ти е
Вардаре, Егеј кај ти е
Вардаре, Пирин кај ти е
Вардаре, Егеј кај ти е

Мајко Македонијо ајде не плачи
Ден ќе дојде ќе ги гушнеш Пирин планини
Мајко Македонијо ајде запеј ти
Ден ќе дојде ќе те носат води егејски

Вардаре, Пирин кај ти е
Вардаре, Егеј кај ти е
Вардаре, Пирин кај ти е
Вардаре, Егеј кај ти е

Солзи течат мајчински Македонски
Тешки како што ни се тие векови
Солзи течат мајчински Македонски
Тешки како што ни се тие векови

Вардаре, Пирин кај ти е
Вардаре, Егеј кај ти е
Вардаре, Пирин кај ти е
Вардаре, Егеј кај ти е

Мајко Македонијо ајде не плачи
Ден ќе дојде ќе ги гушнеш Пирин планини
Мајко Македонијо ајде запеј ти
Ден ќе дојде ќе те носат води егејски
Вардаре, Пирин кај ти е

Вардаре, Егеј кај ти е
Вардаре, Пирин кај ти е
Вардаре, Егеј кај ти е
Вардаре, Пирин кај ти е

Вардаре, Егеј кај ти е
Вардаре, Пирин кај ти е
Вардаре, Егеј кај ти е



Ајде провикнал се Иљо Малешевски


Ајде провикнал се Иљо Малешевски,
Иљо Малешевски, Иљо војводата.
Кој си нема пушка, тука нека дојде,
тука нека дојде, пушка да му дадам.
Кој си нема сабја, тука нека дојде,
тука нека дојде, сабја да му дадам.
В'Малешево отиде с'душман да се бие,
з'душман да се бие, душман да истера.
Душман да истера, од нашата земја,
од нашата земја од Македонија.




Европа да знае!


Нека зурле бисна, а тапани бијат
Народ да се сплоти, ора да се виа

Нека зурле бисна, а тапани бијат
Народ да се сплоти, ора да се вија

Македонијо Мајко сите нас не роди
Патот од три страни, кај те бе не води
Вардар, Пирин, Егејен, без Граници да је
Македонија Цела, Европа Да Знае

Македонијо Мајко сите нас не роди
Патот од три страни, кај те бе не води
Вардар, Пирин, Егејен, без Граници да је
Македонија Цела, Европа Да Знае

Под ова сонце, вечно што не гре
Од три страни народ, гласно ке запеј

Под ова сонце, вечно што не гре
Од три страни народ, гласно ке запеј

Македонијо Мајко сите нас не роди
Патот од три страни, кај те бе не води
Вардар, Пирин, Егејен, без Граници да је
Македонија Цела, Европа Да Знае

Македонијо Мајко сите нас не роди
Патот од три страни, кај те бе не води
Вардар, Пирин, Егејен, без Граници да је
Македонија Цела, Европа Да Знае

Кажи, кажи облаче ле бело!


Кажи, кажи облаче ле бело,
од кај идеш што си невесело!?
Дал го виде мојто родно место,
дал ја слушна мајка ми што збори!?
Дал го виде мојто родно место,
дал ја слушна мајка ми што збори!?

Јас го видов твојто родно место
и ја слушнав мајка ти што збори:
"В туѓина е мојто чедо мило,
со туѓинци, туѓи леб делило!"
"В туѓина е мојто чедо мило,
со туѓинци, туѓи леб делило!"

Ти и кажи облаче ле бело,
живо, здраво да си ме видело,
време иде дома ке си дојдам,
ке се врнам мајка да прегрнам!
Уште малку дома ке се врнам,
ке се врнам либе да прегрнам!




Криво крувче!


Ајде изникнало криво крувче медено, леле!
Изникнало криво крувче, леле, медено!
Ајде под крувчето извор вода студена, леле!
Под крувчето извор вода, леле, студена!

Ајде на изворот една ѓузел девојка, леле!
На изворот една ѓузел, леле, девојка!
Ајде оздол иде младо момче убаво, леле!
Оздол иде младо момче, леле, убаво!

Ајде дал се јаде криво крувче медено, леле!?
Дал се пие извор вода, леле, студена!?
Ајде нит се јаде криво крувче медено, леле!
Нит се пие извор вода, леле, студена!

Ајде нит се јаде криво крувче медено, леле!
Нит се пие извор вода, леле, студена!
Ајде тук се љуби млада ѓузел девојка, леле!
Тук се љуби млада ѓузел, леле, девојка



Алов бајрак, Македонски!


Ке ти купам стара мајко алова марама,
да навезеш, мила мајко, златен бајрак македонски!
Златен бајрак да развејам, мајко, срце изгоре!
И крај Вардар и низ Пирин и крај Белото Море!

Ке се качам, стара мајко, на Пирин Планина!
Ке ги удрам, мила мајко, Неврокопските камбани!
Па од Пирин ке извикам: Горе глава Македонци!
Горе глава мили браќа, еј Пиринци славни јунаци!

Па ке слезам, стара мајко, Голо Брдо, Преспа,
ке разшетам, мила мајко, егејските родни огништа!
Па во Солун ке извикам: Вечна слава гемиѕии!
Вечни да сме мили браќа, Македонци - Беломорци!
Вечни да сме мили браќа, Македонци - Беломорци



Што ми е мило ем драго!


Што ми е мило ем драго, оф аман!
Што ми е мило ем драго, оф аман!
В чаршија дуќан да имам, аман, аман!
В чаршија дуќан да имам!

В чаршија дуќан да имам, оф аман!
В чаршија дуќан да имам, оф аман!
Убави моми да гледам, аман, аман!
На моми мерак да земам!

Кошула да им сошијам, оф аман!
Кошула да им сошијам, оф аман!
Кошула и амтерија, аман, аман!
Кошула и амтерија!

Кога на оро отидам, оф аман!
Кога на оро отидам, оф аман!
Убави моми да гледам, аман, аман!
На моми да се нарадвам!




Излези Видо чудо да видиш!


Излези Видо мори чудо да видиш,
чудо да видиш Видо, чудото големо,
чудото големо Видо, зајак со чалма,
зајак со чалма Видо, глава преврзана.

Излези Видо мори чудо да видиш,
чудо да видиш Видо, чудото големо,
чудото големо Видо, лисица со венци,
лисица со венци Видо, зајак со чалма,
зајак со чалма Видо, глава преврзана.

Излези Видо мори чудо да видиш,
чудо да видиш Видо, чудото големо,
чудото големо Видо, кокошка со ташна,
кокошка со ташна Видо, лисица со венци,
лисица со венци Видо, зајак со чалма,
зајак со чалма Видо, глава преврзана.

Излези Видо мори чудо да видиш,
чудо да видиш Видо, чудото големо,
чудото големо Видо, петел со машна,
петел со машна Видо, кокошка со ташна,
кокошка со ташна Видо, лисица со венци,
лисица со венци Видо, зајак со чалма,
зајак со чалма Видо, глава преврзана.

Излези Видо мори чудо да видиш,
чудо да видиш Видо, чудото големо,
чудото големо Видо, волк со долама,
волк со долама Видо, петел со машна,
петел со машна Видо, кокошка со ташна,
кокошка со ташна Видо, лисица со венци,
лисица со венци Видо, зајак со чалма,
зајак со чалма Видо, глава преврзана.

Излези Видо мори чудо да видиш,
чудо да видиш Видо, чудото големо,
чудото големо Видо, мечка со кожув,
мечка со кожув Видо, волк со долама,
волк со долама Видо, петел со машна,
петел со машна Видо, кокошка со ташна,
кокошка со ташна Видо, лисица со венци,
лисица со венци Видо, зајак со чалма,
зајак со чалма Видо, глава преврзана.

Излегла Вида мома чудо да види,
ко ќе ми види Вида, што ќе ми види,
ми видела Вида мома момче неженет!

Едно Име Имаме

Покрај Егеј Македонци
Покрај Вардар Македонци
И под Пирин Македонци
Славно име, непокорно!


Едно име имаме
Во душата го носиме
За тебе живот даваме
О, Македонијо [x2]


Како ширни полиња
А до небо планини
Реки златоносни
А езера бисери


Едно име имаме
Во душата го носиме
За тебе живот даваме
О, Македонијо [x2]


Мајко Македонијо,
Балканска убавица
кој се роди во тебе
и живот дава за тебе.


Едно име имаме
Во душата го носиме
За тебе зивот даваме
О, Македонијо [x2]





АКО УМРАМ МАКЕДОНИЈО

Ако умрам, еј Македонци,
ова срце закопајте го,
таму долу на сред Солунско,
па да никне ѕвоно големо
- што ке бие и раскажува:
Тука земја е Македонска!
Таму долу на сред Солунско,
па да никне ѕвоно големо
- што ке бие и раскажува:
Тука земја е Македонска!

Македонијо! На нас душата
ни е горе на врв Пирина,
срце долу - на сред Солуна,
крвта - бистра вода Вардарска.
Македонијо! На нас душата
ни е горе на врв Пирина,
срце долу - на сред Солуна,
крвта - бистра вода Вардарска.

Ако умрам Македонијо,
пуста душа нека полета.
Таму горе, меѓу облаци,
да се стори сокол Пирински,
глас да пушти и раскажува:
Тука земја е Македонска!
Таму горе, меѓу облаци,
да се стори сокол Пирински,
глас да пушти и раскажува:
Тука земја е Македонска!

Македонијо! На нас душата
ни е горе на врв Пирина,
срце долу - на сред Солуна,
крвта - бистра вода Вардарска.
Македонијо! На нас душата
ни е горе на врв Пирина,
срце долу - на сред Солуна,
крвта - бистра вода Вардарска.

Ако умрам, еј Македонци,
од кај Вруток да ме пуштите.
Па да тргнам, да си поминам,
да ја видам, да ја исплачам,
таа малку што ни остана
- света земја, македонска.
Па да тргнам, да си поминам,
да ја видам, да ја прегрнам,
таа малку што ни остана
- света земја, македонска.

Македонијо! На нас душата
ни е горе на врв Пирина,
срце долу - на сред Солуна,
крвта - бистра вода Вардарска.
Македонијо! На нас душата
ни е горе на врв Пирина,
срце долу - на сред Солуна,
крвта - бистра вода Вардарска.
Ако умрам Македонијо!




A бре браќа Кукушани

А бре браќа Кукушани
А бре браќа Кукушани
Што сте полку нажалени
Нажалени напатени
Што сте полку нажалени
Со очите насолзени

Какo да не сме нажалени
Какo да не сме расплакани
Што се стори чудно чудо
Чудно чудо во Баница
Што се стори чудно чудо
Чудно чудо во Баница!



Абер дојде Донке!

Абер дојде Донке
Абер дојде Донке од кулата

Од кулата Донке од агата
Да ги збериш Донке аргатите

Аргатите Донке невестите
Ќе жне еме Донке куси јачмен
Куси јачмен Донке до колена

Оние к'е јадат Донке лук и јоце
Ти к'е јадеш Донке рудо јагне.
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
105
Поени од реакции
2
Бог да ги бие и убие!

Бог да ги бие и убие
предавниците и душманите!
Бог да ги бие и убие
кодошите и јаничарите!
Мила Македонијо, од нив страдаш ти,
од своите изроди македонски!

Мила Македонијо, од нив страдаш ти,
од своите изроди македонски!
Со векови постоиме,
со векови се бориме!
Вера не изгубивме,
име не променивме!
Од Александар и Самуил,
до Гоце Делчев и ден денешен!
Од Александар и Самуил,
до Гоце Делчев и ден денешен!

Бог да ги бие и убие
предавниците и душманите!
Име што сакаат да ни променат,
името наше многувековно!
Мила Македонијо, од нив страдаш ти,
од своите изроди македонски!
Мила Македонијо, од нив страдаш ти,
од своите изроди македонски!
Мила Македонијо, од нив страдаш ти,
од своите изроди македонски!



Се собрале Македонците!


Се собрале, се степале Македонците,
се степале со Грците!
Кој ви кажа море Грци, лажговци,
кој ви кажа дека нема Македонци!?

Мала ке ви биде Австралија,
ако не ја признаете Македонија!
Сакале, не сакале, судено е
цел свет Македонија да ја признае!

Се собрале, се степале Македонците,
се степале со Грците!
Се кренале патриоти Австралиски
- децата на Александар Македонски!

Мала ке ви биде Австралија,
ако не ја признаете Македонија!
Сакале, не сакале, судено е
цел свет Македонија да ја признае!

Се собрале, се степале Македонците,
се степале со Грците!
Сега знајте море Грци, лажговци,
Мелбурн, Сиднеј, се е полно со Македонци!

Мала ке ви биде Австралија,
ако не ја признаете Македонија!
Сакале, не сакале, судено е
цел свет Македонија да ја признае!




За Александар Македонски!


Дали грми или земја изгоре, силен оган што се запали
ниту грми, нит земја изгоре, во бој ми одат МАКЕДОНЦИ
Египет , Персија, цел свет е на колена,
пред војските на Александар Македонски!!!

Кој ги води до Хималаите, кој им збори на фалангите,
напред води пред силните војски Александар Македонски
Египет , Персија, цел свет е на колена,
пред војските на Александар Македонски!!!

Што ли носат кај што стигаат, чие знаме тие дигаат
носат книги писмо истово, го носат знаме Александрово
Египет , Персија, цел свет е на колена,
пред војските на Александар Македонски!!!!




Последна желба!


Еј мајко моја, сакана и мила,
кази каква тага всрце ти си скрила?
Пред многу години под ведро небо,
во градот Лерин родена сум чедо.

Еј мајко моја, сакана и мила,
кази каква тага всрце ти си скрила?
Пред многу години тирани клети,
не избркаа сине од домови свети.

Еј мајко моја, сакана и мила,
кази која зелба последна би ти била?
Пред да умрам сине , Егеј јас да видам,
барем уште еднаш Лерин да си видам
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
105
Поени од реакции
2
Света Македонија!


Три чеда мајка имаше ,
растеа се радуваше
на гради топли мајчински
ангели три македонски.
Егеј тој бисер балкански,
и Пирин наш Македонски
не молчи Вардар жубори,
ке дојде ден ке прозбори.

Ова е грутка таткова, света е земја исконска,
делена и разделена, наша е еј Македонска
ке кренат глава Пиринци и наши брака Егејци,
колку ли солзи сронија, една е МАКЕДОНИЈА

Но ден ке дојде вистински
Илинден нов Македонски,
нашата земја татковска
ке биде пак МАКЕДОНСКА
Егеј тој бисер балкански,
и Пирин наш Македонски
не молчи Вардар жубори,
ке дојде ден ке прозбори.

Ова е грутка таткова, света е земја исконска,
делена и разделена, наша е еј Македонска
ке кренат глава Пиринци и наши брака Егејци,
колку ли солзи сронија, една е МАКЕДОНИЈА




Проклети да се предавниците!


Нокта падна, јунак затропа,
во куќата на својот побратим
добредојде тој му рече, биди гостин цела вечер
Господ рака да ти позлати
седи тука софра закити, еј јунак голем како планина
запеј песна налеј вино, да те памти вечно синот,
јас ке одам коњ да донесам

Проклети да се предавниците,
својот народ што го продале,
и во гробот штом ке лежат,
тие пари да им тежат
како казна Божја пресуда
Проклети да се предавниците
својот народ што го продале
пиреј да им расте вдуша,
усни да им гризе суша
светот да ги колне довека

Душман дојде жив го фатоја
за парче злато брат го предаде,
ниту викна ниту пукна влице брата тој го плукна,
и во нокта црна замина.

Проклети да се предавниците,
својот народ што го продале,
и во гробот штом ке лежат,
тие пари да им тежат
како казна Божја пресуда
Проклети да се предавниците
својот народ што го продале
пиреј да им расте вдуша,
усни да им гризе суша
светот да ги колне довека




Недалеку од Лерин града!


Недалеку од Воден града
на североисточна страна
дружина е поседнала
на зелена рудина

пред дружина е ставено
рудо јагне печено
чаша вино наполнета
натрева е клаена

секој пијат и се радвит
едно срце благословјат
за дружина се напиват
слобода посакуват

ајде сите да станиме
Битола да се најме
Цариграда да тргниме
Македонија ослободиме
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
807
Поени од реакции
7
Голема ридја ти чинам. Respect за песнава, најдобра македонска песна, стално прва ја нарачувам у кафеана:cug:
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
105
Поени од реакции
2
АКО УМРАМ ИЛ’ ЗАГИНАМ

Ако умрам, ил’ загинам,
немој да ме жалите,
напијте се рујно вино,
скршете ги чашите.

Еј, верни другари
песна запејте
мене спомнете. х 2

Ако умрам, ил’ загинам,
поп немој да викате,
вие на гроб да ми дојте,
оро да заиграте.

Еј, верни другари
песна запејте
мене спомнете. х 2

Ако умрам, ил’ загинам,
ќе останат спомени,
што сум лудо лудовало
на младите години.

Еј, верни другари
песна запејте
мене спомнете. х 2



БЕЛО ЛИЦЕ ЉУБАМ ЈАС

Бело лице љубам јас. х 2

И да љубам и да гледам,
фајде нема, душо моја.
Шеќерна, шеќерна,
ти калеша неверна. х 2

Гајтан веѓи љубам јас. х 2

И да љубам и да гледам,
фајде нема, душо моја.
Шеќерна, шеќерна,
ти калеша неверна. х 2

Црни очи љубам јас. х 2

И да љубам и да гледам,
фајде нема, душо моја.
Шеќерна, шеќерна,
ти калеша неверна. х 2

Медно усте љубам јас. х 2

И да љубам и да гледам,
фајде нема, душо моја.
Шеќерна, шеќерна,
ти калеша неверна. х 2




БИСЕР БАЛКАНСКИ

Солзи сами капат, прости ми
тешки се ко твојте планини
плаче срце од три страни
што крвави многу години. х 2

Е, е, е, еј Македонијо,
ти си бисер балкански
сплоти Пирин, Егеј син
со бистри води вардарски.

Само една има вистина
има една Македонија
делете ја, парчете ја
пак ќе биде наша најмила. х 2

Е, е, е, еј Македонијо,
ти си бисер балкански
сплоти Пирин, Егеј син
со бистри води вардарски.

Македонци наглас запејте
македонско оро играјте
мајка мила спомнете ја
жива била Македонија. х 2

Е, е, е, еј Македонијо,
ти си бисер балкански
сплоти Пирин, Егеј син
со бистри води вардарски.





БОЛЕН ЛЕЖИ КАТИЛ ЃОРГИ

Болен лежи катил Ѓорѓи,
в Солунски зандани.
дење лежи катил Ѓорѓи,
ноќе го испитуват. х 2

Кажи, кажи катил Ѓорѓи,
Кај е твојта пушка?
Кај е твојта пушка Ѓорѓи,
пушка-маликера. х 2

Главата си давам душман,
пушка не кажувам.
Пушка не кажувам душман,
пушка-маликера. х 2

Откаде спечали Ѓорѓи,
тешкото имање?
Бегови сум клало душман,
пари сум земало. х 2



БИЛЈАНА ПЛАТНО БЕЛЕШЕ

Билјана платно белеше
на охридските извори.
Ми поминаа винари,
винари белограѓани.

Винари белограѓани,
кротко терајте карванот,
да не ми платно згазите,
платното ми е даровно,
платното ми е даровно,
за свекор и за свекрва.

Ако ти платно згазиме,
со вино ќе го платиме,
со вино ќе го платиме,
и бела лута ракија.

Винари белограѓани,
не ви го сакам виното,
тук’ ви го сакам лудото
што напред тера карванот.



БИТОЛА, БАБАМ БИТОЛА

Битола, бабам Битола
таму се живот живее
таму се јаде и пие.

Крепи се, Буцо, крепи се
тебе те пијан пак носат
по битолските чикмаци.

Крепи се, Буцо, крепи се
дури да пајтон најдиме
со пајтон да се шетаме.




БЛАГУНО ДЕЈЧЕ

Благуно, дејче мори, пожаранче х 2
отвори ми џамли пенџер
сакам да те видам јас. х 2

Дејгиди Аце море аџамија х 2
како да ти јас отворам х 2
кога не те сакам јас.

Благуно дејче, мори, пожаранче
ја подај ми бело лице
сакам да го љубам јас. х 2

Дејгиди Аце море аџамија х 2
што да дадам бело лице
кога не те љубам јас
кога имам друго либе,
него си го љубам јас.
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
105
Поени од реакции
2
БОГ ДА БИЕ, ТИНО, МОРИ

Бог да бие, Тино, мори
Тино, мори, твојта стара мајка
Тино, мори, твојот стари татко деј.

Што ми те армаса, Тино
Тино, мори, мошне надалеку
Тино, мори, Тино, мори
дур на Гевгелија, деј.

Дур на Гевгелија, Тино
Тино, мори, за Дељо Турунџула
Тино мори, Тино мори
за Дељо Турунџула, деј.

Дељо болен лежи, Тино
Тино, мори, Дељо ќе умре
Тино, мори, Тино, мори
Дељо ќе умре, деј.

И на Дељо думат, Тино
Тино, мори, Дељо ќе да умри, деј
Тино, мори, Тино, мори
Дељо ќе да умре деј.



БОЛЕН ЛЕЖИ МЛАД СТОЈАН

Болен лежи млад Стојан,
болен лежи и ќе умри,
над глава му младата невеста
с’ машко дете на раце.
Солзи рони, солзите и капат
по Стојаново лице.

Стојан се подразбуди,
На Невена говори:
Невено ле, ти млада невесто
што ми лади лицето,
дали ситна роса подросува
или силни дождови.

А Невена му вели:
Стојане, бре, стопане
ниту ситна роса подросува,
нити силни дождови,
мојте солзи по лице ти капат
од селански неправдини.

Синоќа кај чешмата
селани се збираја
збор збореја - кога ти ќе умреш,
дете да ми задават
мене млада далеку однесат,
за пари да ме продадат.



БОЛЕН МИ ЛЕЖИ МИЛЕ ПОП ЈОРДАНОВ

Болен ми лежи Миле Поп Јорданов х 2
над глава му стои стара му мајка,
жално го жали, милно го плаче.

Стани ми, стани, мое мило чедо, х 2
твоите другари по сокаци одат,
жални песни пеат, тебе те споминат.

Бог да го прости Миле Поп Јорданов, х 2
Миле Поп Јорданов за народ загина,
за народ загина, за Македонија.

Неговите сестри в’црно облечени, х 2
свадба ќе прават, брата ќе женат,
брата ќе женат за Македонија.

Неговата мајка в’црно облечена, х 2
свадба ќе прави, сина ќе жени,
сина ќе жени за Македонија.



ВРАЊА КОЊА ЈАВАМ ЈАС

Врана коња јавам јас
одам по невестата; х 2
Одам по невестата,
дал’ ќе ми ја дадат. х 2

Среде село тапан чука,
оро се виеше; х 2
Оро се виеше,
мома водеше. х 2

Татко и ја дава,
село не ја дава; х 2
Село не ја дава,
оти е убава. х 2

Ќе умрам мајко, ќе загинам,
без неа дома не одам; х 2
В село слуга ќе бидам,
само неа да гледам. х 2



ВИНО ПИЈАМ, ЕМ РАКИЈА

Вино пијам, ем ракија х 2
коња јавам, аџамија. х 2

Коњ ми шета горе-доле, х 2
горе-доле низ тоа поле. х 2

Ме однесе в ладна меана, х 2
во меана до три моми. х 2

Една точи, друга носи, х 2
а третата мене ме гледа. х 2

Па ја качив на коњчето, х 2
ја однесов право дома. х 2




ГО ПРАТИЛЕ ДЕДО

Го пратиле дедо в планина, х 2
мечките да го изедат. х 2
Де, де, лош дедо бре. х 2

Ете го дедо кај иде, х 2
полна му торба со мечиња. х 2
Де, де, лош дедо бре. х 2

Го пратиле дедо на нива, х 2
желките да го изедат. х 2
Де, де, лош дедо бре. х 2

Ете го дедо кај иде, х 2
полна му торба со желчиња. х 2
Де, де, лош дедо бре. х 2

Го пратиле дедо на бања, х 2
жените да го изедат. х 2
Де, де, лош дедо бре. х 2

Ете го дедо кај иде, х 2
полна му торба со женчиња. х 2
Де, де, лош дедо бре. х 2
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
105
Поени од реакции
2
ДАЛИ ДУМАШ, ЛИБЕ

Дали думаш, либе,
дали паметуваш,
кога бевме, мило либе,
двајца на прошетка. х 2

Нели ми велеше,
нели се колнеше,
јас не љубам друго либе,
само тебе, душо. х 2

Земи си ножето,
распарај срцето,
таму ќе си најдеш, либе,
две срца вљубени. х 2

Ах, колку е жално,
ах, колку е мачно,
јас да те љубам либе,
а друг да те земи. х 2



ДЕВОЈЧЕНЦЕ, ДЕВОЈЧЕНЦЕ

Девојченце, девојченце,
љубиш ли ме мене?
Девојченце, љубиш ли ме мене? х 2

Јас те љубам, јас те љубам,
на сон те сонувам,
јас те љубам, на сон те сонувам. х 2

Штом сонуваш, штом сонуваш,
на кого кажуваш?
Штом сонуваш, на кого кажуваш? х 2

Јас кажувам, јас кажувам,
на мојата мајка,
јас кажувам, на мојата мајка. х 2

Штом кауваш, штом кажуваш,
што ти мајка вели?
Штом кажуваш, што ти мајка вели? х 2

Мајка вели, мајка вели,
заљуби го ќерко,
мајка вели, заљуби го ќерко. х 2



ДРЕМКА МИ СЕ ДРЕМЕ, МИЛА МАМО

Дремка ми се дреме, мила мамо,
на црниве очи.
Ај, дремка ми се дреме, мила мамо,
на црниве очи. х 2

Ако ти се дреме, мили сине,
вечерај па легни.
Ај, ако ти се дреме, мили сине,
вечерај па легни. х 2

Ајде и да легнам, мила мамо,
сон не ми доаѓа,
ај, сон не ми доаѓа, мила мамо,
за мојто комшивче. х 2

Иди ја посакај, мила мамо,
дал’ ќе ти ја дадат,
ај, иди ја посакај, мила мамо,
дал’ ќе ти ја дадат. х 2

Ако ти ја дадат мила мамо,
на пајтон ја качи,
ај, ако не ја дадат мила мамо,
постој, погледај ја. х 2



ДАФИНО ВИНО ЦРВЕНО

Дафино вино црвено
момчето ти е заспало. х 2

Момчето ти е заспало
на Каракамен Планина х 2
на сува рида, без вода.

Ми поминале ајдуци
гунчето му го украле х 2
во меана му го продале.

Во меана му го продале
за лута бела ракија х 2
за рујно вино црвено.

Ако му го зеле гунчето,
нека му е живо момчето.



ЕДНА МОМА С’МАЈКА Е

Една мома с’мајка е х 2
една мома с’мајка е
ми отишла на пазар да купи сандали
Една мома с’мајка е
грабнала сандали, сандали без пари.

Блазе си на таа мома
што си носи сандали, сандали без пари. х 2

Една мома с’мајка е х 2
ми отишла на пазар да купи ф’станче
Една мома с’мајка е
грабнала ф’станче, ф’станче без пари.

Блазе си на таа мома х 2
што си носи ф’станче, ф’станче без пари.

Една мома с’мајка е х 3
ми отишла на пазар да купи капела
Една мома с’мајка е грабнала капела,
капела без пари.

Блазе си на таа мома
што си носи капела, капела без пари.

Една мома с’мајка е х 3
ми отишла на пазар да си бара ергенче
Една мома с’мајка е
си заљуби ергенче, ергенче убаво.

Блазе си на таа мома
што си љуби ергенче, ергенче убаво. х 2



ЕЛЕНО ЌЕРКО

Елено ќерко, Елено
ти една на мајка,
што стоиш ќерко, што мислиш,
што книга пишуваш.

Пишувам, мајко, пишувам,
во градот Едрене,
Едрене, мајко Едрене,
на моето либе.

Да купи мајко, да купи,
за мене капела,
капела мајко, капела
од триста гроша.



ЕРГЕН ОДЕВ

Ерген одев, мајко, ерген одев,
ерген одев, мајко, поарно ми беше.

Се оженив, мајко, се оженив,
се оженив, мајко, злото ме нападна.

Падна ми се, мајко, падна ми се,
падна ми се, мајко, либе болникаво.

Са ноќ, мајко, саноќ ми е,
са ноќ ми е, мајко, на рака лежало.

Дури ми се, мајко, дури ми се,
дури ми се, мајко, рака исушила.

Па не можам, мајко, па не можам,
па не можам, мајко, на коњ да се качам.

Ме качија, мајко, ме качија,
ме качија, мајко, моите другари.



ИЉЧОВИЦЕ, МЛАДА НЕВЕСТО

Иљчовице, млада невесто
дали си чуло, разбрало. х 2

Дали си чуло, разбрало
оти је дошол чаушот. х 2

Оти је дошол чаушот,
чаушот кара Мустафа. х 2

Сношти низ село врвеше,
арачот си го земаше. х 2

За млади невести - дечиња,
за млади моми - ставата. х 2
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
105
Поени од реакции
2
ИЗЛЕГОЛ ДЕЛЧЕВ ВОЈВОДА

Излегол Делчев војвода
по таа Кожува Планина
нарамил пушка берданка
и редум, редум куршуми.

На пат ми сретнал овчарче
па ми го тихо запраша:
дал виде силна дружина
дружина млади комити?

Дејгиди Делчев војвода,
видов ги па и погледнав
под една бука седеа
тенки си буки бришеа
дробни патрони броеја
и тебе ми те чекаа.



ЈАНО МОРИ, ЈАНО ЛЕЛЕ, СЕВДАЛИНО

Јано мори, Јано леле, севдалино,
моја росна, Јано мори, детелино,
ај, моја росна, Јано мори, детелино.

Поминуваш, Јано мори, заминуваш,
камен, дрво, Јано мори, изгоруваш,
ај, камен, дрво, Јано мори, изгоруваш.

Те прашает, Јано мори, мајсторине,
што им готвиш, Јано мори, за вечера,
ај, што им готвиш, Јано мори, за вечера.

Кад баница бегу море ил’ кокошка,
ова вечер, бегу море, рудо јагне,
ај, од две мајки, бегу море, задоенo.



JАС ЌЕ ТИ КУПАМ СВИЛЕНО ФУСТАНЧЕ

Јас ќе ти купам свилено фустанче,
Доне мамино.
Ти да го носиш, јас да те гледам
Доне мамино.

Трендафилчето, каранфилчето,
китка шарена, немирисана. х 2

Јас ќе ти купам срмено елече,
Доне мамино.
Ти да го носиш, јас да те гледам
Доне мамино.

Јас ќе ти купам ковано коланче,
Доне мамино.
Ти да го носиш, јас да те гледам
Доне мамино.

Трендафилчето, каранфилчето,
китка шарена, немирисана.




КИРАЈЏИЧЕ, ЈАБАНЏИЧЕ

Кирајџинче, јабанџиче,
каде одиш џанам, каде шеташ?

Дал го виде мојто либе?
Мојто либе, џанам, тој Ѓорѓија.

Јас го видов у мејана,
сладок ручок си ручаше.

Сладок ручок си ручаше,
рујно вино си пиеше




КОГА СЕ МАЖЕШЕ ШТО ТИ СЕ ЧИНЕШЕ

Кога се мажеше што ти се чинеше,
невесто, мори црно око,
лиду, лиду, лиду ду,
црно ле око, де.

Дали ти се чинеше момче шеќерче,
невесто мори, црно око,
лиду, лиду, лиду ду,
црно ле око, де.

Ниту је момче, момче шеќерче,
невесто мори, црно око,
лиду, лиду, лиду ду,
црно ле око, де.

Ниту ја круша, круша шербетлика,
невесто мори, црно око,
лиду, лиду, лиду ду,
црно ле око, де.

Камо ти невесто за свекорот кошула,
невесто мори, црно око,
лиду, лиду, лиду ду,
црно ле око, де.

За свекрва шамија, за деверот чорапи,
невесто мори, црно око,
лиду, лиду, лиду ду,
црно ле око, де.




КРУШЕВО АБЕР ПРИСТИГНА

Крушево абер пристигна х 2
кој има синој големи,
комити да ги испрати,
комити да ги испрати,
во тоа славно Смилево.

Стојан си нема синови, х 2
само си ја има Тодорка,
Тодорка една на мајка. х 2

Тодорка на татко велеше: х 2
Купи ми пушка берданка
и една сабја - дамасклија,
јас комита млада ќе одам
во тоа славно Смилево.

Три години комита шеташе, х 2
никој Тодорка не позна,
дека е Тодорка девојка. х 2



КАЖИ ЈАНО КАЖИ ДУШО

Кажи Јано, кажи душо
која вечер јас да дојдам. х 2

Когај сакаш, тогај дојди,
со мнозина не доваѓај. х 2

Одајчето ми е мало
оно збира само двајца,
одајчето ми је мало
оно збира, џанум, само двајца.



КАЖИ, КАЖИ, ЛИБЕ СТАНО

Кажи кажи, либе Стано
што си замислено,
дали пари немаш Стано
или руба немаш.

Се си имам, либе Димчо,
само едно немам,
само едно немам, либе
од срце порода.

Јас ќе одам, либе Стано
до града Солуна,
ќе ти купам, либе Стано
дете позлатено.

А што ќе ми, либе Димчо,
дте позлатено,
кога нема да ми рече
од срцето, слатка мајчице. х 2



КАЖИ МИ, КАЖИ, КАТИНКЕ

Кажи ми, кажи, Катинке,
која ли вечер да дојдам. х 2

Хеј, хеј, болен сум јас,
без болест болен си лежам. х 2

Која ли вечер да дојдам
пред врата да ти постојам. х 2

Хеј, хеј, болен сум јас,
без болест болен си лежам. х 2

Пред врата да ти постојам,
две до три думи да кажам,
две до три думи да кажам,
лицето да ти го видам.

Хеј, хеј, болен сум јас,
без болест болен си лежам. х 2



КАКО ШТО Е ТАА ЧАША

Како што е таа чаша полна со вино, х 2
така е и мојто срце полно с’јадови. х 2

Дал да пијам, мила мајко, да се опијам, х 2
јадовите, мила мајко, да заборавам. х 2

Ја послушај, мили синко, стара си мајка, х 2
и да пиеш, мили синко, фајде си нема. х 2

Ја земи си, мили синко, пушка берданка х 2
па оди си, мили синко, горе в планина,
таму и е, мили синко, верна дружина.



КАРАНФИЛИ ФИЛФИЛО МОМЕ

Каранфило филфило, моме
каранфило филфило
каранфило филфило, моме х 2
ти каранфил не носиш. х 2

Ти каранфил не носиш, моме
ти каранфил не носиш
ти каранфил не носиш, моме х 2
на каранфил мирисаш. х 2

Друшките ти носеја, моме
друшките ти носеја
друшките ти носеја, моме
ама не мирисаја. х 2

Цел ден стојам пред порти, моме
цел ден стојам пред порти
цел ден стојам пред порти, моме
пушка држам во раце
пушка држам во раце, моме
да убијам татко ти.

Да убијам татко ти, моме
да убијам татко ти
жал ми падна за тебе, моме,
ќе останеш сираче. х 2




КОГА СИ ТРГНАВ В ТУЃИНА

Кога си тргнав в туѓина
Дафино, либе, Дафино,
крај ваште порти поминав,
мој галабе х 2
и солзи проронав.

Вашиот чаир да пламни
и вашата куќа да изгори,
и твојто анѓелско лице,
мој галабе, х 2
на мојве раце да падне.

Откажуваш ли, либе, откажуваш ли
од прва верна си љубов,
думите да си приспомниш,
мој галабе, х 2
назад да се вратиш.
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
105
Поени од реакции
2
ЛИЛЈАНО, МОМЕ, ЛИЛЈАНО

Лилјано моме, Лилјано,
слушај што вели Ѓорѓија, х 2
аман, оф аман,
слушај што вели Ѓорѓија.

Чифликот ќе си го продадам,
тебе Лилјано да земам, х 2
аман, оф аман,
тебе Лилјано да земам.

Трлото ќе си го продадам,
тебе Лилјано да земам, х 2
аман, оф аман,
тебе Лилјано да земам.

Колку ти чини трлото,
толку ми чини грлото, х 2
аман, оф аман,
толку ми чини грлото.

Овците ќе си продадам,
тебе Лилјано да земам, х 2
аман, оф аман,
тебе Лилјано да земам.

Колку ти чинат овците,
толку ми чинат очите, х 2
аман, оф аман,
толку ми чинат очите.



ЛИЛЈАНО, МОМЕ, УБАВО

Лилјано, моме, убаво,
Лилјано, една на мајка,
уште ли мома ќе одиш,
уште ли светот ќе гориш? х 2

Лилјано, моме, убаво,
Лалјано, пиле шарено,
жена и деца оставам,
тебе, Лилјано, да земам. х 2

Немој, Лилјано, не чини,
не оставај рана на срце,
цел век јас ќе ти слугувам,
тебе, Лилјано, да земам. х 2



ЛИНО, МОМЕ, ЛИНО СЕВДАЛИНО

Лино, моме, Лино, севдалино,
која вечер, Лино, јас да дојдам. х 2

Море, кога сакаш, Ѓорѓи, тогај дојди,
оваа вечер, ЃорЃи, не доаѓај. х 2

Море, татко појде, Ѓорѓи, во Солуна,
во Солуна, Ѓорѓи, на пазарот. х 2

Море, кога појдов мамо, што да видам,
Лина стои диван пред свекрва. х 2



ЛИХНИДА КАЈЧЕ ВЕСЛАШЕ

Лихнида кајче веслаше
по Охридското Езеро
наспроти нејзе рибари
рибари, стари другари.

Рибари, стари другари
кротко терајте кајчето
да не ми прајте бранови, бранови
рацете да си одморам.

Лихнидо, моме, Лихнидо,
ако ти прајме бранови
со весло ќе ги скротиме, скротиме
со љубов ќе те гледаме.

Не сакам да ги скротите
не сакам да ме гледате
јас сакам мирно езеро, езеро
душата да си одморам.



ЛУЛЕЛА Е ЈАНА

Лулела е Јана
булино детенце,
ем го је лулела,
ем го луто клела. х 2

Да ми даде господ
булино детенце,
денес да лулам,
утре да жалам.

Што не можам д’ идам
на собор да бидам,
на собор да бидам,
с’ либе да се видам. х 2



ЛАЖИ, ЛАЖИ ВЕРЕ

Лажи, лажи Вере
лажи кој ќе лажеш
само мене, Вере, х 2
немој да ме лажиш.

Јас си имам, Вере,
леле, јас си имам,
јас си имам, Вере
до три болести.

Прва болест, Вере,
леле, прва болест,
прва болест, Вере
струмички меани.

Втора болест, Вере,
леле, втора болест,
втора болест, Вере
в туѓина ќе одам.

Трета болест, Вере,
леле, трета болест,
трета болест, Вере
умирам за тебе.



ЛЕГНАЛА ДАНА

Легнала Дана, заспала, леле боже,
во една мала градина, леле боже х 2
под едно дрво маслина.

Подувна ветер од море, леле боже,
открши гранка маслинка,
открши гранка маслинка, леле боже,
удри ми Дана по лице.

Викна ми Дана да плаче, леле боже,
оф леле мене до бога,
што бев си слатко заспала, леле боже,
и сладок сон си сонував.

На сон дојдоа три луди, леле боже,
три луди, три аџамии,
први ми даде златен прстен, леле боже,
други ми даде јаболка,
други ми даде јаболка, леле боже,
трети ме мене целувна.

Тој што ми даде златен прстен, леле боже,
низ него да се провира,
тој што ми даде јаболка, леле боже,
елен да биде до гроба,
тој што ме мене целувна, леле боже,
со него да си векувам.



ЛЕНКА ПИНГОВА

Разболела се, разболела се,
разболела се, разболела се
Ленка Пингова. х 2

Над глава и стои стара и мајка:
Кажи ми Ленче, кажи ми Ленче,
од што си болна. х 2

Јазе сум болна од прво либе,
јас ќе си умрам, јас ќе си умрам
рано в недела. х 2

Повикајте го Коле Вејковјо,
дарувајте го, дарувајте го,
бовчалокот мелезен.



ЛЕНЧЕ БОЛНО ЛЕЖИ

Ленче болно лежи х 2
време три години
и девет месеци. х 2

Над глава и седи х 2
нејна стара мајка
и на Ленче збори: х 2
Стани, Ленче, стани х 2
стројници ти дошле,
стројните скопјани. х 2

Како дошле, мамо,
така нек’ си одат,
јас си имам, мамо,
либе струмичанче. х 2



ЉУБЕЛЕ СЕ ДВАЈЦА МЛАДИ

Љубеле се двајца млади, еј х 2
љубеле се двајца млади,
од малечко до големо,
еј, љубезен мој. х 2

Дојде време да се земат, еј х 2
дојде време да се земат,
мајка ќерка не ја дава,
еј, љубезен мој.

Мајка ќерка не ја дава,
татко сина не го жени,
еј, љубезен мој.

Решиле се двајца млади, еј х 2
решиле се двајца млади,
да ми одат во гората,
еј, љубезен мој. х 2

Ти ќе станеш јавор дрво, еј х 2
ти ќе станеш јавор дрво,
ја ќе станам славеј пиле,
еј, љубезен мој. х 2



МАМО, КОЈ ЧУКА НА ПОРТИ

Мамо, кој чука на порти х 2
Чука, тропа, мила ќерко,
твојто верно либе. х 2

Мамо, дал да му отворам х 2
Немој, ќерко, немој душо
вечера немаме. х 2

Вечера ќе бидат мамо, х 2
вечера ќе бидат, мамо
мојте медни усни. х 2

Мамо, дал да му отворам х 2
Немој, ќерко, немој душо
постела немаме. х 2

Мамо, негова постела х 2
негова постела, мамо
мојта рамна снага. х 2



МАРИЕ, ДИЛБЕР БЕЛА МАРИЕ

Марие, дилбер бела Марие, х 2
што кротко такеш ле, ем плачеш. х 2

Дал’ ти е разбојот расипан, х 2
ил’ ти е брдото скршено. х 2

Нит’ ми е разбојот расипан,
нит’ ми е брдото скршено,
тук’ ми е жал за либето,
либето ми е далеку.
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
105
Поени од реакции
2
МИ ТОВАРИЛ ДОНЧО

Ми товарил калеш Дончо
три товари ориз,
во оризот турил Дончо
седум, осум бомби.

Леле, леле, леле, Дончо за жалење
оф, оф, оф, оф, оф,
Дончо штипјанчето. х 2

Па ми пошол калеш Дончо
за таја Битола,
на пат го сретнале Дончо
Турци, караулци...

Леле, леле, леле, Дончо за жалење
оф, оф, оф, оф, оф,
Дончо штипјанчето. х 2

Го туриле калеш Дончо
во темни зандани
на нозе му, сирот Дончо
тешки букагии.

Леле, леле, леле, Дончо за жалење
оф, оф, оф, оф, оф,
Дончо штипјанчето. х 2

На раце му калеш Дончо
тие лути спици
на глава му калеш Дончо
угорени вршник.



МОРЕ СОКОЛ ПИЕ ВОДА НА ВАРДАРОТ

Море сокол пие
вода на Вардарот.
Јане, Јане ле бело грло,
Јане, Јане ле кротко јагне.

Море ој, соколе,
ти јуначко пиле,
Јане, Јане ле бело грло,
Јане, Јане ле кротко јагне.

Море нели виде
јунак да помине,
јунак да помине,
с’ девет лути рани.
Јане, Јане ле бело грло,
Јане, Јане ле кротко јагне.

Јунак да помине
с’ девет лути рани,
с’ девет лути рани,
сите куршумлии.
Јане, Јане ле бело грло,
Јане, Јане ле кротко јагне.

А десета рана
со нож прободена.
Јане, Јане ле бело грло,
Јане, Јане ле кротко јагне.



МОРИ МОМЕ МАГДЕ

Мори моме Магде, умирам за тебе, х 2
заврти се, мила Магде,
ај заљуби се,
се заради тебе, Магде
изгубив цел век.

Руса коса имаш, свети како флорин х 2
заврти се, мила Магде,
ај заљуби се,
се заради тебе, Магде
изгубив цел век.

Црни очи имаш, дај ми ги мене х 2
заврти се, мила Магде,
ај заљуби се,
се заради тебе, Магде
изгубив цел век.

Рамна снага имаш, дај да ти ја кршам х 2
заврти се, мила Магде,
ај заљуби се,
се заради тебе, Магде
изгубив цел век.



МАРИЧЕ, ЛЕ, ЛИЧНО ДЕВОЈЧЕ

Мариче, ле, лично девојче, х 2
иди прашај ја, ле, мајка ти
оф, аман, аман, аман,
дали ќе те даде за мене
оф, аман, аман, аман.

Иди прашај ја, ле, мајка ти х 2
дали ќе те даде за мене
оф, аман, аман, аман
за мене сиромав, без рода
оф, аман, аман, аман.

Абре лудо, абре будало х 2
и да прашам фајде си нема
оф, аман, аман, аман
сираче си, без рода
оф, аман, аман, аман.



БОЛЕН ЛЕЖИ КАТИЛ ЃОРЃИ


Болен лежи катил Ѓорѓи
Болен лежи катил Ѓорѓи,
в Солунски зандани.
Дење лежи катил Ѓорѓи,
ноќе го испрашуваат.

Кажи, кажи катил Ѓорѓи,
кај е твојта пушка?
Кај е твојта пушка Ѓорѓи,
пушка малихера?

Ал' ме праша клети душман,
право ќе ти кажам.
Право ќе ти кажам душман,
нема да те лажам.

Глава давам клети душман,
пушка не кажувам.
Пушка не кажувам душман,
пушка маликера.

Кажи, кажи катил Ѓорѓи,
каде го спечали?
Каде го спечали Ѓорѓи,
тешкото имање?

Планини сум шетал Турчин,
бегови сум клало.
Пари сум земало Турчин,
пари неброени.
Е, од тука сум спечалил
тешкото имање.



А БРЕ НЕВЕСТО

А бре невесте, око калешово,
зашчо си толку бреј ујадено?
А бре војниче, младо војниче,
како да не сум бреј ујадено?
Еве имат бре, девет години,
како ми лудо војник зедоје.

А бре невесте, младо невесте,
какви јадови сега кажуваш?
Какви јадови сега кажуваш
и да го видиш не го позинаш?

А бре војниче, младо војниче,
ја имам мајка, моја свекрва.
Кога т'ја мајка сина прегрне
и ја да си му рака целивам.
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
105
Поени од реакции
2
АБРЕ БРАТЧЕ ТИ ЕГЕЈСКО


Абре братче ти егејско
од Солуна и Воденско,
абре братче беломорско,
младо момче македонско,
борба тешка ни се спрема
- Македонија да ја нема,
не ја давам да се дели,
мојот народ да се сели!
Една река, а две војски,
јас во една ти во туѓа,
абре братче како можам
јас во тебе да пукам,
абре братче ти не знаеш
- ти си братче Македонче.
Ти ме гледаш в очи право
и оружје репетираш,
не ми велиш ниту "Здраво",
пукаш братче ти во мене.
Куршум лета како змија,
покрај глава ми проаѓа,
да пукам ми доаѓа,
ама нешто не ми дава.
Испалувам три куршуми
во небото македонско
и ја фрлам мојта пушка
да не пукам јас во тебе.
Ти стануваш и ме гледаш,
јас ги дигам трите прста,
на децтво се присеќаваш,
на наш јазик проговараш,
ми приоѓаш и ме гушкаш
и ми велиш "Ајде брате!",
мислам дека сега сфаќаш
- јас и ти сме крвни браќа!
Абре братче сега знеш,
ти си братче Македонче!



МОРЕ ЕГЕЈСКО


Лажат дека немаш море
- имаш море зад Солунско поле,
широко, Море Егејско.
Лажат дека ти си мала
- на три страни разделена:
Вардар, Пирин, Егеј сини
- Македонијо, убава си!
Македонијо,
Македонијо,
Македонијо
мојаааа!
Кога бијат твоите камбани
сите сме заедно збрани,
ко на Илинден старите наши
- Македонија не се плаши!
Многу крв нека ни земат,
но тебе да те дадеме нема,
како Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Јане Сандански.
Македонијо,
Македонијо,
Македонијо
мојаааа!
Македонијо,
Македонијо,
Македонијо
мојаааа!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom