Стари Македонски песни (текстови)

Дискусија во форумот 'Музика' започната од TpH_Bo_OkO, 6 август 2007.

  1. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.514
    Допаѓања:
    723
    ПАРАХОДОТ

    Параходот веќе пристигна
    Збогум либе подај рака

    Не плачи мило либе,не жалај
    Јас пак ќесе вратам

    Очите ти насолзени
    Усните ти насмеани

    Не плачи мило либе,не жалај
    Јас пак ќе се вратам

    Ја земи си бело крпе
    Избриши си црни очи

    Не плажи мило либе,не жалај
    Јас пак ќе се вратам.


    НЕ СЕ БЕЛИ МАРЕ МОРИ

    Не се бели Маре мори,не се црви
    Не се толку Маре дотерувај

    Ми се смеат Маре мори комшиите,
    Комшиите Маре,еснафите

    Во кого си Маре мори погледала
    Секому си Маре болест дала

    Кому два дни Маре мори,кому три дни ,
    А на мене Маре три години

    Ме направи Маре мори,суво дрво,
    Суво дрво Маре,јаворово

    Земи оган Мрае мори,запали ме
    Запали ме Маре,изгори ме.


    СРЦЕ МЕ БОЛИ


    Срце ме боли ќе умрам
    Јандум аман од мерак за Трпана

    Сите градови ги шетав
    Јандум аман како тебе не најдов

    Па си се вратив в Тетово
    Јандум аман да си га видам Трпана

    Ако ме сакаш,сакај ме јандум аман
    Ако ме нејќиш кажи ми.
    Ако ме нејќиш кажи ми,јандум аман
    Да си го тражим чарето.



    АЈДЕ ДАЛИ ЗНАЕШ ПАМЕТИШ МИЛИЦЕ

    Ајде дали знаеш паметиш Милице
    Кога си бевме малечки де-еј
    Кога си бевме малечки Милице
    Ај кога се двајцата љубевме

    Ај кога се двајцата љубевме Милице
    Во чичовото градинче де-еј
    Во чичовото градинче Милице
    Ај кај шарените цвеќиња

    Ај кај шарените цвеќиња Милице
    Трендафил цвеќе цутеше де-еј
    Трендафил цвеќе цутеше Милице
    Ај на градите ти паѓаше

    Ај на градите ти паѓаше Милице
    Ти на скутот ми спиеше де-еј
    Ти на скутот ми спиеше Милице
    Ај тогаш ти лице целував

    Ај тигаш ти лице целував Милице
    Лице ти беше спокнато де-еј
    Лице ти беше спокнато Милице
    Ај на срце оган то гореше

    Ај на срце оган ти гореше Милице
    Ти мене жално ме гледаше де-еј
    Ти мене жално ме гледаше Милице
    Ај од очи солзи ронеше.

    АНТИЦЕ ЖАЛНА ДУШИЦЕ

    Антице жална душице,
    Ај што пусти к’смет си немала
    И на твојата убавина,
    И на твојата личотија.

    Не жале Анте,не плачи,
    Не рони солзи крвави,
    Не жали Анте,не плачи,
    Не расипуј си го лицето.

    Сестра ти поголема се омажи,
    А ти поголема-несвршена.
    Ти момче стројник ми испрати,
    Тебе ми те прве ппосакаја.
    На душа ми те зедоја,
    Мајка ти али татко ти.

    Не жали Анте,не плачи
    Не рони солзи крвави,
    Не жалли Анте,не плачи,
    Не расипуј си го лицето.

    На стројникот што му рекоја,
    Антица ни е потсвршена,
    Антица ни е потсвршена,
    За Димитрија Робета.
    Ако ја сакаш малата,
    Малата кира-Василикија.

    Не жали Анте,не плачи,
    Не рони солзи крвави,
    Не жали Анте,не плачи,
    Не расипуј си го лицето.


    АЈ ДА БЕГАМЕ , МОРИ ВАСЕ


    Ај да бегаме ,мори Васе,
    Ај ,да бегаме,
    Ај ,да бегаме в града Солуна.

    Там ќе најдеме ,мори Васе,
    Там ќе најдеме,
    Там ќе најдеме ,мома Спасија,
    Мома Спасија ,болна легнала.

    Ми повикала ,мори Васе,
    Ми повикала,
    Ми повикала ,до три доктора.

    Први вели ,мори Васе,
    Први вели,
    Први вели-не се лекува,
    Втори вели-од мерак лежи.

    Трети вели ,мори Васе,
    Трети вели,
    Трети вели-јас ќе ја лекувам,
    Јас ќе ја лекувам и ќе ја земам.


    ЕЛЕНО ЌЕРКО

    Елено ќерко ,Елено,
    Ти една на мајка,
    Што стоиш ќерко ,што мислиш,
    Што книга пишуваш.

    Пишувам мајко ,пишувам,
    Во грдот Едрене,
    Едрене мајко ,Едрене,
    На моето либе.

    Да купи мајко ,да купи,
    За мене капела,
    Капела ,мајко ,капела,
    Од триста гроша.
  2. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.514
    Допаѓања:
    723
    ЈОВАНО ЈОВАНКЕ

    Јовано ,Јованке,
    Крај Вардарот седиш мори,
    Бело платно белиш,
    Бело платно белиш душо,
    Сî на горе гледаш.

    Јовано ,Јованке,
    Јас тебе те чекам мори,
    Дома да ми дојдеш,
    А ти не доаѓаш душо,
    Срце мое Јовано.

    Јовано ,Јованке,
    Твојата мајка мори,
    Тебе не те пушта,
    Кај мене да дојдеш душо,
    Срце мое ,Јовано.


    МАРИЕ ДИЛБЕР БЕЛА МАРИЕ

    Марие ,дилбер бела ,Марие,
    Што кротко такеш ле ,ем плачеш.

    Дал’ти е разбојот расипан,
    Ил’ти е брдото скршено.

    "Нит’ми е разбојот расипан,
    Нит’ми е брдото скршено,
    Тук’ми е жал за либето,
    Либето ми е далеку."


    ЗУРЛИ ТРЕШТАТ НА СРЕД СЕЛО

    Зурли трештат на сред село,
    Тапан бие рум-дум-дум,
    Млади моми и ергени ,
    До две ора вијат.

    Оздол’ иде стар бел дедо,
    Засукал мустаќи,
    Право трга на орото
    И тој да се фати.

    Го здогледа баба Неда,
    За рака го фати,
    Каде одиш страо-аро,
    Оро да им грдиш.


    БИЛЈАНА ПЛАТНО БЕЛЕШЕ

    Билјана платно белеше,
    На Охридските извори.
    Ми поминаа винари,
    Винари белограѓани.
    Винари белограѓани,
    Кротко терајте карванот,
    Да не ми платно згазите,
    Платното ми е даровно,
    Платното ми е даровно,
    За свекор и за свекрва.
    Ако ти платно згазиме,
    Со вино ќе ти платиме,
    Со вино ќе ти платиме,
    И бела лута ракија.
    Винари белограѓани,
    Не ви го сакам виното,
    Тук’ви го сакам лудото,
    Што тера напред карванот.

    БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

    Битола , бабам , Битола,
    Таму се живот живее.
    Таму се живот живее,
    Таму се јаде и пие.
    Битола-мајска природа,
    Битола-златна градина.
    Со лични моми убави,
    На лице бели црвени.
    Битола , бабам , Битола,
    Кој ми те толку проколна,
    Да раѓаш моми убави,
    Да лудат сите беќари.



    БОР САДИЛА МОМА ЕВГЕНИЈА

    Бор садила мома Евгенија,
    Бор садила , ем Бога молила.
    Бор садила мома Евгенија,
    Бор садила , ем бога молила.
    Дај ми Боже бор да ми порасне,
    Да се качам на борови вејки.
    Дај ми Боже бор да ми порасне,
    Да се качам на борови вејки.
    Да здогледам сред море гемија,
    Во гемија-окован делија.
    Да здогледам сред море гемија,
    Во гемија-окован делија.
    Раце му се синџир-заврзани,
    Нозе му се франги-оковани.
    Раце му се синџир-заврзани,
    Нозе му се бука-оптегнати.
    На рамо му се два сива сокола,
    Го прашува мома Евгенија.
    Го прашува мома Евгенија,
    Со што раниш два сива сокола.
    "Меса сечам , соколи си ранам,
    Солзи леам , вода ги напивам.
    Меса сечам , соколи си ранам,
    Солзи леам , вода ги напивам."
  3. pearl

    pearl ..~..~..~..~..~..~..

    Член од:
    20 август 2005
    Мислења:
    2.649
    Допаѓања:
    1.910
    1762 лето

    Илјада и седимстотин шесдесет и второ лето
    в Охрида од Цариграда дошел Салаор.
    Еј! Дошел Солаор.

    Се претставил пред Арсења
    наша патрика честнаго
    и му рек'л слово горко, слово жалостно.
    Еј! Слово жалостно.

    Царска волја е да тргнеш
    денеска за Цариграда
    на тебе од врли Грци, голем поплак е.
    Еј! Голем поплак е.

    Собрал патрик свое стадо
    в црква свјатиј Климентова
    благослов им дал последен, р'це заплетил.
    Еј! Р'це заплетил.

    Д'лго време липал старец
    в молчење в'сенародно
    и по бела брада ронел с'лзи горешти.
    Еј! С'лзи горешти.

    Слушајте ме мили чеда
    јас ќе идам в Цариграда
    на мене од врли Грци голем поплак е.
    Еј! Голем поплак е.

    Грцкиј патрик ќе ни строши
    славна Охридска Столица
    и мене до смрт ќе држи в заточение
    Еј! В заточение.

    Ќе прати владици Грци
    лицем светци срцем в'лци
    ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м'лзат до крв.
    Еј! Ќе молзат до крв.

    Меѓу народа ќе сејат
    несогласје и раздори,
    да се мразат син со татка и со брата брат.
    Еј! И со брата брат.

    И ќе викнете до Бога
    и крило не ќе најдете,
    смирени ќе наведете глави доземи.
    Еј! Глави до земи.

    Ќе ми бидете сираци,
    така било написано.
    Елате ми да ве гушна за последен п'т.
    Еј! За последен пат.

    Ч'рна т'га поразила
    старо, младо, м'жи, жени,
    Вси со р'це заплетени с'лзи проливат.
    Еј! Солзи поливат.

    Тој ги гушка, тие тажни
    му целуват десна р'ка
    и од р'ка как' од извор с'лзи се лејат.
    Еј! Солзи се лејат.

    Вјахнал Патрик брза коња
    и неволно уп'тил се.
    Тога грмкиј плач народен небо процепил.
    Еј! Небо процепил.

    Умилил се чесниј Патрик,
    свалил шапка навезана,
    погледал на сино небо, љуто прок'лнал.
    Еј! Љуто проколнал:

    „Ох! послушај, милиј Боже!
    Хаир никога да немат
    Стамче беј и Бујар Лигдо, Пејко челеби!
    Еј! Пејко челеби.

    Милостивиј Бог послушал
    патричка горешча клетва,
    слава нихна, семе нихно погубил со шум.
    Еј! Погубил со шум.

    И сега во куќи нихни
    ткае пајак пајачина
    и на пусти стрехи нихни хукат хутове.
    Еј! Хукат хутове.


    Го фанале клети Турци едно моме

    Го фанале клети Турци,
    едно моме најубаво,
    го фанале едно моме, најубаво,
    најубаво во селото.

    Му врзале двете раце,
    двете раце наопаку,
    му врзале двете раце, двете раце,
    двете раце наопаку.

    Кажи, кажи малој моме
    кај се крие Гоце Делчев?
    Кажи, кажи малој моме, најубаво
    кај се крие Гоце Делчев?

    И да умрам, да загинам,
    јас за Гоце не кажувам!
    И да умрам да загинам, клети Турци
    јас за Гоце не кажувам!


    Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо

    Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо,
    што тамбура свири.
    Тамбурата свири, калеш бре Анѓо,
    анама да бидиш.

    Анама да бидиш, калеш бре Анѓо,
    на чардак да седиш.
    На чардак да седиш, калеш бре Анѓо,
    жолтици да броиш.

    Жолтици да броиш, калеш бре Анѓо,
    бисери да нижиш.
    Бисери да нижиш, калеш бре Анѓо,
    на грло да редиш.

    Ајде, слушај, слушај клето бре Турче,
    анама не бивам.
    Анама не бивам, клето бре Турче,
    турски не разбирам.


    Македонско девојче

    Македонско девојче,
    китка шарена,
    во градина набрана
    дар подарена,

    Дали има н' овој бели свет
    поубаво девојче од Македонче?
    Нема, нема не ќе се роди
    поубаво девојче од Македонче.

    Кога коси расплети
    како коприна
    лична е и полична
    од самовила.

    Кога песна запее
    славеј натпее,
    кога оро заигра
    срце разигра.
  4. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.514
    Допаѓања:
    723
    ДЕВОЈЧЕНЦЕ ЉУБИШ ЛИ МЕ МЕНЕ

    Девојченце , девојченце,
    Љубиш ли ме мене ?
    Девојченце , љубиш ли ме мене?
    Јас те љубам , јас те љубам,
    На сон те сонувам,
    Јас те љубам , на сон те сонувам.
    Штом сонуваш , штом сонуваш,
    На кого кажуваш?
    Штом сонуваш на кого кажуваш?
    Јас кажувам , јас кажувам,
    На мојата мајка,
    Јас кажувам на мојата мајка.
    Штом кажуваш , штом кажуваш,
    Што ти мајка вели?
    Штом кажуваш што ти мајка вели?
    Мајка вели , мајка вели,
    Заљуби го ќерко,
    Мајка вели , заљуби го ќерко..



    ЕДНО МАЛО МОМЕ

    Едно мало моме,
    Без мајка остана.
    Расна ми порасна,
    И за мајка праша,
    Кажи , кажи тате,
    Каде е мојта мајка?
    Твојта мајка , сине,
    Во црната земја.



    ЗОШТО СИ МЕ МАЈКО РОДИЛА

    Зошто си ме мајко родила , оф леле,
    Цел живот не си ме видела,
    Ти си машко чедо родила , оф леле,
    И на друг си мајко радост дарила,
    Леле , оф аман , леле , леле,
    И на друг си мајко радост дарила.
    Се рецитира:
    Дење , ноќе одам , скитам јас , леле , леле,
    Пеам , свирам , играм и плачам,
    Твојот лик го гледам секој пат,
    Оф леле , леле . . . .
    На тебе долгови ти враќам јас,
    Оф аман , аман , аман . . . .
    На тебе долгови , долгови ти враќам јас.
    Херој биди мила мајко ти , леле ле . . .
    Што си среќна ѕвезда родила,
    Јас ќе светам мила мајко како сјај , оф леле . . .
    За мојот мила мајко , роден крај,
    Леле , оф аман , леле леле . . .
    За мојот мила мајко , роден крај.



    КАЖИ МИ КАЖИ КАТИНКЕ

    Кажи ми , кажи Катинке,
    Која ли вечер да дојдам?

    Хеј хај , болен сум јас,
    Без болест , болен си лежам.

    Која ли вечер да дојдам,
    Пред врата да ти постојам?

    Хеј хај , болен сум јас,
    Без болест , болен си лежам.

    Пред врата да ти постојам,
    До две-три думи да кажам,
    До две-три думи да кажам,
    Лицето да ти го видам.

    Хеј хај , болен сум јас,
    Без болест , болен си лежам.



    КАРАНФИЛО ФИЛ-ФИЛО МОМЕ


    Кранфило . фил-фило моме,
    Каранфило , фил-фило,
    Ти каранфил не носиш , моме,
    На каранфил мирисаш.

    Друшките ти носеја , моме,
    Друшките ти носеја,
    Друшките ти носеја , моме,
    Ама не мирисаја.

    Цел ден стојам пред порти , моме,
    Цел ден стојам пред порти,
    Цел ден стојам пред порти , моме,
    Пушка држам во раце.

    Да убијам татко ти , моме,
    Да убијам татко ти,
    Да убијам татко ти , моме,
    Татко ти , ем мајка ти.

    Жал ми падна за тебе , моме,
    Жал ми падна за тебе,
    Ќе останеш сираче , моме,
    Без мајка и без татко.

    КОГА СЕ МАЖЕШЕ ШТО ТИ СЕ ЧИНЕШЕ

    Кога се мажеше што ти се чинеше,
    Невесто , мори црно око,
    Лиду , лиду , лиду ду,
    Црно ле око , де.

    Дали ти се чинеше момче шеќерче,
    Невесто , мори црно око,
    Лиду , лиду , лиду ду,
    Црно ле око , де.

    Ниту је момче , момче шеќерче,
    Невесто , мори црно око,
    Лиду , лиду , лиду ду,
    Црно ле око , де.

    Ниту је круша , круша шербетлика,
    Невесто , мори црно око,
    Лиду , лиду , лиду ду,
    Црно ле око , де.

    Камо ти невесто за свекорот кошула,
    Невесто , мори црно око,
    Лиду , лиду , лиду ду,
    Црно ле око , де.

    За свекорот шамија , за деверот чорапи,
    Невесто , мори црно око,
    Лиду , лиду , лиду ду,
    Црно ле око , де.



    ЛАЖИ ЛАЖИ ВЕРЕ


    Лажи , лажи Вере,
    Лажи , кого лажиш,
    Само мене Вере ,
    Немој да ме лажиш.

    Јас си имам Вере,
    Леле , јас си имам,
    Јас си имам Вере,
    До три болести.

    Прва болест Вере,
    Леле , прва болест,
    Прва болест Вере-
    Струмички меани.

    Втора болест Вере,
    Леле , втора болест,
    Втора болест Вере-
    В туѓина ќе одам.

    Трета болест Вере,
    Леле , трета болест,
    Трета болест Вере-
    Изгорев за тебе.



    ЛИЛЈАНО МОМЕ УБАВО

    Лилјано моме убаво,
    Лилјано една на мајка,
    Уште ли мома ќе одиш,
    Уште ли светот ќе гориш?

    Лилјано моме убаво,
    Лилјано пиле шарено,
    Жена и деца оставам,
    Тебе Лилјано да земам.

    Немој , Лилјано , не чини,
    Не осатвај рана на срце,
    Цел век јас ќе ти слугувам,
    Тебе Лилјано да земам.
  5. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.514
    Допаѓања:
    723
    НА СРЦЕ МИ ЛЕЖИ МИЛА МАМО

    На срце ми лежи , мила мамо,
    На срце ми лежи,
    Ај , на срце ми лежи , мила мамо,
    Една лута змија.

    Не ми била змија , мила мамо,
    Не ми била змија,
    Ај , не ми била змија , мила мамо,
    Туку кара севда.

    Севдините очи , мила мамо,
    Севдините очи,
    Ај , Севдините очи , мила мамо,
    Црни , черешови.

    Севдините веѓи , мила мамо,
    Севдините веѓи,
    Ај , Севдините веѓи , мила мамо,
    Морски пијавици.

    Севдината снага , мила мамо,
    Севдината снага,
    Ај , Севдината снага , мила мамо,
    Тенка половина.



    НЕ СЕ КРЕВАЈ НА ГОЛЕМО


    Не се кревај на големо,
    Јовано , Јованке,
    Барем да си од колено,
    Јовано , Јованке,
    Пиле шарено.

    Ја елај ми на колено,
    Јовано , Јованке,
    Отпетлај ми доламата,
    Јовано , Јованке,
    Пиле шарено.

    Ред по редум-девет реда,
    Јовано , Јованке,
    Да ми видиш кошулава,
    Јовано , Јованке,
    Пиле шарено.

    Од куршуми издупена,
    Јовано , Јованке,
    А со крв е облеана,
    Јовано , Јованке,
    Пиле шарено.



    НЕМОЈ МЕ МИЛА МАМО ЛУТО ДА КОЛНИШ

    Немој ме , мила мамо , луто да колниш,
    Оти сум станал мамо , младо спаивче.

    Ја , спремај ми го мамо брзото коњче,
    Јас ќе си одам мамо , Благино село.

    Ако е Блага , мамо болна легнала,
    Јас ќе се сторам мамо , младо докторче,
    И ќе ја лечам мамо , без пари.

    Ако е Блага , мамо за друг свршена,
    Јас ќе се сторам мамо , младо касапче,
    И ќе ја сечам мамо , парче по парче.

    ОД БИТОЛА ДО ВЕВЧАНИ СЕ САРДИСАНО

    Од Битола до Вевчани , се сардисано.

    Ура , ура-Ставре војвода.

    Го сардиса млад ставре кушегутот.

    Ура , ура-Ставре војвода.

    Ставре има машко срце-не се предава.

    Ура , ура-Ставре војвода.

    Ставре има бердан пушка-не се предава.

    Ура , ура-Ставре војвода.

    Прва бомба , што ми пушти в конопиштата.

    Ура , ура-Ставре војвода.

    Та ми удри десет души од аскерот.

    Ура , ура-Ставре војвода.

    Сврти пушка во брадата , Ставре војвода,
    Ура , ура , сам се убива,
    Ура , ура , за Македонија.



    ОРДАН СЕДИ НА КУЛАТА

    Ордан седи на кулата,
    На кулата во Брезово,
    В раци држи дулбијата.

    Па ми гледа горе-долу,
    Му догледал црни аскер,
    Црни аскер-башибозук.

    Фрли бомба сред селото,
    Цело село се затресе,
    Сиот аскер го потурка.

    Извикнаја селаните,
    Што е ова од Ордана,
    Од Ордана Пиперката.

    Ордан куршум не го дупи,
    Ордан сабја не го сече,
    Ордан носи чесно дрво.



    ПОДИГНИ СИ БРЕ НЕВЕСТЕ

    Подигни си , бре невесте дулачето,
    Да ти видам , бре невесте , бело лице.

    И да видиш , лудо младо , фајде нема,
    Бело лице , лудо младо , продадено.

    Продадено , лудо младо , во комшии,
    Во комшии , лудо младо , за Јанета.

    АЈ ЗАСВИРЕТЕ МИ ЧАЛГИИ

    Ај засвирете ми чалгии,
    Една песна мераклиска,
    Да се сетам на младоста,
    Да се врати в срце радоста.
    Свирете ми чалгии,
    Свирете ми се од срце,
    празник ми е на душава,
    Денес плчам за младоста.
    Ај засвирете ми чалгии,
    Една песна како животот,
    очи , солзи да наоплнат,
    душа моја да олеснат.
    Свирете ми чалгии,
    Свирете ми се од срце,
    Празник ми е на душава,
    Денес плачам за младоста.



    ДАФИНО ВИНО ЦРВЕНО

    Дафино виноцрвено
    Момчето ти е заспало
    На Кара-камен планина
    На сува рида без вода

    Ми поминале ајдуци
    Гуњчето му го украле
    Гуњчето му го украле
    Во меана му го продале

    Во меана му го продале
    За бела лута ракија
    Ај за бела лута ракија
    За рујно вино црвено

    Ако му го зеле гуњчето
    Нека ми е живо момчето
    Нека ми е живо момчео
    Друго ќе гуњче најдеме.



    ДАЛИ ДУМАШ ЛИБЕ

    Дали думаш либе,
    Да ли паметуваш,
    Кога бевме мило либе,
    Двајце не прошетка.

    Нели ми велеше,
    Нели се колнеше,
    Јас не љубам друго либе,
    Само тебе душо.

    Земи си ножето ,
    Распарај срцето,
    Таму ќе си најдиш либе,
    Две срца вљубени.

    Ах,колку е мачно,
    Ах,колку е мачно,
    Јас да те љубам либе,
    А друг да те земи.
  6. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.514
    Допаѓања:
    723
    АБЕР ДОЈДЕ ДОНКЕ

    Абер дојде Донке од кулата
    Од кулата Донке од агата

    Да ги збериш Донке аргатите
    Аргатите Донке невестите

    Ќе жнееме Донке куси јачмен
    Куси јачмен Донке до колена

    Они ќе јадат Донке лук и вода
    Ти ќе јадеш Донке рудо јагне.



    ПОСЛУШАЈТЕ ПАТРИОТИ

    Послушајте патриоти,
    Да ви кажам словото:
    "На Ѓурѓовден бев затворен,
    В црни темни зандани.

    Во зандани бев затворен,
    Од проклети шпиони.
    Од проклетите шпиони,
    Неразбрани трговци.

    Ах, немојте да ме мачите ,
    Јас сум невин како цвет.
    Сум се борел за слобода,
    За човечки правдини.

    Ах ,да знае мојта мајка,
    Гробот да ми ископа.
    Гробот да ми го ископа ,
    Спрема јасното сонце.

    И на него да напише,
    Тук почива маченик.
    Тук почива Александро,
    Кара-Ѓуле Охридски."



    БОГ ДА БИЕ КОЈ ПРВ ПОЧНА

    Бог да бие ,кој прв почна,
    Кој прв почнада ми оди на печалба,
    На печалба ,мило либе-Америка.

    Три години ,без работа,
    Без работа ,мило либе ,ем ,без пари.

    Параходот веше пристигна,
    Пари немам ,мило либе да се качам.

    Ако сакаш да си дојдам,
    Продај си го ,мило либе ,ѓерданчето.

    Ако не стаса ѓерданчето ,
    Продај си го елечето.
    Праќај пари мило либе ,да си дојдам.

    ЕРГЕН ОДЕВ МАМО

    Ерген одев мамо ,ерген одев,
    Ерген одев мамо ,поарно ми беше.

    Се оженив мамо ,се оженив,
    Се оженив мамо ,злото ме нападна.

    Падна ми се мамо ,падна ми се,
    Падна ми се мамо ,либе болничаво.

    Са ноќ ми е мамо ,са ноќ ми е,
    Са ноќ ми е мамо ,на рака лежало.

    Дури ми се мамо ,дури ми се,
    Дури ми се мамо ,рака исушила.

    Па не можев мамо ,па не можев,
    Па не можев мамо ,на коњ да се качам.

    Ме качија мамо ,ме качија,
    Ме качија мамо , моите другари.



    КАКО ШТО Е ТАА ЧАША

    Како што е таа чаша полна со вино,
    Така е и мојто срце полно с’јадови.

    Дал’да пијам мила мајко ,да се опијам,
    Јадовите мила мајко ,да заборавам?

    Ја послушај мили синко ,стара си мајка
    И да пиеш ,мили синко ,фајде си нема.

    Ја земи си ,мили синко ,пушка берданка,
    И там појди ,мили синко ,в гора зелена,
    Там ќе најдеш ,мили синко ,верна дружина,
    Јадовите ,мили синко ,ќе заборавиш.



    МИЛА МАЈКО ШТО МЕ РОДИ ТОЛКУ СИРОМАВ


    Мила мајко шро ме роди толку сиромав,
    Сиромав ,сиромав ,пусти останав.

    Ќесе имам ,пари немам ,леле сиромав,
    Сиромав ,сиромав ,пусти останав.

    Куќа имам ,жена немам ,леле сиромав,
    Сиромав ,сиромав ,пусти останав.

    Кревет имам ,душек немам ,леле сиромав,
    Сиромав ,сиромав ,пусти останав.



    ОЈ НЕДО НЕДО

    Ој Недо ,Недо ,земи ме Недо.
    Ако не ме земиш Недо,
    Ветрот ќе те земе ,кучке,
    Што мана ми најде.

    И ние сме Недо мори ,луѓе чорбаџии,
    И ние имаме Недо ,големо богатство.
    Од жаба нога Недо ,цела пастрма ,
    Од глувче меше Недо ,полно е со вино.
    Па се надеваме Недо ,
    Свадба да правиме ,кучке ,
    Тебе да земиме.

    И ние сме Недо мори ,луѓе чорбаџии,
    Едно рало гаѓи Недо ,деветмина браќа,
    Едниот ги слек’ва Недо ,другиот-облек’ва.
    Па се надеваме Недо,
    Свадба да правиме ,кучке,
    Тебе да земиме.
  7. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.514
    Допаѓања:
    723
    ЗАЈДИ ЗАЈДИ

    Зајди ,зајди јасно сонце,
    Зајди помрачи се,
    И ти јаснале ,месечино,
    Бегај удави се.

    Црнеј горо ,црнеј сестро,
    Двајца да црнејме,
    Ти за твојте лисја ле ,горо,
    Јас за мојта младост.

    Твојте лисја,горо сестро,
    Пак ќе ти се вратат ,
    Мојта младост горо ле ,сестро,
    Нема да се врати.



    БОЛЕН ЛЕЖИ КАТИЛ ЃОРЃИ

    Болен лежи катил Ѓорѓи,
    В Солунски зандани.
    Дење лежи катил Ѓорѓи,
    Ноќе го испитуваат.
    Кажи , кажи катил Ѓорѓи,
    Кај е твојта пушка?
    Кај е твојта пушка Ѓорѓи,
    Пушка-маликера.
    Главата си давам душман,
    Пушка не кажувам.
    Пушка не кажувам душман,
    Пушка-маликера.
    Откаде спечали Ѓорѓи,
    Тешкото имање?
    Бегови сум клало душман,
    Пари сум земало.



    ВРАНА КОЊА ЈАВАМ ЈАС


    Врана коња јавам јас,
    Одам по невестата,
    Одам по невестата,
    Дал’ ќе ми ја дадат.
    На сред село тапан чука,
    Оро се вие,
    Оро се вие,
    Мома водеше.
    Татко и ја дава,
    Село не ја дава,
    Село не ја дава,
    Оти е убава.
    Ќе умрам мајко , загинам,
    Без неа дома не одам,
    В село слуга ќе бидам,
    Само неа да гледам.



    ДО КОГА БРАЌА МИЛИ МАКЕДОНЦИ

    До кога браќа , мили Македонци,
    До кога Грци ќе ве толчат
    Со своето верно друговерство,
    Милата наша родина.
    Зашто вие причина станавте
    Пред двеста години,
    На горната патријашија,
    -Со лаги ни ја презедовте.
    Каде се нашите писатели,
    Каде се нашите списанија?
    Се е , се е прав и пепел станало
    Од грчката фанариотска злоба.
    Станете сите , браќа Македонци,
    Од сите наши краеви
    И да викнеме сите со глас голем:
    "Бегајте Грци , не ве сакаме!"




    ЕЈ ТИ МОМЕ МАЛО МОМЕ

    Еј ти моме , мало моме,
    Блазе тебе на душата.
    Блазе тебе на душата,
    Што си спиеш при мајка ти,
    При мајка ти , при татко ти.
    Ами јаска , сам сиромав,
    Сам легнувам , сам станувам.
    Сам легнувам , сам станувам,
    На полноќ се разбудувам.
    На полноќ се разбудувам,
    Мало моме побарувам.
    Мало моме побарувам,
    Побарувам , на најдувам.
    Побарувам , не најдувам ,
    Ал’ перница заграбувам.
    Ал’ перница заграбувам,
    Дробни солзи проронувам.
    Дробни солзи проронувам,
    Ал’ шамиче натопувам.
    Ал’ шамиче натопувам,
    На гради го исушувам.
  8. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.514
    Допаѓања:
    723
    ЈАНО МОРИ

    Јано мори , Јано леле , севдалино,
    Моја росна , Јано мори , детелино,
    Ај , моја росна , Јано мори , детелино.
    Поминуваш , Јано мори , заминуваш,
    Камен , дрво , Јано мори , изгоруваш,
    Ај , камен , дрво , Јано мори , изгоруваш.
    Те прашает , Јано мори , Мајсторине,
    Што им готвиш , Јано мори , за вечера,
    Ај , што им готвиш , Јано мори , за вечера.
    Кад баница бегу море ил’ кокошка,
    Ова вечер , бегу море , рудо јагне,
    Ај , од две мајки , бегу море , задоено.



    КАЖИ РАЈНЕ КАЖИ ДУШО


    Кажи Рајне , кажи душо,
    Кој ти нишан стори,
    Кој ти нишан стори Рајне,
    На белото лице.

    Штом ме прашаш стара мајко,
    Право ќе ти кажам,
    Право ќе ти кажам мајко,
    Тебе не те лажам.

    Сношти беа стара мајко,
    Момци Македонци,
    Сî бели кољи , мајко,
    И со жолти узди.

    Главатар им беше , мајко,
    Мојто прво либе,
    Тој ми нишан стори , мајко,
    На белото лице.



    КАТЕ КАТЕ ЛИЧНО МОМЕ

    Кате , Кате лично моме,
    Ај , стори се едно пиле.

    Па прелетај ја болката,
    Да разбериш времињата.

    Да разбериш времињата,
    Колку време се љубевме.

    Колку време се љубевме,
    И на крајот не се зедовме.



    КОГА СИ ТРГНАВ В ТУЃИНА


    Кога си тргнав в туѓина,
    Дафино либе , Дафино.
    Крај твоите порти поминав-
    Мој галабе-и солзи проронав.

    Откажуваш либе , откажуваш,
    Од прва верна си љубов,
    Думите да си ги приспомниш-
    Мој галабе-назад да се вратиш.

    Вашиот чаир да пламни,
    И ваш’та куќа да изгори,
    И твојто ангелско лице-
    Мој галабе-во мои раце да падне.
  9. pcjodamaster

    pcjodamaster :trololo:

    Член од:
    20 мај 2006
    Мислења:
    4.174
    Допаѓања:
    123
    Учи ме мајко, карај ме (не е комплетна, само неколку строфи се)

    Еееј, учи ме мајко, карај ме
    како да ја земам Лилјана
    Лилјана мома убава
    Лилјана тенка висока
    Лилјана бела црвена
    Лилјана ситен босилок
    Лилјана една на мајка.

    Учам те синко карам те
    како да ја земиш Лилјана
    повикај триста мајстори
    направи чешма шарена
    наврати вода студена
    сите селани ќе дојдат
    и Лилјанини другарки
    ем сите калеш невести
    белким Лилјана ќе дојде.

    Послуша Стојан мајка си
    повика триста мајстори
    направи чешма шарена
    наврати вода студена
    сите селани дојдоа
    и Лилјанини другарки
    ем сите калеш невести
    кучка Лилјана не дојде.
  10. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.514
    Допаѓања:
    723
    ЛЕНЧЕ БОЛНО ЛЕЖИ

    Ленче болно лежи,
    Време три години,
    И девет месеци.

    Над глава и стои
    Нејна стара мајка,
    И на Ленче збори:

    "Стани Ленче , стани
    Стројници ти дошле,
    Стројници Скопјани."

    "Како дошле мајко,
    Така да си одат,
    Јас си имам мајко,
    Либе струмичанче."



    ЛИНО МОРИ МОМЕ СЕВДАЛИНО

    Лино , мори моме , севдалино,
    Која вечер , Лино јас да дојдам.

    Море , кога сакаш Ѓорѓи ,тогај дојди,
    Оваа вечер , Ѓорѓи не доаѓај.

    Море , татко појде , Ѓорѓи во Солуна,
    Во Солуна Ѓорѓи , на пазарот.

    Море , кога појдов мамо , што да видам,
    Лина стои диван пред свекрва.



    МАМО КОЈ ЧУКА НА ПОРТИ

    Мамо , кој чука на порти?
    Чука , тропа , мила ќерко,
    Твојто верно либе.

    Мамо , дал’ да му отворам?
    Немој ќерко , немој душо,
    Вечера немаме.

    Вечера ќе бидат , мамо,
    Вечера ќе бидат , мамо,
    Мојте слатки думи.

    Мамо , дал’ да му отворам?
    Немој ќерко , немој душо,
    Постела немаме.

    Постела ќе биде , мамо,
    Постела ќе биде , мамо,
    Мојта рамна снага.

    НЕ КАЖУВАЈ ЛИБЕ ДОБРА НОЌ

    Не кажувај либе добра ноќ,
    Не оди дома рано ти,
    Најдобро време е во ноќта,
    Прекрасна е оваа ноќ за нас.

    Сите спијат , а ние сме сами,
    О , зошто не си крај мене,
    Милувај , бакнувај бескрајно,
    Волшебна е ноќ за љубење.

    Јас знам дека друга љубиш ти,
    Јас знам дека друга мамиш ти,
    Срцево мое е за тебе,
    И не би го дала јас на друг.

    За мене пролет не развива,
    За мене цвеќе не цути,
    За мене ти си прва љубов,
    И последна ќе ми бидеш ти.



    НЕ СИ ГО ПРОДАВАЈ КОЉО ЧИФЛИКОТ

    Не си го продавај Кољо чифликот,
    Мама не ме дава Кољо за тебе.

    По меани одиш Кољо,
    Рујно вино пиеш,
    Дома рано не си одиш да спиеш.

    Колку ти чини Кољо чифликот,
    Толку ми чини Кољо лицето.

    По меани одиш Кољо,
    Рујно вино пиеш,
    Дома рано не си одиш да спиеш.

    Не си го продавај Кољо трлото,
    Мама не ме дава Кољо за тебе.

    По меани одиш Кољо,
    Рујно вино пиеш,
    Дома рано не си одиш да спиеш.

    Колку ти чини Кољо трлото,
    Толку ми чини Кољо грлото.

    По меани одиш Кољо,
    Рујно вино пиеш,
    Дома рано не си одиш да спиеш.



    НИКНАЛО НИКНАЛО

    Никнало , никнало,
    Цвеќе шарено,
    Пред моми , пред моминото
    Пенџерче.

    Дење го , дење го
    Моме вадело,
    Ноќе го , ноќе го
    Момче крадело.

    Дејгиди , дејгиди,
    Момче будало,
    Не знаеш , не знаеш,
    Моме да љубиш,
    Тук’ знаеш , тук’ знаеш
    Цвеќе да крадеш.

    Цвеќето , цвеќето
    Е за мирисање,
    Момето , момето
    Е за љубување.
  11. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.514
    Допаѓања:
    723
    ОД УМОТ СЕ ПОДИЗГУБИВ

    Од умот се подизгубив
    За едно лично Охриѓанче.
    Од умот се подизгубив
    За едно лично , за едно лично Охриѓанче.

    Оди мајко , стара мајко,
    Скришем , скришем да ñ речиш.
    Оди мајко , стара ле мајко,
    Скришем , скришем,
    Скришем , скришем да ñ речиш.

    Син ми ќерко те милува,
    Па се срамел да ти речи.
    Син ми ќерко те милува,
    Па се срамел,
    Па се срамел да ти речи.

    Штом ме лудо милувало,
    З’ш не кажал од порано.
    Штом ме лудо милувало,
    З’ш не кажал,
    З’ш не кажал од порано.

    Сега сум си посвршено
    За едно лично Битолчанче.
    Сега сум си посвршено
    За едно лично,
    За едно лично Битолчанче.



    ПЕСНА ВИ ПЕАМ МАКЕДОНЦИ

    Песна ви пеам Македонци,
    Со зборој нашински,
    Песна за Егејско чедо,
    На Македонија.

    Македонка мајка ме роди
    И клетва ми остави
    Расти и бори се чедо
    За Македонија.

    Родена сум во Кукуш,
    Тирански мачена,
    Нога и рака ми сековте,
    Очи извадивте.

    Македонка мајка ме роди
    И клетва ми остави
    Расти и бори се чедо
    За Македонија.

    Името лично Македонско,
    Не си го менувам,
    Внука сум јас на Гоце,
    Кукушанецот.

    Македонка мајка ме роди
    И клетва ми остави
    Расти и бори се чедо
    За Македонија.

    ПОЈДЕ МОМЕ НА ВОДА

    Појде моме на вода,
    Со две стомни шарени.

    А беќарчето по неа,
    И на моме говори:

    "Постој моме , почекај,
    Да ти кажам два збора.

    Подај ми го бардето,
    Вода да се напијам."

    Не го фати бардето,
    Тук ја фати за рака.



    АЈДЕ РЕД СЕ РЕДАТ МАЛЕ

    Ајде , ред се редат , мале,
    Ајде , ред се редат,
    Кочански сејмени , мила мале,
    Кочански сејмени.
    Ајде , ќе ми одат , мале,
    Ајде , ќе ми одат,
    Покрај Крива Река , мила мале,
    Покрај Крива Река.
    Ајде , ќе го барат , мале,
    Ајде , ќе го барат ,
    Иљо арамија , мила мале,
    Иљо арамија.
    Ајде , не ми било иљо,
    Ајде , не ми било,
    Покрај Крива Река , мила мале,
    Покрај Крива Река.
    Ајде , тук ми било Иљо,
    Ајде , тук ми било,
    Во Солуна града , мила мале,
    Во ладна меана.
    Ајде , го служела , мале,
    Ајде , го служела,
    Мома Македонка , мила мале,
    Мома Македонка.



    СИ ЗАЉУБИВ ЕДНО МОМЕ

    Си заљубив едно моме
    Од малечко до големо
    Дојде време да го земам
    Оф аман,аман,падна моме се разболе

    Јас отидов да ја видам
    Ми побара понадица
    Ми побара понадица оф аман,аман
    Суво грозје,жолта дуња

    Кога дојдов да ја земам
    Сратнав моме на носило
    Бело лице потемнето оф аман,аман
    Црни очи затворени.



    УЧИ МЕ МАЈКО,КАРАЈ МЕ

    Учи ме мајко,карај ме
    Како да ја земам Љиљана
    Љиљана мома убава
    Љиљана бела и црвена
    Љиљана ситен босилек
    Љиљана цвеќе шарено
    Љиљана една на мајка

    Учам те сине,карам те
    Повикај триста мајстори
    Направи чешма шарена
    Наврати вода студена
    Сите селани ќе дојдат
    И Љиљанини другачки
    Ем,сите калеш невести
    Белким Љиљана ќе дојде

    Послушал Стојан мајка си
    Повикал триста мајстори
    Направил чешма шарена
    Навратил вода студена
    Сите селани дојдоа
    И Љиљанини другачки
    Ем, сите калеш невести
    Кучка Љиљана не дојде.
  12. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.514
    Допаѓања:
    723
    СЕ ЗАПАЛИ ПИЛЕ ТРЕНО

    Се запали пиле Трено одајчето
    Одајчето пиле Трено варосано

    Не ми е жал пиле Трено за одајчето
    Тук ми е жал пиле Трено за чекмеџето

    Внатре беа пиле Трено тапиите
    Тапиите пиле Трено од ливадите.



    АЈДЕ МИЛКЕ ДА БЕГАМЕ

    Ајде Милке да бегаме ,
    Наше село Малешево
    Милкано,мори моме убаво

    Наше село Малешево
    Од три страни сонце грее,
    Од три страни сонце грее
    Од четврта-месечина
    Милкано,мори моме убаво

    Наше село Малешево
    Три пати се жетва жнее
    Три пати се жетва жнее
    Два пати се грозје бере
    Милкано,мори моме убаво.



    ВИНО ПИЈАМ , ЕМ РАКИЈА

    Вино пијам ,ем ракија
    Коња јавам,аџамија.

    Коњ ме шета горе-доле,
    Горе-доле низ тоа поле.

    Ме однесе в ладна меана,
    Во меана до три моми.

    Прва точи,другата носи,
    А третата мене ме гледа.

    Па ја качив на коњчето,
    Ја однесов право дома.



    БОГ ДА ГО УБИЕ МАМО

    Бог да го убие мамо,бог да го убие,
    Комшичето мамо ,терзичето ,леле,
    Комшичето ,мамо ,терзичето.

    Тесно ми го скрои мамо ,тесно ми го скрои,
    Елечето мамо ,џамаданчето ,леле,
    Елечето мамо ,џамаданчето.

    Оф ,аман ,оф ,љубов,
    Оф ,тенка половина ,за комшичето ,леле,
    Оф ,тенка половина за комшичето.

    Тесно ми го скрои мамо ,поарно ми стои,
    Елечето мамо ,џамаданчето ,леле,
    Елечето мамо ,џамаданчето.
    Оф аман ,оф ,љубов,
    Оф ,тенка половина ,за комшичето ,леле,
    Оф ,тенка половина ,за комшичето.

    Дај ме мори мила мамо ,дај ме мила мамо,
    За комшичето мамо ,за терзичето ,леле,
    За комшичето мамо ,за терзичето.

    Оф ,аман ,оф ,љубов,
    Оф ,тенка половина ,за комшичето ,леле,
    Оф ,тенка половина ,за комшичето.
  13. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.514
    Допаѓања:
    723
    КРУШЕВО АБЕР ПРИСТИГНА

    Крушево абер пристигна,
    Кој има синој големи,
    Комити да ги испрати,
    Комити да ги испрати,
    Во тоа славно Смилево.

    Стојан си нема синови,
    Тук’си ја има Тодорка,
    Тодорка една на мајка.

    Тодорка на татко велеше:
    "Купи ми пушка берданка
    И една сабја-дамасклија,
    И јас комита млада ќе одам
    Во тоа славно Смилево."

    Три години комита шеташе,
    Никој Тодорка не позна,
    Дека е Тодорка девојка.



    МОРИ МОМЕ МАГДЕ


    Мори моме Магде,
    Изгорев за тебе.

    Заврти се мила Магде,
    Ај заљуби мене,
    Сe зради тебе Магде,
    Изгубив цел век.

    Црни очи имаш,
    Црни-черешови.

    Заврти се мила Магде
    Ај ,заљуби мене,
    Сe заради тебе Магде,
    Изгубив цел век.

    Руси коси имаш,
    Дај да ти ги мрсам.

    Заврти се мила Магде,
    Ај ,заљуби мене,
    Сe заради тебе Магде,
    Изгубив цел век.

    Рамна снага имаш,
    Како риба-мрена.

    Заврти се мила Магде,
    Ај ,заљуби мене,
    Сe заради тебе Магде,
    Изгубив цел век.



    ОГРЕАЛА МЕСЕЧИНА

    Огреала месечина ,леле,
    Огреала месечина,
    Од Солуна до Тетово.

    Не ми било месечина ,леле,
    Не ми било месечина,
    Тук’ми биле три невесте,
    Три невесте Тетовчанке.

    Право одат за Тетово ,леле,
    Право одат за Тетово,
    Кај бакалот ,чичко Јаким.

    Добро утро чичко Јаким ,леле,
    Добро утро чичко Јаким .
    Дал бог добро три невесте ,
    Три невесте Тетовчанке.

    Да ни дадеш драм белило ,леле,
    Да ни дадеш драм белило,
    Драм белило ,драм црвило.

    Наши мажи гурбетчии ,леле,
    Наши мажи гурбетчии,
    Ко’ќе дојдат ќе ти платат.
  14. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.514
    Допаѓања:
    723
    ЗБОГУМ МАЈКО ЈАС ОТИДОВ

    Збогум мајко ,јас отидов,
    Дојде денот да заминвам,
    Разделба ми срце мачи,
    И пак ме тера да пеам.

    Збогум татко и огниште,
    Збогум браќа и сестри,
    Збогум другари ем другарки
    Стари и млади дечиња.

    За последно ,збогум ви кажам,
    Последен пат ви пеам јас,
    Било каде и да одам,
    Вечно ќе ве спомен’вам.

    А за тебе мила мајко,
    Јас ќе жалам ем плачам,
    В туѓа земја непозната,
    Живот ,ле мајко ќе поминам.



    БОЛЕН ЛЕЖИ МЛАД СТОЈАН

    Болен лежи млад Стојан,
    Болен лежи и ќе умре.
    Над главата му , младата невеста,
    С’ машко дете на раце,
    Солзи рони , солзите и капат,
    По Стојановото лице.
    Стојан се подразбуди
    И тивко и говори:
    "Ој Невено , ти млада невесто,
    Што ми лади лицево?
    Дали ситна роса подросува
    Или силни дождови?"
    А Невена му вели:
    "Стојане бре стопане,
    Нити ситна роса подросува,
    Нити силни дождови-
    Мојве солзи по лице ти капат,
    Од селански неправди.
    Синоќа крај чешмата,
    Селани се збраја,
    Збор збореја , кога ти ќе умреш,
    Дете да ми задават,
    Мене млада , далеку однесат,
    За пари ме продадат."



    ГРАДЕЛ ИЛИЈА МАНАСТИР


    Градел Илија манастир,
    Градел Илија манастир , оф аман , аман,
    На врв на Пирин Планина.
    Оздола иде Илина,
    Оздола иде Илина , оф аман , аман,
    И на Илија говори:
    "Земи ме батко Илија,
    Земи ме батко Илија , оф аман , аман,
    Во твојта темна ќелија."
    "Не можам сестро Илино,
    Што ти се руси косите , оф аман , аман,
    И ти играат очите."
    "Косите ќе ги исечам
    Очите ќе си ги скротам
    Косите ќе ги исечам , оф аман , аман,
    Очите ќе си ги скротам. "
  15. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.514
    Допаѓања:
    723
    ДОНЧО ШТИПЈАНЧЕТО

    Ми товарил калеш Дончо,
    Три товари ориз,
    Па си тргнал калеш Дончо,
    За пуста Битола.
    Леле , леле , леле,
    Дончо за жалење,
    Оф , оф , оф , оф , оф , оф,
    Дончо штипјанчето.
    На пат го сретнале Дончо,
    Турски караколи,
    Му најдоа пусти Турци
    Бомби и патрони.
    Леле , леле , леле,
    Дончо за жалење,
    Оф , оф , оф , оф , оф , оф,
    Дончо штипјанчето.
    Го фрлија калеш Дончо
    Во темни занадани,
    Го мачеја пусти Турци
    Во тесни долапи.
    Леле , леле , леле,
    Дончо за жалење,
    Оф , оф , оф , оф , оф , оф,
    Дончо штипјанчето.
    Аферима бре калеш Дончо,
    Никој не издаде.
    Леле , леле , леле,
    Дончо за жалење,
    Оф , оф , оф , оф , оф , оф,
    Дончо штипјанчето.



    ЖЕНИ МЕ МАМО ЖЕНИ МЕ


    Жени ме мамо , жени ме,
    Жени ме слатка ле мамо,
    Дур’ сум млад ерген.
    Дури ме мамо , дури ме,
    Дури ме слатка ле мамо,
    Моми сакаат.
    Дури ми , дури ми,
    Дури ми слатка ле мамо,
    Китка прилега.
    Да земам мамо , да земам,
    Да земам слатка ле мамо,
    Мома убава.
    За тебе мамо , за тебе.
    За тебе и за мојот татко,
    Радост голема.



    ЈАС ТЕ ПРАТИВ НА ВОДА КАЛИНО

    Јас те пратив на вода Калино.
    Ти на вода одиш,
    Бело лице миеш,
    По ергени гледаш , мори Калино.

    Пусто да остане мамо , лицето.
    Кога нема него,
    Либе да го љуби,
    Тебе не те слушам , мори мајко , ле.

    Јас те пратив на нива Калино.
    Ти на нива одиш,
    Руси коси чешлаш,
    По ергени гледаш , мори Калино.

    Пуста да остане мамо , косата.
    Кога нема неа,
    Либе да ја мрси,
    Тебе не те слушам , мори мајко , ле.

    Јас те пратив на лозје Калино.
    Ти на лозје одиш,
    Бело грозје бериш,
    На ергени даваш , мори Калино.

    Пусто да остане мамо , грозјето.
    Кога нема либе,
    Со мене да бере,
    Тебе не те слушам , мори мајко , ле.

Сподели преку: