Кога се спомнува соларна енергија не треба да се мисли само на соларни панели. Police, соларната енергија иако бесплатно ни стига на земјава, таа е всушност најскапиот ресурс КОГА се користи за добивање на електрична енергија. А зошто да се користи само за електрична енергија.
Гледано на ниво на домакинство токму уредите што трошат најнмногу електрична енергија се оние кои можат да ја искористуваат соларната енергија.
Греењето на вода и простор е оној дел од потрошувачите кои земаат најголем дел од сметката за струја. Со новите тарифни модели, начинот на загревање на струја(било вода или струја) ќе стане воопшто не прифатлив. Останува соларно греење на вода. Сепак, во Македонија дури ни оваа стара гранка не е развиена. Причина ефтината електрична енергија.
Овде соларното затоплување на вода и простор се завршува на малите објекти. Ставање на еден или два панели на кров и крај. Дури и во тој случај заштедата е голема ,но не е доволна.
Потребни се проекти за големите објекти. Проблемот е што големите објекти ги вракаат парите на инвестираната опрема во просек за 7-10 години што за инвеститор од надвор е прифатливо, ама за овдешните газди смешно. Значи, јас би ја насочил дискусијата кон презервирање на електричната енергија(зелена градина) и кон нејзино искористување за загревање(директно во топлинска).
Електричната енергија добиена од сонцето би ја оставил уште малце да поевулира. Ќе и дојде времето. Само кога е прашањето. Сега за сега, а веројатно и следните неколку години информациите за соларните панели ќе бидат чуда без никаква техничка применливост.
Постои уште еден начин на добивање на електрична енергија преку ферментација на ѓубрето. За тоа ќе отворам посебна тема.