- Член од
- 13 август 2008
- Мислења
- 827
- Поени од реакции
- 101
Скопскиот Луна Парк постои од 1973 година и оттогаш функционираат истите реквизити, кои веќе ги гази времето и бараат обнова.
Веќе следната година скопјани ќе добијат нов и модерен Луна Парк, каков што всушност и заслужуваат.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски распиша тендер за избор на концесионер кој ќе изгради новиот Луна Парк во главниот град.
Тендерот ќе трае околу 40-50 дена, а потоа ќе почне евалуација на пристигнатите барања за концесионер.
-Врз основа на сознанијата што ги имаме од консултантот повеќе фирми се заинтересирани за изградба и јас се надевам дека следната година ќе добиеме нов Луна Парк во Скопје, потенцираше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Според проценката, вредноста на проектот е 12 милиони евра, а за најдобар понудувач ќе биде избрана компанијата која ќе биде најдобра по четири услови- надоместот за концесијата, цена на билетите, период на градба и оригиналноста и квалитетот на проектот.
Новиот парк ќе се гради на површина од 25.000 метри квадратни на местото на стариот Луна Парк, вклучувајќи ги и дискотеките. Ќе има разни реквизити и атракции за забава, угостителски објекти, затворен дел за играње, дел за продажба на сувенири, паркиралиште и техничка инфраструктура.
Начелно, планираниот парк би имал капацитет од 200.000 посетители и тематски содржини за сите возрасти од најмладите до возрасните.