Си купив книга

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Koнечно по долго време, да го имам примероков на македонски. Од компјутер го читав на англиски во pdf ама не е тоа тоа, очите си ги фрлив. Благодарение на Саладин и Златикевичиус кои ми помогнаа околу локацијата на продажните места, од Скопјето допатува нештово во сиромавиов Прилеп, во кој речиси и да не постои место каде може да се купува овој вид литература.

Untitled.jpg
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.648

Прегледај го приврзокот 134481
Па нели од Темплум? Од Макавеј ќе ти дадев број, ќе ти го донесеа до дома!
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Па нели од Темплум? Од Макавеј ќе ти дадев број, ќе ти го донесеа до дома!
Eпа во Табернакул го немало изданието од Темплум. А јас искрено ова најпрвин го видов и го замеркав од купикнига страната. Додуша е поскапо со едно 150-тина денари од тоа на Темплум ама нема гајле.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.243
Поени од реакции
4.447
1449876362312.jpg 10 пoстo пoпуст вo Икoнa, кo дa не е пoпуст aли мoрaв дa јa имaм :D
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Влегов во Просветно дело да видам шо има и ова некако ми го фатија очите, согласно буџетот шо го имав наумено за трошење :)

12506694_10208648071664392_1337613156_n.jpg
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.246
IMG_20160316_192843.jpg
1. Анте Ковачиќ избор од романот У регистратури (Во регистратурата) составен од три дела со воведен коментар на Д-р Иво Франгеш. Во регистратурата е реалистичен роман, климакс на хрватскиот реализам. Полу-автобиографски, во многу аспекти сличен со протореализмот на Шеноа особено класните судири, судирите со средината, типизираните ликови итн. Веројатно најцензурираниот роман во јужнословенска книжевност (барем од сè што досега сум видел и прочитал).

2. Антон Ашкерц избор од поезијата. Словенечки писател од преминот романтизам кон реализам и има важна улога во словенечкото национално будење. Конкретен и јасен во изборот на јазичната граѓа, во стилот не отстапува премногу од колоквијалниот говор. Во збиркава се содржани неговите најголеми лирско-епски песни (Моја муза, Цељска романса, Стари град итн.), но и некои од раните лирски песни.

3. Бранко Радичевиќ Песме. Радичевиќ е еден од најголемите српски романтичари и лирици заедно со Ѓура Јакшиќ и Лаза Костиќ. Радичевиќ е под огромно влијание на народната поезија и граѓанската лирика. Од големите европски романтичари, романтизмот на Радичевиќ е најблизок до Хајне. Штета што некои од неговите пообемни дела (пр. Безимена) ги нема во мојава збирка.

4. Амин Малуф Самарканд. Ја почнав пред некое време, сè уште сум на почетокот (ја подзаборавив малку поради други обвски...), првата книга е Поети и љубовници, ми изгледа интригантно. Самарканд, Персија во средниот век, Рубаији, Омар Хајам, Абу-Тахер... Нешто сосема ново за мене.

5. Милан Богдановиќ Избор. Избор од литературна критика на Милан Богдановиќ, покрај јужнословенските автори Крлежа, Андриќ, Марин Држиќ, Његош, Нушиќ итн. содржани се и критики за Шекспир, Молиер и Шо.

6. Антун Густав Матош Одбрани творби. Избор од раскази, критики и записи и песни во приредба од Матош на Гане Тодоровски. Еден од моите омилени есеисти, дефинитивно најголемиот симболист во јужнословенската книжевност, ги препорачувам расказите Одмазда на огледалата, Самотна ноќ и Иглеста рожба. Сличен со пиктуралната поезија на Лаза Костиќ од Балканов.

Останатото е Селанска буна А. Шеноа, Господа Глембаеви М. Крлежа и Селидби (коонечно ја најдов на македонски и ја купив) М. Црњански. Класици...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.649
Поени од реакции
13.112
„Рубаии“ на Омар Хајам, „Телото во кое треба да се живее“, „Очи со боја на чевли“ од Петар Андоновски сите три под издание на „Или-или“ и „Дневникот на Ана Франк“ на англиски јазик од Академска книга.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.648
„Рубаии“ на Омар Хајам, „Телото во кое треба да се живее“, „Очи со боја на чевли“ од Петар Андоновски сите три под издание на „Или-или“ и „Дневникот на Ана Франк“ на англиски јазик од Академска книга.
„Телото...“ за 250? Јас го имам уште од кога излезе за пеесче, уште чека да биде прочитан, ама следен ќе биде, задолжително. Иако не го знам лично, ептен ми е мило што Петар ја доби наградата на Утрински. Помлад колега ми е, а кога некој компаратист ќе добие било каква награда, се радувам како јас да сум ја добил. „Очи со боја на чевли“ ја купувам на саемот.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.649
Поени од реакции
13.112
„Телото...“ за 250? Јас го имам уште од кога излезе за пеесче, уште чека да биде прочитан, ама следен ќе биде, задолжително. Иако не го знам лично, ептен ми е мило што Петар ја доби наградата на Утрински. Помлад колега ми е, а кога некој компаратист ќе добие било каква награда, се радувам како јас да сум ја добил. „Очи со боја на чевли“ ја купувам на саемот.
250 двете у пакет. :P
Знам сеа дека ме мрзиш :D
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.649
Поени од реакции
13.112
Тоа значи „Очи со боја на чевли“ е 200, така? Ко ќе ја купам од саем за 150, ти ќе ме мрзиш. ;) :P
Кој ќе чека уште месец дена за 50 денари кои можно е и да не се остварат... :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom