Си купив книга

Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Денес се подновив. Ја купив од Владимир Мајаковски - „Облак во панталони“ на српски („Облак у панталонама“) од Табернакул. Ми се виде како ретка можност, никаде немам ништо видено од Мајаковски, ниту антикварно ниту по книжариве, па ај си викам...

Ова е изданието
Прегледај го приврзокот 108593
Многу тешко се наоѓаат книги од него кај нас. Имав една ми ја донесоа од Белград ја дадов на некој да ја чита и не ми ја врати никогаш. Ако читаш пдф ја имам Poems of Vladimir Mayakovsky. Има кратка биографија и некои негови дела.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.246

Ги имам тие фотокопирани (на српскохрватски). Фала иначе. :)
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.018
Љубовна од Игор Исаковски. За да ми останат помалку негови книги непрочитани. Познавајќи го ( индиректно - преку книгите негови, преку книгите што ги издаваше ( како репер за неговиот книжевен вкус, преку фејсбук каде што неретко ми лајкнуваше ЕКВ, а често го слушаше Том Вејтс ), а за жал никогаш директно. Македонската културна сцена изгуби автентичен човек, дух во кои се доживуваше тој њу вејв, нови талас, а и пошироко историски авангарда и боемштина. Глупаво е што поводите да се каже убав збор се секогаш промоции или прерано напуштање. Не знам дали да кажам лесна му земја, мирна му земја, кога претпоставувам дека мирот и леснотијата во таа конвенционална смисла - не му одговараат. Блесок блесна, блесок блеска.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Го искористив зимскиот попуст на Табернакул. Mалото празнично пакетче се состои од „Степскиот волк“ на Херман Хесе и „Тонио Крегер“ и „Тристан“ (во една книга) на Томас Ман. :pipi:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Книга: Dr. Jekyll and Mr. Hyde
Автор: Robert Louis Stevenson
Издание: Penguin English Library
Година на издавање: 2012
Книжарница: ТРИ (иако Икона е официјален дистрибутер, ама веројатно имаат соработка)
Цена: 390 денари

Одамна сакав да си ја купам книгава, неколку пати ја барав и ја немаше по книжариве и сосема случајно влегов во ТРИ за да купам книга за подарок и додека одев на каса да платам, погледот ми залута на катчето со книги на англиски јазик и одма ми падна во очи. Ја грабнав и без размислување ја земав. Девојката на каса ми рече дека им е единствен примерок. :icon_mrgr::vozbud:За мене била судена очигледно.:pipi:

Класици без исклучок секогаш купувам, затоа што сметам дека се богатство кое мора да се има и дека се највредна инвестиција која човек може да ја направи. Не жалам ни пари, ни ништо... Едноставно кога ќе видам класик, знам дека морам да го имам, посебно ако сум се мерачела одамна да го купам.:icon_mrgr:

Еве сега моментално сум при крај на книгата која моментално ја читам, па таман имам четиво што ме чека на маса кога ќе ја завршам оваа.:love:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.647
Конечно по многу натегања пред околу месец дена ја купив „Океан море“ од Барико во издание на Три. Но, уште не почнав со читање. Се сетив дека @Saladin ми препорача да почнам со некоја друга негова, па затоа ја купив и онаа со која стекнал светска слава, „Свила“, во издание на Магор, од едицијата „Ѕвездите на светската книжевност“. И ја прочитав! Сега мака ми е што порано не сум го читал Барико. МА-ЕС-ТРАЛ-НО! Толку минималистички, а толку многу кажува. Како да читаш поезија и гледаш филм во исто време. Такви книжевни замки, јазични игри и толку стилски фигури во прозно дело никогаш не сум сретнал. И многу ми е интересен начинот како поставува прашања, а не дава одговори на истите. Ова е истовремено и трилер, и љубовна драма, и патопис, и историја, и чуден некој сонет... И уште многу други работи. Следно знам дека ќе ги купам и „Мистер Гвин“, и „Емаус“, и „City“, и се друго негово што ќе најдам.

@Saladin , можам сега да ја читам „Океан море“ или има други кои морам да ги поминам пред неа?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.649
Поени од реакции
13.112

Морам да признам срамежливо нешто овака као љубител на повеќето негови книги, не ја имам читано.
За Мистер Гвин ти гарантирам да почнеш, City е единствена што му ја имам прекинато заради умствениот дисбаланс што го имав кога ја почнав (сепак неговите книги не се нималку лесни). Новеченто гарант ја имаш читано, ако не - преопрачувам. Има и филм на Торнаторе. Уствари коа ќе се спојат тројца италијани (Торнаторе, Мориконе и Барико) освен шо не добиваат прво место на Евровизија, друго лошо не може да им се деси. Можеш да се утешиш со филмот кој е подеднакво добар како книгата. Но книжето е прича за себе.
Добро е што си почнал со Свила (и јас истотака), пошо е една од полесните но и една од книгите кои би те навлекле да продолжиш да го истражуваш неговиот опус. Трипати взори (Антолог) му е единствена книга која ја разбрав и не ми остави богзнае каков впечаток. Но и самиот си има кажано дека му е претенциозна веднаш по објавениот Мистер Гвин.
Јас да сум на твое место би почнал со Гвин, пошто релативно лесно се наоѓа, а можеш да продолжиш веднаш се` додека те држи мајата од Свила.
Ако си у состојба, најди ја Новеченто - што е проблем бидејќи е од онаа едиција „Слушни слика, види музика“ и единствено може некој да ти ја позајми.
 
Денес си ги купив од Антолог „Емаус”, „Оваа приказна” и „Трипати взори”. Ми рекоа дека го исцрпуваат тиражот на „Емаус”, а за „Новеченто” ги немаат правата и нема да ја (ре)издадат. Не знам кај да ја барам: можеби кај уличните препродавачи на Кеј и пред ГТЦ? Во секој случај, ќе имам што да читам деновиве!
 
Провери за секој случај... Или прати ги „берзиве“ за книги по социјалните мрежи.
Ете, и Емаус не го споменав. За никаде сум.
Емаус=Малена. Читај!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.647
„берзи“ за книги по социјалните мрежи.
o_O ???

Почнав со „Океан море“. Чудна е, но не е до тој степен швркната, ко што мислев, иако уште сум на почетокот. Барико е уметник на зборот, во вистинска смисла!

„...Тој мисли дека некаде во светот, еден ден ќе ја сретне жената која отсекогаш била неговата жена. (...) Речиси секој ден, веќе со години, зема перо в рака и ѝ пишува. Нема име и нема адреси да ги стави на пликовите: но има еден цел живот за раскажување. А кому, ако не нејзе? Тој мисли дека кога ќе се сретнат ќе биде убаво да ѝ стави во скут едно ковчеже од махагони полно со писма и да ѝ каже
-Те чекав.
Таа ќе го отвори ковчежето и без брзање, кога ќе сака, ќе ги прочита писмата едно по едно и следејќи ја километарската нишка од синото мастило ќе ги прими годините - деновите, миговите - што тој човек, уште пред да ја запознае, веќе ѝ ги подарил. Или можеби, поедноставно, ќе го преврти ковчежето и вчудоневидена пред тоа чудно снежење од писма ќе се насмее велејќи му на човекот
-Ти си луд.
И засекогаш ќе го сака.“

:cuc:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.649
Поени од реакции
13.112
o_O ???

Почнав со „Океан море“. Чудна е, но не е до тој степен швркната, ко што мислев, иако уште сум на почетокот. Барико е уметник на зборот, во вистинска смисла!

„...Тој мисли дека некаде во светот, еден ден ќе ја сретне жената која отсекогаш била неговата жена. (...) Речиси секој ден, веќе со години, зема перо в рака и ѝ пишува. Нема име и нема адреси да ги стави на пликовите: но има еден цел живот за раскажување. А кому, ако не нејзе? Тој мисли дека кога ќе се сретнат ќе биде убаво да ѝ стави во скут едно ковчеже од махагони полно со писма и да и каже
-Те чекав.
Таа ќе го отвори ковчежето и без брзање, кога ќе сака, ќе ги прочита писмата едно по едно и следејќи ја километарската нишка од синото мастило ќе ги прими годините - деновите, миговите - што тој човек, уште пред да ја запознае, веќе ѝ ги подарил. Или можеби, поедноставно, ќе го преврти ковчежето и вчудоневидена пред тоа чудно снежење од писма ќе се насмее велејќи му на човекот
-Ти си луд.
И засекогаш ќе го сака.“

:cuc:
Многу криво ми е една негова што ја пропуштив од постаро издание на Или-или бидејќи не планираат да ја реиздаваат, се вика Замоци на гневот. Но шта је, ту је, ќе ја збарам, ќе ја најдам.
Edit: денес пак поминав кај Или-или заради попустот, зедов две книги едната на Игор од Филмополис - Фотосинтеза, втората Играта на ДеНиро од Рави Хаж. Да видиме, искрено последните неколку купени наслови ми го прават ќефот.
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Oд Охридон кај тој братот шо продава книги.
Првата не ми е почната со читање, но ми ја фати оково пошто дава убав осврт по периоди, спастрени цакум пакум филозофиве/значајните автори еден по еден низ периодите со својот придонес, значење и творештво.

Вторава ја зедов за да видам шо кажува чичко Конфучије, пошто постојано сум во допир со имево негово наваму натаму, но никогаш подетално не сум прочепкал нешто негово.

Kajgana Shop

На врв Bottom