Сиромаштија, беда и живот на туѓа сметка (Албанија и странските инвестиции по влезот во НАТО)

Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Во последните години се изнаслушав што влезот во Нато значело за Странските Директните Инвестиции во Албанија и како Албанија прераснува во економски тигар ова е едно од ретките репортажи на Македонски новинари во Албанија. Инаку по бројот на жители градов каде што е направена репортажата е со големина по бројот на жители колку Неготино, Струга или Дебар.

Влезот во НАТО не му помогнал на албанскиот град Пешкопеја да заличи на пристојно место за живеење. Неубави градби, со лоши комбинации на бои, со сива економија што цвета и со тренд на иселување од градот е сликата што накратко може да се долови за местото што е на 20 километри од македонската граница

Запад уште не стигнал до Пешкопеја
Изминатиов период кај нас често можеше да се слушне тезата дека Република Албанија во однос на Република Македонија оди напред, и тоа благодарение пред сѐ на влегувањето во НАТО во 2008 година. Дали е тоа баш така? Тирана, Драч, Саранди се градат. Но како е надвор од овие центри?
Пешкопеја е град со околу 15 илјади жители на само 20 километри од преминот Блато кај Дебар.
Градот не може да ја даде големата слика за Албанија, како што Дебар или Радовиш или Ресен, сеедно, не се вистинската слика за Македонија, но вреди со свои очи да се види како се живее таму.

Бункери на секој чекор

Духот на „напредокот“ на Албанија го почувствуваме уште на самата албанска граница, на која чекавме 15 минути да го средат компјутерскиот сервер за да ни ги проверат податоците од патните исправи и да нѐ пуштат да го продолжиме патот. По неколку километри од тазе асфалтираниот пат нѐ пречека реалноста на албанските патишта полни со дупки, незатворени можеби 20 години. Од двете страни на патот може лесно да се забележат воени бункери, оддалечени еден од друг на околу илјада метри, изградени во времето на познатиот албански диктатор Енвер Хоџа, кој владееше со Албанија од крајот на Втората светска војна до 1985 година. Според податоците, на територијата на оваа држава има околу 600.000 вакви бункери.

Но затоа ваквата ситуација не им пречела на локалните граѓани во околината на Пешкопеја да одгледуваат полиња со пченка и големи површини со јаболка. Сликата на бункерите расфрлани низ плодните ниви нѐ следи на нашиот пат до Пешкопеја.

Патем, нејасните патокази и нивното отсуство беа причина да се консултираме со домаќините каде да одиме за да стигнеме до целта. Она што не може а да не се забележи додека патувавме, но и кога стигнавме во градот, се грдите станбени објекти и колоритот што ретко кој архитект би го препорачал за бојадисување куќа, зграда. Па така, комбинацијата жолто и зелено е нешто што со години е тренд во Албанија. Куќа во боја на, народски кажано, циклама, зграда обоена во боите на семафорот, црвена-жолта-зелена, а во поново време розово со сино.

Креативноста на нашите соседи оди дотаму што може да се видат дури и шарени автомобили или и комбиња. Визуелен шок за некој што доаѓа од Скопје.

Но тоа не е единственото изненадување. Она што привлекува внимание секако е обичајот на дневно корзо. Околу пладне на улицата наменета за пешаци се чини како сите мажи од градот, од 7 до 77 години, да се излезени и да шетаат. Такво нешто нема во Македонија. Улица со река народ како шета напладне. Прво што ќе ви падне на ум е - дали луѓето овде воопшто работат нешто.

Интересно е дека од луѓето на кои наидовме во Пешкопеја ретко кој зборува англиски и јазичната бариера ни овозможи да го живееме реално филмот „Загубени во преводот“ на Софија Копола.
Единствениот што го сретнавме, а кој знаеше одлично да зборува, работи како туристички водач за градот.

Рај за сивата економија

Од него разбравме дека во Пешкопеја невработеноста е огромна, дека нема ниту една фабрика, а луѓето живеат од парите што им ги испраќаат нивните роднини од странство.

- Многу луѓе од овде се на работа во Грција, Италија, Швајцарија. Овде луѓето главно се занимаваат со трговија, со угостителство, ништо не се произведува. Нема фабрики. Просечната плата е од 250 до 300 евра - ни кажа водачот.

Од неколку средношколци седнати во едно од кафулињата во рамките на еден посовремен хотел го слушнавме истото тоа што ни го кажа и нашиот соговорник, дека во Пешкопеја е тешко да се живее и излезот многумина го гледаат надвор во некоја од побогатите земји на запад.

- Имам 17 години и сѐ уште одам на училиште. Но штом ќе завршам сакам да одам во Франција, таму живее и работи сестра ми. Мојата животна желба е да добијам француски пасош. Овде платата на татко ми, кој е полицаец, е 280 евра и со неа можеме да си дозволиме само основни работи за живот. Мајка ми не работи, а брат ми е во Италија - вели Амит.

Тој ни кажа дека младите во Пешкопеја многу користат Интернет и дека и кај нив се актуелни социјалните мрежи.

Во Пешкопеја не може а да не се забележат преголемата љубезност на луѓето и нивното гостопримство. Насмеани ликови на секој чекор, па дури и двете питачки седнати на тротоарот на улицата си најдоа причина да се смеат, што би се рекло народски, од срце.

Продавница на отворено
За нас што доаѓаме од Македонија најголемо изненадување беше што во Албанија сѐ уште не е воведен данок на додадена вредност (ДДВ). Во дуќаните не даваат сметка ниту пак имаат ставено цени на производите. За да дознаеме колку чини еден производ моравме постојано да го прашуваме продавачот, што во голема мера ни ја отежнуваше нашата замисла да ги споредиме цените со нашите. На производите нема декларации. На јадењето не може да се прочита што состојки има и на гардеробата не може да се прочита составот на материјалот.

По улицата за шетање може да се забележат тезги на кои се продаваат и цигари. Сето ова ве тера да се прашате какви закони има во државата. Може ли да се прават споредби со Македонија? Веројатно, ако ги земеме како пример одредени црни дупки како Бит-пазар или околината во Скопје.

Цени видовме на понекој зеленчук. Продавачите сѐ уште сметаат на дигитрони, а единствената сметка што ни ја дадоа беше во кафулето на еден од хотелите. Она што пријатно нѐ изненади е тоа што нашето пиво „скопско“ е едно од најбараните таму. И тоа е прво пиво што го нудат, заедно со нивната „тирана“. По дегустацијата на двете заклучивме дека нашето е многу подобро. Инаку, пивото чини 130 леки (некаде околу 60 денари), а за ориентација во Албанија едно евро е 136 леки. Кафето чини 50 леки (24 денари).
Дупло поевтино откај нас, но, како што кажавме, таму нема ДДВ.

Доматите чинат 50 леки, исто толку компирот и модрите сливи, три килограми пипер се продава за 100 леки (48 денари), крушите и праските за 80 леки. Лубениците се по околу 30 леки. Литар млеко „дукат“ чини евро, што е поскапо откај нас, поскап е и лебот, кој е 100 леки, исто така и пилешкото - килограм е три евра. Познатиот коњак „скендербег“ - 350 леки. Јајцата се 11 леки, а бананите 160 леки.

Од тоа што го видовме, не може да се создаде генерална слика дали е поскапо или поевтино откај нас. Зависи од производ до производ, нешто е поскапо, а нешто поевтино. Но со оглед дека таму нема ДДВ, може да се заклучи дека голем број производи се поскапи од Македонија.

Од странски инвестиции, во Пешкопеја може да се забележат само банки. Присутни се Алфа, Сосиете женерал, Рајфајзен, а има и многу албански банки. Но, и покрај тоа, градот мириса на сиромаштија и беда и живот на туѓа сметка.

Инаку, Албанија е двојно позадолжена од Македонија, а нејзиниот државен долг е 58,7 отсто од БДП. Јавниот долг е 6,5 милијарди долари, или секој Албанец должи 2.065 долари. И тој е 59 отсто од БДП.

Во 2011 година Албанија забележа пораст на БДП од 4,8 отсто, што претставува сериозен напредок, но од друга страна тоа е потврда дека албанската економија не е поврзана со европската, па затоа и не ги чувствува директно последиците од големата криза. Веќе годинава бележи пад за - 0,2.

Од она што го видовме во Пешкопеја, не помогнало многу ниту минатогодишното присуство на Доналд Трамп на саемот за градежништво „РилЕкс“, на кој во Тирана се собраа околу 60 изложувачи од редовите на инвеститори во недвижности, банки, архитектонски бироа.

Накратко, тоа се највпечатливите слики од нашата посета на Пешкопеја. Се разбира, немаме претензии дека сме виделе сѐ или дека успеавме да ја протолкуваме денешницата на просечниот Албанец. Но, се чини, надвор од неколкуте центри на државата речиси не постои нешто на што би завидувале.

Во Пешкопеја може да се забележи и по некоја маска како превозно средство
Автор: Ирена Радовановиќ

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82112838248&id=9&prilog=0&setIzdanie=22660 Фотографија: Дарко Андоновски
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Се инвестира на крајбрежјето. Се знае од каде се изнесува албанското богатство. Преку пристаништата. Инаку мој тетин работи таму некаде и кажуваше дека се гради во поголемите градови, во помалите градови и зафрлени места скоро и да не се инвестира. Во секој случај, подобро е отколку ваму.
 
Каде е подобро тие градовите што се покрај море имаат подобар стандард квалитет на живеење од Скопје? Те прашав зошто од твојот коментар кажуваш дека во Албанија подобро се живее од тука во Македонинија те молам биди попрецизен.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Каде е подобро тие градовите што се покрај море имаат подобар стандард квалитет на живеење од Скопје? Те прашав зошто од твојот коментар кажуваш дека во Албанија подобро се живее од тука во Македонинија те молам биди попрецизен.
Мислев на тоа дека во Македонија исклучиво гради владата, а таму помалку гради владата, односно владата гради нешто поразлично од владата во Скопје. Пример прават автопат (или го направиле) со Косово. Овие нашиве направија обиколница и дно десетина години прават еден автопат од Табановци до Куманово. Море си е море.
 
Член од
5 март 2011
Мислења
841
Поени од реакции
824

И сега сто? малку ни се нашите грижи кај нас во помалите градови е супер нема сива економија се инвестира на големо и имаме време да се замараме со други .... светла страна е сто малку се барем тешиме со нив :) али колку не жалат и они нас при нивните грижи толку и ние со нив ни можеме ние да има помогнеме ни они нас да ни помогнат (y)
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Мислев на тоа дека во Македонија исклучиво гради владата, а таму помалку гради владата, односно владата гради нешто поразлично од владата во Скопје. Пример прават автопат (или го направиле) со Косово. Овие нашиве направија обиколница и дно десетина години прават еден автопат од Табановци до Куманово. Море си е море.
Инаку автопатот од Албанија до Косово е изграден, но и јавниот долг на Албанија е енормно покачено дали автопатот ќе ги оправда вложените средства ќе видиме, инаку дали се согласуваш со мене дека по стандард и квалитет на живеење Скопје не можеш да го рамниш со тие градови? Инаку дека и тие градови дека се поразвиено од една Струмица на пример тешко веројатно.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Инаку автопатот од Албанија до Косово е изграден, но и јавниот долг на Албанија е енормно покачено дали автопатот ќе ги оправда вложените средства ќе видиме, инаку дали се согласуваш со мене дека по стандард и квалитет на живеење Скопје не можеш да го рамниш со тие градови? Инаку дека и тие градови дека се поразвиено од една Струмица на пример тешко веројатно.
Сигурно Драч е поразвиен од еден Прилеп. Па и македонскиот долг е зголемен, само никој не кажува. Таму барем ќе им мачкаат очи, направивме автопат, овие ни 20 км не направија автопат за 20 години државност. факт. Сеуште се возиме на југословенски патишта.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
нај јако им е : таму цените им се поевтини но затоа што немаат ддв заклучуваме дека е псокапи :pos: Зини земјо, абе а читаш некоја новина од 48 а овие ги читаш.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
20
Поени од реакции
10
Во последните години се изнаслушав што влезот во Нато значело за Странските Директните Инвестиции во Албанија и како Албанија прераснува во економски тигар ова е едно од ретките репортажи на Македонски новинари во Албанија. Инаку по бројот на жители градов каде што е направена репортажата е со големина по бројот на жители колку Неготино, Струга или Дебар.

Влезот во НАТО не му помогнал на албанскиот град Пешкопеја да заличи на пристојно место за живеење. Неубави градби, со лоши комбинации на бои, со сива економија што цвета и со тренд на иселување од градот е сликата што накратко може да се долови за местото што е на 20 километри од македонската граница

Запад уште не стигнал до Пешкопеја
Изминатиов период кај нас често можеше да се слушне тезата дека Република Албанија во однос на Република Македонија оди напред, и тоа благодарение пред сѐ на влегувањето во НАТО во 2008 година. Дали е тоа баш така? Тирана, Драч, Саранди се градат. Но како е надвор од овие центри?
Пешкопеја е град со околу 15 илјади жители на само 20 километри од преминот Блато кај Дебар.
Градот не може да ја даде големата слика за Албанија, како што Дебар или Радовиш или Ресен, сеедно, не се вистинската слика за Македонија, но вреди со свои очи да се види како се живее таму.

Бункери на секој чекор

Духот на „напредокот“ на Албанија го почувствуваме уште на самата албанска граница, на која чекавме 15 минути да го средат компјутерскиот сервер за да ни ги проверат податоците од патните исправи и да нѐ пуштат да го продолжиме патот. По неколку километри од тазе асфалтираниот пат нѐ пречека реалноста на албанските патишта полни со дупки, незатворени можеби 20 години. Од двете страни на патот може лесно да се забележат воени бункери, оддалечени еден од друг на околу илјада метри, изградени во времето на познатиот албански диктатор Енвер Хоџа, кој владееше со Албанија од крајот на Втората светска војна до 1985 година. Според податоците, на територијата на оваа држава има околу 600.000 вакви бункери.

Но затоа ваквата ситуација не им пречела на локалните граѓани во околината на Пешкопеја да одгледуваат полиња со пченка и големи површини со јаболка. Сликата на бункерите расфрлани низ плодните ниви нѐ следи на нашиот пат до Пешкопеја.

Патем, нејасните патокази и нивното отсуство беа причина да се консултираме со домаќините каде да одиме за да стигнеме до целта. Она што не може а да не се забележи додека патувавме, но и кога стигнавме во градот, се грдите станбени објекти и колоритот што ретко кој архитект би го препорачал за бојадисување куќа, зграда. Па така, комбинацијата жолто и зелено е нешто што со години е тренд во Албанија. Куќа во боја на, народски кажано, циклама, зграда обоена во боите на семафорот, црвена-жолта-зелена, а во поново време розово со сино.

Креативноста на нашите соседи оди дотаму што може да се видат дури и шарени автомобили или и комбиња. Визуелен шок за некој што доаѓа од Скопје.

Но тоа не е единственото изненадување. Она што привлекува внимание секако е обичајот на дневно корзо. Околу пладне на улицата наменета за пешаци се чини како сите мажи од градот, од 7 до 77 години, да се излезени и да шетаат. Такво нешто нема во Македонија. Улица со река народ како шета напладне. Прво што ќе ви падне на ум е - дали луѓето овде воопшто работат нешто.

Интересно е дека од луѓето на кои наидовме во Пешкопеја ретко кој зборува англиски и јазичната бариера ни овозможи да го живееме реално филмот „Загубени во преводот“ на Софија Копола.
Единствениот што го сретнавме, а кој знаеше одлично да зборува, работи како туристички водач за градот.

Рај за сивата економија

Од него разбравме дека во Пешкопеја невработеноста е огромна, дека нема ниту една фабрика, а луѓето живеат од парите што им ги испраќаат нивните роднини од странство.

- Многу луѓе од овде се на работа во Грција, Италија, Швајцарија. Овде луѓето главно се занимаваат со трговија, со угостителство, ништо не се произведува. Нема фабрики. Просечната плата е од 250 до 300 евра - ни кажа водачот.

Од неколку средношколци седнати во едно од кафулињата во рамките на еден посовремен хотел го слушнавме истото тоа што ни го кажа и нашиот соговорник, дека во Пешкопеја е тешко да се живее и излезот многумина го гледаат надвор во некоја од побогатите земји на запад.

- Имам 17 години и сѐ уште одам на училиште. Но штом ќе завршам сакам да одам во Франција, таму живее и работи сестра ми. Мојата животна желба е да добијам француски пасош. Овде платата на татко ми, кој е полицаец, е 280 евра и со неа можеме да си дозволиме само основни работи за живот. Мајка ми не работи, а брат ми е во Италија - вели Амит.

Тој ни кажа дека младите во Пешкопеја многу користат Интернет и дека и кај нив се актуелни социјалните мрежи.

Во Пешкопеја не може а да не се забележат преголемата љубезност на луѓето и нивното гостопримство. Насмеани ликови на секој чекор, па дури и двете питачки седнати на тротоарот на улицата си најдоа причина да се смеат, што би се рекло народски, од срце.

Продавница на отворено
За нас што доаѓаме од Македонија најголемо изненадување беше што во Албанија сѐ уште не е воведен данок на додадена вредност (ДДВ). Во дуќаните не даваат сметка ниту пак имаат ставено цени на производите. За да дознаеме колку чини еден производ моравме постојано да го прашуваме продавачот, што во голема мера ни ја отежнуваше нашата замисла да ги споредиме цените со нашите. На производите нема декларации. На јадењето не може да се прочита што состојки има и на гардеробата не може да се прочита составот на материјалот.

По улицата за шетање може да се забележат тезги на кои се продаваат и цигари. Сето ова ве тера да се прашате какви закони има во државата. Може ли да се прават споредби со Македонија? Веројатно, ако ги земеме како пример одредени црни дупки како Бит-пазар или околината во Скопје.

Цени видовме на понекој зеленчук. Продавачите сѐ уште сметаат на дигитрони, а единствената сметка што ни ја дадоа беше во кафулето на еден од хотелите. Она што пријатно нѐ изненади е тоа што нашето пиво „скопско“ е едно од најбараните таму. И тоа е прво пиво што го нудат, заедно со нивната „тирана“. По дегустацијата на двете заклучивме дека нашето е многу подобро. Инаку, пивото чини 130 леки (некаде околу 60 денари), а за ориентација во Албанија едно евро е 136 леки. Кафето чини 50 леки (24 денари).
Дупло поевтино откај нас, но, како што кажавме, таму нема ДДВ.

Доматите чинат 50 леки, исто толку компирот и модрите сливи, три килограми пипер се продава за 100 леки (48 денари), крушите и праските за 80 леки. Лубениците се по околу 30 леки. Литар млеко „дукат“ чини евро, што е поскапо откај нас, поскап е и лебот, кој е 100 леки, исто така и пилешкото - килограм е три евра. Познатиот коњак „скендербег“ - 350 леки. Јајцата се 11 леки, а бананите 160 леки.

Од тоа што го видовме, не може да се создаде генерална слика дали е поскапо или поевтино откај нас. Зависи од производ до производ, нешто е поскапо, а нешто поевтино. Но со оглед дека таму нема ДДВ, може да се заклучи дека голем број производи се поскапи од Македонија.

Од странски инвестиции, во Пешкопеја може да се забележат само банки. Присутни се Алфа, Сосиете женерал, Рајфајзен, а има и многу албански банки. Но, и покрај тоа, градот мириса на сиромаштија и беда и живот на туѓа сметка.

Инаку, Албанија е двојно позадолжена од Македонија, а нејзиниот државен долг е 58,7 отсто од БДП. Јавниот долг е 6,5 милијарди долари, или секој Албанец должи 2.065 долари. И тој е 59 отсто од БДП.

Во 2011 година Албанија забележа пораст на БДП од 4,8 отсто, што претставува сериозен напредок, но од друга страна тоа е потврда дека албанската економија не е поврзана со европската, па затоа и не ги чувствува директно последиците од големата криза. Веќе годинава бележи пад за - 0,2.

Од она што го видовме во Пешкопеја, не помогнало многу ниту минатогодишното присуство на Доналд Трамп на саемот за градежништво „РилЕкс“, на кој во Тирана се собраа околу 60 изложувачи од редовите на инвеститори во недвижности, банки, архитектонски бироа.

Накратко, тоа се највпечатливите слики од нашата посета на Пешкопеја. Се разбира, немаме претензии дека сме виделе сѐ или дека успеавме да ја протолкуваме денешницата на просечниот Албанец. Но, се чини, надвор од неколкуте центри на државата речиси не постои нешто на што би завидувале.

Во Пешкопеја може да се забележи и по некоја маска како превозно средство
Автор: Ирена Радовановиќ

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82112838248&id=9&prilog=0&setIzdanie=22660 Фотографија: Дарко Андоновски

охх ми олесна сега .. среќен си ?
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
со кои земји тргува албанија најмногу
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
со кои земји тргува албанија најмногу
Незнам статистички треба да пребарам, али од она што го гледам најмногу со Косово моментално, Турција, Италија и Германија. Со Македонија има многу мала размена и тоа фала богу ние увезуваме од кај нив, не они од кај нас. Увезуваме цемент замисли цемент.
На Албанија во трговија може да и се фатиме за малиот прст и да и се клатиме.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Репортажава е зини земјо голтни ме.
Намерата е иста како на Бугарите што доаѓаат во Македонија, и прават смешни репортажи. Демек ај ќе им се ругаме на комшиите за да не зборат многу луѓето кај нас.
Тоа е мотото што нашиот премиер го гура, ќутете си има и полошо. За подобро никој да не спомнал.

Друга работа, до некаде половина од текстот, ако не знаев дека станува збор за Албанија сигурен ќе бев дека станува збор за Македонска Каменица или Виница. Па луѓе исто е и во Македонија.
Не давале сметки - отиди на Пластичарска и побарај сметка.
Ме мрзи да го анализирам текстот понатаму но еден дел ми остана во очи

Креативноста на нашите соседи оди дотаму што може да се видат дури и шарени автомобили или и комбиња. Визуелен шок за некој што доаѓа од Скопје.
Точно, репортажава не е платена од владеачката партија и нивниот ултра-гига- вкус за градби ( мора да се оправда Скопје 2014)

У глобала текстов е :facepalm::facepalm:
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Пешкопија има 13.200 жители , нешто повеќе од Арачиново.

Источна Албанија ти е сиромашен предел , со слаба инфраструктура.

Тек сега си инвестира Бериша.

А новинарското отсликување на состојбата во градот ми е малце нереален , кога го читам мислам дека којзнае како е таму ... па уште рекле дека може да се сретне по некоја маска како превозно средство , а коњите се шетаат покрај Рамстор во Скопје.
Пешкопиа е земјоделско сточарски регион , нормално ќе видиш и некој со коњ или крава.

Општо Албанија има 13% невработеност , верувам и во Пешкопиа тоа не надминува 20% (немам појма).

Да се разбереме , Албанија сеуште не е средена , има нешта кои се многу понапредни него во Македонија , но има и полоши работи.

Еве една прошетка низ Пешкопиа (мене ми личи на нормален град иако е во најсиромашниот дел на Албанија) :

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
.....у Албанија од пред две години подигаме некој бизнис кој сега е во фаза пред почеток со работа и прва испорака. Сеуште не сум сигурен каде се наоѓам.
Надворешно гледано, прв впечаток е дека се гради во нелогично голем обем. Прашањето на скептик како мене е : кој тоа го инвестира и кој тоа ќе го купи.
Нивото на квалитет е проблематичен, на моменти се крстиш и се чудиш како можел некој тоа да го направи.
Иако има од пиле млеко, најголем дел од населението е сиромашен.
Голем дел од народ е неверојатно фин и ќе употребам збор добродушно наивен. Остатокот е префриган и мутен до даска. Не употребувам збор расипан. Ќе те сјебе гледајќи те у очи....Има некоја чудна поделеност која не ја разбирам. И некоја нејасна мафијастичка поврзаност.
Изгледа од времето на Енвер Оџа религиозно се многу измешани...бракови итн., но Исламот изгледа и тука со ДОООБРА ПАРА буши. Новите пост комунистички џамии беа со некој скромен скоро стандарден стил и величина, но се појавуваат грандиозните кои веќе ја поплавија Македонија ....
Во секој случај во воздухот виси еден мирис кој го вдишуваат и заради кој сите мислат дека има утре и тоа подобро..., тој мирис во Македонија го нема веќе.....одамна, има веќе 10 години...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom