Не се согласувам, сеуште мислам дека ги мешаш поимите. Ако некој како дете научил да ужива во мачење: тоа е научена потреба.
Инстинкт е вродено знаење, нешто што го знаеш без никогаш да учиш. Како животно кое никогаш не било во вода, кога го фрлаат во вода инстиктивно знае да плива. И инстиктивно плива.
Ние сме луѓе и универзумот окулу нас го гледаме низ наши вредности. Индивидуалното разбирање на поимите може да биде релативно, но основната вредност на поимите е универзално прифатена како таква од целото општество. Точно сите знаеме што значат поимите како светло и темно, високо и ниско, топло и ладно, тешко и лесно... добро и зло.
Злото е измислен поим и нема универзална вредност.
Не си во право.
Злото можеби е формиран поим, ама и тоа како има универзална вредност... за човештвото. Нема ама баш ниедна човечка заедница сега или било кога во историјата, каде поимот за зло не е универзално прифатен како таков.
За некој да не разбира што е зло, треба да е раснет и индоктриниран надвор од било која форма на денешното човечко општество.
Значи зборуваме за хипотетична ситуација каде поединец би бил изолиран од човештвото само за да му се всадат други норми за поимите на зло и добро. Ваков „експеримент„ до сега никој не направил.
Имаш ситуации на специјално воспитувани војници, како на пример јаничарите, кои биле учени на поголема суровост и послушност. Но дури и тие не биле целосно изолирани од остатокот на човештвото и ги знаеле значењата на поимите за добро и зло. Иако биле воспитувани да не се поведуваат по тие норми.
Мислам дека ги мешаш поимите, зло и вина. Тие што прават зло точно знаат дека прават зло, но не секогаш чуствуваат вина. Имаш и луѓе што воопшто не чуствуваат вина кога прават зло (иако и тие знаат што е зло, и дека прават зло), медицинскиот назив за таа состојба е
психопатија.
Инаку јас лично сметам дека не е зло кога убиваш за да се одбраниш, тоа е веќе инстинкт, за преживување или заштита на блиските.
Самото убивање не е секогаш од побуда за правење зло. Кога убиваш животно, за прехрана и без да го мачиш... тоа не е зло. Тоа го правиш за да преживееш и таков е принципот на фунционирање на природата. Јади или биди изеден. А не „мачи и убивај зошто тоа ти прави задоволство).
Дури и да не ловиш лично, со самото тоа ќе изедеш еден хамбургер, си убил свиња или крава (а некогаш и куче или мачка).
Примерите со животните, не ти се соодветни.
Тигарот не убива затоа што е зол, туку затоа што така се прехранува, така еволуирал и не може поинаку.
Ниту волкот не е зол, иако некогаш убива повеќе одколку што може наеднаш да изеде. Тоа пак не е од зло туку од инстинкт кој е добиен низ векови еволуција. Тоа однесување обично се појавува во зима, кога месото не се расипува лесно, а волкот има робустен дигестивен систем и може да свари и поднесе и старо полускапано месо. Убиваат колку што можат, а тоа што не го изедуваат се закопува во плитки дупки. Инстикт на преживување, пренесен од претците.
Се работи за природно однесување на животните, развиено преку милениумска еволуција.
Ние луѓето од друга страна. имаме еволуирано во повисоки форми на интелигенција. Да убиеш за да преживееш. Да тоа не е зло.
Но нема таков инстинкт што некој го тера да убива и мачи од задоволство и заради понижување на други луѓе. Тоа е зло.