Силувањето, како своеврсно воено оружје

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Vanlok, Kaiser
Ако злото е во нас, а она што не држи цивилизирани се законите и и моралните норми, тогаш мораа да се обезбеди цврсто почитување на законите.
Но и тука има друга крајност. Ако се и сешто се забранува тогаш претерано ќе се ограничи слободата на луѓето, па ќе престанеме да бидеме луѓе.
Што значи ниту ова не е добро.
Можеби е најдобо да се посветиме на образованито за да знаеме што носиме во себе и тоа зло во себе да го контролираме.
И да се молиме:
Оче наш, кој си на небесата
..............................
и не нè воведувај во искушение,но избави нè од лукавиот.Амин!
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Moжеби тоа функционира за религиозните. Јас претпочитам да зборам тивко, но и да носам голем стап. ;)

Vanlok, Kaiser
Ако злото е во нас, а она што не држи цивилизирани се законите и и моралните норми, тогаш мораа да се обезбеди цврсто почитување на законите.
Но и тука има друга крајност. Ако се и сешто се забранува тогаш претерано ќе се ограничи слободата на луѓето, па ќе престанеме да бидеме луѓе.
Што значи ниту ова не е добро.
По мое мислење тоа што е потребно е подобро психолошко здравје. Зошто злото иницијално се прави од комплекси на некаква пониска вредност. Сакам да кажам некој што во животот не може да се истакне преку особини како што се вештина, умешност, знаење, успех од некој вид... тој некој е калап на личност што тие фрустрации потоа може да ги искаже преку злоупотреба на моќта во вонредни состојби. Дури не мора вонредни ситуации да бидат, погледнете ги само политичарите и функционерите и злото што некои од нив или нивни најблиски го прават. Ви текнува на синот на Верушевски? Примери има безброј...

Таква е средината во светот во кој живееме, за да ги анулираш овие комплекси од ниска вредност, покрај подобро образование, потребно е да се анулира средината на капитализам (и робовладетелството кое истиот го маскира).
Со други зборови чиста утопија.
Заради тоа, од лична перспектива на поединец, единствена заштита (иако често недоволна заштита) во ситуациите кога гомното го удира вентилаторот (моментот кога мора да преведуваш фрази ;)), e личната спремност и здрав разум за избегнување на ситуациите уште кога се во формирање (или уште подобро, пред да почнат да се формираат). Гаранција нема никаде и никогаш, најважно е сепак имање на „голем стап„ и спремност, можност и умешност да го употребиш. (па сега сватете го ова како сакате).
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
сосема е “нормално“ да човек прерасне во чудовиште ако (а сепак сосема возможно и реално) во војна му е пореден некој близок (не е важен полот). од тука, се акумулира голем гнев, омраза кон непријателот и се' што е поврзано со непријателот и убива, гази се пред себе, без разлика дали се работи за дете или бебе, жена или девојче, стар или млад. едноставно “кликот“ се случил поради некоја работа и тука нема запирање додека ........ или трае војната или тој умре. ова е за ситуација кога некој е лично засегнат
али, .... едно големо АЛИ и војската ги спрема војниците на немилост. особено оние кои се “специјални сили“. тука нема милост, едноставно да се уништи, и тоа во вистински смисол на зборот уништи непријателот или остави долгогодишни последици по луѓето. се практикувало, се практикува и ЌЕ се практикува во иднина. сепак ние сме првенствено животни, а после тоа сме и социјални битија. а војната го убива социјалното во нас
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Ужас , и македонките им се случувале вакви обесчестени жени од турците,грците,бугарите и германците од сите наброени
Не само тие, низ Македонија поминале Готи, Хуни, Римски легии од цела европа, крстоносци пак од цела европа и нашите чукунбаби задоволно стенкале под сите нив. Но тие ни направиле услуга со тоа што ни го освежиле генетскиот материјал, и сега балканот е еден од генетски "најшарените" подрачја во светот. Е сега, понекогаш ќе се роди дете со турски брк, ама тоа ти е.
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
vojna e....nema veke pravila...sekoj moment moze da im e zaden...

There’s a beast in every man. And it stirs when you put a sword in its hand.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Кога се наоѓа во толпа, кај единката доаѓа до деиндивидуализација а со тоа драстично се намалува и чуството за одговорност. Човекот се претопува во толпата, станува анонимен и со тоа го губи стравот од казна и осуда. Затоа во војни, протести и сл. и најмирната душа може да се претвори во ѕвер. Сите оние изопачени нагони кои ги потиснувал поради осудата од општеството и стравот од казна, во овие ситуации излегуваат на површина и цивилизираната личност се претвора во животно.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
vojna e....nema veke pravila...sekoj moment moze da im e zaden...
Кога се наоѓа во толпа, кај единката доаѓа до деиндивидуализација а со тоа драстично се намалува и чуството за одговорност. Човекот се претопува во толпата, станува анонимен и со тоа го губи стравот од казна и осуда. Затоа во војни, протести и сл. и најмирната душа може да се претвори во ѕвер. Сите оние изопачени нагони кои ги потиснувал поради осудата од општеството и стравот од казна, во овие ситуации излегуваат на површина и цивилизираната личност се претвора во животно.


Изговори изговори... секој момент на сите и секаде може да ни е последен. На сите ни се броени деновите. Тоа е изговор за садистички да убиваш и силуваш цивили и деца?

Сексуалниот нагон е еден аспект на работата, мачењето и убивањето е веќе нешто друго. Пази јас не сум пацифист, верувам во право на самоодбрана и верувам и во право на одмазда ама одмазда само врз тој што го заслужил тоа, не врз жени и деца.

Тие денешни платени војници на земјите како С-А-Д, тоа е шљам на човештвото, не случајно се таму да војуваат за пари, и тоа мали пари, не случајно 9 од 10 У-С војници се неписмени ретардоси кои ги регрутираат во гетоата со филмови за „забавниот живот во војска„ и „добра„ плата.


Се е до човекот, не се сите исти. Па што и да пишуваат психолозите како Зимбардо, вакви екстремни страња како ова во насловот, иако се факт и секојдневие, се работи што не може да ги направи секој.

Нема такви услови на живот, ситуации, страња или било што друго, што би ме натерало да силувам 14 годишно дете, па уште пред лешовите на мајката и братчето, и потоа садистички да го убијам и него.
Нема за ова никаков изговор. Едно е да убиваш војници во војна, а нешто сосема друго да се иживуваш врз цивили.

Не е ова романтично гледање на војната, не постои романтичен аспект на ниедна војна (сето тоа е дело на пропагандата на регрутерите). Дури и ако во денешните војни герилците се преправаат во цивили, ова ги превршува сите нивоа на непотребен ужас, и тоа ужас што систематски се применува, толерира и се прикрива.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
^ Само објаснив како човекот се однесува кога е во толпа, дека не е ништо поразличен од животните. Каков изговор за убивање, не дај боже.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Vanlok, Kaiser
Ако злото е во нас, а она што не држи цивилизирани се законите и и моралните норми, тогаш мораа да се обезбеди цврсто почитување на законите.
Но и тука има друга крајност. Ако се и сешто се забранува тогаш претерано ќе се ограничи слободата на луѓето, па ќе престанеме да бидеме луѓе.
Што значи ниту ова не е добро.
Можеби е најдобо да се посветиме на образованито за да знаеме што носиме во себе и тоа зло во себе да го контролираме.
И да се молиме:
Оче наш, кој си на небесата
..............................
и не нè воведувај во искушение,но избави нè од лукавиот.Амин!
Прашање што е тоа зло? Очигледно убивањето и силувањето за едно добро мнозинство мажи на планетава не само што не се зло туку за нив се посакувана и забавна активност. Зло е за останатите кои немаат инстинкт (или не се научени) на убивање, силување и понижување на послабите.

Од прастаро време до денес војните не се сменети во суштина за обичниот војник, пљачка, насилство и гарантиран секс (со насилство што за повеќето делува како афродизијак). Желбата за моќ и доминација е толку силно вродена кај повеќето што секоја состојба се користи да дојде до израз, поубава состојба од војна за тоа нема, за таквите е тоа рај.

Ги спомна законите и едукацијата и се согласувам дека тука е клучот на решението. Законите се еден начин на превенција, но најбитната би била правилна едукација на целото население (почнувајќи од малите деца) и обука на истото како успешно да се спротистави на насилно однесување, посебно за жените и децата. Едно дете кое од мало ужива да мачи животни како ќе се однесува во војна каде законите веќе не важат?

Ова на теорија, на пракса ниту некогаш нешто се сменило (бара поширок ангажман и средства, промена на повеќето наставни планови, обука на кадар, промена на законите за силување) ниту некогаш нешто ќе се смени така да ќе остане на поединецот сам да се снаоѓа како знае и умее и образованието кое го спомна да го спроведе барем на индивидуална база.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Прашање што е тоа зло? Очигледно убивањето и силувањето за едно добро мнозинство мажи на планетава не само што не се зло туку за нив се посакувана и забавна активност. Зло е за останатите кои немаат инстинкт (или не се научени) на убивање, силување и понижување на послабите.
Без навреда, ама мислам дека мешаш поими. Не постои инстинкт за „понижување на послабите„, тоа е научена потреба, од комплекс на пониска вредност.

Злото како поим сите точно знаеме што значи. Не е дека некои не разбираат што е зло, туку дека решаваат да не се водат по вредностите на зло и добро. Притоа во секој момент разбираат дека тоа што го прават е зло, но едноставно не е им е гајле.
Прашај ги дали е зло, истите тие акти на нечовечност, кога се вршат врз нив и/или нивни блиски... Па да видиш дали разбираат или не разбираат што е тоа зло. Затоа и омиленото мото ми е, „На гомнарот со гомнарска цевка!„.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Без навреда, ама мислам дека мешаш поими. Не постои инстинкт за „понижување на послабите„, тоа е научена потреба, од комплекс на пониска вредност.

Злото како поим точно и сите знаеме што значи. Не е дека некои не разбираат што е зло, туку дека решаваат да не се водат по законските и општествените норми. Притоа во секој момент разбираат дека тоа што го прават е зло.
Прашај ги дали е зло, истиот тој акт на нечовечност врз нив и нивни блиски... Па да видиш дали разбираат или не разбираат што е тоа зло.
Постои и го имаат повеќето деца кои мачат животни и ги тепаат послабите деца. Тоа не е научено однесување од родител туку е вродено зашто се премали да го научат од било кого.

Злото е измислен поим и нема универзална вредност. За мене е зло да гаѓаш мачка со воздушна пушка за некој ќе биде врвна забава. Тоа што на нив не би сакале истото да им се направи е многу логично но нема врска со злото. За него не е зло туку задоволство.

Еден тигар што ќе убие за храна (за него ќе биде добро за жртвата ќе биде зло) или еден волк што ќе ги заколе сите овци секако не го прават тоа од зло туку се такви по природа. Притоа дали еден човек е свесен дека некому наштетува е секундарно (и тигарот е свесен дека ќе те убие) факт е дека на насилникот тој чин му создава задоволство (кај животното е потреба).

Универзумот не познава зло и добро туку деструкција и креација. Наше е да се подметнеме во природните текови кои нас најмногу ни користат зашто природата не се бави со човечки морални норми кои и онака се менувале низ вековите.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Не се согласувам, сеуште мислам дека ги мешаш поимите. Ако некој како дете научил да ужива во мачење: тоа е научена потреба.
Инстинкт е вродено знаење, нешто што го знаеш без никогаш да учиш. Како животно кое никогаш не било во вода, кога го фрлаат во вода инстиктивно знае да плива. И инстиктивно плива.

Ние сме луѓе и универзумот окулу нас го гледаме низ наши вредности. Индивидуалното разбирање на поимите може да биде релативно, но основната вредност на поимите е универзално прифатена како таква од целото општество. Точно сите знаеме што значат поимите како светло и темно, високо и ниско, топло и ладно, тешко и лесно... добро и зло.

Злото е измислен поим и нема универзална вредност.
Не си во право.
Злото можеби е формиран поим, ама и тоа како има универзална вредност... за човештвото. Нема ама баш ниедна човечка заедница сега или било кога во историјата, каде поимот за зло не е универзално прифатен како таков.
За некој да не разбира што е зло, треба да е раснет и индоктриниран надвор од било која форма на денешното човечко општество.
Значи зборуваме за хипотетична ситуација каде поединец би бил изолиран од човештвото само за да му се всадат други норми за поимите на зло и добро. Ваков „експеримент„ до сега никој не направил.
Имаш ситуации на специјално воспитувани војници, како на пример јаничарите, кои биле учени на поголема суровост и послушност. Но дури и тие не биле целосно изолирани од остатокот на човештвото и ги знаеле значењата на поимите за добро и зло. Иако биле воспитувани да не се поведуваат по тие норми.


Мислам дека ги мешаш поимите, зло и вина. Тие што прават зло точно знаат дека прават зло, но не секогаш чуствуваат вина. Имаш и луѓе што воопшто не чуствуваат вина кога прават зло (иако и тие знаат што е зло, и дека прават зло), медицинскиот назив за таа состојба е психопатија.


Инаку јас лично сметам дека не е зло кога убиваш за да се одбраниш, тоа е веќе инстинкт, за преживување или заштита на блиските.
Самото убивање не е секогаш од побуда за правење зло. Кога убиваш животно, за прехрана и без да го мачиш... тоа не е зло. Тоа го правиш за да преживееш и таков е принципот на фунционирање на природата. Јади или биди изеден. А не „мачи и убивај зошто тоа ти прави задоволство).
Дури и да не ловиш лично, со самото тоа ќе изедеш еден хамбургер, си убил свиња или крава (а некогаш и куче или мачка).

Примерите со животните, не ти се соодветни.
Тигарот не убива затоа што е зол, туку затоа што така се прехранува, така еволуирал и не може поинаку.
Ниту волкот не е зол, иако некогаш убива повеќе одколку што може наеднаш да изеде. Тоа пак не е од зло туку од инстинкт кој е добиен низ векови еволуција. Тоа однесување обично се појавува во зима, кога месото не се расипува лесно, а волкот има робустен дигестивен систем и може да свари и поднесе и старо полускапано месо. Убиваат колку што можат, а тоа што не го изедуваат се закопува во плитки дупки. Инстикт на преживување, пренесен од претците.

Се работи за природно однесување на животните, развиено преку милениумска еволуција.
Ние луѓето од друга страна. имаме еволуирано во повисоки форми на интелигенција. Да убиеш за да преживееш. Да тоа не е зло.
Но нема таков инстинкт што некој го тера да убива и мачи од задоволство и заради понижување на други луѓе. Тоа е зло.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Ако некој како дете научил да ужива во мачење: тоа е научена потреба.
Инстинкт е вродено знаење, нешто што го знаеш без никогаш да учиш. Како животно кое никогаш не било во вода, кога го фрлаат во вода инстиктивно знае да плива. И инстиктивно плива.
Кој е тој родител што го учи детето да мачи животни? Или кога едно дете на другото ќе му ја земе или скрши играчката или ќе го истепа? Тоа е веќе ген и карактер и врска нема со научено однесување.
Ние сме луѓе и универзумот окулу нас го гледаме низ наши вредности. Индивидуалното разбирање на поимите може да биде релативно, но основната вредност на поимите е универзално прифатена како таква од целото општество. Точно сите знаеме што значат поимите како светло и темно, високо и ниско, топло и ладно, тешко и лесно... добро и зло.

Не си во право.
Злото можеби е формиран поим, ама и тоа како има универзална вредност... за човештвото. Нема ама баш ниедна човечка заедница сега или било кога во историјата, каде поимот за зло не е универзално прифатен како таков.
За некој да не разбира што е зло, треба да е раснет и индоктриниран надвор од било која форма на денешното човечко општество.
Светло и темно за една бактерија може е сосема нешто различно па и за едно суштество од друга планета исто така. Злото за еден Римјанин е добро за еден „варварин“ и обратно. Во христијанските општества полигамијата и секс пред брак се сметале за зло во други биле добро. Самото човештво ги менувало правилата за зло и добро во однос на приликите и желбите на владеачките структури.
Самото убивање не е секогаш од побуда за правење зло. Кога убиваш животно, за прехрана и без да го мачиш... тоа не е зло. Тоа го правиш за да преживееш и таков е принципот на фунционирање на природата. Јади или биди изеден. А не „мачи и убивај зошто тоа ти прави задоволство).

Тигарот не убива затоа што е зол, туку затоа што така се прехранува, така еволуирал и не може поинаку.
Ниту волкот не е зол, иако некогаш убива повеќе одколку што може наеднаш да изеде. Тоа пак не е од зло туку од инстинкт кој е добиен низ векови еволуција. Тоа однесување обично се појавува во зима, кога месото не се расипува лесно, а волкот има робустен дигестивен систем и може да свари и поднесе и старо полускапано месо. Убиваат колку што можат, а тоа што не го изедуваат се закопува во плитки дупки. Инстикт на преживување, пренесен од претците.

Се работи за природно однесување на животните, развиено преку милениумска еволуција.
Ние луѓето од друга страна. имаме еволуирано во повисоки форми на интелигенција. Да убиеш за да преживееш. Да тоа не е зло.
.
Не е муабетот дали е тигарот зол туку дека за жртвата е зло да биде убиена и изедена исто како што би било зло (за нашето општество) да влезат во нечива куќа канибали од Папуа и цело семејство да го зготват и да уживаат во оброкот, тоа за нив не е зло (ама за жртвата ќе биде најголемо зло).
Но нема таков инстинкт што некој го тера да убива и мачи од задоволство и заради понижување на други луѓе. Тоа е зло
Чим така велиш така нека биде, манијаците и силувачите сѐ некој ги учел да убиваат и силуваат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom