Силувањето, како своеврсно воено оружје

SS Divizion Totencof

Александар Невски
Член од
2 јуни 2013
Мислења
121
Поени од реакции
102
Сведоци сме на бројни злосторства кои се правата во текот на еден, Воен судир, меѓу кои се убивање на цивили, нивно мачење , иживување врз нив и слино, но дали некогаш сме се запрашале.
Дали и систематското силување преставува своеврсно оружје на окупаторот врз угнетениот, кој го спроведува безмислосно и истиот е доста ефективен на психолошки план.
Систематски спроведени силувања под патронат на државата историјата памети многу ама најпознати се на Нанкинг (спроведено од страна на Јапонците врз кинезите ) и последниве години преку Викиликс дознаваме за уште една дзверска страна на војната но овој пат таа сторија доаѓа од Ирак.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ СЛИКИТЕ СЕ ДОСТА ВОЗНЕМИРУВАЧИ И НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ДА ГИ ОТВАРАТ ЧИТАТЕЛИТЕ КОИ СЕ СО СЛАБО СРЦЕ !!!
http://www.asiantribune.com/news/2009/10/03/rape-iraqi-women-us-forces-weapon-war-photos-and-data-emerge
НА СЛИКАТА Е жртвата штотуку наполнила 14 години целото нејзино семејство е убиено вклучувајќи го и нејзиниот брат 5 годишен.
Регистрирани се и други вакви и слични случаи со полоша содржина
Што правиме кога меѓународното право и правда ќе затајат во вакви случаи ??
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Па и ние имавме слично сценарио во деведесетите и со косово видовме дека меѓународното право ги крши самите принципи врз кои се формирало .... фак демократија то е :)
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.646
Поени од реакции
1.895
Некаде прочитав дека секој четврти азиец имал монголски гени, демек војските на монголските императори силувале што нашле.
 

SS Divizion Totencof

Александар Невски
Член од
2 јуни 2013
Мислења
121
Поени од реакции
102
Некаде прочитав дека секој четврти азиец имал монголски гени, демек војските на монголските императори силувале што нашле.
toa e i vistina mongolite siluvale dosta zeni samo tumudzin (dzingis khan imal 100 zeni )
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ СЛИКИТЕ СЕ ДОСТА ВОЗНЕМИРУВАЧИ И НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ДА ГИ ОТВАРАТ ЧИТАТЕЛИТЕ КОИ СЕ СО СЛАБО СРЦЕ !!!
врска си нема ова, нит има gore, нит nudity
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Според вашево чудење и вашата изненаденост можам да заклучам дека дури сега почнувате да го учите животот.

Истиот СС дивизион кој пропагира да се уништат албанците (или муслиманите не памтам) е запрепастен од овој чин, речиси застапен во секоја војна.
Секогаш најмногу страда невиното население, а истото и најмалку добива од војната.

Што мислите дека правеле војските на херотој на вашите баби/мајки Сулејман, па шо сега за него војна паѓа за далечинското.
П.С. Некои голготи што ги имат поминато безброј луге на планетава, девојчево може да биде "среќно" доколку поминало само со силување. Ова како чин е на ниско ниво за разлика од многу други работи кои се случуваат во војната.
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Месец дена не можев да си дојдам на себе откако ги видов сликите. Фала на потсетување.
Исто.. ја плус гледав еден документарец на оваа тема пред година дена.. не можев од глава да го извадам тоа, а тоа шо осеќав гнев кон сите мажи и што добивав некои нагони да фанам да разнесам некого.. тоа да не зборам.
"Колку повеќе ги запознавам луѓето, толку повеќе ги засакувам животните" не е воа за џабе кажано..
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.822
Поени од реакции
2.913
Ужас , и македонките им се случувале вакви обесчестени жени од турците,грците,бугарите и германците од сите наброени најмногу грците и турците прават такви лошотии инаку дедо ми е егеец и бил сведок за вакви случки од грците и на крај бил во затвор cccc
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Мислам дека вакво однесување не смее да се поврзува со одредени народи како што некои учесници во дискусијата спомнаа ( Монголи, Грци, Турци, Германци, Американци .... )
Се работи за однесување во услови на војни, кога и самиот починител на злосторството е во постојана опасност да биде убиен и кога тој се трансформира во чудовиште
Да ве подсетам на филмот Жртви на војната од Брајан де Палма
http://en.wikipedia.org/wiki/Casualties_of_War_(film)
Што е тоа, што во услови на војна, луѓе, кој претходно биле, обични - нормални луѓе, да станат грозни злосторници е загатка која ќе се обидам да ја расветлам во темата Космос, Хаос, Слобода.
Но и во такви услови постојат примери на луѓе кои го задржуваат човечкото однесување, како што е главниот лик во филмот војникот Макс Ериксон во толкување на Мајкл Џи Фокс
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
Мислам дека вакво однесување не смее да се поврзува со одредени народи како што некои учесници во дискусијата спомнаа ( Монголи, Грци, Турци, Германци, Американци .... )
Се работи за однесување во услови на војни, кога и самиот починител на злосторството е во постојана опасност да биде убиен и кога тој се трансформира во чудовиште
Да ве подсетам на филмот Жртви на војната од Брајан де Палма
http://en.wikipedia.org/wiki/Casualties_of_War_(film)
Што е тоа, што во услови на војна, луѓе, кој претходно биле, обични - нормални луѓе, да станат грозни злосторници е загатка која ќе се обидам да ја расветлам во темата Космос, Хаос, Слобода.
Но и во такви услови постојат примери на луѓе кои го задржуваат човечкото однесување, како што е главниот лик во филмот војникот Макс Ериксон во толкување на Мајкл Џи Фокс
Зимбардо (има и нова книга на таа тема) и Милграм имаат објаснување.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.818
Те молам, дај линк и поопширно објаснување за овие книги.
Филип Зимбардо, познат психолог и професор на Станфордскиот Универзитет. Има напишано повеќе учебници и книги, најпознати се The Lucifer Effect, The Time Paradox, The Time Cure. Интересно четиво се, а ако те интересира, покрај купувањето на книгите, секогаш е опција симнување на... нелегални верзии од нет (кои не смеам да ги линкам заради правилата на форумот). Гуглај ги имињата на насловите горе и лесно ќе ги најдеш. Но не верувам дека има македонски превод.

Зимбардо е познат и по експериментот во Станфорскиот Универзитет, каде група платени доброволци ги става во импровизиран затвор, и ги дели во улога на затвореници и нивни чувари, се со цел да го проучува однесувањето на луѓето во институциски средини каде вообичаените рестрикции не важат (или не се применуваат ревносно). За ова имаме пишувано некаде на форумов, можеш да пребараш ако те интересира. Има и филм за настанот: The Experiment (исто лесно може да се најде на нет).

Резултатите на експериментот, поточно однесувањето на луѓето со моќ над другите луѓе во таква ситуација, било слично со однесувањето на луѓето во војна. Накратко кажано, некои од нас (повеќето всушност) имаат потреба и/или желба за правење зло и само рестрикциите на законите и на општеството ги спречуваат во правење на тоа зло. Не совеста, како што романтично размислуваме.
Затоа во ситуации како што е на пример војната, кога законските и социјалните рестрикции не важат, тогаш овие не-луѓе добиваат прилика да практицираат зло во различни форми. И зло прават.
Злото е реално, злото е вистиниско, злото е тука меѓу нас.
Често и во нас.

Еве интересно предавање од Зимбардо, „Психологија на злото„ во форма на видео од јутјуб (малку подоле во постов).
Форумов не поддржува прикачување на видеа од ТЕД, што е штета. Ако на некој му треба македонски превод, наместо јутјуб видеово доле нека го погледа предавањето преку линкот од ТЕД каде може да се вклучат титлови со превод:
http://www.ted.com/talks/philip_zimbardo_on_the_psychology_of_evil.html
(иначе на ТЕД има доста предавања и разни видеа со македонски превод)​
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Дали сите народи(нации) исто би се однесувале во услови на војна е голем знак прашалник? Дали сите еднакво би силувале и убивале ако немаат ограничувачки законски рамки?

Треба да се потенцира (иако се подразбира) дека главните ѕверства и силувања во војна (но и во мир) ги прават мажи. Жени педофили, убици, манијаци се бројат на прсти во однос на машкиот пол така да злото очигледно не е еднакво распоредено кај човечкиот род.

На маж кога ќе му дадеш неограничена моќ е тогаш станува „весело“.

Да нема закони и во мир би имало масовни силувања, повеќето едвај би дочекале што и се потврдува во ситуација кога законите не важат (во случај на војна).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom