Секакви рецепти

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Вчера купив кинеска салата ( зелена салата ). Ја сервирав, како обична зелена салат, со масло, оцет и сол.
Дали знаете некој поинтересен рацепт за сервирање на кинеската салата?
Едно време многу често јадев кинеска салата. Веќе не. Ја сервирав со кубети, варени јајца, сирење и брокула. Само кубетите ќе ги ставиш на крај и нема да ги мешаш во салатата за да не испаднат како мокар леб.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Еве еден мој рецепт
Полнети тиквички (млади)
4 тиквици средна големина
150 гр шунка
сирење по желба
магданос
маслински сецкани
лук
зачин (вегета, сол црн пипер)
2 јајца

Подговотовка:

Ги миете тиквичките и ги сечете на половина (долгнавесто), средишниот дел го вадите и ситно го сецкате, истото го правите и со шунката, магданосот, и маслинките, сето тоа во длабок сад го мешате, додавате сирење и лук со помош на ренде, двете јајца или изматете ги прво или убаво со помош на (чиста) рака измешајте ги со состојките да добиете една хомогена смеса, накарај само зачинете и со смесата наполнете ги тиквичките, на претходно загреана рерна од 230 степени во голема тава исецкајте домати (или некои конзервирани) со една главица кромид, ставете ги врз сосот тиквиците и печете едно половина час, откако ке заруменат одозгора додајте ленти кашкавал вратете уште 2 минути да се растопи, на крај извадете ја тавата и со сосот врз кој што ги ставивте тиквиците полејте ги и БОН апетит!
Денес ги имав за ручек, вечна благодарност за рецептот, повкусно нешто одамна немам пробано! Како што скоро ништо не ми се погаѓа и секој ден едно исто јадам, ова беше повеќе од добредојдена промена :)
Со тоа што беше со мала модификација заради недостаток на состојки, германциве немаат никаде како нашата шунка, па ставив ваква слична кобасица со шунка, сирењето беше од она со пиперка (други шверцаат материјали за дроЗирање, мене ми шверцаат македонско сирење) и место ленти кашкавал ставив пармезан (односно татко ми стави, он ги правеше) :D
Резултатот еве го:
 
Г

Гучи

Гостин
Салата а ла Гучи :D
Туна, кромид, мајонез, павлака, сирење (на мали коцки), вегета и една жолта сол (поима неам како се вика, знам дека е направена од пуканки :cautious:). Се тоа измешано фино лепо.

=Оргазам :D
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Салата а ла Гучи :D
Туна, кромид, мајонез, павлака, сирење (на мали коцки), вегета и една жолта сол (поима неам како се вика, знам дека е направена од пуканки :cautious:). Се тоа измешано фино лепо.

=Оргазам :D
:pos::pos::pos:
жолта сол (поима неам како се вика, знам дека е направена од пуканки:pos:

bravo momak!!!!!!!!:pos:
(y)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
шо е смешно?
пааааааааааааа, од пуканките не се прави ништо друго освен што се јадат
тие не се суровина, тие се готов производ
 
Г

Гучи

Гостин
пааааааааааааа, од пуканките не се прави ништо друго освен што се јадат
тие не се суровина, тие се готов производ
Така имам слушнато и мене ми беше чудно, затоа го ставив ова :cautious:
пис аут :)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Салата а ла Гучи :D
Туна, кромид, мајонез, павлака, сирење (на мали коцки), вегета и една жолта сол (поима неам како се вика, знам дека е направена од пуканки :cautious:). Се тоа измешано фино лепо.

=Оргазам :D
К'цана сол :D

пааааааааааааа, од пуканките не се прави ништо друго освен што се јадат
тие не се суровина, тие се готов производ
К’цаната сол се прави од билки што се берат на Осоговските Планини. Во приготвувањето се користи нане, босилек, мајчина душичка, а главна, која на крајниот производ му дава посебен вкус, е билката што во овој крај е позната под името повечеринка. Овие билки по ливадите се среќаваат во јуни. Откако ќе се соберат, се сушат, а потоа со суви зрна од пченка, во посебни железни садови наречени дибеци, се к’цат со толчник или како што ние го нарекуваме - к’чник. Во сомелената смеса се додава одредено количество морска сол. По едночасовно удирање со толчникот по билките во железниот сад се добива по околу 5 килограми приготвена смеса, односно к’цана сол
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8E3DC15AB18B084A97B1D6828043DE5D
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
К'цана сол :D
К’цаната сол...... потоа со суви зрна од пченка, во посебни железни садови наречени дибеци, се к’цат со толчник или како
значи не станува збор за никакви пуканки- туку за пченка
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
А пуканки од шо се праат?
хахахахаах
го претераа сеа- :pos:
зборуваш за солта или за пуканките?
одлучи се - па да продолжиме со муабетов
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
хахахахаах
го претераа сеа- :pos:
зборуваш за солта или за пуканките?
одлучи се - па да продолжиме со муабетов
Откако ќе се соберат, се сушат, а потоа со суви зрна од пченка, во посебни железни садови наречени дибеци, се к’цат со толчник или како што ние го нарекуваме - к’чник.
E добро де пуканки се добиваат од пченка, не му текнало на Гучи у моментот па пишал пуканки :icon_lol:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Паштета



Продукти:

Пилешки џигер 300 г
Јунешки џигер 600 г

кромид 900 г
путер 200 г
Морков 1 штука
Јаболко 1
Мед 1 ч. лажичка
Коњак 40 мл
лук 3 чешниња
Сол 3 ч. лажички

Приготвување:

Кромидот се сецка на крупни парчиња. јаболкото се листи од семки и лушпата
се сецкаат на парчиња јаболкото, морковот и лукчето

Во поголем сад- се растопува путерот и се ставаат сите все насецкани продукти. се соли и се крчка на тивко едно 60-80 минути.



10 мин. при крај се додаваат коњакот и медот.
Џигерот се сецка на парчиња 3 х 3 см.
Во одделен сад се одварува џигерот во вода, пазејќи парчињата да не се преварат. Водата се истура - се цеди џигерот и сите продукти заедно уште топли се ставаат во процесор се мелат до добивање на еднородна констиненција Потоа паштета се распоредува во теглички , а одгоре се залива со растопен путер. Откако ќе се олади се става во фрижидер.

Пријатен апетит !




со една мала измена - наместо 300 гр гусји џигер - јунешкиот е 600 г:)

http://iden-orbita.blogspot.com/2008/10/blog-post_11.html
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Правев похован кромид и првиот пат земав стаив у еден сад брашно, у друг јајца и у трет презла :tapp: И убаво излезе, не викам не. Ама пред некој ден коа праев си олеснив процедура и заштедив на време :pos: Ставив брашно и сол и додадов матено јајце, смесата се соедини и потоа го валкав кромидот во таа смеса па во презла.
:pipi:
Пази ова! Кој би помислил дека е похован кромид:pos: личи на хризантема:ROFLMAO: а и цената му е тамам ко за цвеќе , а не за кромид









 

Kajgana Shop

На врв Bottom