Секакви рецепти

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Еве денес што спремив како доручек за на работа...

5-6 листа кинеска зелка
1 пиперка
1 морков (средна големина)
3 ротквички
Пола дланка брусница (немав суво грозје, па тоа лупнав)
1 лажица маслиново масло
2-3 лажици соја сос
малку киселина

- Нормално тоа зеленчукот се мие и се суши. Зеленчуков го сечкате (сечкајте како сакате - по желба, на ленти, кругови, квадрати ... како ќе ви прдне). Ставате се тоа во некој пластичен сад, ставате тоа брусницата и зачиниве, покривате со капак, тресете за да промешате и воала - СЕКС!
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.704
Поени од реакции
19.771

Не се вика секс, ќе си кажеш поштено ЕБЕЊЕ :)

Еве еден мој рецепт
Полнети тиквички (млади)
4 тиквици средна големина
150 гр шунка
сирење по желба
магданос
маслински сецкани
лук
зачин (вегета, сол црн пипер)
2 јајца

Подговотовка:

Ги миете тиквичките и ги сечете на половина (долгнавесто), средишниот дел го вадите и ситно го сецкате, истото го правите и со шунката, магданосот, и маслинките, сето тоа во длабок сад го мешате, додавате сирење и лук со помош на ренде, двете јајца или изматете ги прво или убаво со помош на (чиста) рака измешајте ги со состојките да добиете една хомогена смеса, накарај само зачинете и со смесата наполнете ги тиквичките, на претходно загреана рерна од 230 степени во голема тава исецкајте домати (или некои конзервирани) со една главица кромид, ставете ги врз сосот тиквиците и печете едно половина час, откако ке заруменат одозгора додајте ленти кашкавал вратете уште 2 минути да се растопи, на крај извадете ја тавата и со сосот врз кој што ги ставивте тиквиците полејте ги и БОН апетит!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве еден рецепт, што сите го знаат, меѓутоа јас ќе го напишам онака како јас го правам јагењето, за да Ве подсетам да го подготвите за појадок во недела.

Гратинирани ( подпечени ) макарони
( за три лица )

Потребни продукти:
350 грама макарони
300 грама сирење
2 јајца
0.5 литри млеко
масло за јадење

Во тенџере, на оган ставам еден литар вода, да зоврие. Во зовриената вода, ги ставам макароните, ги промешувам, го покривам тенџерето со капак и веднаш го тргам од оган. Така ги оставам макароните да омекнат околу 10 минути, потоа ги оцедувам.
Во тавче за во рерна, претходно премачкано со масло за јадење, ги ставам макароните и ги промешувам со сирењето кое претходно треба да се издроби.
Во посебен сад, го мешам млекото со изматените јајца и со оваа смеса ги преливам макароните.
Печам околу 40 минути на 200 степени.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146

Пробај да ги потпечеш прво макароните со сирење (15 мин.) па после да ги додадеш јајцата со млеко и печи 20 минути :pipi:
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Кажете некои други рецепти за макарони, комбинирани со нешто.
 
T

Tetro

Гостин
Кажете некои други рецепти за макарони, комбинирани со нешто.
Ги вариш прво во вода што врие и е малце засолена, ги цедиш убаво, додаваш универзални зачини (веѓета, нане) и малку масло за готвење, ги запржуваш малку со мешање полека...

1. сос од ситно сецкан кромид, со мелено месо (или ситно сецкано) и печурки.
2. Сирење троа повеќе.

Бонус совет: иде добро со бело вино. :)
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Дај предлагајте рецепт за дообра чоколадна торта. Се решија да ми прат али немале рецепт.
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Не знам дали некој досега напишал ваков рецепт... денес го правев па затоа што испадна толку добро решив да го поделам со вас :)

Панга со Шампињони

3 филети панга
300гр сок од лимон
мелен црн пипер
1 лажичка путер
1 главица кромид
магдонос
400гр шампињони
80гр путер
кечап (2 лажици)
2 чешниња лук
1дл бело вино
лебни трошки

Рибјите филети се попрскуваат со сокот од лимонот, се посолуваат со сол и црн пипер и се оставаат во тепсија подмачкана со путер. Се прекриваат со ситно исечканиот кромид и исечканиот магдонос. Околу рибата се редат шампињони исечени на подебели листови, па сето ова се прелива со мешавината од растопен путер, кечап, лебни трошки, ситно исечкан лук, бело вино и сол.
Тепсијата се става во рерна претходно загреана на 200 C и се пече околу 25 минути.
Се служи со варени компири и парчиња лимон.

Добар Апетит ! ;)
 
Рецептот ќе го пробам, единствено што сум слушнал дека рибата панга е речна риба одгледувана во рибници, затоа сум резервиран кон таа врста риба
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Рецептот ќе го пробам, единствено што сум слушнал дека рибата панга е речна риба одгледувана во рибници, затоа сум резервиран кон таа врста риба
Мислам дека нема да зажалиш... ако имаш нешто проблем слободно пиши ми... а и секако пиши од кога ќе ја пробаш дали ти се допаднала :)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Рецептот ќе го пробам, единствено што сум слушнал дека рибата панга е речна риба одгледувана во рибници, затоа сум резервиран кон таа врста риба
Панга мислам дека е морска риба а потекнува од Виетнам.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Многу е добра мусакава

Мусака од карфиол

- 1 главица карфиол од околу 800 гр.
- 7 јајца
- 300 гр. сирење
- 200 гр. павлака
- брашно
- 250 мл. млеко
- 200 гр. кашкавал
- масло за јадење
- сол

На оган ставаме тенџере со вода. Посолуваме, го покриваме тенџерето со капак и оставаме водата да зоврие. На даската за сечење карфиолот го чистиме и го сечкаме на гранчиња. Во поголем длабок сад на покрупната страна од рендето ги рендаме сирењето и кашкавалот. Потоа во садот кршиме 2 јајца и со рака месиме додека не се соедини смесата. Во зовриената вода во тенџерето го ставаме карфиолот да се обари. Го покриваме тенџерето со капак.
Во земјан сад кршиме 3 јајца и ги матиме со жица за матење. Обарениот карфиол со лажица решетка го ставаме во цедалка.
На оган ставаме тава за пржење и во неа ставаме масло да се загрее. Парчињата карфиол ги валкаме во брашно и ги ставаме во садот со изматени јајца. Откако ќе ги свалкаме во матени јајца парчињата карфиол ги ставаме да се пржат во тавата. За време на пржењето ги превртуваме. Испржениот карфиол го ставаме во керамички сад и на една чинија. Врз карфиолот во керамичкиот сад го ставаме претходно подготвениот фил од сирење, кашкавал и јајца, а врз него редиме уште еден ред похуван карфиол. Тавата со мусака од карфиол ја ставаме во рерна да се пече. Печеме 15- тина минути на температура од 200 степени. Преостанатите јајца ги кршиме во поголем длабок сад и ги матиме со жица за матење. Во садот ја додаваме павлаката и мешаме со жицата. Потоа во садот го додаваме млекото и се убаво промешуваме со жицата. Откако карфиолот ќе зарумени ја вадиме тавата од рерна, ја поливаме со јајцата павлаката и млекото и повторно ја враќаме тавата во рерна. Откако преливот ќе се запече ја вадиме тавата од рерна и ја ставаме на работната маса. По две парчиња мусака со карфиол ставаме на чинија за сервирање, а секое парче го украсуваме со топка павлака.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Многу е добра мусакава

Мусака од карфиол

На оган ставаме тава за пржење и во неа ставаме масло да се загрее. Парчињата карфиол ги валкаме во брашно и ги ставаме во садот со изматени јајца. Откако ќе ги свалкаме во матени јајца парчињата карфиол ги ставаме да се пржат во тавата. За време на пржењето ги превртуваме. Испржениот карфиол го ставаме во керамички сад и на една чинија.
И јас правам мусака од карфиол, само што не го похувам после барењето. Тоа е многу мрсно, според мојот вкус. После барењето, веднаш во рерна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom