Секакви рецепти

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.677
Кога сме кај сосовите, нели нема да одговара некаков доматен сос со печурки и моцарела?

Не гледам зошто да не одговара. Само јас би ја ставила моцарелата на крај, зошто брзо се растопува.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Кисела супа од патлиџани ( се прави брзо )

потребни продукти:
Пасирани патлиџани 1/2 кг ( тетрапак)
две коцки за супа
50 грама ориз
црн пипер, босилок, магдонос, лист целер

Во тенџере на оган, ставаме литар вода да зоврие. Во зовриената вода, го додаваме тетрапакот со патлиџан, коцките за супа и измиениот ориз. По желба и вкус додаваме од зачините. Вариме 10 минути и уште 10 минути оставаме оризот да омекне и нарасне.

Уверен сум дека оваква супа ќе Ви годи, наутро по дочекот на Новата година
 
A

AnFem

Гостин
http://www.notquitenigella.com/2007/09/23/smorgastarta-swedish-sandwich-cake/

Значи ова само како идеја. Јас имам јадено нешто поинакво, после ќе правиме овакво нешто, со руска салата, па еден ред салата од варено цвекло со ориз, павлака и сирење, ракчиња од тегло...
 
A

AnFem

Гостин
Успат да прашам, знае некој рецепти со свеж кокос (освен мелеко)?

И што да правам со ванила-стапче? Ќе се познава ако го ставам во бел шлаг?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Прв пат во мојов живот месам и почнав со "најлесното" - солени кроасани.
Изволте рецепт :)

Потребни состојки:
- 1 кг. брашно
- 1 квасец свеж
- 3 мали лажички сол
- 1 мала лажичка шеќер
- 5 лажици зејтин
- 1 јајце
- 250 мл. млеко
- 250 мл. вода
- 250 гр. маргарин

Фил по желба: Сирење, кашкавал, саламче, мини виршли...

Подготовка:
Промешајте го квасецот во загреаното млеко и додајте 1 лажичка шеќер и 1 голема лажица брашно и осѕавете да надојде квасецот.
Кога ќе надојде квасецот, заедно со останатите состојки замесете средно меко тесто.
Тестото поделете го на 16 топчиња и секое развијте го во округла мала кора и премачкајте ја со маргарин кој стоел на собна температура. Така редете по 8 кори една преку друга и секоја ја премачкувате со маргарин освен последната. Вака добивате на две места по 8 кори. Прекријте со платнена салфета и оставете тестото да се одмори 20 минути.


Потоа од првите 8 кори сукате една голема округла кора и најпрво ја делите на 4 дела, па секоја четвртинка ја делите на уште 5-6 дела така да добиете 20-24 триаголници. На секој триаголник ставате од филот и виткате кифла која ја ставате на намачкана тава со маргарин. Постапката ја повторувате и со другите осум кори и ги редите кифлите во тава.


Прекријте ги тавите со платнена салфета и оставете да одморат 1 час. Потоа ги премачкувате со изматено јајце и наросувате ким или сусам (по желба) и ги печете во претходно загреана рерна на 220 степени околу 20 минути :)

 
S

Shellshock nam67

Гостин
Охридска Пастрмка (Охридски Начин 2)

1 кг. охридска пастрмка
4 домати
4 пиперки
400 гр. кромид
сол, бибер, магданос, вегета, доматено пире,
сок од лимон

Рибата се чисти се посолува и се пече на скара или на загреана плотна. Кога се испече рибата се приготвува филoт на следниот начин:ситно исечкан кромид, ситно исечкани пиперки, на коцки исечените домати, малку пире од дoмати и сок од лимон се пропржува и со ова се полни рибата. Топла се служи со парче лимoн.
 
A

AnFem

Гостин
Ај да пишам што јадам моментално:

Плескавици од тиквичка:

Тиквичката се лупи, се ренда, се посолува и се остава да го испушти сокот. Сокот се цеди добро, се сечка една главица крмид, се меша со тиквичката. Се става среда од леб, плус брашно, или лебни трошки, како сакате... Се оформуваат плескавиците, се валкаат во брашно и се пржат.

Ова со печен компир и салата <3
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас оддамна немам спремано нешто ново, а гледам во фрижидеров ми венееат 4 копанчиња од кокошка. Предлог некој за пилешко да даде?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Јас оддамна немам спремано нешто ново, а гледам во фрижидеров ми венееат 4 копанчиња од кокошка. Предлог некој за пилешко да даде?
Свари ги и похувај ги. Потпечи и некој компир и убав тартар сос :)

Можеш и да ги свариш, исчистиш од коски и само месото од батаци да го измешаш со 2 павлаки и шампињони и да ги ставиш во стаклен огноотпорен сад со капак.Така ги печеш некои 30 минути и после уште 20 минути без капак за да се потпечат и можеш да ставиш рендан кашкавал :pipi:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Свари ги и похувај ги. Потпечи и некој компир и убав тартар сос :)

Можеш и да ги свариш, исчистиш од коски и само месото од батаци да го измешаш со 2 павлаки и шампињони и да ги ставиш во стаклен огноотпорен сад со капак.Така ги печеш некои 30 минути и после уште 20 минути без капак за да се потпечат и можеш да ставиш рендан кашкавал :pipi:
Заборавив да спомнам....немам рерна за потпекување инаку овој вториот рецепт со павлаките ми изгледа супер.
Сакам да пробам да направам со кикирики нешто како кинескине рецепти, да не имаш за тоа нешто рецепт?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Заборавив да спомнам....немам рерна за потпекување инаку овој вториот рецепт со павлаките ми изгледа супер.
Сакам да пробам да направам со кикирики нешто како кинескине рецепти, да не имаш за тоа нешто рецепт?
Земи свари ги батаците и исчисти ги од коски. Стави тава со зејтин и кога ќе се загрее додај 3 лажици брашно. Нека се потпржи убаво и сипи пола шоља млеко. Додај 1 кисела павлака, малку вегета и сол. Стави ги кикириките и месото од батаците па убаво измешај. Сипи во тањир и стави малку сушен лук и ситно рендан кашкавал :)

А ако имаш лут сос - табаско, тогаш земи пропржи го месото од батаците, додај сецкан крoмид на кругови и малку вода. Нека се издинста некои 15 минути па додај соја сос, табаско, сол, бибер, кари и пржени кикирики. Вака нека се динста уште 10-15 минути.
п.с.А можеш да додадеш и компири сецкани на коцки пред првото динстање :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom