- Член од
- 22 август 2006
- Мислења
- 494
- Поени од реакции
- 1.000
Супа од домати со булгур:
Блендирав еден поголем кромид и 4 чешниња лук. На малку маслиново во тенџере поголемо ги динстам. Потоа блендирам околу 800гр до 1кг домати. Ги додавам во тенџерето, зачинувам со многу магдонос, босилек, малку оригано, сол и бибер. Додавам сечкана на многу ситно лута пиперка за пикантен вкус. Потоа додавам една мала шолја (200гр) булгур и околу 1 литар вода, сето тоа се вари околу 30 минути и наздравје!
Летни енергетски бомбици во мој стил:
Почнувам да ги мелам сувите состојки а тоа се: ореви, 'ржан овес, кокос, ленено семе, чија семе, сончоглед, семки од тивка. Потоа само ги додавам суви кајсии, брусница, урми, суви сливи и замрзната аронија, на сето тоа малку екстракт од ванила и малку цимет. Си формирате топчиња од смесата и некои ги сервирате така некои брбелани во мелени ореви или кокос. Ги чувам во фрижидер и од време на време за енергија си земам по некое.