Сакам да знам!

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.061
Поени од реакции
13.564
Ќе може некој да ми ја објасни разликата помеѓу лутеница, ајвар, макало, пинџур, малиџано, печи-гмечи и ако има уште нешто што заборавам...
 
Член од
29 декември 2013
Мислења
147
Поени од реакции
197
Ќе може некој да ми ја објасни разликата помеѓу лутеница, ајвар, макало, пинџур, малиџано, печи-гмечи и ако има уште нешто што заборавам...
Лутеницата е слична на ајварот. Само поголеми остануваат парчињата после мелењето. И се додава лути пиперки, лук и кромид. Ајварот е со црвени пиперки кои се печат , лупат и мелат. Меленото заедно со голема количина зејтин и сол и понекогаш домати и модар патлиџан се варат долго. Печи гмечи се пиперки печени и неизлупени се ставаат во тегли со масло,лук,оцет и пипер. Печи гмечи треба да отстојат некое време во подрум или на ладно некое време за да го впијат сокот
Пинџур : домати,пиперки и модар патлиџан се печат во рерна па се лупат и запржуваат со мелени ораси, масло и магдонос. Другиве не ми се познати.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ќе може некој да ми ја објасни разликата помеѓу лутеница, ајвар, макало, пинџур, малиџано, печи-гмечи и ако има уште нешто што заборавам...
Лутеница - се варат патлиџаните, пиперките се печат, се лупат и заедно со патлиџаните се сечкаат и ставаат да се пржат. При пржењето се додава магдонос, лук, мали лути пиперчиња и малку вински оцет.

Ајвар - Се печат пиперките, се лупат, се мелат и се пржат.

Макало - се варат компири и црвени везени пиперки. Одкога ќе се сварат се ставаат во друг сад и се разгмечуваат со виљушка, се додава сол и сето тоа на крај се попарува со врел зејтин.

Пинџур - патлиџаните и пиперките се сечкаат и се пржат..... може да биде и само со патлиџани, но тогаш се додава и бибер, оригано, вегета, ловоров лист.

Малиџано - зелените пиперки се печат (може и со црвени), а модриот патлиџан се вари. Се лупат и се мели. Се пржи, а при пжењето се додава сенф и малку вински оцет.

Печи гмечи - тркалцата модар патлиџан, везените и обичните пиперки се печат и набрзинка се ставаат во тегла каде измеѓу нив се става со кутлача мешавина од асенција, зејтин, магдонос и лук и се притискаат/гмечат пиперките и модрите патлиџани при ставањето на машавината/течноста.

Нема разлика, сите се вкусни :love::D
 
нема разлика??? иди објасни му ги сите овие на шефов тука, што е оваа теглава? а сите се црвени....му викам печени пиперки патлиџани... а другава? печени пиперки патлиџани.... а третава?

него лутеница се праи и без патлиџаните или грешам?
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
нема разлика??? иди објасни му ги сите овие на шефов тука, што е оваа теглава? а сите се црвени....му викам печени пиперки патлиџани... а другава? печени пиперки патлиџани.... а третава?

него лутеница се праи и без патлиџаните или грешам?
Се прави со патлиџани, ако е без патлиџани ќе ти дојде нешто како лут ајвар:)
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.540
Поени од реакции
697
нема разлика??? иди објасни му ги сите овие на шефов тука, што е оваа теглава? а сите се црвени....му викам печени пиперки патлиџани... а другава? печени пиперки патлиџани.... а третава?

него лутеница се праи и без патлиџаните или грешам?
Епа ќе му кажеш како што има повеќе видови на кашкавал така има и повеќе видови на Ајвар ,лутеница ,малиџано .... основна состојка е пиперката додека кај кашкавалот е млекото додека не ги проба нема да дознае разликата
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.061
Поени од реакции
13.564
Епа ќе му кажеш како што има повеќе видови на кашкавал така има и повеќе видови на Ајвар ,лутеница ,малиџано .... основна состојка е пиперката додека кај кашкавалот е млекото додека не ги проба нема да дознае разликата
Ги има пробано :) само што ја сум дудук и не знаев да му објаснам точно кое што е :)
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
113
Поени од реакции
20
Сакам да знам дали треба пасош за во црна гора?
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.726
Поени од реакции
1.485
Сакам да знам дали треба пасош за во црна гора?
Зависи од каде одиш ако одиш преку Албанија што е подалеку и поскапо можеш со лична карта лани ја така бев.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom