Кои си сите хербални алтернативи кои си ги пробал?
Кои минерали и витамини си ги пробал?
Најпрво пробав:
-
5-HTP: Земав по 50mg 2-3 пати на ден, но ефектот повеќе би рекол дека беше плацебо, затоа што прв пат земав нешто што требаше да направи да се чувствувам подобро. Несакани дејства беа: главоболка, кошмари и понекогаш луицидни соништа. Па го прекинав за 2 недели затоа што несаканите дејства беа многу поголеми од бенифитите.
-
Мелатонин: Обично го земав пред спиење затоа што имам голем проблем со спиењето, проблем да заспијам, и фреквентни будења, или будење да речиме за 2-3 часа па потоа не ќе можев повторно да заспијам. Меѓутоа некогаш ми помагаше некогаш не. Се случуваше да се напијам едно по некогаш и две апчиња па пак да не можам да заспијам. Мислам дека апчињата беа 2-3мг ако не се лажам.
-
Кантарион (St. John's Wort): Земав Кантарион континуирано по неколку месеци, повеќе пати, пробав и со чај 2-3 пати на ден, и со стандардизиран екстракт од 300mg 3 пати на ден. Можеби имаше некој благ бенефит, и не осетив некој несакани дејства, едно несакано дејство на Кантарионот е осетливост на светлина, но тоа го имав уште пред да почнам да го користам
-
Ашваганда: Пробав и со ашваганда, го земав 2 пати на ден по 500мг околу 3-4 недели. Не осетив никакво подобрување, ниту несакани дејства, можеби земав помала доза и премногу кратко за да осетам некакво подобрување или можеби самиот бренд беше со слаб квалитет.
-
Пасифлора (Passionflower): И пасифлората ја примав околу 3-4 недели, мислам дека беше по 300мг, два пати на ден. Ништо не осетив ниту од нејзе, можеби дозата беше мала, можеби беше до квалитетот на производот.
-
SAMe: Ова е соединение што го има во самиот организам, се користи за повеќе работи, исто така и за депресија. Користев 200мг два пати на ден, но го користев кратко време околу две недели, толку дози имаше пакувањето, не осетив ни подобрување ни влошување. Овој суплемент е многу скап затоа и не можев да си дозволам да нарачам поголема количина.
-
L-Tyrosine: Од оваа амино киселина имав само несакани дејства, како главоболка, зголемена иритабилност, нервоза, осетливост. Пробував повеќе пати по 5-10тина дена но прекинував да ја користам.
-
L-Theanine: Оваа амино киселина ја користев доста време (2-3 месеци), дози од 150-450мг на ден, но , не осетив некој голем бенефит, повеќе ми делуваше како плацебо, последно дури почна да ми ја зголемува анксиозноста.
Витамини B-Complex: Обично Б-Комплексот се препорачува за смирување на нервите и намалување на анксиозноста, но кај мене имаат обратен ефект, чувствувам зголемена нервоза, болки во мускулите, главоболка, исто нешто што забележав е зголемена потреба за мокрење, и мокрачата има темно-жолта боја и чуден мирис. Исто така имам пробано и со активна форма на B6 (pyrodoxal-5-phosphate) но ги имам истите несакани дејства.
Mucuna Pruriens: Ова пробав да го земам неколку пати по 3-4 дена, но имам многу несакани дејства од него, зголемена анксиозност, главоболка, физичка слабост.
Валериана: Избегнувам да ја користам затоа што има седативно дејство, и ми ги зголемува главоболките, поспаноста, ми ја намалува физичката енергија.
Исто така многу сум осетлив на:
Кафе (Кофеин): Дури и мала доза на кофеин, мал филџан кафе ми создава ужасни главоболки, низок притисок, трпнеење на рацете, губење на апетит, чувство како да сум многу жеден, несоница, луицидни соништа.
-
Цигари: Силни главоболки и вртоглавици, губам рамнотежа, ако не се задржам на нешто паѓам, зголемена дереализација, зголемена анксиозност.
-
Алкохол: Многу брзо ме "фаќа", некогаш дури и од една чаша пиво, некогаш ми ја влошува состојбата, некогаш пак се чувствувам многу подобро. Ако ја претерам мојата граница многу бавно се трезнам и повраќам, ми се гади, тоа може да трае и неколку дена.
Всушност и кога сум трезен имам симптоми како да сум многу пијан, и нон стоп осеќам гадење, и главоболки.
Можеби имам и уште нешто пробано, а не можам моментално да се сетам. Реков сите можни но знам дека има уште опции, како хербални, така и витамини и минерали. Но веќе изгубив воља а и немам толку парични средств, со оглед на тоа што до сега имам потрошено 150-200 евра а можеби и повеќе.
Исто така ги имам направено сите можни испитувања преку крв, мокрача, хормони, ЕКГ, ЕХО на срце, ЕЕГ, Магнетна на главата, притисокот секогаш ми е во ред. Сите резултати се потполно уредни. Единствено што немам испитано се витамини, минерали, не знам ни каде би можел да го испитам тоа.