Реконективно исцелување

Член од
22 декември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Имаш проблем со болно минато, лоши искуства, негативни настани што креирале во тебе црни мисли и верувања врз база на тоа што си го доживеал до сега.

друже сум бил во твоја кожа, знам низ што поминуваш, ама не можам да ти помогнам, бидејќи со теорија ништо не бива

Гледај сега има два вида на луѓе
- Луѓе со морални вредности
- Луѓе без морални вредности

Тие со без морални вредности ги боли стапот за се буквално. Најважно им е да се задоволат себеси и своите потреби. Тие речиси и не го користат мозокот, па воопшто не се секираат за последиците од нивните постапки. Овие луѓе приоритет им е да се забавуваат и не се плашат од ризици. Токму за тоа немаат анскиозност и стрес, т.е. имаат позитивна аура и енергија, а тоа е многу важно кај жените, жените сакаат единствено храброст-машкост, позтивна енергија, позитивни емоции и забава.


За жал ние сме во првата класа, луѓе со морални вредности. Ние секогаш се залагаме за правда, совршеност, искреност, вистина и сл.
Тоа ни прави секогаш да сме заглавени во главата, да размислуваме за се што правиме, што сме направиле и што ќе направиме. Имаме многу голема креативност, идеи, фантазија. Си фантазираме за иднината. Могу теоризираме во умот што треба а што не треба.
Многу сме на теорија и секогаш настојуваме да учиме нови работи и да се подобруваме, а всушност си го тапиме умот со премногу информации.
(Жабе теоризираш кога не можеш да го вкорениш во себеси како мисла и верување)
Секогаш гледаме правилно да ја направиме работата, не сакаме да грешиме, ако згрешиме се јадиме себеси зошто направивме таква глупост.
Многу зависиме од туѓото мислење, не сакаме лошо да мислат за нас другите. Буквално немаме самодоверба кажано накратко.
За грешките и неуспехот во минатото, замислуваме дека ќе бидиме многу големи луѓе, да увидат сите дека погрешно сме биле сфатени досега.
Секогаш попуштаме на другите. Токму затоа сме склони на зафркавање, исмејување и понижување од другите.
Поради болни искуства, сакаме да станиме посилни да не можат другите да не повредат, од сега вака ќе постапувам со ова, онака со она.
Многу сме емотивни и осетливи на надворешни влијание, на туѓа енергија, аура, топлина, светлина. Многу си врзваме в крпче од туѓите зборови и постапки.
Бидејќки повеќето се прости битија па секогаш бараат послаба алка да нападнат за да се чуствуваат подобро самите. Кога некој е искрен, праведен, добар, емотивен 99.99% ќе биде мета на заебавање.
Човек кој е емотивен и зависен од туѓо влијание не можи да биди ниту лидер ниту женкар. Жените не сакаат некој зависи од нивна и од севкупна реакција, тоа е слабост за нив. Жените не сакаат ниту некој искрен и добар, тоа воопшто не им е атрактивно. Жените воопшто не сакаат некој со негативни мисли и емоции. Ако пак ги имаш сите овие (не)предизпозиции осуден си на пропаст од жени и опшество.
И јас многу лоши години поминав, сите можни суплементи ги пробав од интернетот.
Ништо не поможе, да не се лажиш, јас невидена пара потрошив.
Ни бајачки, ни јога, ни масажи, ништо.
Се е до умот.

Гледај само да не размислуваш за постапките, следи го инстиктот, приоритет да ти биди да се забавуваш, тебе да ти е убаво на тулето( наместо како до сега што размислуваш правилно да постапиш).
Не расудувај, не разионалзирај, не анализирај, забавувај се, глупирај се, уживај.
Наместо да му угодуваш на женска, угоди си себеси, наместо да ја величиш и почитуваш, величи се и почитувај се себеси, тогаш жесните ќе трчаат по тебе.
Да не се фалам многу теорија( повеќе од било кој на овие балкански простори-имам необјавени книги) многу знам за жени, за алфа лидерство, за успех, за стрес, анксиозност, дигестивни нарушувања итн.
Можам да ти пренесам знаења, ама тоа нема да ти поможи туку ќе ти ја влоши состојбата, бидејќи уште повеќе ќе те заглави во умот, ќе размислуваш секоја секунда што да направиш и како да постапиш за да бидиш победник во секоја ситуација. можно е и да се пореметиш од толку милиони иформации, јас си знам.

Во овај суров свет мора да сфатиш дека нема правдина, нема совршенство.
колку побрзо го прифатиш тоа, подобро за тебе.
Јас многу гледам низ прсти и свесен сум за се што се случува со денешницава, ама немам сила да влијаам за да се променат и подобрат работите.
Гледај да не ти влијаат врз тебе околината и настаните

Никој не страдал од анксиозност доколку би имало вистинска љубов од партнерот, подршка од семејстовото, пријателство од пријателите, ама нема.
Денешново опшество је сјебано, секој ќе те повреди и партнерот, и семејството и пријателите.
Не верувај и не се потпирај на некој целосно. Исто немој и воопшто да немаш верба во никој.
За да немаш анкзиосност треба да имаш верба, меѓутоа да не те повредуваат.
(речиси невозможно)
Инаку ни билки не ти треба ни ништо
Лекот е пет пари, ама не можи да се набави
-Љубов, верба и надеж
Преведено да најдеш женска што ќе те сака и ти што ќе ја сакаш, што ќе си верувате и ќе бидете сплотени како едно.
Да веруваш во себеси, во другите, во животот и во судбината
Да знаеш дека се е во најдобар тек, дека се се случува само убаво и добро


Е сега како да го направиш ова со оглед на ситуацијата во земјава и светот, кога се е пред распаѓање, кога се е за корист, кога се е неправедно, искрено да ти кажам не знам.

Многу битно е тоа што дома кај тебе владее негативна енергија. Истото е кај мене не ради сестра, али брат.
Поради него на сите ни се зеде здравјето, од што е толку ненормален, алчен и будала, цел живот исполнет со нервози, уништување, трошење финансии, заглавување во тешки сериозни работи, кршење и расипување само, мавање со предмети тешки или остри, да те повреди сериозно, какви не лоши работи прави секој ден, не можам да опишам. Што е најлошо нас не обвинува по роднини, пријатели и познаници, дека ние не чиниме, му правиме лоши работи, му работиме зад грб. Какви не лаги зборува дека тој е лале, а ние трња. А ние секогаш му ги бришиме гомната, скривавме. Тој не оговара со лаги, се заканува со многу лоши работи. Дури му се чудам на другите, најмногу роднини и познаници, како можат да веруваат во такви работи, и си викам роднини или пријатели кој ве еби на крај, ако вие сте прости да потпаѓате под такви лаги на збор само, што ве ебам нема што да ви се оправдувам, кој ве шета. А внатре се чуствувам како вулкан, еруптирам кога гледам дека некој најпокварен мене ме прави таков, а другите го веруваат.
Човекот е само за корист. Брат не брат што го тркалам, само болка и мака од него имам цел живот. Пред други глумец невиден, ќе се собери како крлеж ќе ја нурни главата и ќути само, да речиш бајче. Дома мава вика крши.

Дома кај мене е само меѓусебно карање и викање. Тое е многу кобно за енергијата и здравјето, Јас практично во тие моменти се грчам целиот, чуствувам страв, нервоза, гнев, ги чуствувам нивните емоции. По неколку дена не можам да се олабавам, целиот сум згрчен во болки, од нозете до стомакот.
Што да речам само, во маки сме се родиле со маки ќе си умриме.
Фала за опширниот одговор. Можам целосно да се согласам со се што кажа, но најлошото е што самиот себеси мака мачам да си помогнам и никако да успеам. Фактички од самиот себеси си страдам, се опседнувам и заморувам со работи што не зависат од мене, не можам да успеам да се соочам со реалноста, и тоа уште повеќе ми ја влошува ситуацијата. Проблемот е во тоа што континуирано ми се случуваат негативни работи, работи што на душман човек не би му ги посакал, све надолу оди, и наједноставна ситница да е на лошо ке испадни, секогаш се мора да биде "the hard way", секогаш јас мора да сум губитникот во секоја ситуација (тоа што сум го замислил испаѓа обратното). Дојдов во состојба да не можам од дома да излегувам, немам доверба во никого, гледам негативно на работите, не уживам во ништо, последно и со татко ми се искарав, затоа што сум барал пари, колата сум ја возел сум ја кршел по патиштата, што и да направам не чинам, што и да кажам не сум во право. Сега сум без пари, без кола, без здравје, единствено мајка ми ида да ми носи јадење и земам од стариве дрва за греење, понекогаш јадење, и среќа тие ги плаќаат сметките (струја, вода). Сите други од блискиве не сваќаат низ што врвам мислат дека сум забушант, сите што ги рачунав за блиски пријатели, што сум им помагал, никаде ги нема (освен неколку души), не сум имал никаков контакт со женска повеќе од една година, ни физички ни вербален.
И после ќе ми речи доктор треба терапија да примаш. Што ќе ми помогни терапијата? Откако ги примав тие терапии (анти-депресиви, анксиолитици) се до осакатив, ми се чини 5 пати сум полош од што бев (си ставив трн во здрава нога). Хербалните антернативи се друго, сепак се нешто природно, без многу несакани дејства, но ете и од нив немав некоја значителна помош, но можеби не сум земал доволно долго или не сум ја пробал билката што би ми помогнала барем малце, свесен сум дека тоа не е лекот.

Воедно би сакал да прашам и за билките, Ashwagandha, Rhodiola Rosea и Passionflower дали би ми биле од помош пошто не ги имам пробано, те. имам пробано Ашваганда и Пасифлора но многу краток период и не сум сигурен дека беше од добар квалитет или адекватна дозата. За овие билки читав дека помагаат при состојби на хриничен стрес (физички или психички), анксиозност, намалена енергија и тн. Исто така би пробал нешто како Magnesium, Calcium, Inositol, Vitamin B6, B12, Vitamin D3, OMEGA-3.

http://88herbs.com/ashwagandha-rhodiola-combination/
 
Последно уредено:
Член од
24 јули 2022
Мислења
8
Поени од реакции
3
Дали некој испробал реконективно исцелување или лична реконекција и дали осетил/а некој благодет?
Ви благодарам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom