Реконективно исцелување

Член од
22 декември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Пред се здраво на сите. Би сакал да побарам совет, дали некој слушнал или има искуство со оваа "терапија"?
Мојот проблем е хронична анксиозност, пропратена со депресија, деперсонализација, дереализација, опсесивни мисли. Скоро две години континуирано сум во борба да најдам начин да излезам од оваа ужасна состојба, но после се што пробав сеуште се вртам во круг. Ги пробав сите можни хербанли алтернативи, амино киселини, витамини, социјализација, дружење со блиски личности, спортување. Потоа пробав
и со лекарства, седативи (Хелекс, Демитрин, Аклонил) со мали дози и паузи, анти-депресиви (Ладиомил, Еглонил, Зепира-Елицеа) но ги откажав зошто ужасно ми ја влошија состојбата. Пробував и cо молитви, одење во црква, дури и одење по гатачки, гледачки. Но ништо од ова не ми помогна.

Гледав на телевизија мислам дека беше на Наша ТВ, жената се вика Билјана Цветкова, која се претстави како "сертифициран практичар за реконективно исцелување".

Повеќе на следниов линк.
http://www.shlange.com/2014/10/blog-post_60.html

Дали имате искуство или имате слушнато за некој што го пробал ова?
 
D

Daedalus

Гостин
Ако не ти помогнале ссри и анксиолитици, реконективно исцелување (читај плацебо), сигурно нема да ти помогне. Не си ги арчи парите за џабе на глупости.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Ако не ти помогнале ссри и анксиолитици, реконективно исцелување (читај плацебо), сигурно нема да ти помогне. Не си ги арчи парите за џабе на глупости.
Фала за советот. Истото мислење го имав и јас, но во ваква тешка состојба на се би поверувал. Кога веќе сите опции ќе се покажат залудни, човек ќе почне и на тоа да верува. И уназад што сум одел по гледачки не сум осетил никакво подобрување, туку баш напротив, ми било уште полошо, многу полошо. Лошо е заради тоа што те ставаат во заблуда, кажуваат работи како дека некој ти прави магии, опседнат си со некоја сенка и слично, што во ваква состојба, го тера на човек во уште поголема заблуда и му прави уште поголеми стравови. Па и за ова со реконекцијава, ај што ќе дадам пари, треба да земам родител со мене, еве пример татко ми,(немам до толку близок другар) па да патуваме за Скопје, да бараме престој, да останиме неколку дена (3-5 дена траел третманот), и цело време во некоја атмосвера на исчекување на надеж, па може на крај да се вратам дома уште полош од што бев.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Кои си сите хербални алтернативи кои си ги пробал?

Кои минерали и витамини си ги пробал?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Кои си сите хербални алтернативи кои си ги пробал?

Кои минерали и витамини си ги пробал?
Најпрво пробав:
- 5-HTP: Земав по 50mg 2-3 пати на ден, но ефектот повеќе би рекол дека беше плацебо, затоа што прв пат земав нешто што требаше да направи да се чувствувам подобро. Несакани дејства беа: главоболка, кошмари и понекогаш луицидни соништа. Па го прекинав за 2 недели затоа што несаканите дејства беа многу поголеми од бенифитите.

- Мелатонин: Обично го земав пред спиење затоа што имам голем проблем со спиењето, проблем да заспијам, и фреквентни будења, или будење да речиме за 2-3 часа па потоа не ќе можев повторно да заспијам. Меѓутоа некогаш ми помагаше некогаш не. Се случуваше да се напијам едно по некогаш и две апчиња па пак да не можам да заспијам. Мислам дека апчињата беа 2-3мг ако не се лажам.

- Кантарион (St. John's Wort): Земав Кантарион континуирано по неколку месеци, повеќе пати, пробав и со чај 2-3 пати на ден, и со стандардизиран екстракт од 300mg 3 пати на ден. Можеби имаше некој благ бенефит, и не осетив некој несакани дејства, едно несакано дејство на Кантарионот е осетливост на светлина, но тоа го имав уште пред да почнам да го користам

- Ашваганда: Пробав и со ашваганда, го земав 2 пати на ден по 500мг околу 3-4 недели. Не осетив никакво подобрување, ниту несакани дејства, можеби земав помала доза и премногу кратко за да осетам некакво подобрување или можеби самиот бренд беше со слаб квалитет.

- Пасифлора (Passionflower): И пасифлората ја примав околу 3-4 недели, мислам дека беше по 300мг, два пати на ден. Ништо не осетив ниту од нејзе, можеби дозата беше мала, можеби беше до квалитетот на производот.

- SAMe: Ова е соединение што го има во самиот организам, се користи за повеќе работи, исто така и за депресија. Користев 200мг два пати на ден, но го користев кратко време околу две недели, толку дози имаше пакувањето, не осетив ни подобрување ни влошување. Овој суплемент е многу скап затоа и не можев да си дозволам да нарачам поголема количина.

- L-Tyrosine: Од оваа амино киселина имав само несакани дејства, како главоболка, зголемена иритабилност, нервоза, осетливост. Пробував повеќе пати по 5-10тина дена но прекинував да ја користам.

- L-Theanine: Оваа амино киселина ја користев доста време (2-3 месеци), дози од 150-450мг на ден, но , не осетив некој голем бенефит, повеќе ми делуваше како плацебо, последно дури почна да ми ја зголемува анксиозноста.

Витамини B-Complex: Обично Б-Комплексот се препорачува за смирување на нервите и намалување на анксиозноста, но кај мене имаат обратен ефект, чувствувам зголемена нервоза, болки во мускулите, главоболка, исто нешто што забележав е зголемена потреба за мокрење, и мокрачата има темно-жолта боја и чуден мирис. Исто така имам пробано и со активна форма на B6 (pyrodoxal-5-phosphate) но ги имам истите несакани дејства.

Mucuna Pruriens: Ова пробав да го земам неколку пати по 3-4 дена, но имам многу несакани дејства од него, зголемена анксиозност, главоболка, физичка слабост.

Валериана: Избегнувам да ја користам затоа што има седативно дејство, и ми ги зголемува главоболките, поспаноста, ми ја намалува физичката енергија.

Исто така многу сум осетлив на:

Кафе (Кофеин): Дури и мала доза на кофеин, мал филџан кафе ми создава ужасни главоболки, низок притисок, трпнеење на рацете, губење на апетит, чувство како да сум многу жеден, несоница, луицидни соништа.

- Цигари: Силни главоболки и вртоглавици, губам рамнотежа, ако не се задржам на нешто паѓам, зголемена дереализација, зголемена анксиозност.

- Алкохол: Многу брзо ме "фаќа", некогаш дури и од една чаша пиво, некогаш ми ја влошува состојбата, некогаш пак се чувствувам многу подобро. Ако ја претерам мојата граница многу бавно се трезнам и повраќам, ми се гади, тоа може да трае и неколку дена.

Всушност и кога сум трезен имам симптоми како да сум многу пијан, и нон стоп осеќам гадење, и главоболки.

Можеби имам и уште нешто пробано, а не можам моментално да се сетам. Реков сите можни но знам дека има уште опции, како хербални, така и витамини и минерали. Но веќе изгубив воља а и немам толку парични средств, со оглед на тоа што до сега имам потрошено 150-200 евра а можеби и повеќе.

Исто така ги имам направено сите можни испитувања преку крв, мокрача, хормони, ЕКГ, ЕХО на срце, ЕЕГ, Магнетна на главата, притисокот секогаш ми е во ред. Сите резултати се потполно уредни. Единствено што немам испитано се витамини, минерали, не знам ни каде би можел да го испитам тоа.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
После ќе ти ти дадам некои предлози, сега сум малце кнап со време. Не си пробал со доста битни работи.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Благодарам, било каков совет би бил добродојден.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.732
Поени од реакции
24.352
Проба да разговараш со стручно лице за да видиш од каде потекнува проблемот? Работава не е само да ги лечиш симптомите, туку да сфатиш од каде потекнуваат.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Проба да разговараш со стручно лице за да видиш од каде потекнува проблемот? Работава не е само да ги лечиш симптомите, туку да сфатиш од каде потекнуваат.
Симптомите потекнуваат од голем број настани кои се случувале години наназад, и кои полека еден по еден се насобирале еден на друг, и полека успеале да ме доведат во оваа состојба. Не ја редам вината на нив, туку јас на нив реагирам на таков начин. Не знам дали би ми било од помош ако ги искажам проблемите, имам и доста страв дека би бил осудуван на некаков начин, иако никогаш не сум направил нешто лошо.
Најтрагично е што никој не верува и не може да свати низ што поминуваш, и најблиските не можат да те сватат. Сум пробал и на повеќе психолози, психијатри, ајде психолозите повеќе се за терапија, на психијатар сум бил на тројца различни, но не ми биле од помош, уште не дојден до самите причини за кои настанал проблемот сум се повлекувал заради нивниот начин на пристап, поточно дека треба да земам терапија, дека кога ќе ја најдам таа што ми одговара ќе ми биде подобро, дури и не знаеа што претставува деперсонализација и дереализација. Би кажал и овде све уназад како се одвиваше но не знам дали би можело да ми се помогне.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Прво кажи колку и дали воопшто си спремен да пробаш нови суплементи/билки што до сега според она што го напиша не си пробал, ако да ок - ако не, немој само те молам џабе да дебатираме, ако негираш се и немаш доверба мислам дека нема поента, научен од минатото би сакал да знам пред да се разврзе дискусија. Oдма да ти кажам за B6, ако го зимаш во голем дози прави анскиозност, многу е битно да се погоди дозата, јас би ти препрачал не повеќе од 5мг на доза/ден со Magnesium Bisglycinate.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
329
Поени од реакции
177
Многу лесно се откажа од реконективното исцелување само затоа што некој рекол дека било плацебо. Знам дека е прилично скапо но давеникот се фаќа и за сламка. Во Македонија многу попознато е лекувањето со тесла бранови според Ања Петрович, кое е слично на реконективното исцелување. Мислам дека има барем 20 тина цертифицирани практичари кај нас. Има и фајсбук страна па можеш да ги побараш. Што и да одлучиш, среќно.
 
D

Daedalus

Гостин
Многу лесно се откажа од реконективното исцелување само затоа што некој рекол дека било плацебо. Знам дека е прилично скапо но давеникот се фаќа и за сламка.
Тоа е бидејќи и покрај сет тој очај, останал грам објективност у детето. Има подобри и поефективни начини за менаџирање на проблемот што го има од реконективна терапија. Лекување со тесла бранови... Луѓето имаат невиден потенцијал да ја земат секоја квазинаучна идеја или друга форма на верување и да ја претворат у бизнис.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Како се викаат 2-те методи на англиски? ова исцелувањето, и тесла брановите, под кои термини идат?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Прво кажи колку и дали воопшто си спремен да пробаш нови суплементи/билки што до сега според она што го напиша не си пробал, ако да ок - ако не, немој само те молам џабе да дебатираме, ако негираш се и немаш доверба мислам дека нема поента, научен од минатото би сакал да знам пред да се разврзе дискусија. Oдма да ти кажам за B6, ако го зимаш во голем дози прави анскиозност, многу е битно да се погоди дозата, јас би ти препрачал не повеќе од 5мг на доза/ден со Magnesium Bisglycinate.
Спремен сум да пробам, и верувам дека може да ми помогне, без разлика дали се работи за билки, витамини, минерали. И верувам дека недостаток или преку мерно дозирање на некоја витамина или минерал пример може да доведе до одредена психо-физичка состојба.

Би пробал и некое испитување (ако постои такво), за присуство и количини на витамини, минерали, метали и тн. во организмот. Ако некој направил такво испитување или знае каде може да се направи.


Многу лесно се откажа од реконективното исцелување само затоа што некој рекол дека било плацебо. Знам дека е прилично скапо но давеникот се фаќа и за сламка. Во Македонија многу попознато е лекувањето со тесла бранови според Ања Петрович, кое е слично на реконективното исцелување. Мислам дека има барем 20 тина цертифицирани практичари кај нас. Има и фајсбук страна па можеш да ги побараш. Што и да одлучиш, среќно.
Порано повеќе верував во такви работи, но последно, и од лични искуства и од искуства на блиски луѓе што пробале да се лекуваат на таков начин (со кушачки, гледачки, одење по цркви, миење со "лековита вода", био-енергија), не сум почувствувал никакво подобрување, ниту некој од блиските имал некаков бенефит од таквиот начин на "лекување". Посебно мислам дека не би ми било од помош дури би ми ја влошило ситуацијата со оглед на тоа што имам хронични симптоми на анксиозност и депресија (нереални и нерационални стравови, безнадежност, песимизам).

Моето сваќање на овие состојби како што се депресијата, анксиозноста и др. што јас воопшто не ги гледам како пореметување или болест, туку како нормална реакција попратена од збир на случки што сме ги доживеале и начинот на кој што ние реагираме на нив, околината во која што живееме, начинот на живот и луѓето што не опкружуваат.

Како се викаат 2-те методи на англиски? ова исцелувањето, и тесла брановите, под кои термини идат?
Реконекривното исцелување - Reconnective Healing - Dr. Eric Pearl.
Тесла бранови - Tesla Metamorphosis
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom