Работа на брод

Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Jok, тие 5% се углавно старци или племиња што живеат во изолација а такви не идат на брод. Поверојатно е да налетал на некој глуп филипинец (такви има многу) па да не се разбрале. Што знам има многу работи да им се замери ама англискиот не е една од нив, затоа и ги има толку многу баш на вакви места...
Нека ме извинат администраторите/модераторите за оф-топиков, ако сакаш можеш да ми реплицираш преку пп, но бидејќи велиш дека 2 години си живеел во Манила, да те прашам.

Дали на Филипините природните катастрофи - тајфуни/циклони, земјотреси и слично - се вообичаени ?

Те прашувам бидејќи пред некоја година еден охриѓанец се ожени со Филипинка, на која повеќе и се допаѓал животот во Македонија, отколку на Филипините, токму поради истите природни катастрофи кои ги спомнав.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.324
Поени од реакции
22.628

Да, сосема нормална работа е да има ТАЈФУНИ (тоа ти е многу дожд и ветер) ништо страшно ако имаш асална куќа. Проблемот е што таму многу живеат во шупи плус градат кај стигнат, до океан, до реки, места склони на одрони итн... Многу сиромаштија па затоа и гинат во такви непогоди.

Тоа дека во МКД повеќе и се свиѓа е сосема нормално, и они се печалбарска земја, многу сличен менталитет на нас така да ова за неа е ново и интересно. Во МКД она е егзонтична, таму маж би бил, што не е „добра“ работа за неа со оглед на тоа дека се прилично лесни за легнување ;). Знае што прави :)
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
461
Поени од реакции
378
Живеев 2 год во Манила и слободно можам да кажам дека во просек зборат англиски МНОГУ подобри од било кој европски народ со исклучок на британците.Затоа има и цел куп кол центри таму. Многу поверојатно е дека ти си шупелка па ништо не си ги разбрал.
да, да јас сум шупелката
givp mi on panta = give me one fanta
Im pom pilipins = I'm from Philippines
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.040
Поени од реакции
950
Гледам една страна преку Софија, Швајцарска компанија... Некој нешто повеке, искуство, интервјуа, ово оно?

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.466
Гледам една страна преку Софија, Швајцарска компанија... Некој нешто повеке, искуство, интервјуа, ово оно?
На балканов имаше една агенција од Романија, имав цимер Велешанец кој замина преку нив на брод, само уште да ми текне како се викаше агенцијава :)

За вас што се карате за англискиот на Филипините. Официјален јазик на Филипини е Тагало, мешавина од шпански и јазиците што се збореле од Филипинците пред окупацијата од Шпанците. За тоа како зборат англиски, пааа ОК се, подобри се од луѓето од Источна Европа, барем во првиот договор, после тоа е субјективно :) Инаку многу некако споено ги изговараат зборовите и не можат да кажат „Ф“ Ако најдеш филипинец кој може да каже Ф или има родител од Кина, Виетнам.... или се родени надвор од Филипини.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.324
Поени од реакции
22.628
За вас што се карате за англискиот на Филипините. Официјален јазик на Филипини е Тагало, мешавина од шпански и јазиците што се збореле од Филипинците пред окупацијата од Шпанците. За тоа како зборат англиски, пааа ОК се, подобри се од луѓето од Источна Европа, барем во првиот договор, после тоа е субјективно :) Инаку многу некако споено ги изговараат зборовите и не можат да кажат „Ф“ Ако најдеш филипинец кој може да каже Ф или има родител од Кина, Виетнам.... или се родени надвор од Филипини.
Официјални јазици се тагалог и англиски. Тагалог покрај официјален е и национален јазик. Тагалог се збори углавно во Манила. На 100км од Манила е Ангелес (во Пампанга провинцијата) и таму се збори капампанган. Во Себу и Давао (вториот и третиот најголем град) на пример се зборува бисаја што е тотално различен јазик од тагалог (мада они тоа го викаат дијалект а не јазик, иако едно со друго нема врска значи ко македонски со германски да споредуваш). Во Самар (од тука се и највеќе морнари) се збори на пример вараи. Се на се мислам дека беа 13 поголеми „дијалекти“ кој дали имаат 2% сличности еден со друг.

Тагалог е уствари еден обид за есперанто. Направен јазик составен со некој нивни зборови, плус 20% шпански плус 20% англиски (пример сите броеви им се на англиски).

Во Манила со тагалог или англиски си ОК, ама затоа на другиве места ти треба локалниот јазик или англиски. Дури и они мегу себе зборат на англиски баш заради тоа што не се разбираат ако се од различна провинција. Англиски се зборува и во суд (заедно со локалниот јазик) и во парламент (заедно со тагалог) а во бизнис светот углавно англиски.

Ф они го изговараат углавно како ПХ - затоа и филипини така се пишува. Исто е и со Б и В. Висајас е провинцијата на пример ама јазикот место висаја е бисаја, едноставно за некој работи се малку различни ко и индијците, америте или австралците....

Да се вратиме на темата, доста шараме офтопик...
 
kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
461
Поени од реакции
490
sekoj den sum tuka so niv, bar na forumov nemoram da chitam za niv. Nazad na temata.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
29
Поени од реакции
1
Знае ли некој да каже за позицијата junior bar server на msc
плата раб. саати општо се за таа позиција
другар аплицирашр за bar server на msc преку коузон и после успешни интервјуа на англиски и германски и тренинзи коузон вика не може директно bar server може само junior bar server и тоа важи за сите апликанти што аплицирале и изгубиле 4 месеци ви тој процес на учење германски и интервјуа. коузон и странците со кој бил на интервју никогаш не спомнале позиција junior bar server. коузон ги излажал сите
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Дали некој знае дали се нуди работа на брод ама не да е од доменот на услужна дејност (келнери, бармени, масери и слично) тука некоја техничка инженерска работа (на почетно ниво) во делот за одржување на системите на бродот, за машински или електро инженери.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840

Заебано е за тие позиции, треба да се има сертификати незнам точно кој беа кој се земаат во школите за морепловци. Такви школи има во хрватска и италија (што знам) плус бараат препораки да имаш најмалку 5 години и тие препораки се проверуваат дирекно од компанијата не како за келнери и слично кој демек агенциите наши ги проверуваат. Има доста заебанции јас сакав да пробам поддадов CV за тоа некако (иако во нашите агенции не посредуваат за тие позиции) и моабетот беше ако ме повикаат на интервју ќе ми кажеле после тоа кој сертификати да одам да ги земам и полагам. Имам и препорака реална не “штелувана“ но сепак сеуште немам никаков одговор.
 
Член од
12 декември 2015
Мислења
6
Поени од реакции
2
Здраво дечки нов сум на форумот. Бев на интервју за NCL во април 2015 ја добив работата и од тогаш чекам да ми се јават за заминување ама ништо од тоа. Ме интересира дали е нормално толку да се чека и дали воопшто ке ме побараат? Иначе позицијата за која бев на интервју ми е assistant cabin steward.

Ke te pobaraat, ne se opteretvaj
Tie se vo golema guzva so Escape noviot brod, pa i agentite imaat dosta rabota so new sign on i isto redovni vraboteni. Ako si preku Kouzon obrati se kaj niv
 
Член од
21 јануари 2016
Мислења
6
Поени од реакции
0
Здраво знае ли некој кои се опциите откако ке ми заврши договорот на брод да останам и да работам во америка.Дали тоа ке биде исто како со work & travel кои имаат социјално бројче или ке биде се на црно. Од големо значење ми се информациите фала ви
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.466
Здраво знае ли некој кои се опциите откако ке ми заврши договорот на брод да останам и да работам во америка.Дали тоа ке биде исто како со work & travel кои имаат социјално бројче или ке биде се на црно. Од големо значење ми се информациите фала ви
Значи поцрно од ова нема. Немаш бројче, фирмата за која си работел плаќа дебела казна затоа што ти не си излегол од САД, и ондак то. И постои ризик таа фирма да престане да ангажира македонци во иднина. Додуша коа ќе размислам убаво, на македонците им е забрането да работат на пола од бродовите по светов поради разни глупости.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
...

Додуша коа ќе размислам убаво, на македонците им е забрането да работат на пола од бродовите по светов поради разни глупости.
Поради разни глупости направени од одредени индивидуи од македонско потекло, а не направени од сите Македонци кои работат на брод.

Но сепак и глупостите направени од тие неколку индивидуи од македонско потекло им се доволни на бродските компании за да ги отпишат Македонците како потенцијални идни работници на брод.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom