Пустошењето на шумите во Македонија

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Ги поминав сите институции од сектор за животна средина, инспектор за шумарство водостопанство, директор на македонски шуми, командир на шумска полиција, командир на МВР и јавен обвинител. Сите до еден велат дека ЗНААТ.
Депресивно. Ми се посра денот од тоа колку е беспомошен воведниот пост.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
74
Поени од реакции
82
Со моторни возила лади или пезетки нон стоп ден и ноќ само се носат украдени дрва наочиглед на цел град.
Сакаш ли да кажеш дека горенаведените моторни возила се надекватни за оваа намена?!
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Полека, без нервози.
Понекогаш за безумни изјави може и така.[DOUBLEPOST=1441385286][/DOUBLEPOST]
Сакаш ли да кажеш дека горенаведените моторни возила се надекватни за оваа намена?!
Да изгледа. Скоро сите се Лада. Ефтини се, за 200-300 евра ги купуваат. И да им ги одземат не им смета, не е некоја штета. Без задни седишта има и простор за товар, а доволно моќни за да носат тежина.
 
WeAreWhoWeAre

Mia san mia
Член од
12 јули 2015
Мислења
244
Поени од реакции
511
Осоговските планини сечата ја вршат албанци. Мислам оние од шумско што се , минатата година кога бев со татко ми на прошетка све беа албанци. Македонците исто така лом праат и сето тоа организирано. Последен пат што ми текнува најевтино што знам што зимавме дрва беше 1 800 денари од кубик. Сега е дупло поскапено.

Полека сфаќам дека во секоја област во Македонија се работи само на искористување и злоуптреба за да си се наполнат џебовите на политирачите и другите моќници. Ама во едно нешто да имаме долгорочен план за успех би бил задоволен. 24 години откако сме независни ја уништуваме државата тотално. На крај ќе останат пензионерите, тие што веќе неможат да побегнат, локалните моќници и политичарите.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Државата им објави војна на дрвокрадците - вели Жарко Караџоски
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=10617
@Смрт за зони и пајак воз. Не беше ти кој рече „отворате муабет дека се крадело дрва“. А сега вадиш напис за објавување на војна против дрвокрадците. Сега да се извиниш за тресењето безумие.

Поради пројавените негодувања, знаејќи дека луѓето веќе не можат да молчат поради крајно ненормалното уништување на шумите, при што може да се разоткријат дејствија за стопанска и кривична одговорност Ж. Караџоски залажува со објавување на лажни војни. Споменативе одредби од законот уште повеќе ги зајакнуваат основите за раширената незаконска и организирана сеча на шумите.

„...се предвидува од три до пет години казна затвор за нелегална сеча...“

Се наопаку. Токму високите казни се причината зошто чуварите на шумите избегнуваат да ги казнат дрвокрадците. Од една страна чуварот има проблем затоа што ако го фати обичниот дрвокрадец - секач или дотурач, а не оној кој го организира крадењето, поради огромните парични казни тој ќе биде финансиски уништен. Поради високите казни, дрвокрадците се решителни да применат сила за да не бидат фатени. Подобро помали казни, ама редовни казнувања и зголемување на казните за рецедивистите (повторувачите на делото). Тогаш и чуварите нема да се мислат многу, секој што сечи да биде казнет. На многу места никој не се нафаќа да биде шумар, казните се огромни, а никој не сака да си створи животни непријатели. Професионалните дрвокрадци не ги откажува зголемената затворска казна, само што ќе бидат уште ПОВНИМАТЕЛНИ и УШТЕ ПОНАСИЛНИ за да не бидат фатени.

“...Шумската полиција кадровски ќе се доекипира се со цел поголема контрола на шумите, а се вршат промени во начинот на промет со огревното дрво. Продажбата ќе се одвива исклучиво на регистрирани складишта каде задолжително треба да се истакне цената на огревното дрво, на големо и на мало. Се укинува продажбата од шумски камионски пат , начин кој до сега се докажал дека е многу коруптивен информираат од јавното претријатие “Македонски шуми“.
Исто така се забранува популарно наречена селска сеча, значи за потребите на оние граѓани кои живеат во реоните, во села кои што се близу до самата шума, секое семејство ќе има право директно од шума да купи само десет метри кубни дрва и ништо повеќе, со тоа што сами ќе ја исечат. Секоја друга злоупотреба е кривично дело“, изјави Жарко Караџоски, директор на Ј. П Македонски шуми“.“

Значи уште полошо, уште поголемо ограничување за луѓето сами на законски начин да сечат и да се обезбедат со дрва. Покрај високите давачки за секој кубик сега и ограничување на количините. Секој ќе биде принуден да купува дрва или од Македонски Шуми кој патем нема дрва или од дрвокрадците. Не е толку страшна поединечната кражба на дрва, страшни се штетите од индустриски организираната дрвокражба.

Ваквите измени со цел да се намали шумската кражба е поради фактот што државата годишно губи огромни средства. Според неофицијалните пресметки на надлежните лица, државата годишно од нелегална сеча губи од 200 до 250 илјади метри кубни, односно над 10 милиони евра годишно.

А каде се законските мерки оние кои бидат фатени да бидат обврзани да засадуваат дрвја и слично. И да биде казнет, парите за казна ќе си ги земите, но што со поправка на штетата врз шумите. Каде се мерките за образовни програми, известувања. Каде се мерките за задолжителни редовни извештаи во одделни гласила на Шумска Полиција и Македонски Шуми за бројот на дојави, бројот на пресечени канали на кражба, одземени количини, одземени возила. Каде се измените за граѓаните да можат да добијат отчети од споменативе институции за тоа како си ја работат работата. Сакаме да знаеме шумарите на Македонски Шуми вршат ли дојави или си спијат под некоја сенка. Тие се криви или Шумска Полиција која не ги спроведува дојавите. И остај што државата губела пари што со тешко поправливата штета на природата. Ако сакаа зарем со постоечкиот закон нешто ги спречуваше да ја оневозможат оваа ненормална дрвокражба. Чисто мачкање на очи, за уште некое време да потрае кражбава за до изборите за отом потом како ќе биде ќе се процени. Може и да продолжи може и да се намали.
[DOUBLEPOST=1441479836][/DOUBLEPOST]Нечиј коментар под написот за наводното објавување војна на дрвокрадците.

Дрво Садач

Текстов е ФЛОСКУЛА,мизерија,ги омаловажув сите што ја знаат состојбата во шумарството.Не е прв ваков текст по нарачка,дирекно од инволвираните во организираниот криминал со енергенс-дрво.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@sardaukar
Нема дрво да се купи значи никој не сечел. Да сечеа макар дрвокрадците ќе продаваа и дрво ќе имаше
Како може да има пустошење на шумите кога не сечеле?
А ова што го зборува директорот е да го сврти вниманието од суштината.
А суштината е дека лично тој е одговорен зошто дрво не е сечено , а тој го врти муабетот на двокрадците
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
@sardaukar
Нема дрво да се купи значи никој не сечел. Да сечеа макар дрвокрадците ќе продаваа и дрво ќе имаше.
Па ги има дрва на црно.
Како може да има пустошење на шумите кога не сечеле?
А ова што го зборува директорот е да го сврти вниманието од суштината.
А суштината е дека лично тој е одговорен зошто дрво не е сечено , а тој го врти муабетот на двокрадците
А ти читкаш од коментарите овде или под написи и прилози за темава. Од сите страни од земјава каде има повисоки шуми пишуваат за големи размери на незаконско сечење на дрвата.
Еве јас ќе гледам како пред мене и покрај мене се возат дрвокрадците и ќе си речам не постојат. Заради партијата и она кое го гледаме со очи или го дознаваме со уши нема да постои.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Па ги има дрва на црно.

А ти читкаш од коментарите овде или под написи и прилози за темава. Од сите страни од земјава каде има повисоки шуми пишуваат за големи размери на незаконско сечење на дрвата.
Еве јас ќе гледам како пред мене и покрај мене се возат дрвокрадците и ќе си речам не постојат. Заради партијата и она кое го гледаме со очи или го дознаваме со уши нема да постои.
Дрва нема ниту на црно ниту на бело - никој не сечел
А вакви муабети му користат само на оној кој е заслужен зошто во Македонија сега има недостиг на дрва
Дрвата се поскапи во Македонија одколку што се во Берлин
Еве ти во Берлин, сечени на 33 см и цепени дрва по цена од 55 евра. кубик
http://www.ebay-kleinanzeigen.de/s-anzeige/kaminholz-brennholz-birke-zu-verkaufen/141167574-87-3540
Бесплатна достава во Берлин и Бранденбург
Дрвата се со влажност помала од 20%
Дрвата се паковани на палета

А ти раскажувај приказни дека имало многу дивокрадци кои ги пустошеле шумите, а никој не бил одговорен што дрва нема и немојте да го менувате неспособниот директор
 
Јас лично гледам секојдневно дрвокрадење во големи размери. Соодветните институции го признаваат големиот размер на овој многу штетен криминал. Ти самиот постираше прилог каде Македонски Шуми му објавуваат војна на дрвокрадците. Според некои организираноста и заработките на дрвната мафија е втора веднаш зад наркомафијата. За истото зборуваат и други во други делови од земјава.
Зошто не веруваш? Од каде ти е убеденоста!? Шеташ по планиниве и си заклучил дека такво нешто нема!?
 
A каде „ секојдневно дрвокрадење во големи размери “?
Планините се големи. За да украдеш треба некако да сигнеш до тие дрва. Има мал број на шумски патишта но малку и таму е распоредена полицијата.
Ако од некој дел на шумата сакаш да сечеш дрва треба да има шумски патишта, шумски складови, опрема за да дрвата се извлечат до шумскиот пат, се на се треба да има луѓе, механизација, опрема, а такво нешто нема кај нас, Многу мала површина на шуми е опремена со таква инфраструктура за да може било кој да сече
Затоа и нема дрва.

Еве пример за фатен дрвокрадец во Тетовско
http://plusinfo.mk/vest/38940/priveden-drvokradec-od-poroj
 
:facepalm:[DOUBLEPOST=1441571757][/DOUBLEPOST]
Нови 74 вработувања во Македонски шуми: Се бараат дрвосечачи и луѓе за дотур на дрва
04.09.2015 14:54

ЈП Македонски шуми распиша оглас за вработување на 48 извршители на работно место – сечач (месечна нето-плата 14.490 денари и 26 извршители на работно место -човек за дотур на дрва (месечна нето-плата, 13.050 денари), објави „Е-магазин“.

Работниот однос на определено време ќе се заснова за период до 31.12.2015 година.

Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 7 до 15 часот. (Работните задачи се извршуваат исклучително на терен).

И се разбира дека се оди во прилог на криминалот. Претходно беа исплаќани околу 900 денари на ден. За најтешка можна физичка работа, во мизерни услови, а погледнете ги вредностите на платите 13.000 и 14.500 денари. Професионален дрвокрадец дневно може да заработува над 50 евра.
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.752
Поени од реакции
7.935

Погледни ја табелава колку калории за еден час се трошат за одредена физичка активност:

http://calorielab.com/burned/?mo=se&gr=11&ti=Occupation&wt=150&un=lb&kg=68

Брзо сечење со секира - дури 1088 калории за еден час.
Носење трупци - 680 калории на час.
Симнување кора од дрвјата - 408 калории на час.
Соборување на дрвјата - 476 калории на час.

Како дрвосечачот ќе ги надокнади овие изгубени калории? Со кифла и чај колку што може да си дозволи од својата мизерна плата? Дали се запрашале одговорните за овој проблем? Или не смеат да размислуваат за волку тешки прашања за да не им прегори мозокот поради преголемо оптоварување?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.056
Поени од реакции
6.663
Критично е кај Цапари и Ротино, пожарот се шири

http://tera.mk/kriticno-e-kaj-tsapari-i-rotino-pozharot-se-shiri/

гори потпелистерието,ситуацијата не е за подценување,штетите секако ќе бидат ненадоместливи..........
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Погледни ја табелава колку калории за еден час се трошат за одредена физичка активност:

http://calorielab.com/burned/?mo=se&gr=11&ti=Occupation&wt=150&un=lb&kg=68

Брзо сечење со секира - дури 1088 калории за еден час.
Носење трупци - 680 калории на час.
Симнување кора од дрвјата - 408 калории на час.
Соборување на дрвјата - 476 калории на час.

Како дрвосечачот ќе ги надокнади овие изгубени калории? Со кифла и чај колку што може да си дозволи од својата мизерна плата? Дали се запрашале одговорните за овој проблем? Или не смеат да размислуваат за волку тешки прашања за да не им прегори мозокот поради преголемо оптоварување?
Можеби малку ќе излезам од темата.
Цела земја ќе се среди од стопански па до морал ако државата избере извесен број на тешки занимања и ги оптовари работодавците со високи исплати за работниците. За на некој начин им даде животна шанса и ја награди нивната волја и работливост. Затоа што кога човек работник е мотивиран, спремен е вредно да работи за жена за дете, семејство и кога оди на најтешка работа. Оди од тешка во уште потешка работа, и пак заработи едвај за себе. А истовремено многу полегачки работи се со истата плата. Тука вредносите му се превртуваат. Му остануваат 3 можности.

1. или да си ги крени парталите правец надвор од земјава.
2. или да работи надвор од законот
3. или да работи полесна работа но да живурка со мал домашен приход.

Земјоделските додатоци не вршат таква улога затоа што бараат предуслови. Пред се поседување земја во близина на домот и колку толку некое земјоделско искуство. Од друга страна имаат висок степен на неизвесност во успехот (временските услови и променливи цени).

Ако некој бизнисмен гради хотел, фабрики, болници, асфалтирање патишта, металски работи, концесионери за сечење на шума, тој/тие имаат пари за да ги платат работниците. А зошто не се плаќа? Троши не штеди на материјали, а работникот пак не го плаќа.
Не сакаат работниците да кренат глава. Затоа што економски малку појак работник е послободен да си бара и подобар однос и подобри услови за работа.[DOUBLEPOST=1441645443][/DOUBLEPOST]Битолчанец од дива сеча кеширал 2.000 евра

Битолчанец е осомничен дека овозможил бесправна сеча на дрвја при што се стекнал со имотна корист од 117.984 денари.

Како што соопшти полицијата, Л.И. (52), лиценциран работник за издавање одобренија на сеча во приватна шума и управител на ТП „Ивановски Раде Лазо“-Битола се товари за злоупотреба на службена положба и овластување.

Пријавениот во својство на службено лице во текот на 2013 година спротивно на планот за забрана за сеча изработен од Заводот за уредување на шуми за периодот од 2010 до 2016 година, извршил ознака за сеча овозможувајќи им на шест приватни сопственици на катастарските парцели во атар на селото Стругово, Демир Хисар да извршат сеча на огревно дрво во количина од 382 м3 и да се стекнат со имотна корист од 1.365.650 денари, а тој за извршените услуги се стекнал со имотна корист од 117.984 денари.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom