Пустошењето на шумите во Македонија

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
УАПСЕНИ СЕДУМ ДРВОКАТЦИ НА ДЕРВЕН СО 11 КУБИЦИ ОГРЕВНО ДРВО
Во акцијата се одземени и шест автомобили и едно комбе, а дрвокрадците се обиделе да ги нападнат шумските полицајци
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=4965DE22EEACF34E9F8CD50DB9F1C56B

Во акцијата седум лица се лишени од слобода, а сите се прилепчани и се на возраст од 15 до 43 години“, рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, на заедничката прес конференција со шумската полиција и појасни дека против сторителите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за шумски кражби, пустошење на шуми и бесправен превоз на огревни дрва.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Дрвокрадците со стапици и секири против полицајците

Во Скопскиот Регион секојдневно се крадат по стотина кубни метри дрва. Најчеста цел се шумите на Скопска Црна Гора, пределот над Арачиново и Блаце, Китка и Караџица

Дефицитот на дрва на пазарот и зголемените цени на огревното дрво доведоа до пораст на зелениот криминал. Шумска мафија ги пустоши дрвјата низ планините. Секојдневно, само во Скопскиот Регион се крадат и по стотина кубни метри дрва. Најчеста цел на дрвокрадците се Скопска Црна Гора, пределот над Арачиново и Блаце, Китка и Караџица. Се сечат даб и бука, кои имаат највисока цена на пазарот и кои граѓаните ги користат за огрев.
Од Шумската полиција велат дека дрвокрадците организирано, дури и вооружени, ги пустошат планините, па често не можат соодветно да реагираат.
"Има дефицит од дрва на пазарот, а и цените во последниве неколку години се многу повисоки. Тоа уште толку $ отвора работа на т.н. шумска мафија. Според нашите можности реагираме, но не можеме 24 часа на ден да дежураме. Според Законот за шуми, на секој што нелегално врши сеча на дрвја му изрекуваме прекршочна пријава. Казната е 3.500 евра, која треба да се плати во рок од 7 дена. Правиме записник на терен и го испраќаме до Основниот суд во Скопје, кој ја продолжува постапката против прекршителот", велат од Шумската полиција за Скопскиот Регион.
Оттаму објаснуваат дека има два типа дрвокрадци, оние што сечат за сопствени потреби и препродавачи. Препродавачите, според нив, најчесто се организирани во групи од по десетина луѓе, доаѓаат на планините со камиони, со моторни пили и вооружени.
"Толку добро се организирани, што едни чуваат стража, други сечат, а трети ги транспортираат дрвата. Нивни луѓе имаат дури и пред зградата на Македонската телевизија каде што се нашите простории, па уште кога ќе тргнеме во патрола, нe следат и им јавуваат кон кој дел од Скопје се упатуваме. Ни прават стапици, поставуваат шајки на дрвени штици, ги покриваат со лисја и ги ставаат на патот за да ни се дупнат гумите на возилата и да не можеме да стигнеме до местото на кое тие пустошат. Додека ги замениме гумите или викнеме полиција, тие ќе си заминат", ни раскажаа вработените во Шумската полиција.
Освен со пречки на патот, проблеми имаат и кога ќе ги начекаат дрвокрадците на дело. Како што велат, физички ги напаѓаат, ги бркаат со секири и со моторни пили, бегаат по планината, па имало и такви случаи кога пукале по нив со пиштоли.
"Проблем е тоа што на терени кои се непристапни и далеку, одиме без полициска придружба. Наши колеги биле повредувани при физички пресметки. Лицата не сакаат да се легитимираат, па записникот го правиме врз основа на фотографии и потоа лицата ги ставаме на препознавање. Веќе и ги научивме, едни исти групи ги пустошат планини. Кога ќе ги фатиме крадците, освен дрвата, им ги одземаме и камионите, пилите и другата опрема што ја користат за сечење", додаваат од Шумската полиција. Велат дека често крадците ги вадат воланите од камионите за да не можат да им ги одземат и да ги симнат од планината. Запленетите дрва се носат во во ЈП "Македонски шуми", кои потоа ги продаваат, а возилата и опремата во Агенцијата за одземен имот.
Вработените во Шумската полиција објаснуваат дека голем проблем е тоа што не се доволно екипирани и опремени за да можат целосно да се справат со дрвокрадците. Располагаат само со две возила, што е малку за контрола на целиот Скопски Регион", кажуваат шумските полицајци. Како што велат, иста е состојбата и во другите региони. (А.Антевска)

Месечно се запленуваат по стотина кубици дрва
Според извештаите за работа, минатиот месец до Основниот суд се поднесени 18 пријави за нелегално сечење дрвја. Запленети се 11 камиони, 4 автомобили, трактор, десетина секири и моторни пили. Месечно се фаќаат по стотина кубни метри дрва, кои се исечени од дрвокрадци. Но, како што велат од Шумската полиција, количината на нелегално исечени дрва е многу поголема бидејќи голем е бројот на крадци што не се фатени.

Казна и за оној што купил дрва од див продавач

Според Законот за шуми, се казнуваат и оние граѓани што ќе купат дрва од диви продавачи. Шумската полиција врши контрола и кај граѓаните од каде ги купиле дрвата. Ако немаат документи од каде им се купени дрвата, им се одземаат и заработуваат казни.
 
Овој напис не одговара на прашањето кое сам го постиавил:
Има дефицит од дрва на пазарот, а и цените во последниве неколку години се многу повисоки.
КОЈ ВИНОВЕН ШТО НЕМА ДРВА И ЗОШТО СЕ ПОСКАПИ ОД БИЛО КАДЕ?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Со години, полицијата води битка со дрвокрадците кои ги пустошат шумите низ државата. Според МВР, во последните две години има украдено 43.269 метри кубни дрва, а штетата е над 2,5 милиони евра. Кривично одговараат 777 лица, меѓу нив најмногу има дрвокраци, но и службеници кои злоупотребувајќи ја функцијата овозможиле нелегална сеча и транспорт на огревно дрво.
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=117184#.WH51aLmeZoe
Која прецизност - украле точно 43269 кубици
Ако ги поделиме парите со украдените кубици добиваме колку евра продавале кубик дрва
2500000 :
43269 = 57,77809 евра за кубик

Не бадијала има вицеви за паметот на цајканите
 
Kajgana Shop

На врв Bottom