Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 ноември 2009
Мислења
369
Поени од реакции
700
Ако некој на час го нема, тоа е Мартин нашата шема. Со девојки добро му оди, но учењето не му годи. Лозинка: Ај,не се понашај!

Според ова би рекол дека уште од основно не бил склон кон школо и учење, а мислам дека сите знаеме дека голем дел од таквите завршуваат како криминалци. Кај мене во основно школо голем дел од таквите слични на него после 18 години продолжија со дилање дрога, ситни кражби и рекетарства, за некои од нив да завршат и во затвор.
Всушност, самиот тип бил идентификуван по отпечатоци затоа што веќе имал досие во полиција. Дали луѓе што прават прекршоци имаат досие? Не би рекол.
WHAT.
Не и за да бидат убиени. Нели, Mr. Shrink? Гледам дека му влезе во психа на детево...
Добро бе, некој тука е премногу либерален со зборот „убиство“, то ест, претепување 22 годишно момче до смрт. СМРТ.
Каков и да дадам коментар на темава, излишно е. Поддршка за протестите, редно време е специјалните единици да не се шират ко пауни кај стигнат.
Но резултатот од ова се знае, Македонија е justice free zone.
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Поентата ми е неможе да обвинувате цела влада,цела полиција,цела единица за дело на ПОЕДИНЕЦ !!!!!Дали треба наставникот да го казни цел клас затоа што еден препишувал??Дали треба министерот за здравство да ја отпушти цела болница зашто еден доктор кикснал во операција??Тој што убил треба да си добие казна и крај на муабетот.Еве читајте го дегенерикот што вика дека сите што гласале за Груевски се убици.Од такви ми се повраќа.
Еден поединец? Озбилно? Знаеш колку вакви случаи имало до сега? Свесен си што збориш?
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
Поентата ми е неможе да обвинувате цела влада,цела полиција,цела единица за дело на ПОЕДИНЕЦ !!!!!Дали треба наставникот да го казни цел клас затоа што еден препишувал??Дали треба министерот за здравство да ја отпушти цела болница зашто еден доктор кикснал во операција??Тој што убил треба да си добие казна и крај на муабетот.Еве читајте го дегенерикот што вика дека сите што гласале за Груевски се убици.Од такви ми се повраќа.
Да а ? Кога имаш леш со прекршена фаца раце и нозе и некој ќе излезе на ТВ и каже дека истиот нема траги на насилство ... више нема што муабет да се прави . Дечкото е од мој општински и очигледно симпатизер на вмро ... истомисленици сме и ????? Иди лечи се брат нема спас за тебе ....
 
Член од
6 декември 2010
Мислења
238
Поени од реакции
158
Тој поединец го напраил делото додека бил на работно место, а е дел од државните структури, ти текнува? Не се праи наудрен, не е тоа цивил, се знае како функционира полиција, каде е одговорноста, зашто функционираат ко распашана команда? Ај не се брукај више, стварно си резил невиден.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
ПРЕПОРАКА - Не му реплицирајте, Господ знае што ќе го снајде од админите.
 
Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Поентата ми е неможе да обвинувате цела влада,цела полиција,цела единица за дело на ПОЕДИНЕЦ !!!!!Дали треба наставникот да го казни цел клас затоа што еден препишувал??Дали треба министерот за здравство да ја отпушти цела болница зашто еден доктор кикснал во операција??Тој што убил треба да си добие казна и крај на муабетот.Еве читајте го дегенерикот што вика дека сите што гласале за Груевски се убици.Од такви ми се повраќа.
Има право да се обвинува цела единица па макар и цела полиција затоа што се обидоа да го заташкат случајот, убиецот како поединец не го направил сам тоа. Немало траги на насилство, се онесвестило, па поотоа имало траги на насилство, немаме информации за таков настан па потоа изгледува дека убиецот сам се пријавил...
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053

Точно за ова си потполно во право.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.090
Значи не се фокусираме на вистинскиот проблем тука, и милион влади да се сменат пак ќе си останат истите тие насилници и мафијаши во полиција. Она што треба се реформи во полиција и како што видов на петицијата да постои некаква надворешна контрола на нивното работење односно да даваат отчет и на некој друг независен орган освен на нивните полицииски шефови. Второ од кога тоа полицииски службеници се најмуваат како обезбедување на партииски митинзи, едно е обезбедување а сосема друго е специјална полиција. Полицијата си има некаква општествена и граѓанска должност, to serve and to protect, а не да изиграваат избацивачи по митинзи и да ги најмуваат за приватни цели. Трето, јас верувам дека тигрите се навистина елитна единица, меѓутоа елитноста не се одсликува само во физичките моќи и перформанси на членовите туку и во нивната професионалност, ладна глава и прибраност во конфликтни ситуации. Кај тигриве очигледно повеќе внимание се посветувало на физички тестови и тестови на издржливост, но во некои други земји покрај овие тестови постојат и други психолошки тестови и тестови за интелигенција кои имаат за цел пред се да утврдат дали поединецот е ментално и психички способен професионално да си ја обавува својата должност. Така да "реформите" кои се направија во полицијата очигледно останале само на хартија.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
ПРЕПОРАКА - Не му реплицирајте, Господ знае што ќе го снајде од админите.
Викаш полициска држава,а сакаш да ми изиграваш полицаец и да ми наредуваш јас какво мислење да имам!!!!Ова е форум ,ова е демократија и јас ќе си го искажам моето мислење како што сакам во границите на нормалата.Како што гледаш јас никого не навредувам,никого не омаловажувам ,не пцујам и слично.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не не, пишав пред малку, се слагам со тоа дека можеби и не се пријавил сам. Обидот за cover-up е очигледен за тоа уште вчера пишав.

За останати работи како тоа дека полицијата ќе го заташка случајот, нема да одговара итн... мислам дека треба да се размисли пред да се пише такво нешто.
Познавајќи го овдешниот “правосуден“ систем, секако не е нелогично да се претпостави деке сторителот ќе добие минимална казна, а извесни медиуми ќе почнат со character assasination на веќе убиениот млад човек со цел оправдување на постапката. Ете сега слушаме бил од “дисфункционално“ семејство и не се прибирал дома по ден-два...а ова е само почеток...
Бидејќи примери на вакви и слични случаи има многу од претходниве години...дали знаеме каде се убијците,тепачите и остали болесници со значка?
Во Идризово или сепак може да се забележат на улица, поради како што наведов...“правосудниот“ систем...
Што бидна со Владо новинарот и кофата? А оттогаш досега имаше повторно убиства на постари жени...мора да се претворил во зомби или некој го штити правиот убиец...
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Значи не се фокусираме на вистинскиот проблем тука, и милион влади да се сменат пак ќе си останат истите тие насилници и мафијаши во полиција. Она што треба се реформи во полиција и како што видов на петицијата да постои некаква надворешна контрола на нивното работење односно да даваат отчет и на некој друг независен орган освен на нивните полицииски шефови. Второ од кога тоа полицииски службеници се најмуваат како обезбедување на партииски митинзи, едно е обезбедување а сосема друго е специјална полиција. Полицијата си има некаква општествена и граѓанска должност, to serve and to protect, а не да изиграваат избацивачи по митинзи и да ги најмуваат за приватни цели. Трето, јас верувам дека тигрите се навистина елитна единица, меѓутоа елитноста не се одсликува само во физичките моќи и перформанси на членовите туку и во нивната професионалност, ладна глава и прибраност во конфликтни ситуации. Кај тигриве очигледно повеќе внимание се посветувало на физички тестови и тестови на издржливост, но во некои други земји покрај овие тестови постојат и други психолошки тестови и тестови за интелигенција кои имаат за цел пред се да утврдат дали поединецот е ментално и психички способен професионално да си ја обавува својата должносt. Така да "реформите" кои се направија во полицијата очигледно останале само на хартија.
Конечно некој нормален да се јави после 2 сата убедување.Тоа сакав цело време да кажам дека ова нема врска со политика.Кој и да е на власт ,секаде, во секоја област ќе постојат идиоти,кретени,убици и слично.Секогаш и секаде.Ова го имаш и во Германија,Шведска,Франција значи секаде.Не опрвдувам никакво убиство,убиецот треба да си одлежи колку му заслужува,али не и да се обвинува и плука на цела полиција поради дело на поединец.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Викаш полициска држава,а сакаш да ми изиграваш полицаец и да ми наредуваш јас какво мислење да имам!!!!Ова е форум ,ова е демократија и јас ќе си го искажам моето мислење како што сакам во границите на нормалата.Како што гледаш јас никого не навредувам,никого не омаловажувам ,не пцујам и слично.
Oди лечи се,ама чисто сумњам дека некој би нашол лек за напатенко како тебе ;)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.935
Не опрвдувам никакво убиство,убиецот треба да си одлежи колку му заслужува,али не и да се обвинува и плука на цела полиција поради дело на поединец.
Се слагаме со тоа. Ти со друго го навлече вниманието на дискутантите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom